1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Да се замине, а да не се враќа повеќе овде, не вреди. И најмалото зрнце од родната земја тежи и вреди повеќе од најголемата грутка злато спечалена некаде далеку. Земја на која човек се родил, на која ги направил првите стапки, земја со која при многуте детски паѓања му се наполниле раните на колената и лактите, влегла во крвотокот и засекогаш ја носи во себе. Македонија не е власта, не е системот, не е личност, ниту политиката. Многу повеќе од тоа. Питом и скромен народ, сеуште донекаде зачувани семејни вредности, односи меѓу луѓето што само овде може да се најдат, богата традиција во секој поглед, најдобра кујна на свет, превкусни плодови, природни убавини,...

    Пишав некаде, штета е што живееме во материјален свет. Тоа е единствената причина поради која се оди од земјава. Во секој друг случај да се цени се друго освен парите ние би биле ветена земја за другите. Сепак, одењето надвор по работа на денешно време и не е нешто за потресување. Со многуте поволни авиолинии, модерни автопати и коли и не е некое чудо да се отиде до било каде, да се поработи (културна и човечка работа, не 24/7 рмбање да не се види бел ден), а пак почесто да се биде дома во МК на ручек со семејството, видување со друштво, прошетка,...
     
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Да, ако сакам подобар живот, би ја напуштила.
     
  3. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    вреди и тоа како... со плата од 10.000 не може да се преживее, и за еден човек се малку тие пари, камоли за една фамилија, во оваа држава не се почитуваат права, закони како да немаме, работодавците гледат да те искористат максимално, а да не ти платат, па ти кај сакаш жали се :fubar: досега ми се нема пружено таква прилика, но доколку ми се пружи, без размислување би ја прифатила
     
  4. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Често си го поставувам ова прашање. Често сум контрадикторна.

    Ја сакам Македонија, убаво е за живот овде. Народот е многу подобар, дружељубив.
    Но, кога ќе помислам за работа коса ми се крева. Стварно е тешко. За овде во Мк ти требаат врски сите знаеме. Секојдневно гледам деца на моја возраст како вадат бугарски пасоши и заминуваат во странство.
    Признавам дека и јас се двоумев да извадам бугарски пасош, но се одлучив да не вадам иако не е конечна оваа одлука.
    Сакам да постигнам нешто и да вадам пари, но најпрво сакам овде во Македонија. Не можам да се вклопам во Германија или во некоја друга држава. Друг е народот, ладен...
    Е сега по неколку години кога ќе завршам факултет и кога на своја кожа ќе почуствувам како е тешко за работа тука со сигурност ќе се каам.
     
  5. Ludaaaa

    Ludaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
  6. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Вреди и тоа како. Едвај чекам да помине овој период, и да фаќам пат од тука најбрзо што можам. Со самата помисла ми се трга планина од грбот. Не можам да помислам да живеам во Македонија. Лицемерни и користољубиви луѓе, сиромаштија, мизерија.. ужасно е. Не можам да се вклопам овде. На сила убавина не бидува.
    Секоја им чест на оние кои остануваат тука и покрај се.
     
  7. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ако ме прашавте пред неколку години, ќе речев не. Но, откако веќе една година живеам надвор од Македонија, сметам дека тоа е најдобрата одлука што сум ја направила. Да, не велам дека е лесно да живееш сама, одделена од семејството, пријателите и родниот крај. Но, животот што го живеам тука е многу подобар од тој во Македонија.
     
  8. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    33.327
    Пол:
    Женски
    Вреди!
     
  9. Bohn

    Bohn Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Ако имам во иднина добра платена и сигурна работа не би одела од тука бидејки, прво ова ми е татковината, овде се чувствувам само дома.Неколку дена да бидам надвор од земјава ме фаќа ужасна носталгија.Второ овде ми се најблиските и трето овде е најдобро за живот за оние кои си имаат пари.Од храна, до облека, ноќен живот, излегувања и све тоа.
    Али ако стравувам дали утре ќе имам храна, пари за облека, веднаш би си заминала.Би ми било тешко нормално, али не би го сведила мојот живот буквално на преживување само за да останам помеѓу најсвоите.
     
  10. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.692
    Допаѓања:
    2.831
    Леле многу тажно, ама вреди! Не треба да биде така, ама штом ништо не се менува (барем за младите) - вреди брате!

