Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Вреди! И тоа како вреди!
    Кума ми неможеше да се вработи тука од условиве!!!
    Додека таа им го покажуваше нејзиниот труд тие ги чепкаа носовите и не и вреднуваа ништо. Сега е во Германија и колку поубаво и оди. И јас мислам дека тука нема да можам лесно да се вработам па чао чао Македонијо, се надеваме дека нема да се видиме пак... Кога ќе завршам основно, средно ветерина во Филаделфија.
     
  2. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    AU DA!
    Edvaj chekam da si idam.. Si go imam isplanirano zhivotot u bliska idnina i fakulten u skopje nikako! Idam pravec za Ljubljana :)
     
  3. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    [

    Но, ако гледаме од финансиски аспект ќе ви кажам мое искуство...Летово бев во Германија на работа и тоа бев чистачка околу месец ипол и запознав многу луѓе кои се од балканов, без разлика дали се од Босна, Хрватска, Србија знаете кога ги прашував каков е животов во Германија? Првиот одговор беше многу е скапо. Ако ми верувате не можев да си верувам на сопстевените уши, не ми беше јасно каде е проблемот.
    Ама проблемот седи во тоа што, во Германија една чистачка месечно зема околу 1500евра(зема повеќе ама плаќа придонеси), од кои ти вика 900евра ми е киријата, а 700евра плаќам градинка за детето и видете сега како таа живее..Приморана е да работи уште една работа за да може да го издржува семејството... :!: Баш овај дел ме заинтересира која жена ти рекла дека 900 евра е киријата, а за градинката давала 700 евра :o па таа жена те лажела освен ако станот не и бил со сауна и базент и во градинката да одат деца само од првата класа . Точно е дека можи да се зема до 1500 евра ама стан да плаќа и градинка толку скапо не верувам освен како што веќе кажав сите станови не се толку скапи има кај кај поевтини е сега ако сакаш луксузен живот е тогаш да можеш да си дозволеш ама сите пари ке ти одат и знајш какви се овде луѓето , се уште го имат балканскиот менталитет зборувам за балканците кога ке те видат дека си ново дојдена и одма ти кажуват како е животот овде , демек лош е скапо е па ако е лошо зошто не си идат од кај што дојдеа и јас кога бев отидена свежо на работа како прва работа кај што одев ми велеа ах не е уби овде има многу работа итн итн и јас одев по нив и многу работи сменав ама сега знам што како е и да вреди да се напушти државата стварно овде се работи ама имаш се , и сметки да плаќаш и да се облекуваш и да си ставаш настрана , па и за одмор имаш а што е најважно детето ке ти биди обезбедено ќе работиш ама знајш детето ке го школуваш и ке има иднина сум за едно големо ДА вреди
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Е, ако се работи за тоа, многу друга работа е...
    Кума ми е режисер и бајаги ја плаќаат...
     
    На this..is-me му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ме прашаше некој или ќе почнеше дискусија по ова прашање пред 3, 4 години дури се случуваше и да се скарам, демек какво напуштање, што ви е на вас, како можете така да рзмислувате дрн, дрн, дрн... Солев памет, а уште бев мало, неиспилено и не бев директно запознаена со мојата мила државичка.

    АМА кога пред 2 години почнав да работам се сменив и јас како личност и моето размислување за 180 степени буквално. Почувствував на своја кожа како е да стануваш сабајле во 6 часот, да одиш на работа со два автобуса во еден правец, да црнчиш цел ден, да ти стои некој 9 саати над глава буквално, да имаш САМО два дена слободни во месецот (се случуваше и тие да не ми ги дадат), да те казнат два пати во месецот по 500 денари заради причини само на нив познати и на крај да ти дадат одвај 200 евра плата (понекогаш и помалку). Па после ќе си напрвиш едни пресметки во глава, ќе седнеш дома и ќе се запрашаш "Чекај малку, имам .. години и мене како единка не ми стигаат 200 евра во месецот, а што ќе биде кога ќе имам семејство?". После ќе си сфатиш дека твоите исто така работат цел живот и немаат ни ќора пара заштедено, ниту пак имаат некои пријатели, врски да те подбутнат, немаат пари да ти дадат за да почнеш нешто свое, не се партиски определени ниту пак мислат тоа да го направат, гледаш околу себе млади со дипломи седат дома, автоматски те фаќа демотивација за факултетот што го учиш зашто знаеш дека и тебе те чека истото.

