Како е можно мајка ти да остава така битни животни одлуки да ги донесува дете, кое впрочем како што гледам не е доволно запознаено со многу сегменти од делот ,,живеење во друга земја''. Ова не се така едноставни одлуки од типот ова или она чоколадо, него се работи за место на живеење, средина во која ќе го поминете остатокот од животот и мислам дека токму овој дел треба многу подобро да го разработите и пред се продлабочите, пред да ја донесете конечната одлука. Средина, станбено прашање, превоз, училиште, околно население и уште мал милион на работи треба да се земат во предвид при донесување на конечната одлука, т.е каде ќе бидете сместени.
Без размислување би ја напуштила,нашата држава е мала и убава но за да може да се живее вреди да се напушти со самото напуштање на неа си дозволуваш да работиш и да ти се цени и наплати трудот.Никаде без работа нема пари,но има пари кога има работа кога истата е добро платена,што во нашата тоа го нема нема смисла да се останува доколку се има избор за подобро утре во друга држава...Многу е подобро да живееш отколку да преживуваш и да се прашуваш дали воопшто ќе преживееш на оваа безработица или ако нешто работиш минимално ти е платен трудот секој има право за подобро утре,а не секое утро да се тресеш дали ќе извадиш некој денар за основните трошоци,воопшто да не зборуваме за социјалци тоа е страшно има луѓе бар во мојот град што секое утро се во контејнери за кој да собере повеѓе пластика зар тоа се нарекува живот и тој/таа да има шанса секако дека без размислување би заминал тука има само беда,нервоза што секако следи болест која секако ти го зема животот,бидејки неможеш да се прехраниш да платиш с/ки а камо ли бог да чува да се лечиш тука освен тага нема ама баш ништо повеќе
не јас да ја донесам конечната одлука туку да си кажам место...али во кадикој ќе сме.....пошто е една средена населба а додека бејоглу е многу бучен и има многу гужва....а во има кадикој е училишта, паркови, улица со продавници, трговски, пазар, кафичи и ресторани, буквално се' на едно место. Цел ден комотно да шеташ, без да луташ наваму-натаму. па таму плус мајка ми има и стан наследено од тетка и во една од поновите згради.....
Па може да се каже дека вреди, ама треба да знаеш каде да отидеш не е само јас се селам во странство таму е поубаво и има пари.
Дефинитивно вреди! -Прво зошто ќе имаш можност да го прошеташ светот. -Второ може да ти се допадне некоја држава,таму да си се преселиш,да си ја најдеш омилената работа и да те вработат,уште посовршено ако го знаеш јазикот,да се заљубиш,омажиш,да формираш семејство..
Како што пишав пред некој ден во СДК... Моменталната ситуација тука е толку очајна,почнувајќи од мојов град, што било каде на друго место е подобро од овде! Било каде. Можеби во странство е понапорно кога станува збор за работно време и сл., а и самиот факт што си странец, но има поголем избор за се - тука подразбирам избор од секој аспект, од места за работа се до места за излегување, има опции, има... надеж. Тука нема ништо. Едно големо ништо. Кој мисли спротивно, слободно нека проба да живее тука(пак ќе кажам зборувам у глобала за мојов град), и ви ветувам ќе го промените мислењето за брзо време.
Хипи има право! Според мене не вреди да се напушти државава, бидејќи што и фали освен политиката? ЗА МЕНЕ СЕКОГАШ ОВАА ДРЖАВА ЌЕ ОСТАНЕ ВО СРЦЕТО, колку и да го сакам Њујорк и Рио де Жанеиро и што имам потекло од Шпанија, од тие места ниедно неможе да ми за замени најубавата, најомилена и родна земја МАКЕДОНИЈА!
јас би заминала на одреден период онака на одмор колку да сменам нешто и доколку би можела би работала за тоа време ама да останам таму засекогаш НЕ! Не ја сакам таа монотоност на живеење.Работа-дома-работа-дома, одмор само во недела и тогаш што побрзо да направиш..Да ја средуваш куќата, да поминеш време со семејството, да излезеш да прошеташ, да посетиш некој роднини?? Фала ама не, тука си имам слобода кога сакам, каде сакам можам да одам..Вистина финансиската состојба ни е лоша, но што дека таму ќе имаме пари кога немаш живот?? или доколку ќивееш таму ќе дојдеш тука 2 недели на одмор и ќе се филмаш као види ме богата сум..пфф..
