Вреди и тоа како. Со задоволство би си заминала од оваа мала и никогаш не помрдната од место земја. Ако треба и пеш ќе тргнам и ќе си заминам. Џабе е и факултети и се,тутнот нема да ми бега,никој не се грижи за младите тука. Прва шанса,вадам Бугарски пасош и да ме нема со љубениот во Шведска. Само здравје и тоа ќе биде. Дај Боже !
Од овој аспект, сега жалам што не ја напуштив земјава на време, пред 10 години... Сега сериозно размислувам да си заминам и јас засекогаш, ама многу е полесно кога тоа ќе се направи на време.
Не!Може таму лесно се стигнува до пари,ама подобро да сум среќна во колиба отколку тажна во палата.Некој мислат со пари се купува среќа.И што ќе отидам во Германија ќе земам голема плата и што?После 6 саат живо пиле нема на улица.Ќе биде од дома до работа од работа дома и цел живот во 4 ѕида ќе го поминам ама најважно е дека ќе иам пари
Вака мали Ѓокица замислува живот во странство... верувај дека не е така. И најмногу зависи од човекот, тој што умее да живее тука, ќе знае и таму. Кој тука не знае да си направи живот, нема ни таму. И секако, исто како и тука, и таму зависи од финансиските можности, зашто и ресторан и кино и секакво излегување убаво се плаќа. Ама и се заработува убаво.
Познавам луѓе кои заминале од тука, но не се снашле надвор па се вратиле назад. Што значи ако се снајдеш, ако имаш кој да те "турне", да, секако дека ќе вреди, но ако се снајдеш и во нашава државичка, ќе вреди и да останеш овде.
Ке цитирам еден мој колега во неговиот спич за работа во УСА: „ Ако во Македонија има само 50 кандидати за една позиција , знаеш ли колку ги има во УСА?“ -викам 1000 Вика „50 000“ Се надевам дека ќе ви биде како инфо плус за она летање колку некаде е СУПЕР .... Се има свое за и свое против !!! Размислите добро и бидете со план Б за се...
Сигурна си дека после нема луѓе на улица, или така од што си слушала дека западњаците нејќат забава? Јас минатата година бев во студентски град во Германија и беше полн градот секоја вечер, а исто така и кафичите беа преполни. Не само вечер де и преку ден. Вие мислите само нашите млади и студенти се забавуваат. Незнам кој на 20 години само ќе седи дома и учи/работи. И таму пиат, и искачаат и се шетаат и се.
Убаво е да разгледуваш да шеташ... Јас лично сум зависна од патувања. Во годината одам по 4 пати на одмор. Оваа година бев за Хрватска, Романија, Швејцарија, Грција и зимово планирам да го поминам во Швејцарија повторно. Запознавам нови луѓе, посетувам нови и интересни места ама не можам да се замислам да живеам таму, колку време и да се задржам, ме влече татковината. Никаде како дома, нели. Имам посетено над 10 држави во Европа и секаде е различен стандардот за живот. Не значи дека ако отидеш во Америка ќе имаш убав живот. ВООПШТО НЕ ЗНАЧИ! Се согласувам со претходните форумџики дека ако човек знае да си го живее животот, ќе го живее и во Македонија и во Палестина и во Америка. Толку многу успешни бизнисмени направиле бизниси без да стапнат во странство. АКО ТОЛКУ ВИ СЕ ДОПАЃААТ ДРЖАВИТЕ ОКОЛУ МАКЕДОНИЈА, ОБИДЕТЕ СЕ ВИЕ ДА БИДЕТЕ ТАА ПРОМЕНА ШТО САКАТЕ ДА ЈА ВИДИТЕ ВО ЗЕМЈАТА! НИЕ СМЕ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА И МИСЛАМ ДЕКА ВООПШТО НЕ Е УБАВО ДА НЕ СЕ САКАМЕ САМИТЕ СЕБЕ. АКО НИЕ НЕ СИ СЕ САКАМЕ, КАКО ОЧЕКУВАТЕ СРБИТЕ ИЛИ АВСТРИЈЦИТЕ ДА НЕ САКААТ? Spoiler Колку сум значи патриот! :geek:
Јас викам НЕ! Можеби навистина сите се добро платени, но за да дојдеш до тие пари и таму треба да се помачиш, не е се така сјајно. Ќе отидеш да речеме во Холандија, ќе работиш, ќе земаш голема плата, ќе си овозможиш се што ти треба, ама џабе. Се тоа е џабе кога сите твои блиски се тука, а ти си таму сам! Ќе земеш некој со себе ама неможеш да ги земеш сите, ќе ти фалат. А и плус таму сите ќе те сметаат за странец. Инаку многу луѓе имаат такви соништа, да одат во странство. Ако сите си го остварат тоа што ќе остане од нашава земја. Кај политичариве не ни ги бива, уште ние да кренеме раце од се и да дојде крајот!