    И? Што ми преостанува на мене? Да си ги соберам куферите и да си одам од овде. Лесно е да се збори носталгија, и надвор е тешко, те гледале како странец, не знам ти какви муабети кога имаш кој да ти даде и да почнеш нешто свое или да те бутнат некаде со врски или партиски итн...
    Што добив јас од оваа држава што до сега бев патриот и бев носталгична? Ништо. Што добив што и овде работев и црнчев и и овде ми беше тешко? Ништо. Што добив јас овде од тоа што сум граѓанин од прв ред? Пак ништо. Значи? И овде ќе црниш-и надвор ќе црнчиш, и овде никој не те смета за жив-ни надвор никој не те смета за жив, и тука е тешко-и надвор е тешко. Ама разликата е што надвор знаеш дека имаш сигурна работа, знаеш дека имаш права, знаеш дека имаш здравство како што треба, образование како што треба, социјално како што треба и што е најбитно секој месец ако ништо друго ни помалку ни повеќе си имаш убава солидна платичка што ти е доволна за НОРМАЛЕН живот, а не за преживување.

    Да, тешко е, настрана од најблиските, настрана од пријателите, треба да се почне од ново, нов живот, борба итн. ама кој од тие блиски или пријатели ќе може и ќе сака да ми помогне мене кога јас овде ќе работам за 200 евра, ќе немам пари семејството да си го преранам и ќе бидам со кредити до гуша? Никој, и да сака некој да ти помогне нема да може, зошто исто се сите.

    И јас сакам да живеам овде, кој не сака да живее во државата, во градот, во населбата, улицата каде што си се родил ама реалноста е друга, за жал. И друго што морам да напоменам е дека не би живеела цел живот надвор. Би отишла, би работела напорно, би заработила солидно, би се вратила овде и би ги вложила тие пари во нешто. Е тогаш кога ќе знам дека ќе имам за солиден живот овде, прво за моите деца па после и за мене би сакала да живеам овде.
    Само дај боже да се остварат плановите што си ги имаме со дечко ми и да успееме во животот.
     
    На hristinnnna, imelda, Tori1 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Blue97

    Blue97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    44
    ДА! Да ми дадат шанса, во истиот момент си ги собирам работите и бегам што е можно подалеку од тука! :D
     
    На Li0ness и this..is-me им се допаѓа ова.
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ако вреди државава тогаш не вреди.
    Ама пошто не вреди, значи вреди да се напушти. :)

    Самата држава за некој е мајка, за некој маќеа. Самите политичари (нели тие се главните) не тераат да си заминуваме од овде.

    Македонија за некој има погача, за некој нема ни мувлосан леб. :x
     
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    И државата веќе не е тоа што беше-денеска само две класи постојат: богата(на овој или оној начин стасала до капитал и ужива во сите благодети) и работничка класа(благо кажано нели,луѓе шо преживуваат а не живеат).

    Кога мене би ми се пружила прилика,без размислување би отишла.
    Патриотизам,носталгија,елегични чувства?
    Не фала веќе.Кога бев недозреана бев патриотски настроена.
    Сега,кога трудот не ти е вреднуван,и кога за помалку од 100 е црнчеш по цел ден,секој ден..би размислила дали би останала.
    Единствените кои ќе речат дека и во Македонија има живот-најверојатно се вработени во образование,администрација,здравство,пензионери се..
     
