вреди да се напушти овде на се личи само на држава не личи. да убо е да живејш овде ако имаш пари ама ако имаш пари сегде ќе ти биди убаво.јас со госпог напред треба за една година да си одам.и ич не се вртан назат со трчање ќе си заминам. е сега дали ќе ми биди жал се разбира само за најблиските за друго ништо нема да се секирам, и препорачувам на сите што ќе им се пружи шанса да бегаат. овде нема леб за никој
Вреди, во секој случај вреди. 1. Нема иднина за никого, особено за младите и надежни таленти. Не ми се дава ни време ни простор ни шанса. Сакаат да ја зголемат границата за пензија. На тој начин младите се осудени да седат дома и да чекаат работа а нивните прабаби и дедовни одвај се движат но сепак имаат работа. 2. Не сакам ни да зборувам за преполнетите кадри на наставници, учители, воспитачи. Тоа е веќе кај нас пропадната инвестиција. 3. Да, ако се има шанса треба да се замини во странство и таму да се побара среќата. Секој почеток е тежок, но уште потешко е тука да се остани и да се чека. Да се чека безнадежно . И на крај - ништо. Само беда.
Не. Оти не знам дали има некој на кој не му се повраќа од балканскиот менталитет. Да, зборам за нас, за ние балканците. Да не речам конкретно за македонците. Седете тука ако ви е мил животот. Со вакви предрасуди и цврсто верување и ширење на стереотипови за нешто ново и невидено, може само да ве истепаат во странство. За вакви ко нас на никој не му плаче мајката. Пу бе гадови.
Вреди да се напушти, бидејќи тука нема никаква иднина. Јас веднаш би заминала кога би имала прилика. Во оваа наша држава нема никаква надеж. Дипломирав пред 3 месеци и барав работа за мојата струка и ништо. Ниту те сослушува некој, само се вика, ги понижуваат луѓето и се работи за мизерни пари. Потоа велат има разводи, не се склучуваат бракови, не се раѓаат деца. Епа како некој да се одлучи за тоа кога луѓето или немаат никаква работа или работат за мала плата што едвај стигнува за две недели, а не за цел месец. Никогаш нема да се подобри состојбата овде, само се подлабоко тонеме. Кој може нека заминува без да се мисли.
Јас мислам дека дома си е дома, во нашиот град не му фали ништо! А на нашата држава само малку. Ајде да се прашате, што ако одите некаде на друго место? Што ако почнате да живеете во некоја друга држава, па таму да ве гледаат со исти очи како што сега ние ги гледаме албанците или како и да ги викате... Сваќате што сакам да ви кажам?
Јас те разбирам што сакаш да кажеш. Ама таму кога ќе се вработиш,за истата работа што ќе ја работиш тука,таму ќе земеш поголема плата.Тоа е прво. Второ овде ништо не функционира како што треба.Некој недај Боже може и да те убие или да ти наштети на било каков начин и за тоа никој нема да одговара(има бројни примери за тоа).Ние сакаме да бидеме како другите,ама сме само една бледа копија.т.е неможе ни копија да се нарече.На ништо не личи ова. Јас многу си ја сакам државата и никогаш не би си заминала од тука,ама гледам дека тука не може да се живее како човек.Многу ниско ниво! Немој да го разбереш ова како карање или нешто слично,само си го кажувам мислењето.
Вреди на млади години да се напушти ама на стари вреди да се врати тука зошто за пензионери е милина! Кај и да е се ќе им биде бесплатно, постојано добиваат нови привилегии и пензијата им се покачува за разлика од платите на вработените. Така да размислете си за таа опција
На ова сакам да ти додадам дека и тамошната плата не е којзнае колку поголема и дека кога ке пресметаш коолку пари ти е станот+трошоците+јадење+пат-зависно колку си далеку од работата) тогаш од твојата поголема плата може мнн мнн малку парички да остануваат .. Ако зборуваме за она дека се функционира од одма ти кажувам дека не е никаде филмски средено ништо и никаде не е така розово... Може да е со некои културни чекори подобро но не е мнн мнн сјајно!(Сепак живеам надвор од границиве) Во врска со она дека Ни е мнн мнн НИСКО новото за живот во МК би ти рекла дека лично јас сум најсрекна дека сум се родила и живеам во МК а не сум во Кина или пак во Инидија или некаде подалеку или поблиску!! Но сепак секој со својте размислувања и можности но и оние кои пробуваат на своја кожа мислам дека најубаво знаат ... да кажам оние кои отишле некаде со куферчето само а без да имаат некои други раб во позадина (брак или семејство или сл кои можат да помогнат)
Вреди да се напушти државата.Овде во Македонија нема мир,нема спокојство,нема безгрижно детство...Не третираат како животни,како да сме кучиња а не луѓе.Секој ден убиства,тепачки и немири.И ајде сега тоа ли е држава?-Државата не вреди ни за пет пари.Мала сум ама мислам дека правилно размислувам за мои години.А па заполитиката да не зборувам.На кој што ќе му текне тоа прави.Го градат Скопје со парите на граѓаните.Само нови закони,само нови даноци и уште што ли не.Е ајде да ве видам така ако продолжите дали ќе влезете во "Европа".Само не искористувате на нас сиромашните луѓе а така наречените политичари си го полнат џебот со нашите пари.Само да наполнам осумнаесет години и ќе ја заборавам Маќедонија.Веднаш ќе ја напуштам земјата...