    Секако, кога мислам на тоа не мислам дека треба да се излезе и никогаш повеќе назад да не се врати! Да се враќаш, но на одмор, на посета... А не верувам некој да копнее да остане тука, иднина убава тука не можеш да гледаш...
     
  11. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Да!
    До пред неколку месеци стоев на мислењето дека Македонија е брилијантна, нема поубава држава и дека дефинитивно би се вратила да живеам засекогаш. Глава трескав, плачев да се вратам, се жалев по форумов (благодарам на Кетрин.Моон, која што ме тешеше и беше со мене во тие тешки денови :hug: ), дека не ми е добро овде и дека одвај чекам да се вратам дома. Ама последниве неколку месеци, кога се освестив и сфатив каква е работата во Македонија и што се се случува, се запрашав дали навистина сакам во таква држава да живеам, да завршам школо, да студирам, да се вработам (иако сигурно ни немала шанса), да се мажам и да се пензионирам.
    Четирите мачни години во Виена поминаа, ама градот толку ми се засвиѓа, луѓето, културата и сл., што сега не сакам повеќе да се вратам во Скопје. Добро де, сакам ама на шетање и да си ги посетувам роднините и пријателите.
    На мајка ми мандатот и завршува во јули и ќе треба пак во Скопје да се враќаме. Сега ја терам после две години пак да конкурира за Виена или Загреб, Лондон, Рим, Мадрид, во амбасадата и да се преселиме, зошто во Македонија иднина нема. Сестра ми ќе остане да студира тука и не сака да се врати повеќе во Скопје. Јас планирам после средното образованиње да се преселам во Загреб и да студирам Драма или Дизајн, за уредување на соби. Сега сигурно ќе се прашате зошто не во Скопје, кога ги има истите факултети. Епа да, ама во Скопје со овие факултети можеш кафич да отвориш, а јас тоа не планирам и затоа во Загреб ќе студирам и барем ќе го работам тоа што одсекогаш сум го сакала.
    Моето мислење се промени во последниве месеци и сфатив дека сум мислела погрешно, и дека не требало да се напушти Македонија, ама сега кога размислив малку подобро и се запрашав, сфатив дека не сум мислела точно.
     
    На Mahidevranfan, Ketrin.Moon и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Ако не вреди, зошто полека полека сите заминуваат?
    Значи вреди, зошто животов овдека е сведен само на партиска вмешаност кој е пат до успехот, и сите сакаат да имаат пари, а не му се работи на луѓево.
    Е па на дрво не раснат пари бе !

    И факт е дека кој и да прашаш што е во странство не рекол : ,,Еј, супер е овде брат, пари топ, работа колку и да сакаш, ајде доаѓај,,
    ЗОшто?
    Зошто не сака истиот тој и ти утре да одиш таму и да успееш во животот, повеќе од него!
    Саможивност, себичност, секаде има.
    Клето македонче!
     
    На Heartbeat му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Не вреди да се замине од нашава држава, иако по скромно, се живее многу подобро отколку било каде о светот, се лажете ако мислите дека некаде има леб без мотика. За оној што е вреден и што сака да успее може да успее и одве, но ако сите очекувате државата да е работи во администрација, тогаш е време да си го фатите патот.
    Сите заминувале? Мислам, тоа е омилена реченица на сите партии кога се о опозиција, демек ете власта нечини и сите бегаат. Некако, како да ние младите ја изгубивме онаа енергија што треба да му ја дадеме на ова општество, само гледаме што општеството, т.е држават маже да ни даде нам.
    Каде ни е пред приемачкиот дух па да пробаме сами да се вработиме, со сопствена идеа и со подршка на државата со поволни кредити за самовработување. Јас мислам дека проблемот е во нас, што немаме идеа, незнаеме да одбереме дејност која е дефицитарна на пазарот и помалку атрактивна, туку сите сакаме да бидеме лекари, правници, административци....
    Еве сите вие што сте незадоволни од состојбите во државава да ви речат еве ви пари, за почнуање на бизнис, се на готово само да почнете вие не би знаеле што би работеле, значи проблемот е во вас.
    Зошто не е срамота во странство да работите ило што а тука е срамота? Мислите дека во Европа, ве чекаат вас да ве стават на министерски места? Не, ке рмбате по фабрки и ке работите работи кои никој од таму несака да ги работи.
     
