Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Гласам за напуштање, и тоа уште веднаш ако добијам можност да живеам подобар живот од овде. Бегството од тука со гаранција не значи мед и млеко, не сум заслепена од Американскиот сјај воопшто. Знам дека и во странство има невработеност и сиромашни, има поголеми плати но и многу повисоки стандарди. Секаде можеш да го живееш сонот, секаде можеш да успееш, секаде кај што државата не е хаос како овде. Каде што нема да те тапшаат по рамо ако немаш партиска книшка. Каде што ќе го ценат твојот труд, што нема да биде експлоатиран за 12,000 месечна плата. Каде што нема да пројдеш 5 години од твојот живот за да завршиш добар факултет за после да работиш најмизерни работи.
    Периодов разгледувам стипендии за странски универзитети. Ако имам шанса да успеам зошто да не останам таму? Не сум антипатриот ако сакам да успеам и да се надоградувам надвор од државава. Патриот си ако останеш тука а секое лето одиш на одмор во Грција? Ма даај...
    Секогаш ќе ја сакам Македонија, ова е моја земја, место кај што сум родена и кај што ми се сите луѓе, ама печење пиперки во двор и лупање по гради дека сум патриот додека таа ми го врти грбот нема да помогне.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Кога би добила шанса...веднаш би ја напуштила! :)
     
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Gadno se lazete ako mislite deka vo stranstvo ke vi bide podobro,i mene mi smeta tuka mentalitetot,niskite plati,ama pak nesakam da bidam gragjanin od vtor red,sigurno vo Germanija nema da me tretiraat kako germanec nego kako kuce koj ke rmba 16casa.
     
    На sunfemina и CrazyStupidLove им се допаѓа ова.
  4. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Тешко прашање,двосмислено,но ајде да си кажам што мислам..
    Вреди да се просперира во животот,да застанеш на свои нозе,да се осамостоиш,да имаш убава заработувачка за да го живееш животот како што заслужуваш,да можеш да си приуштиш убав живот,а тоа е привилегија која малкумина ја уживаат во нашата држава.
    Дали вреди да се напушти државата за да се спечалат убави пари надвор-мојот одговор е да,но откако ќе се спечалат нема нешто поубаво од тоа да се вратиш дома и да почнеш бизнис,со голем капитал може да се просперира доколку се инвестира правилно..

    Нашата држава за мене е најубавото место во светот,каде воздухот е печат на моето постоење,своја сум само дома,мојата душа само тука чувствува спокој,до мојот народ,земјата која ми дарила душа,духовно богатство,историја,природа која плени со својата убавина,мирис на пиперки кога се подготвува ајвар,мирис на мир и слобода,мирис на пролетта,топлина на сонцето кое ми го грее срцето..

    Секаде си туѓинец,само дома си свој,разбран со сета култура и некултура што ја носиш со себе,со тешкиот крст кој те прави борец,со топлината во гласот и очите,со безброј емоции за другите нејасни а на сите кои се будат во Македонија секојдневие,со богатата музика,фолклор,ора од кои знае солза да капне а само твојот ќе ја разбере..
    Мислам дека одговорив.
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    А овде демек не третираат како граѓани од прв ред? Ма дај ти се молам! Малцинставта имаат повеќе права во нашава држава одколку ние и тоа буквално за се.
    Еве на пример за упис на факултет малцинставта имаат повеќе шанси да влезат во државна квота одколку ти, ромите имаат повеќе права од нас декада на ромите живи глупости на секој ром кој што оди средна школа му плаќаат по извесна сум на пари, а тебе ти имаа плаќано? Ромите никако не плаќаат комунали, албанците секогаш имаат преднос за вработување и ај да не ги редам сите други работи!
    И ти сеуште мислиш дека овде те сметаат за граѓанин од прв ред?
    Во Македонија сите имаат повеке права од македонците, жално, но вистинито!
    Подобро да бидам некаде граѓанин од втор ред и пристојно да заработувам и да имам шанси за напредок и докажување одколку да останам овде и да се удирам во гради колку сум патриот.
     
  6. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    78
    Можеби е точно дека во странство ние сме третирани како граѓани од втор ред,но јас би заминала.Сметам дека вреди да се напушти државава пред се поради оној балкански менталитет на луѓето,стандардот на живеење на едно просечно семејство а и во градот во кој живеам едноставно нема услови за убав и исполнет живот бидејќи е пуст град.Единствено за кое би жалела ако си заминам се моите пријатели, родителите и братот. :)
     