  9. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Вреди и тоа како! Може да се наврати само да си ги видиш твоите и да прошеташ... Македонија е само за шетање!
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    После се што моиве очи видоја, моите уши слушнаа ... мојот мозок впи се од информации ... После се што доживеав таму на западот, ќе кажам дека вреди. Секој еден кој би имал шанса да оди на страна од тука, му давам поддршка. Таму секој е човек пред се, не странец. Секој добива третман како што доликува. И најважно, добива животен стандард кој тука многу се губи.
    И да, некој погоре ја напомена културата. Тоа е тоа што ние го немаме тука, а таму и те како ја има.
     
    На Domino, Thallia и RainBow им се допаѓа ова.
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Ма веќе не е ни за шетање.
     
  12. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Ако имате добра работа во МК, јас мислам да си седите и да не мрдате од овде. МК е релативно ефтина за живеење, дома си, си го збориш мајчиниот јазик, секој да те разбере. Си имаш фамилија, пријатели, социјален живот, статус во општеството итн.
    Јас сум живеела во Германија и морам да ви кажам дека не ми беше убаво. Се почнуваш одново. Се чувствуваш како граѓанин од втор ред. Додека да те прифатат треба многу време. Никој не те ферма, немаш на кој да му се пофалиш, пожалиш.
    Мислам како место за живеење, со веќе завршено образование и брачен статус е многу потешко да се вклопиш.
    Доколку сте млади сакате да се дообразувате или да се омажите, па да створите таму фамилија тогаш можеби би ве оправдала. Или пак ако добиете добра понуда да речеме 4000-5000 евра најмалку тогаш да би заминала...
     
  13. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Да, да , да и дааааааааа ... ја напуштив нашата држава, видов како се грижат во другите држави за сите луѓе, видов каков поразличен здрав живот живеат од нас . И едно најважно, видов овде дека не се прави поделба на граѓаните како кај нас, на обични граѓани и граѓани од високо општество . Овде си ист како сите други, па и згора на тоа дека си туѓинец, имаш право како и останатите овде .
    Затоа куферчето пакувајте и да ве нема , убав ден !
     
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Постој, Латасе, почекај, да ти кажам два збора…
    Често те гледам како пазаруваш во „Тинекс“, тој во Центар, кај тунелот до НЛБ. Веднаш по вестите во 16 часот, доаѓаш овде, го паркираш џипот половина на улица, половина на тротоар, затоа што ретко во 17 часот овде има слободно место за паркинг, пазариш набрзина и си одиш.

    Носиш капа со „стреа“, оние што ги викаат „безбол-капи“, и лицето не може да ти се види, ниту пак ти можеш да видиш нешто од неа. На пример, не можеш да ме видиш мене, иако редовно се среќаваме, а не можеш да ги видиш ниту оние мали деца што редовно просат овде. Штом некој ќе излезе од „Тинекс“, тие веднаш му се залепуваат и му бараат пет денари. Веднаш до клупата на која седат тие, има еден повозрасен човек, кој ги чува. На крајот, тој им ги зема парите, а тие добиваат некое парче храна од соседната продавница за бели печива, од другата страна на тунелот, во зградата на Градскиот ѕид.

    Нејсе, не дека е ова важно, ама сакам да ти кажам дека не гледаш, Латасе, од таа капата, ниту пак сакаш да видиш. Гледаш право и тоа што се случува околу тебе не го забележуваш. Малку да застанеш, да почекаш, ќе видиш сè, ама, ете, не сакаш.