Да! За разлика од тука, таму, да, ќе се помачиш, но ќе го добиеш заслуженото. А тука, е обратно. Сите матуранти идат на правен или економски факултет(а тие се јаки и тешки факултети), се мачат 4 години и на крај, се низ нос им излегува тоа. Не можат да најдат работа, неможат да застанат на свои нозе. А таму, ќе се испотиш, да, но потоа го добиваш тоа што ти следува. А, за мене и не е некој голем проблем, тоа идењето во странство, бидејќи и не сме некоја голема фамилија, па да ми фалат сите. А и не е наш проблем што ќе остане од државава! Нели? На пример, ајде јас за да не пропадне државава ќе скапувам тука, ќе работам напорно за нешто минимално. Не, ако тука не ја најдам среќата(а и нема да ја најдам ), ќе ја барам во странство. Напочеток, ќе биде тешко, да, ќе бидеш странец, но се во свое време. Ќе се навикнеш и ти, ќе се навикнат и тие на тебе.
Немам некој став посебен за тоа дали вреди или не вреди да се напушти државата... Но, ако гледаме од финансиски аспект ќе ви кажам мое искуство...Летово бев во Германија на работа и тоа бев чистачка околу месец ипол и запознав многу луѓе кои се од балканов, без разлика дали се од Босна, Хрватска, Србија знаете кога ги прашував каков е животов во Германија? Првиот одговор беше многу е скапо. Ако ми верувате не можев да си верувам на сопстевените уши, не ми беше јасно каде е проблемот. Ама проблемот седи во тоа што, во Германија една чистачка месечно зема околу 1500евра(зема повеќе ама плаќа придонеси), од кои ти вика 900евра ми е киријата, а 700евра плаќам градинка за детето и видете сега како таа живее..Приморана е да работи уште една работа за да може да го издржува семејството... Од финансиски аспект не би живеела подалеку од балканов...Не знам можеби скадинавските земји се многу посредени и поубави за живот! Ако гледаме од културен аспект...Дефинитивно би одбрала живот надвор од нашава држава...Не дека ние немаме што да видиме во Мк или да посетиме, едноставно ме гуши културата во Мк, таков менталитет имаме и не верувам дека во иднина нешто ќе се промени... Ова ми се онака двете најосновни приоритети за тоа ако некогаш се решам да заминам од државата... Се сеќавам еден професор на факултет еднаш ни рече, ако некогаш се решите да ја напуштите државата, а притоа во другата држава да сте понижени и да морате да работите само за да преживеете немојте никогаш да се решите на таков чекор...