  7. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Значи не можеш да споредуваш плата овде и плата таму, што ако зима 1500 евра плата кога таму е се поскапо? Ме сфаќаш нели? Не е таму леб 30 денари, него 2 евра на пример или што ја знам!
    Да кажеше: тетка ми зима плата толку и толку, работи 8 часа на ден и има слободен викенд, од парите може да си дозволи супер живот, да си купи понекогаш некое парче за неа и за децата, да отиде на летување на некое убаво место без да подига кредит, а некогаш и останува нешто ситно за да тргне на страна - е тогаш да речеме, епа супер живот има таму!
    90% од тие кои работат и остануваат во странство, се навикнуваат само да работат и работат. Работат по 12 саати на ден, не се ни гледаат дома мање-више, а кога ќе дојдат после 4 години тука се понашаат како богови затоа што можат да платат хотел алл ин хотел во Охрид и плус имаат да му дадат пари на детето да скија на вода... Мислам...
    Јас лично би ја напуштила нашата мила Македонија за да одам да живеам на некое егзотично место, некое рибарско село покрај море на пример. Мене не ми требаат пари за убав живот, туку ми треба мир. А тоа овде некако се помалку го имам. И не мислам на шиптари и остало, него општо, многу напнати и незадоволни луѓе на секаде, сите знаат само да се жалат, а после слушаш на вести им украле 180 илјади евра од дома. Многу лош менталитет имаме, да бевме ние луѓето поразлични ќе беше и државичкава наша.
     
    На Mimi123 и Ella.313 им се допаѓа ова.
  8. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Многу лош менталитет имаме, да бевме ние луѓето поразлични ќе беше и државичкава наша.-Потполно се согласувам CrazyStupidLove.
     
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    До пред 6 месеци размислувавме со моето момче да ја напуштиме државата и надвор да бараме работа за да ја планираме нашата иднина.Но,за среќа тој се вработе овде на сигурно работно место и така ќе останиме овде.Инаку мое лично мислење е дека вреди да се напушти државата доколку надвор ти е осигурана работата,нема да си на црно и ќе бидиш колку ,толку сигурен дека ќе заработиш доволно за живот и да се вратиш во својата држава па да развиеш некој свој бизнис.Не се оди туку така во странство,ќе заминам и готово.Има еден куп дилеми пред да се ослучиме на тој чекор.Јас доколку ептен овде немам перпсектива би заминала и вреди,а во спротивно не би.
     
  10. Mekica

    Mekica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    22
    значи дали ако имам можност да ја напуштам да ке ја напуштам , и не зашто помалку ја сакам од другите него многу ги сакам моите поколенија.
    Прво % на невработеност во РМ е многу висок, вработување само по партиска линија, премногу казни и даноци со цел да се полни буџетот, народот нема, треба кредит да зема на одмор да оди , а кредит ке земе ако е запослен. Не се убави , а воедно и многу нереални паралелите помегу Македонија и некоја странска држава. Тамо земаат плата од 2,3 или 5 илјади евра а лебот им е две евра. А овде 300 евра плата лебот 30 денари или пола евро. Нема тука балансираност, зашто ние немаме стандард и тоа пола евро е многу за оној од 300 евра , а 2 евра се ништо за оној од 3000 евра. Толку
     
    На majafimceva му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.249
    Допаѓања:
    13.051
    Разликата е што таму се наоѓа работа, а овде не . Јас лично овдека ми е добро засега, ама моите не се многу моќни , па кога тогаш ќе треба да помагам. За млади луѓе да вреди, додека немаат семејство да заработат колку за стан, куќа во странство. Овдека попрво човек ќе умре од стрес одошто да заработи за нешто големо да купи.
     
    На Mekica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Вреди и тоа ептен вреди, да имам некаде одма би отишла, тука те третираат како најголемо ѓубре, со факултет работиш во бутик и зимаш 10 илјади плата и осигурана си на 4 саати а му работиш неделно 48 часа , му чистиш, му изиграваш слугинка и згора на тоа ги трпиш неговите испади :( секаде е така кога станува збор за приватно ! оние што си работат државно арно им е, ама ај оди запосли се државно , ако немаш партиска книшка ништо не правиш, тие што имаа најнеписмените ене ги работат сега во државна администрација :|
    Мои пријатели работеа на добри работни места тука, имаа солидна плата, и кога слушам заминуваат за Канада :o земаа децата и отидоа , таму се 3-4 години велат работиме многу да, ама кога ќе отидам на бензиска не рачунам да ми останат пари и за друго нешто и да се срамам кога велам стајте ми бензин за 150 денари :tmi:
    на моја колешка татко и работи во Германија и и вели на неа дека тука нема како овдека да работиш за мизерни плати , да те малтретира газда да те остава да работиш и по 10 и повеќе часа, нема тука ја знам оваа инспекторка, ја знам онаа, одма ти доаѓаат ти затвараат дуќан и чао пријатно , а ние двеве тука чмаеме со факултет у бутик :x
    ке заборавев да кажам и дека ти ослувува како да се облекуваш, како да се шминкаш, како косата да ја носиш :x абе бог да чува немам зборови веќе :worried:
     
    На Bo-Bae и Mekica им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.249
    Допаѓања:
    13.051
    Поубаво е на Запад. Јас овдека работам со 8 саати и земам плата од 10.000 денари и плус хонорано кога сум слободна поработувам на усте 3 места(знаци ме ангазираат викенди за дневница) и се на се може во месецот да упетам и 30.000 кога како , за мене се доволно, ама кога би имала семејство ќе летнат парите. Сум била во Западна Европа луѓе живеат комотно, имаат за јадење, пиење, за одмори, за школување на деца, имаат кола, куќа се то им треба. Со 2 плати 5 члена комотно живеат, а овдека сите 4 да работат и ако земаат по 100 или 150 евра, пак ништо. Само сметките се 100 евра.
     