  14. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Да! Вреди да се замине од оваа пуста држава. Можеби ќе се мачиш во друга, ќе работиш многу, ќе вложуваш сѐ од себе, но, ќе бидеш награден. Не дека ќе бидеп министер или незнам што, но за секого има место некаде. Некој ќе бере јаболки во Италија во сезоните, а останатото време ќе биде преведувач или студент. Дури и на децата им е дозволено некои работи да ги работат и да заработат џепарлак.
    А, тука? Тука само мама и тато може да работат, да се мачат за десет илјадарки месечно, а децата да ги гледаат како сврзуваат крај со крај и да се молат на баба и дедо да одвојат од пензијата за да одат на некоја забава или одмор. Е, таков е животот тука. А тие што овде успеале трчале по градоначалниците и сеуште трчаат. Секој ден се скоцкани на работа или училиште и им се смеат на оние што се подолу од нив.
    Да, и на Западот нема некој да те пази како ти е тебе, но чесно ќе си го заработиш лебот и ќе знаеш дека си го добил она што го заслужуваш. Колку си работел, колку си се трудел, толку ќе добиеш.
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.891
    Допаѓања:
    132.561
    Дали сите што сакаат да отидат на Запад сакаат бидејќи им кажале дека е таму е убаво или затоа што биле, па виделе дека е убаво?
    Кога би ставила на вага да работам чистачка, перачка, да бидам најдолу во хиерархијата, да ми биде шеф некој кој е со никакво образование, да бидам подалеку од целото свое семејство, да не можам да бидам со нив кога им е тешко, да работам по 12 саати работа која не ја сакам, за на крај да ми дадат пари кои не можам да ги потрошам со луѓето кои ги сакам и со кои се добиваат материјални работи, тогаш не.
    Почитта е на повисоко ниво од материјалните добра. Повеќе би живеела со помали примања, но почитувана од колегите, соработницие, општеството, отколку да чистам туѓа сперма во хотелите и да метам по некоја која ќе ми се прикажува дама.
    Сепак, ако таму работам пристојна работа, оти да не, ако примањата се добри? И нормално, ако ми се доволни да не морам да живеам под кирија, и да можам да си го земам семејството со мене.
    Би одела и ако тука не можам да се вработам подолго време. Би одела ако ми требаат пари за лекување за мене или моето семејство, не дај Боже. Би одела ако имам кредит кој никогаш не би го отплатила со мојата плата. Би одела ако тука немам кај да живеам и морам да живеам со родителите.
    Но би одела за единствено да заработам и пак да се вратам. Би заработила за екстра образование. Би заработила за да отворам мој бизнис, моја школа, што и да е.
    Моите роднини кои се во странство долги години(40, може и повеќе) никогаш не станаа нешто повеќе од тоа што беа на почетокот, тетка чистачка, тетин молер, други тетка и тетин физички работници, нивните деца исто така, во најсиромашните училишта, сеуште под кирија (никој нема пари за таму да купи сопствено куќиче и по 40 години работа). И таму е битка за живот, со таа разлика што брзо наоѓаш работа и плата. Ни никогаш доволно за да станеш човек кој би станал тука, ако работиш 2-3 години во странство и тука отвориш свој бизнис.
    Ако во моментов добијам стипендија за во странство, одам. Колку за да завршам школо плус. АКо ме викнат да работам во истата струка (бидејќи сме ретки) одма одам. За првото условот е да се вратам побрзо, за второто е да ми дадат плата доволна за да одгледувам семејство. Инаку, не :(
    Не сум сигурна дека сите што отиле се најсреќни. Мислам дека им е ужасно тешко, но мораат.
     