Само да ми се пружи шанса куферите и него под рака и да ме нема од милава Македонија Да не ме сватите грешка јас си ја сакам Мак. ама крајно сум исфрустрирана од се сто се случува во државава буквално од се,не дека надвор е мед и млеко ама сепак има поголеми услови за нормален живот.
Работа во странство на одреден период - да. Ги поддржувам оние кои одат преку Work&Travel да речеме, ете и јас би одела. Неколку месеци работа е убаво да видиш како е да бидеш препуштен сам на себе, самиот да си ги распределуваш трошоците од своја заработка, а освен тоа - да видиш малку поинаков свет и да запознаеш секакви луѓе. Меѓутоа, познавам многумина кои останаа да живеат во САД, иако тоа не им беше првичната намера. Мене тоа ми е тотално неразбирливо. Се испоомажија и испооженија со туѓинци за да можат да останат таму. И не можам да разберам каква визија имаат тие што останаа. Каде се гледаат себеси за 10тина години? Цел живот ќе работат како келнери и чистачи? Ако можат да просперираат во однос на образованието - супер, апсолутно ги поддржувам. Нека се дообразуваат, нека се вработат на убаво место, па нека почнат нов живот таму. Ама ова - плата за трошоци, бакшиш во џеб и пуна капа, мене ми е несфатливо. Некои од нив живеат буквално на дното од општеството, само за да живеат во Америка.
Прва прилика и да ме нема од тука! Ми се смачи од градење споменици,перење пари,препукавање по телевизии кој да биде на власт за повеќе пари да се украдат,ми се смачи и од македонскиот менталитет и од тоа што сме 500 години назад од сите европски држави,што школите ни се како што биле во германија пред 200 години,што како што се кај нас приватните така во други земји се државните! И заради тоа што ако немаш партиска книшка и врски неможеш работа да најдеш никаде! Братми има факултет завршен со висок просек,финанскиски менаџмент несакат у банка да го примат затоа што нема книшка! Луѓе со факултет дома да седеле каде го има ова? Не дека не си ја сакам мојата родна земја,ама од Македонија за 10 години нема да остане ни М !
А шо мислите дека таму ќе најдите работа за побрзо време и ќе бидете платени онолку колку што таму е потребно за живот? Навистина е претешко да најдеш работа во оваа наша Македонија и да егсистираш со 8.000 денари али сепак мислам дека нема подобро живеење од тука. Сепак тоа е мое мислење а знам дека голем дел не се сложуваат со мене, но секој има право да го каже она што го мисли
браво за реалниот говоор баш така .. можеби и немма многу од како се преселив од македонија.. и факат е дека има европска криза ама морам да мислама за децата .. каде има иднина.. просперитет.. каде има пресврт на пари а не да тупкаш во место и партиски да ти диктитаат што како и каде..
poleka veke i bugarskite pasosi ne se od korist osven kako gost da ja posetis drzavata registriranje firma vo stranstvo. i tolkuuuuu.. a da ne zaboravime kolite se na globalno sobiranje so bugarski registacii. vo eu .. ako rabotis i imas ulica stan na tvoe ime, nemas pravo vozenje na bugraski tabicinja. tolku i od golemata bugarija
поради економија да може и поради непочитување на некои закони и луѓе кои имаат "врски" за секоја работа и секоја прогода инаку никако не би ја напуштила-излегување до ниедно време до сабајле ма кај го има тоа... во 22 часот никој нема по улиците во странство... работат ко кртови луѓето.
Јас оваа есен си бегам од пеколов... Точно тешко е да си одиш од дома, од сите роднини и пријатели, од домот... Но се живее ли без јадење? Овдешното безредие има светла иднина. Едноставно, таков народ сме, низ цела историја дозволуваме да не водат неранимајковци, дозволуваме да ни ја расипуват секоја убава направена работа.. Плус, и многу мрзлива нација сме бре... На никој ништо не му се работи и сите само завидуваат (прм еии види го нова кола, ке краде од нас и ке си ужива а ние немаме што да јадеме, а човекот бил професор ) А за администрација, здраство, образование, да почнувам ли? Нашиот (не)образовен и (не)воспитувачки процес е повеке од катастрофа. Сите со факултет! И неписмени, и интелигентни, сите! Здраство? Ако немаш врски во болница, фати си во погребалното... Ни на западот не врнат пари, но месечната плата на келнер знае да биде и 1000 евра... Јадењето им е поефтино, сметките да не зборувам... Едноставно, средени се.. А ние едни шиптари ранеме повеке од 10 години на сметка на нашите.. (не албанци, да не навредам некој)