  14. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Вреди и тоа како. Во нашава ситуација единствено што не вреди е ДА се остане во неа. Се додека секој краде од секоја страна, не се почитува уредување и не се исполнуваат никакви права, секој би сакал да замине. Која е ползата некој да се мачи да студира за утре да не се вработи или да живее на минималец од 100-200 евра? И згора на сето тоа да му се врши тортура некој неписмен газда и да го врти низ нозе и да зависи од него. Во никој случај!
    Кога јас би се прашувала, без размислување би заминала. Не сум воопшто пристрасна и да глумам патриот за нешто што очигледно секојдневно пропаѓа. Единственото што би ми недостигало се фамилија и толку. Не дека сум во години каде сум измачена и не сум добила од животот тоа што сум очекувала, но доволно сум возрасна за да увидам дека нешто не штима и дека луѓево би се жалеле да е се розово. Никаде не е, и во никој случај не цветаат рози, но некаде трудот и сето тоа што безпотребно се губи во нашата држава секојдневно на друго место ќе се вреднува и ќе се награди.
    Како утре ќе се приближи денот да изберам правец на студирање, и дефинитивно да имам прилика би заминала. Ако не пред, но после дипломирање дефинитивно. И сигурно дека во почетокот секому му е тешко во нова средина и не може да биде во првите редови, но не го сметам за погрешен фактот да се оформи семејство таму и ако ништо друго, барем на старост да се врати во оваа држава и да се прима странска пензија за претходниот труд. Барем знаеме дека пензионериве се единствени со најголеми права и привилегии во државава, само тие се задоволни. Независно што целта е да се заокружи некоја партија на избори. Тоа и секое дете во Македонија веќе го знае.
    Ако сум млада, не сакам да бидам песимист-туку свесна и реална за ситуацијата. :!:
     
  15. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    :lol: ..........и да и не...
    :lol: .....не,затоа што сеуште ги негуваме животни вредности,фамилијарноста,добрата кујна, несебичноста,имаме полно неработни денови,празници...хааахахаа....
    . :lol: ....да,затоа што економијата ние на дно,нема работа,и ако најдиш потребно е да си партиски играч,нередовни плати,ако си приватник инспекции над глава кои бараат мани за дебела наплата,секаде има гужви посебно на банкарските шалтери и болниците......
    . :o ..западот или америка се како ветени земји каде има работа добра плата и сл....да,се цени трудот,платено е по заслуга,ама и се работи по 12 саати дневно,нема празници секој месец по 5,викендот се денови на уживање,има големи даноци и таму,милионски градови со премногу криминал,патување за на работа со саати,со метро и сл,луѓето се осамени до тој степен шо се приморани да чуваат миленичиња дома,се јаде брза и нездрава храна,.....
    .. :clap: ...најубаво би било кога би се работело како на запад а да живееш во Mакедонијата...
    ......е па нигде нема идеално....... :rock:
     
  16. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.666
    Вреди. И те како вреди !
     
  17. wizardess

    wizardess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    46
    Јас ја сакам земјава. Од тука сум, тука ми се сите спомени, цел мој живот, сите луѓе кои ги сакам, сите места кои ме потсетуваат на разни нешта, на разни периоди од мојот живот. Тука ми се корените и гробовите на претците, и моите фантазии за иднината.
    Но, за жал, мојата земја не ме сака мене. Боли кога се чувствуваш како граѓанин од трет ред во својот град, во својата родна грутка. Боли кога немаш основни услови за егзистенција, кога молиш како бездомно куче за работа, за чесно да заработиш за пристоен живот.
    Затоа, велам ДА, вреди, и тоа како вреди да се замине од оваа земја. Тешко ќе биде да се спакуваат сите спомени во еден куфер и да се сврти грбот на се она што сум јас. Ќе треба многу време, многу солзи, многу сила, но, немам избор.
     
  18. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Вреди и тоа КАКО!
    Без око да ти трепне,да се свртиш и да си отидеш.
    До пред некое време не мислев вака,и се чудев на луѓето како можат да си одат од тука.
    Ама сега многу убаво разбирам зашто си одат.
    Многу ја сакам државава и никогаш не сум помислила да ја напуштам,ама во последно време ми се смени мислењето.
    Мислам дека нема никаква иднина тука.Да работиш како магаре,за 8 000 плата.Никој да не ја цени твојата работа и образование.Се функционира со партија и врски.Да отидеш на лекар,можеш у чекална да умреш недај боже,никој нема да те види!
    Државава-за едни мајка за други маќеа. Е сеа најлошо е што за нас е маќеа.Тоа многу јасно се гледа,а и никој не пробува да го скрие.
    Ама буквално нема иднина.
     
    На lovely91 и wizardess им се допаѓа ова.
  19. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    вреди и тоа како,при првата прилика би ја напуштила
     
  20. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    не да вреди, премногу вреди!
    Жалосно е овде, луѓето немаат леб да јадат а политичариве се расфрлаат на секаде.
    На Запад е далеку подобро :)