Ако причина се парите, тогаш вреди Еве на пример јас сум во Швајцарија, од утре почнувам на работа, со сезонска плата која ако бев во МК ќе ми требаа 2 години за да ја заработам. Стварно, скапо е во државава, па сметки, па облека, па се што ти треба- отишла платата. Ама сепак, не е исто како во МК, од која страна и да гледаме, подобро е ваму. Но Среќата не е само во парите. Ваму сум во еден сосема поинаков свет, со сосема поинакви луѓе Далеку сум од семејството, не сум тука кога им требам, кога имаат проблеми, во мојата куќа бев како гостинка Не вреди
Па секако дека вреди,од оваа циркузијада што може човек да очекува дека на идните генерации ќе им биде подобро Веке долго време незнам дали е ова Дизниленд или нашето убаво Скопје кое некогаш беше? Од секој можен аспект би ја напуштила државата и тоа најбрзо што може,а да не беше мм таков патриот кој сега мн се кае веќе одана ќе бевме на друго место
Сметам дека не треба да си заминеме! Тоа е како во љубовта, ако некого сакаш, зарем ќе се откажеш од него?! Точно е дека многу работи треба да се променат и факт е дека нема многу можности за работа и владее беспарица, но ако младата сила си заминува....на кого ќе му ја оставиме иднината на оваа држава и што ќе биде со нашите деца? Можеби е контрадикторно ова што ќе го кажам, но сепак голем дел од младите заминуваат во странство за да си обезбедат подобра иднина, инаку како ќе основаат фамилии ако немаат сигурни приходи...за жал тоа е реалност, но ние сме тие што треба и тоа да го смениме... А во странство...верувајте не е розово...и те како се работи!
Нема подобар живот од овој што ние тука го живееме, имаме се што вистински вреди во животот на еден човек како поединка, имаме пријатели, имаме семејство и родители кои ни посветуваат повеќе време нам, од колку на работата, имаме традиција и љубов. Најбитното што може да го добие едно дете во својот раст и развој. НО јас гласав за ДА и кога би ми се појавила можност да можам да заминам од тука, јас моето семејство би го формирала некаде надвор од тука, бидејки пред се како сите родители и јас кога ке имам деца, би сакала да му овозможам ИДНИНА, да работам а да знам дека мојот труд ќе биде, платен а пред се ценет. Македонија си е убава, но ИДНИНА немаме, кога подетално ке ги разгледаме опциите околу нас и кога ќе видиш дека факултетската диплома ти вреди едно ГОЛЕМО НИШТО, во споредба со партиските книшки, па која била партија да ја има владеачката позиција е секогаш исто ... НЕ НИ ДАВААТ МОЖНОСТ НАС МАЛДИТЕ ДА ДОКАЖЕМЕ ДЕКА МОЖЕ ДА НАПРЕДУВАМЕ ... И ДА СЕ ФУНКЦИОНИРАМЕ ТУКА КАКО И СЕКАДЕ НА ДРУГО МЕСТО ВО СВЕТОТ. Кога итно ти е пторебна работа, а те одбиваат поради некои што не ги исполнуват условите а се докажани партиски членови тогаш колку и да си ја сакаш државата, колку и да несакаш да си одиш... МОРАШ ИДНИНАТА ДА СИ ЈА БАРАШ НА ДРУГО МЕСТО ...
Вреди Вреди вреди вреди вреди и вреди!!! Таму стварно се работи, ама барем знаеш за што работиш а не овде 8 саати за 300 денари дневница. Абе ајде дали ова е државаа
Овдека е разочарувачки. Има млади со дипломи кои не се некој кадар, ама има и талентирани, вредни луѓе кои навистина ги бидува, а никако да им дојдат тие нивни 5 минути. Сакам семејство да формирам надвор ако имам прилика. Сакам детето да ми расте во безбедна држава, а не овдека да улица некој да ве убие ќе плати и нема да одговара. Сакам да работам, ама да имам за пристоен живот. Овдека кај што сум цел ден ми поминува на работа од 9 до 17 часот, а платата е 200 евра. Е што со тие пари? Кога би била родител, на децата дома ќе им фали мајка да ги воспитува, да им решава задачи, ем ќе одат со стари алишта на школо. Кое фајде од работа. Ништо не е платено, освен тие мрсулковци што се вработиле со партиски книшки и глумат фраери.