Bas dobra temna na razgovor.Spored mene ima samo edna pricina dobra zosto bi mozela da se napusti sopstvenata drzava:Ako si nekoj jak student i te preporacat nekade ili imas nekoja rabota pa te pratat vo stranstvo..nesto sigorno da imas,inaku ne e ni malku lesno da zamines vo druga drzava da pocnes od nula,vi kazuvam od licno iskustvo,ako nemas nekoja jaka rabota i ovde (italija) zivotot e kako vo mk samo sto namesto 300 zemas 3000 evra (ako dvajca rabotat) ama ko ke vidis site smetki se poskapitruja,voda,parno se se i na kraj na mesecot so ke ti ostani,nesto minimalno..jas sum ovde veke godina dena i uste nemozam da najdam rabota,prvo si gi zemaat nivnite strancite se sekogas posledni na lista,ili najneplateni..jas sega za sega ne se kaaam sto sum zaminala od mk.bidejki ovde studiram i se nadevam sto pobrzo ke zavrsam pa ke se smenat rabotite
Во ред девојче, се гледа дека некои работи сеуште не ти се јасни и постојано се вртиш во круг. Штом се осеќаш навредењно од моја страна ( за тоа што ти спомнав дека не треба да леташ во облаци, туку сама да се потрудиш да си обезбедиш услови како од бајките што ти си ги замислуваш ), нема да те цитирам, не се секирај Се надевам сега бев појасна и дека конечно ме сфати дека едно е ти да посакуваш,да си замислуваш и да очекуваш , а друго е сама да почеш да се гришиш да ти се остварат плановите. Поздрав
Па одамна ти кажав дека јас тебе те сфатив, ти си онаа која упорно одбива да ја води дискусијава земајќи го во предвид и моето мислење. И да додека имам соговорник како тебе, ќе морам да се вртам во круг. Како инаку да очекувам да ме разбереш, ќе си играме рингишпил. Само не знам што толку те боли фактот што јас сум свесна дека трудот и напорната работа не мора неопходно да вклучува 'слугување' во туѓина?? Ете на пример, постот на девојката над тебе го разбирам и можам да се согласам со неа. Ти ми реплицираш нешто несврзано со мојот став. И не знам зошто очекуваш дека сите мора да ги снајде твојата судбина Не се сите во иста состојба како тебе. Ти си нереална во случајов.. Остави, и онака нема да знаеш да одговориш асално, така да нема потреба да се преоптеретуваш со пишување, и онака пак буквите нема да ти бидат по редослед. ОК, нема проблем, јас сум виновна што воопшто ти одговорив на репликата, во сите три поста не покажа доволно интелект ни да ја сфатиш мојата поента, ниту да објасниш како твоите видливо непотребни 'поуки' се надоградуваат на моите ставови? О.о И без грижи, јас не се навредив Поздравче уште еднаш
Да му се јавиме на принцот да дојде да те земе штом сакаш на висока нога. Фактот што не се задоволуваш со трошки покажува колку си материјалистка и колку високо леташ во облаците. Што да ти правам кога ти самата не можеш да се разбереш што си пишала, па зборуваш за нешто за кое и самата не знаеш што значи. За да не се најдеш на тесно, нареден пат внимавај што си пишала, за да не трепа пак да те потсетувам по 100 пати дека мораш САМА да се потрудиш да си ги обезбедиш тие услови ( значи никаде немам спомнато на кој начин , ти тоа сама си знаеш како ) али не треба да чекаш друг за тебе да ти сервира се под нос како што си научена сега. Поздравче и до тебе и баш ме радува што имам соговорник ко тебе кој не сака да си признае што си пишал, а уште помалку не прима совети и критики на своја кожа
се сложувам со хипица,и јас сум многу носталгична,доволно ќе ми биде само добра работа,државна,да имма деца,маж....тоа ќе ме испшолнува,,,но проблемот е што маж најдов,работа не можам да најдам хехех,,,катастрофа,разочарана тотално сум...работа се нема,иако сум со високо образование..не барам многу,,само една работа според мојот факултет