Како само би ја напуштила кога некој би бил премногу фин и би сакал да ми прати гарантно писмо за во Америка. Тука работиме и што, ништо. Немаш пари да се осамостоиш, немаш пари за кола, неможеш да прошеташ, за ништо немаш пари. А најмногу се нервирам што сите имаат поголеми права од нас ( зборувам за малцинствата, што за 20 години ќе бидат мнозинство ). Сегде се со врски, работа со врски, положуваш со врски, се, бла, бла, бла. Мислам дека вреди да се напушти.
Каterinceee ти си сеуште мала, но веројатно прерано си почувствувала негативни последици или тоа мислење го имаш затоа што повозрасните велат така...не знам и не навлегувам во причините може да бидат најразлични. Сигурна сум дека твоето детство и моето се разликувале. Пред се најмногу поради тоа што јас го поминав детството играјќи надвор, а сега детството се повеќе се поминува дома пред компјутер. Во мојата населба во лето сега нема скоро ниедно дете во паркот, а порано се собиравме по најмалку 15-20 деца секој ден. Сега таа глетка ретко каде ја има..што поради затвореноста на децата, што поради малиот број на нови деца во семејствата... Верувај дека во однос на мирот и спокојството има држави во кои се живее многу полошо отколку кај нас. Посебно нарушено е детството таму каде што има војни. Мислите дека Америка, Германија, Франција итн. се држави во кои е супер-безбедно да се живее? Па секаде има психопати, гета, опасни места, криминалци и сл. кои предизвикуваат тепачки, немири, силувања и убиства...нема држава со совршени луѓе, ниту совршено сигурна средина за живеење. Јас мислам дека ако ја тргнеме к**вата Политика на страна и ако сите имаме понормални животни услови (здравствени, образовни итн.), подобри работни услови (редовни и солидни плати, почитување на работничките права и сл.) во нашава Македонија би се живеело супер. Сега не дека го нема сето тоа ама проблемот е што многу малку луѓе тука ја имаат таа привилегија. Всушност ако ја напуштам ќе ја напуштам само заради единствена причина...подобра парична заработка. Да ја имам тука нема да си ја напуштам татковината и да ме фаќаат носталгии за ручекот на мама и баба, излегувања со пријателите, топла домашна атмосфера...и се останато што го дава значењето на мислата 'САМО ДОМА СИ Е ДОМА'. Тогаш ќе можам и почесто да си се шетам на викенди со блиските и со пријателите, ќе можам кога сакам да одам туристички да уживам било каде надвор во други држави како што прават европјаните. Ќе можам редовно да се релаксирам во спортски и спа центри. Ќе можам да си имам сопствено "гнездо" за живеење, полесно ќе се решам да имам семејство (особено со повеќе дечиња) и уште многу други работи до кои сега е тешко и скоро невозможно да се допре и сметаме дека ни фалат. Сепак во право е за се што вели Владо Јаневски во неговава песна http://www.youtube.com/watch?v=9vEaujXIi24
НЕ, НЕ, НЕ, НЕ и едно ГОЛЕМО НЕЕЕЕЕЕ!!!! еве јас живеам во странство и се би дала да се вратам со македонија, пред 3 години ме донесоа моите овде и се колнам дека не е убаво. Дури и моите размислуват да се вракаме во македонина, стандардот е низок ама дома си, си имаш мир и се. А тука е отепувачка човек само работи неможе ни да се одмори ништо и секој ден стигнуваат писма по пошта да се плакаат некоо глупости на државата и се им е скапо и што останува за семејството НИШТО! и не вреди ..... сакам назад во македонија ...
Значи ајде јас да си го кажам проблемот овде .... Значи мајка и татко ми добија работа со турција ..и сега кажаа дека сакаат од по нова година да се преселеме во Истамбул..значи со убави плати ...овде се да оставиме и да одиме фамилијарно..значи за јазик не е проблем сите го зборуваме....незнам некако како ќе се навикнам... во финансиска смисла таму не чека 10 пати поубав живот...али незнам како оде начинот на живот во истамбул.... и сега маја ми кажа да си игдереме една од населбите Бејоглу Ускудар Кадикој незнам ај енкој нека каже свое мислење и нека ми каже нешто подетално за градов значи имам одено на одмори го имам шетано али не сум никогаш размислувала да живееам таму......
Да да даа... Дефинитивно вреди да се напушти државава... Јасно е дека никаде не е како дома... јасно е дека во друга држава луѓето можеби работат по цел ден и заработуваат а тука кај нас ем работат по цел ден и пак не можат да заработат доволно за месецот да го поминат. Па нормално дека ќе имаме поголем морталитет...како да се решат луѓето да имаат деца кога немаат пари да ги гледаат?
Моето омилено место мене некој такво да ми понуди верувај ми за два сати се спремам и после сум на авион Сега нормално е ново место додека го поднаучиш и се навикнеш не е баш лесно ама верувај ми вакви шанси не се ПРОПУШТААТ