    Сакам да ти кажам дека ние, поголемиот дел од околината, не пазаруваме во „Тинекс“, ниту во „Веро“, ниту во „Рамстор“, ниту во „Сити мол“. Само ги поминуваме и си разгледуваме. Гледаме во излозите оти, како што ги направија, ептен ни се интересни. Научна фантастика! Знаеш ли зошто само шетаме? Затоа што немаме пари, а мораш да излезеш од дома, да ти се смират „живците“. Најчесто купуваме во помалите маркети и продавници, на пример во „КАМ маркет“, затоа што за две-три работи не се оди во големите, поевтино е, малите продавници имаат тетратка. Купуваме леб и зависи што планираме да јадеме, или млеко, или паштета, или кисело млеко и макарони. Тоа е таа мистериозна храна од која преживуваат Македонците, а да и јајца.

    Зошто е тоа така, да те потсетам, не дека не знаеш, ама, еве, да си кажам.

    Според Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е нешто повеќе од 21 000 денари, а добро знаеме колку Македонци ја земаат таа просечна нето-плата, оти поголемиот дел ја сонуваат. Зошто?! Затоа што откако се појави Законот за минимална плата, која во 2013 година изнесува 8 050 денари, на сите што едвај стигнале некако до плата од 12 000 или до онаа позната премија од 15 000 денари, работодавците им ја намалија на 8 000. Зошто да им даваат повеќе, кога можат помалку? Ете, оттогаш се појави и тој феномен кај македонските работодавци. Со закон даваат помалку. И тоа за тие што работат, а тие што не работат, замисли пак тие колку (не) земаат. Порано било поинаку, ама земјоделие, работа, за храна не трпеле тогаш. Сега ниту од земјоделие не можеш да живееш, оти децата ти бараат и компјутер. Друго време е ова Латасе, не може да се споредува со бабите.

    Затоа, во тој регион за кој зборуваш дека нема мекици по две-три недели, всушност нема мекици со месеци, со години некаде; од минималната плата префрлена на сметка, половината ја враќаат. Земаат од 3 000 до 6 000 денари месечно (за ова се разбира немам докази, оти никој не смее да „муцне“,, па ќе мораш да ми веруваш н збор). И каде има тука простор за „себичност“, за „комодитет“, за „раѓање“? Ако веќе овде сакаш „да се извадиш“ со Албанците, тогаш прошетај се малку во западна Македонија, а потоа во источна. Овој дел на Македонија, каде што претежно е македонско население, нема автопат во 21 век, па види ти сега за каков дел од Македонија зборуваме. Сиромаштија невидена, и дрва нема. Намуртени до бесвест, без живот, заборавиле да се смеат… Оние што се преселиле, под кирија де, да живеат и да работат во Скопје, само тие Скопје го гледаат, другите каде останале – таму застанале.

    Или, ако не ми веруваш на ова, погледни ги вестите од црната хроника: кога си прочитал или си слушнал дека во некое село од источна Македонија крадци ограбиле злато?! Е, во западна Македонија се случува такво нешто… но да не навлегувам сега во златото, правиме муабет за животот, а во денешно време парите живот значат.

    Уште сум кај Истокот: во овие места има и куќи и станови за како што велиш да се прават деца но не дај Боже да ти затреба да заковаш некаде некоја шајка, не можеш маж да најдеш, сите се на работа по Словенија, Италија, Шведска, Америка, Авганистан… тоа се тие најчести земји „од соништата“, а тука е и онаа „фамозна“ Грција, која на лето апсорбира добар дел од македонските млади, но не на одмор, туку на работа.

    И сега доаѓаме до она твое: „Се бега поради себичност и страв да се посветиш некому за да не го загубиш комодитетот. И кола кога имаш, е скапо, ама не се жали за бензин и за зимски гуми. И пушењето кошта бар триста евра годишно, ама се чури без милост. Да ги бројам ли пивата, ракиите, годишните одмори, новите телевизори, парфеми и лакови за нокти, брендираните кондури и џемпери…? Па, за куче да се чува во градските општини се троши колку за бебе и дете до претшколска возраст. А кучиња, во градовите, се чуваат сè повеќе“.