Реков јас дека со тебе само ќе се вртиме во круг Уинги-уинги-уингиспил Видливо е дека лечиш комплекси тука на мене, што се докажа сега со постот кој веќе втор пат го цитираш, само од толку што се сплеткуваш, веќе стануваш и повеќе од смешна . Цело време пишуваш нешто што си нема врска и истите работи ги повторуваш иако претходно се ти е појаснето и одговорено. Сврти наназад, препрочитај уште неколку пати, може ќе ти светне. И да де, сакам удобен живот, каде го порекнав тоа најди ми го делот? И ако ми се може така ќе живеам, што, тоа тебе ти смета? Материјалистка сум , и? Која си ти да ме осудуваш? Само се прашувам како станав јас поголема материјалистка, кога порадо би слугувала тука отколку надвор зашто парите во тој случај и не ми прават разлика? А тоа како сум јас научена и дали некој ми сервирал под нос за што се фати уште од првиот момент, ти поjма немаш и не можеш ни да зборуваш. Не е ни твоја работа. Пусти комплекси секогаш тераат човек туѓо галје да бери.. А знаеш кој начин секогаш се покажувал како најефикасен? Преку мозок и умствен напор. И не вреди да продолжам да дискутирам со тебе, навистина како на ѕидот да му објаснувам. Дали не сакаш или немаш капацитет да разбереш, не знам, а не ме ни интересира. Овде прекинувам секаква дискусија со тебе. П.С Ние овде во Македонија шчо сме останати не бараме принцој, ние султани си чекаме -.-
Де бре девојче полека, не знам зошто се изнервира толку на моите зборови , зарем имаа ефект и те погодија во срце? Нервозата не е добра за здравје , посебно кога си млад. Затоа остај интернетот , гледам ти штети и те фрустрира и почни да се занимаваш со спорт мислам дека ке ти годи и ке ти ја исфрли целата негативна енергија. Мило ми е што конечно го прифати мојот совет и што ме послуша бидејки нели младите учат од постарите. Се надевам со текот на времето ке се промениш и нема да бидеш толку агресивна кога се води културен разговор посебно во јавност, и следен пат ке очекувам повисоко ниво на култура од тебе, така да си знаеш И да, да, вреди да се напушти нашата држава , и те како вреди.
и јас тоа размислував долго време .. има многу предности надвор од оваа земја кои се суперр , но има и некои недостатоци.. сепак мислам дека вреди да се проба и да се види
Работам на тоа и упорна сум да успеам во мојата држава. Доколку гледам дека неможам да се снајдам тука, да имам нормална работа и просечна плата, ќе си барам друг излез односно работа надвор. А бидејќи имам работено надвор од нашава држава и знам како е на запад и како се работи, би ви препорачала само, да си останете тука и да си се снајдете, работно време на запад од 8-4 како кај нас, тешко се наоѓа!
Е како се работи на запад де? Кога некој почне да плаши врапци вака. Живеам и работам на запад и гарантирам дека има работа од 8 до 4, и се наоѓа. Има работа и од 9 до 5 и од 10 до 6. Ако не сакаш полно работно време има и од 6 до 10, од 2 до 5, од 5 до 9 итн. Секаква саатнина се наоѓа. Па на кого како му одговара така си наоѓа, а полно работно време е од 7 до 8 часа дневно, што по закон е 35 - 40 часа неделно. Така да и тие што работат во сабота, оти таква им е работата(продавница/ресторан/банка), викенд им се дава на пример во вторник. Млекарот и поштарот станат многу рано, ама попладне спијат. Е сега, ако не им стигаат пари и на млекарот, на поштарот, на продавачката, и на мене, можеме да бараме работа дополнитено некој саат кај некој друг, но овој работодавец кај кого сме 7-8 часа на работа 5 дена во неделата не може да ни даде повеќе саатнина, освен во драстични ситуации каде е неопходно(грипови, крај на финанскиска година, премештај на канцеларии) каде саатнината се наплаќа со посебна цена по време и пол или дупло, или за уште еден слободен ден од годината, но и тука има норма која не се надминува. Не зборувам за работохоличарите, кои и покрај тоа што не се платени надокнадно, на своја рака остануваат подолго од свои причини, дали да го импресионираат шефот или да не поминат доволно време дома со жената која ги кара можеби. А ако муабетот беше дека работата мораш да си ја сработиш поштено, а не да плескаш газ со ивинење па муабети и да пиеш кафе цел ден, тогаш да, се работи овде, се работи со правила и прописи, со лични голови зацртани годишно, со оценување од страна на шефот, кои треба да ги постигнеш за таа година оти ако не нема покачување на платата догодин, или бонус ако тоа е по договор. Да работиш продуктивно е всушност целата поента на работното место за кое те вработиле.
