ууу мислев дека никогаш нема да ја отворам темава, ама дојде времево и ја барав на форумов. Сакаме со маж ми да ја напуштиме државава, јас оставив од работа, бизнисот негов повеќе оди за државата отколку за него, не знам што да мислиме. Тој е спремен се да оставиме тука и да почнеме одново во Канада или Австралија, но проблемот сум јас јас сум многу носталгична и плашлива. Како ќе биде, па ако не се снајдеме туф, уште сега ми навираат солзи. Ќе видиме ако оди уште 2-3 месеци ако не оди ќе мора да се оди.
Прашање е ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ ОСТАНЕ? Ете јас немам финансисики проблеми, па ке ја напуштам државата. Еве ги моите причини зошто -Студирам струка која ја има во малку земји во светот, а таму кај што ја има е предобро платена -Нејкам цел живот некој да ми бае дека партија ме вработила, сакам да напредувам врз основа на моите вештини во струката, а не вештините во кревет или во партискиот штаб -За која фамилија да останам? За стрина ми и чичко ми ли, што цел живот ме гледаат со љубомора и злоба? -Да, овде имам многу пријатели, ама во овие луди времиња не знаеш до кога ке траат. Некако се е сведено на лицемерство, од кај да знам дека најдобрата другарка утре нема да ми се налути? Никој со никој не се сака овде. А вака оди во странство, вракај се секое лето, гледај им го сеирот како се караат за пола декар нива. -Љубов- ако ме сака ке дојде со мене. Уште и сиромаштијата ни смета. Тој нема работа, пробува приватно не му успева, нервозен е оти нема 5 денари во џеб, и на крај... ништо од сексот. -Лугето- кои луге бе, кај нема работа сите се вработени, по професија се оговарачи со полно работно време, со желба за прекувремено -Жал за Македонија ?!? А таа Македонија ме жали ли мене? Не знам и зошто сум патриот, едната баба ми е хрватка, другата бугарка а јас вени сечам за Македонија. Дедо ми Егеец, милиони имот оставиле за да не се пишат бугари или Грци и му рекла ли Македонија фала? Не -Факт е дека секаде има преселување, не само овде. Само што ние сме тие сентименталните што правиме трагедија од тоа.
Ако не ризикувате, нема да знаете како ќе биде. Носталгични и плашливи сме сите, ама немој уште неотидени да се заморуваш со црни мисли. Пробајте, аплицирајте, видете дали ќе добиете виза... немате што да изгубите, а секогаш може да се вратите тука. И ние заминуваме, ама на ограничен период. Ете, мажот ми во петок заминува, а после три месеци (најверојатно) и ние двајца ќе му се придружиме (се надевам дека ќе ни дадат виза без проблем). Колку и да сум носталгична, несигурна и уплашена во однос на тоа како ќе биде, сепак, сакам да одиме, да си ја пробаме среќата, барем додека сме млади. А не после да кукаме оти не сме ја искористиле шансата...
е како не вреди? се надевам само на тоа дека еден ден ке заминам, а требало и моите досега да ме изнесат некако да бараат чаре, ама тие ништо не прават, ене ги мене не ми е за парите, јас менталитетот не можам да го поднесам оговарање национален спорт, измислување бетер! дознавам работи за мене што и јас не ги знам од други! во странство сум слушнала дека секој си ја гледа својата работа. е сега секаде има секакви луѓе ама овде е веќе претерано, ако немаш врски или ако не сакаш да се лижеш пиши пропало и учење и знаење и се и НЕ е крива политиката или политичарите сите нив што ги криват едноставно лугето се оние што така размислуваат и не се менуваат а јас не сакам во иднина така да успевам
Како што тргнало во државава ќе останат само политичарите и пензионерите. Немам некоја потреба да се селам ама гледам дека државава нема светла иднина, а плус како би можела да има кога сите млади и способни луѓе си заминале.