    Не е вистина, се бега од немајкаде…

    Според ССМ, на едно четиричлено семејство му се потребни 32 000 денари за да ги задоволи основните потреби во исхраната, превозот, облеката и во обувките, но и за посета на кино, еднаш во месецот. Кина во провинцијата многу-многу нема, но и со кино и без кино, од потрошувачката кошница, под претпоставка и двајцата во фамилијата да се вработени, не можат да стигнат ни до половина. Пак ќе прашам: каде ти тука броиш цигари, ракии, пива, кафеани…? Значи, зборуваме за основни трошоци за живот, не за луксуз и за пороци.

    Каде го запозна тој што не се жали за скапи гуми и бензин? На плин возат и гуми не менуваат. Што тресеш зелени со пушење, со ракии, со кафеани…? Па, демек ќе ги броиш, тие не се пресметани во потрошувачката кошничка ниту пак во трошоците за живот и се знае кој најмногу ги финансира овие „активности“ на младите. Ама тоа не значи дека имаат пари. Удираш со овие пороци само за да докажеш дека имаш право и дека Македонците, ај што себични, биле и расипани. Кучиња чувале наместо деца, пушеле, пиеле… Ај, па ако треба и нека не јадат, само ти да имаш право. Ама не е така… Македонците не се „расипан“ народ и затоа заминуваат да работат во странство. Тоа ти се вика инстинкт, борба за живот. Порано се селеле кај што има вода, сега се селат каде што има работа. Ако сакаш да ги спречиш, дај им работа.

    Што се однесува до кучињата, да те потсетам, детето не е куче, па му дадеш една паштета и тоа да си врти со опашката околу тебе цел ден. Каква ти е таа споредба? Кого навредуваш – децата или кучињата? А ако се чуваше детето во такви услови во какви што се чува куче, тоа не ти се вика живот, туку „кучешки живот“.

    И, за крај, кога веќе завршивме со раѓањето, со комодитетот и со кучињата, да ти кажам нешто и за оние „себичните“ што се иселуваат?

    Сигурно си видел низ град некогаш, ако ти паднала капата случајно, двајца возрасни, маж и жена, како одат сами, најверојатно во болница, на пазар, понекогаш и сам по сам. Има многу такви примери. Ќе ги познаеш по темнината на лицето. Некои може да ги сретнеш и на Клинички. Лежат таму со денови, нема кој да ги земе.

    Знаеш ли зошто се такви? Затоа што децата што ги родиле и израснале не им се тука. Појди на аеродром, Латасе, и погледни кога оди авионот за Белград, кога полетува авион за Цирих и погледни колку плачат, сите плачат, Латасе, не толку затоа што се разделуваат, затоа плачат мајките и татковците, тие што заминуваат плачат затоа што знаат каде одат. Појди, Латасе, погледни ги солзите на Македонците, Македонци се тоа, твој народ, плачат оти одат да живеат далеку, каде што се сами, каде што немаат ни куќа, ни тој твој т.н. комодитет, ниту пак имаат деца, ништо немаат. Три генерации се жртвуваат за една од нив да може да живее нормално, и тоа пак не е дома, пак е живот во „гето“. Заробени засекогаш во една мала средина, изолирани како туѓинци, наспроти сите можности што им се нудат, кучешки живот живеат а кога се враќаат овде, плаќаат долгови, и по продавници, и сметки за ЕВН, и телефони, и за МТВ…