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    А велиш тетка ти и тетин ти да останеа во Македонија, после 40 години ќе имаа изградено куќа и немаше да бидат физички работници, може до министри ќе стигнеа? И што има понижувачко во тоа да си физички работник? Оној кој заминал во странство и работи по фабрики сигурно во Македонија не бил директор туку исто работник. Иста работа работат, само е повеќе платена.
    Има недостатоци живеењето во странство да, исто е како да почнуваш од почеток, како странец на почеток те ставаат на најдолните позиции, и првите години додека се навикнеш често ќе се чувствуваш како задња дупка на свирало, поточно тоа и ќе бидеш, но не останува така за навек, поголеми се шансите да напредуваш и за брзо време да смениш позција. Освен ако си мрзелив и немаш амбиции за нешто повеќе, тогаш ќе животариш. Само разликата од животарење во странство и во Македонија е голема.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.891
    Допаѓања:
    132.561
    Работата е што имаа куќа, ама сакаа повеќе. И на крај, животот по кирии го поминаа, со тоа што тука домот им се разурна, па кога отидоа во пензија мораа да дадт 20 000 евра за поправки. За жал, таму им останаа пак децата, кои учеа во школите за сиромашни и ден денес се мачат за да имаат свои домови. Од три деца, само еден купи гарсоњера, која му отиде заради хипотеката која не ја плаќал оти го избркаа од работа. Сега зема социјално, живее под кирија со жена му(македонка исто така) бидејќи тамошните жени не сакаат доселеници за сопрузи. Социјалното му е 1200 евра, а вика дека е премалку за нивниот стандард. :( И од овакви приказни се плашам. Не би сакала моите деца да учат во школите за сиромашни, да бидат потценети цел живот. Оти факт е дека и да отидам, не значи дека ке биде подобро од тука. Можеби значи да ги осудам и моите деца на тоа да бидат гледани од високо, оти не сум имала шанси да ги запишам во добро школо. Во странство штедат откако ке се роди детето за да го запишат во добро школо, А јас ако плаќам цел живот таму кирија и преживувам со најниската плата (нели не можеш да бидеш на висока позиција) нема да можам да му обезбедам добар живот на детето.
    Затоа, подобра опција е да одиш, да работиш ко вол 20 саати на ден и да се вратиш и да почнеш свој бизнис. Да чистиш туѓи кревети, да пеглаш туѓи алита, да метеш подови, ама да се вратиш назад и да станеш свој човек.
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Куќа имале сигурно од родителите, сами не си ја изградиле нели? И таа куќа не може вечно во здрава состојба да е, и да живееле таму пак ќе морале да дадат толку пари за да ја одржаваат или реновираат, ако сакаат нели достоинствено да живеат а не со влага, дупки и глувци. Дали ќе имале тука толку пари за да ја одржаваат, реновираат? Или како и многумина така и тие, како седнале во куќата така останало, се нема пари да ја варосаш не па друго.
    Примери има многу, еден пример за некои кои живеат на социјално не е приказна на сите кои заминале. Секакви приказни има, кој како ќе се снајде, кој колку може, впрочем како и секаде, само таму шансите да имаш достоинствен живот, не богатства и скапи приватни школи (не знам, ти во такви ли школи учеше во Македонија?) се поголеми.
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.891
    Допаѓања:
    132.561
    Чистачка и молер можат и кај нас да одржат кука која ја наследиле и да бидат свои луѓе на крајот, не да се тресат каде да одат ако некој со 3 деца ги избрка од станот. Децата ке им учеа каде што учеа на сите, каде што учев и јас, а немаше како сега да им бидат исто како нив, необразовани, оти немаат пари за нивните факултети, и пак по кириите, оти нема шанси да купиш стан таму.
    Тука можеби и ке можеа да ги запишат на факултет, да им дадат можност да пробаат. Можеби и ке им овозможеа на сите по една соба, да имаат кај да седат.
    И јас тука учев во државно школо, како сите. Приватните сега излегоа. Ама кај нас никој не те понижува ако си завршил средно државно. Таму, според нив, особено битно било кај имаш завршено. Сепак, за разлика од кај нас, приватните школи се подобри од државните. Таму плаќаш за да научиш, кај нас плаќаш за да не учиш. Ама тоа е друга тема.
    Не знам, ама јас успешна приказна од типот, отишол во странство, работел на струката, купил сопствена куќа и создал семсјтво кое има убав живот, не сум чула.
    Моите роднини, сите викаат дека се отепуваат од работа, плаќаат енромни кирии, сметки а идат на одмор во Македонија за да заштедат, оти нема кеш за да оди на други места.
    Белким некој има што успеал да има свое место во странство.
     
  20. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Jас пак првпат слушам дека постојат училишта за сиромаси !!! ..знам за државни и приватни училишта,со тоа што за државните училишта све зависи во кој реон се живее па такви можат и училиштата да бидат.