Dа,вреди,сум пишала и порано.Mоментално сум во софија и преубаво ми е.Kај нас основно ниво на култура нема,ако се гледа од материјален аспект да вреди инаку секогаш би се враќала дома таму ми се пријателите,таму ми е семејството и спомените кои никогаш нема да ги заборавам
Вреди , и тоа многу! Добро, најпрво треба да почнеш од 0 сите тоа го знаеме, меѓутоа еден ден ќе ти се исплати трудот. Порано мајка ми така во разговор ме прашуваше доколку би имала прилика дали би сакала да одиш во странство, и јас без размислување ќе речев не. Но,наеднаш целото мислење ми се прмени, и доколку ми се пружи ваква шанса/прилика без размислување ќе ја искористам !
Секако дека вреди. Кај нас се што се прави залудно е, слаб образовен систем, култура на најниско ниво, висок процент на невработеност. Едноставно лош животен квалитет.
Вреди ако тоа значи дека нема да се грижам дали моите родители и овој ден ќе имаат проблеми со дигитронот,ако брат ми престане да го сонува својот сон туку почне да го живее и ако јас престанам да се чуствувам во сопствената земја како странец без право на глас. ВРЕДИ
да дефинитивно најдобар лек против стресс и премлада смрт е заминувањето што подалеку од Македонијава и никогаш вракање назад умри за леб у рим у парис или било која метропола голем град цивилизирани луге од колку овде да живее човек знаејки гледајки и чуствувајки ова е место држава проклета била од секогаш само болни и злобни сеништа од комшија до родител да не правам муабет за газди фирми и слично но сепак има и позитивни страни но многу малку се тие и мн ретко ги гледам
ВРЕДИ!!! И кога би заминала, би било у Шведска...најубаво се живее таму зборувам за по блиску до нашава "убава" Македонија. А кога би можела ведаш би заминала у Австралија...но е многу тешко ако немаш некој кој ќе те 'подземи'. А ако не ми запали среќата...ќе се мачам овде у Македонијава за парче леб како грешен ѓавол
Јас имам во план да си одам од земјава.. едноставно немам иднина во Македонија,наместо да се вложува во новите генерации,работни места и сл,нашава држава вложува во пензионерите да имаат бесплатен превоз и да им се качат пензиите...
Вреди и тоа како. Кога гледам учени луѓе со дипломи, завршени факултети работат тешки и физички работи и тоа што се вели за ич пари, право ми се плаче. И што ми вреди учењето и се да немаш никаква мотивација. Еден ден ќе завршам факултет и што ќе правам после ќе се сликам. Не туку ќе чекам можеби по 20 години да се отвори соодветно работно место па јас да влезам на работа по струка. А можеби и никогаш нема да дочекам. И така со сиот вложен труд во учењето ќе работам за ич пари. Не, несакам јас таква иднина. Да се отвори и најмала прилика ја напуштам оваа држава.
Исто мислам и јас. Само тие што се млади и што знаат јазици, нека не чекаат. Јас така имав добра работа едно 2 год, и одтогаш работам, ама не е исто. Сега за помалку пари работам дупло повеќе. Сега гледам како е да те изцицаат и пак да немаш доволно пари. Работам за двајца, и тоа не е сигурно може да го изгубам. Се распрашувам за стипендии кај даваат, работа во странство,ама тешко. За студенти има повеќе можности.
Би заминала доклку имам можности и услови да живеам во Австрија. Многу е убаво, ја имам посетено и ми се допаѓа системот во државава. Имам роднини кои кажуваат дека работата е доста платена, за разлика од кај нас. И што е најлошо некои дипломи од факултетиве кај нас не се признати во другиве држави, и не можеш да си работиш по струка.
Секако дека да. Незнам од каде да почнам, дали од економската, политичката состојба, здравството, оразованието...Има мн други места во кои се е подобро, каде то си мотивиран да учиш, да се надградуваш, бидејки знаеш нема утре да работиш во бутик, туку ке се запослиш во струка па за некоја година и унапреден ке си и плус ке имаш супер примања. Не е само до работата едноставно културата, околината, каде што не плука секој втор на улица, ѓубрето не се остава под прозорецот на комшијата и ред други работи. Не дека економски ми е лошо тука, напротив, но следејки ја политичката состојба се повеке добивам желба да отидам на страна зошто не гледам дека нешто ке биде подобро за 10год напротив само полошо. Додека сум студент ке гледам да ми се остварат плановите бидејки студентите мн лесно добиваат виза, а во некои држави од како ке завршиш фак. добиваш и виза за живеење.
Би си заминала во секој момент!!! Ама, тука има едно ама! Несакам да ги напуштам пријателите а најмалку родителите! Тешки ми се разделбите! А за политикиве, тоа подобро би ги убила сите што не ограбуваат (мислам на овие пратениците) па и да излежам во затвор не би се каела!!!
Вреди! Во странство има многу повеќе можности отколку кај нас. Доколку некогаш имам услови и можности да заминам би отишла да живеам во Австралија. Од друга страна, тешко ми паѓаат разделбите, тешко ми паѓа што не ќе можам да си ги видам најмилите... па така да, би размислила два пати пред да заминам.
Според мене вреди, и тоа како вреди! Нашава државичка само наназад оди, многу лоша економска состојба, нефункционален правен систем, многу патриоти има кои се чукаат во гради за Македонија, а немаат ни П од патриотизам. Овде секој бара спас во политика, знаењето не се цени џабе ти е факултетот ако немаш партиска книшка и врски за да се вработиш. Жив пример за тоа ми е мајка ми дома, жената 15 години работа чека ако не и повеќе, а со факултет е. Жална ни е ситуацијава во државава. Кога би имала можност одма би заминала.