Од моја гледна точка, вреди да се напушти нашата држава, бидејки како се тргнати работите, тука нема никаква иднина за младите генерации. Ако ми се укаже прилика за во некоја друга држава воопшто не размислувам
Искрено , со тешко срце.Али сепак вреди. Пред скоро година бев три месеци во Брисел и лично се уверив дека е тоа така.Дека дефинитивно балканот и не е најубавото место за живеење.Иако таму друг е начинот на живот и се остало али се е до навиката. Се исплати. Стандардот е друг, луѓето се заштитени на секој можен начин , а кај нас од секаде ни зимаат и на крај со 6000 едвај ќе крпиш ден за ден. А не па на одмор да отидеш - ЛИКЗУС! Стварно срамота е и греота , али треба и ние да мислиме на нашата иднина сигурно нема да седиѓш тука и да р`мбаш за 15,000 ден.
Ја напуштив на една година. Не дека не сакав. Но многу сакав да се вратам повторно дома, во мојата Македонија, покрај мои луѓе.
Кога ке завршам со факултетот планирам даја напуштам државата, мада и да не го работам тоа што го учам ... Овде за младите нема никаква иднина, ке работиш од утро до мрак за мизерни 9.000 денари, кои што не стигат само за основните потреби во семејството ... Нашава држава оди во пропаст .... Кој што сака нека мисли, ама овде нема повеќе иднина, се е партиски, ама буквално се ... мораш да бидеш нечија марионета за да можеш и да имаш шанса да се покажеш на одредено поле. Во „ странство “ не даваат дома седејки пари, ама ке знаеш дека тоа што го работиш на крја на месецот ке си го добиеш, ке имаш солидна плата да можеш да уживаш, а додека овде ..... неможеш ни на еден скромен одмор да отидеш ... Секој кој има шанса нека бега од овде, оти пропаднавме
Значи девојки точно пред една година се иселивме од Македонија, и да ви кажам не ни помислувајте на такво нешто.
Јас си го имам кажано ставот на темава. Ама едно време со мм решивме дека се ни е тука и тука да останеме. Ама каде бре, во оваа држава ли? Оваа држава сама си ја брка младината, сами си ги брка способните луѓе. Сите веќе испозаминаа, или студираат надвор или работат. Ајде решивме тука ќе правиме куќа, замислете не можело да се гради, според планот немало да има куќи. Демек. Да имаш своја земја, а да не можеш да си изградиш нешто свое. Да ти се плукнам во државата никаква. Толку револт ми се има насобрано... Кај моите едно време се мислевме да си направиме нешто, ама и таму е замрзнато. Нити ти даваат да градиш, нити те рушат па барем стан да земеш, па јас цел живот ли под кирија бре да седам? Па после зашто пола земја има бугарски пасош, епа затоа, ако не ви е јасно, зашто тука основни услови за живот нема, кров над глава кога нема човек, тука ли да живее? Нормално дека ќе барам чаре кога веќе тука нема живот. Ни вика еден роднина, деца ајде кај нас, да видите живот малку... Ама само со бугарски пасош, ни пасошот за ништо не ни вреди, како и ништо во никаквава држава. Патриот да бидам? Патриот? Татко ми беше, едвај една бедна, никаква пензија успеа да извади, ах бре... Многу, страшно многу сум разочарана...
Каква Македонија какви гачки?? Неможеш да успееш во нашава држава,ти колку и да сакаш да се трудиш и да учиш да бидеш најдобар на факултет ТИ СИ НИКОЈ И НИШТО АКО НЕМАШ ПАРИ И ВРСКИ !,тоа е факт.Во нашава држава можеш да успееш само ако имаш пари и ако имаш ко да “турка“ во животот.Мој совет кој има можност нека пакува куферот и нека иде во странсто,затоа што многу повеќе пари се праат таму и има далеку каде поубав живот од кај нас.Знам многу пријатели што отишле во странство и само по неколку години тие имаат и куќа и пари и се
Секако дека не вреди да се напушти и овде можеш да постигнеш нешто ако вложиш доволно труд и малку среќа. Јас секако дека не би ја напуштила си ја сакам нашата државичка и верувам во подобро утре.