    Ама пак одат, знаеш ли зошто? Не за комодитет, одат затоа што е полесно да се живее како „куче“ во друга држава, отколку да живееш како „куче“ во сопствената. Тоа им е туѓа земја и туѓ народ, но не е толку тешко да се прифати да те мразат и да те искористуваат како туѓинец затоа што таму тоа навистина и си, ама кога во сопствената земја ти го прават истото и кога на крајот некој со џип, безбол-капа, плата неколку пати поголема од просечната и со рид во Зелениково ќе ти рече „Скрати си малку од комодитетот“, е, тоа, Латасе, не се трпи. Е, тоа боли многу повеќе отколку во туѓа држава да ти го речат и најгрдото нешто што може кој било човек да го рече. Ама тебе не ти гајле, ти си зборуваш и си велиш, и дали некого ќе погодиш, ама ич не те интересира… свој народ повредуваш, Латасе. Наместо да речеш на тие 35 % невработени што уште од утре би можеле да работат да им дадат работа, на сите што се пријавени во Агенцијата за вработување и што реално бараат да им се даде работа, да се намалат тие 30 % на 15%, ќе видиш како ќе почнат мекиците, оти не сме ние народ како Данците и како Швеѓаните. Кој е тој што не сака да има фамилија, бе Латасе, кој? Пример, со име и со презиме?! Нема таков, ти гарантирам. Ама ако нема работа, се чувствува к’о половина човек, ма ни како човек не се чувствува. А нема ни капа да си го покрие лицето да не го гледаат…

    И, да ти кажам, ако те интересира де, и за законот за мајки со три деца… не е тоа помош, Латасе, тоа е уценување, а ниту една пара не е доволна за да родиш дете што знаеш дека можеш да го чуваш само како „куче“, ништо да не ти бара ни за роденден ни за 5-ка во училиште, ни сладолед, ни велосипед, ништо, да го гледаш само како ќе се мачи, како ќе јаде секој ден макарони или паштета.

    Знам што ќе речеш по ова, „Ама ти ова-она, од ваму-од таму, де СДСМ, де ВМРО“… знам… јас многу добро знам, само што проблемот е во тоа што, што и да се каже, џабе е, јас и ти можеме да „плукаме“ до бесвест и „да се удавиме во своите плунки“, ама тоа нема да им помогне на Македонците. А кој од политичарите најмногу им помогнал досега…? Ех, да имало такви навистина, во овие 22 години независност, ниту јас ниту ти немаше да го пишуваме ова што го напишавме.

    П. С. Ако со нешто те навредив, однапред ти се извинувам.

    Пишува: Анета Василева
     
    На Paradox, shushu, Domino и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Anne.B

    Anne.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    51
    Нормално дека вреди. Јас уште не сум запознала некој, кој останал овде, а имал шанса да оди надвор.
    у секоја нормална држава си платен според саат, само у Македонија си платен на дневница. Секое останување после работа пак ти го плаќаат, ама у Македонија ова е мисловна именка. После, ако ти се осеќаш способен да работиш, не 2, туку 5 работи можеш да работиш, само нормално си плаќаш данок. Секаде на друго место шефовите не ти се новопечени богаташи, кои врска немаат од животот и кои гледаат на секој можен начин да заработат на твојот грб и да те зезнат. Ама чекај... Заборавив дека у Македонија не ни можеш да најдеш работа ако не си член на партија.
    Администрацијата секаде е посредена од овде, ако ништо друго барем нема да мора да гледам исфрустрирани средновечни тетки и чичковци, кои 200 пати ме пцујат у себе, а некогаш и погласно затоа што ми фалел некој документ или пак они не виделе убаво дека го имам...
    Друго, болниците секаде се посредени од овде, професионалноста на докторите можам со месеци да ја коментирам... Туку, ај да не продолжам ќе треба да напишам најмалце 5 страни за тоа зошто вреди да се напушти земјава.
    И ако мислите дека тука шетате и сте послободни, се лажете. Секој ден по автобусите има тепачки, а да не зборувам дека навечер не можете сами да се шетате низ Чаир(не само низ Чаир, туку и на многу други места).
     
  16. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Кога би имала можност одма би ја напуштила оваа наша држава, одма! 8)
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.228
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. Без размислување ќе ја напуштам оваа држава. Тука нема живот.
     
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    23.416
    Пол:
    Женски
    Акоо имам можност дааа 8)
     
  19. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
  20. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    да секако дека вреди !
    ако имам можност ке одам секако :)