Jас потполно се согласувам со тебе но јас гледам од друг агол. Aко се напусти дрзавата не знаци дека ние не сме иднина на Mакедонија или дека не сме и верни. Hапротив, најцесто фамилијата е таа за која би ја напустиле, за да помогнеме или да обезбедиме подобра иднина. A со денеснава технологија целиот свет е толку мал...
Не е работата дали вреди, работата е како и каде... Не не чекаат никаде со отворени раце, ни во Австралија веќе... Вреди, па мислам дека вреди да, не нуди државава некаква шанса, дури и урива сонови, крши планови и креативност задушува... Не дека не ја сакам татковината, ја сакам, но од друга страна ме кочи мене и многу околку мене, кои сме чисти т.е необоени, ПРОЗИРНИ би рекла... Не би пеела ко Калиопи обои ме, сакам да сум воздржана, неопределена, не сакам да се валкам.... Чисти раце, беа само мит на хартија приказна за мали деца.... Сакам да си одам далеку, некаде каде прво има други размислувања, нема ТОЛКУ предрасуди и оговарање, ниски страсти. Дотогаш ми останува да пробам да променам нешто, барем за мене, и да бидам позитивна и полна со надеш, интузијазам. Зошто? Ако земеме да кукаме сите и да плачаме, крајот е блиску, и не убав, а животот е еден, не верувам јас во реинкарнации. Така памет во глава, идеи на хартија па на дело
Дали вреди не знам да кажам, но јас би ја напуштила државава кога би имала прилика.. Здравје, тоа и планирам ако се сложат коцките како што треба.. Ништо повеќе не фунционира добро во државава освен криминалот и пљачките..
Значи веке од својата 12 година заминав во Америка нормално не преку училишта него кај роднини(баба,вуко,братучеди-1-2-3..мајка,татко) но сепак неможев таму да издржам и се вратив завршив основно средно 1 година таму завршив 2 тука сеа 3година овде во Македонија ја довршував сега оваа лето ке одам повторно таму ама на поседенка А колку што веке сум запознаена се пповеке малди ја напуштаат дражавата заради непоскаувани услови некои заминуваат во странство од факлутет,средно... Мислам дека сакаат се да им е наредено не може се така ама сепак секој најубаво си знае за себе
Па секако дека сакаат се да им е наредено. Кој сака да живее со страв дали утре ќе има за да скрпи крај со крај. И те како вреди да се напушти државава, да се бара чаре надвор. Ако имаш аспирации, желби, сонови, да успееш да просперираш, овде никој не ти нуди ништо. Јас сакам Македониичкава наша, ама жал ми е што таа го нема тоа што го барам јас. Секој ден тоне се подоле и подоле, економски, политички, финансиски, во секој поглед. Се согласувам со мислењата дека младите се иднината на земјата и дека за да успее една држава треба да има млад кадар, ама кој овде му дозволува на младиот кадар, на студентите, да пркнат, да проработат, да просперираат? Океј им е на оние што имаат малце повеќе ќеш во џебот, убаво е така за живеење, но што ќе кажат останатите 70-80 % од населението. Со оглед на тоа дека нормалниот, пристоен, скромен живот, замина заедно со средната класа која ја нема повеќе овде, не гледам зошто млад човек кој има цел живот пред себе, би се уништил себе си, дозволувајки други да му ја кројат судбината и да му ги задушуваат соништата.
Не знам што да кажам..И вреди и не вреди..по она што се случи денес ,сум крајно разочарана..Да му е страв на човек да излезе надвор сред бел ден..а тек па подоцна,во сопствена држава..ПРОКЛЕТИ ДА СТЕ !!!Ние вака да ви направевме во ваша држава..од Хитлер полоши ќе бевте..Ах Македончиња,Македончиња до кога ние ќе трпиме???До кога??? Многу ми е криво за 5-те млади жртви,залудно е се и да ги колнеме и да имаме омраза тоа е ..тие луѓе за жал нема да се вратат