Да. Нема иднина за нас младите во нашата држава. Што ке правам јас кога ке завршам средно, факултет? Ке просам?
Во Македонија и да специјализираш и да докторираш ако немаш врски да се запослиш џабе ти е.. СО платата од 200 евра во нашата држава само можеш да си ги платиш сметките, и нешто да купиш за јадење основно...на крај на месецот сите се у криза...и ако остане за летото да отидеш на мизерно одморче во Дојран/Охрид/Струга.. Ако немаш луѓе за да се запослиш и слично ке си живееш бедно... За мене работата во странство и таа на најниско ниво што е , ке ти овозможи поголемо удобство во Македонија него тука што се платите.. Тетка ми во Шведска работи како медицинска сестра и зема околу 1500 евра , овдека медицинските сестри се до 200 евра плата...
До пред година две воопшто и не помислував на напуштање на земјава, ама сега-да можам веднаш ќе заминам. Сакам да работам и да бидам платена за тоа, несакам да одам на работа да клатам врата и да земам плата или другата крајност -некој да ме малтретира за максимум 10 000. Значи сакам работа и сакам кариера! И кога некој ке ми рече, па ајде и онака си дома сега-таман може да си родиш деца, ми иде да го фрлам. Сакам и деца да, и тоа многу, си ги имам годините, ама не овде. Не сакам да чекам друг да им купи млеко и памперси. Имам амбиции од кои не мислам да се откажам. Изморена сум од земјава во која сите стануваат магистри и доктори на науки, лижачите се на цена, а за сите останати нема место под сонцето. Имам дипломи, знам неколку јазици, компјутер, а ако треба( знам дека е пожелно-колку и да несакам) планирам и бугарски пасош. Ако веке треба да се понижам и да работам било што-радо ќе го правам тоа во Германија, Канада, Австралија, отколку овде. Таму ке можам да учам и да напредувам, а овде, ќе си тапкам во место и ќе си се тешам дека во Сомалија живеат уште полошо. А згора на се-ќе ме убедуваат дека во Македонија никогаш подобро не се живеело. А бе да си свирнеш куршум!
Колку ли само пати имам размислувано на оваа тема, колку пати само сум разгледувала можности за натрана, но никогаш не сум била доволно решителна да го направам тој чекор. На прашањето : Дали вреди да се напушти нашава држава? Одговорот е : Вреди, нашава чудесна Македонија за некој е мајка за некј е маќеа Што ми овозможи? Ништо! Се што беше во моја моќ завршив дипломирав, еве каде и да е и ќе магистрирам а за што? За да си седам дома и да гледам како неписмени се вработуваат? Сега ќе речете па што не се потрудиш да нјдеш работа е не етака лесно и едноставно јас пракам CV секаде каке што има оглас, не барам работа само на струката, не барам екстра плата и знаете што повеќето од огласите се наместени и веќе некој работи на тоа место, а останатите ќе те викнат на интервју и во меѓувреме пак ќе си се наместат со врски. Никој не ти дава шаса да се докажеш и покажеш! Се ежам кога ќе идам на интервју и кога ќе ми го гледаат CV и следат коментари браво, браво, млада си амбициозна, образована и сега следи она фатално НО, но немаш искуство. Па каво бе искуство луѓе мои нога на мои 24 години никој не ми дозволува да се докажам? Или некој ќе рече што ќе одам во друга држава таму ќе ме гледаат како човек од втор ред? Е што овде да не ме гледаат како од прв ред? Овде сите имаат права и предности освен наа Македонците! Подобро нека ме гледаат како граганин од понизок ред и да имам пари да можам да си овзможам се што сакам одколку вака на 24 години да сеуште да барам пари од моите дома, срам ми е ама тоа е.