1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    секако дека вреди да ја напуштиш. Џон Кенеди рекол Не прашувајте што може државата да направи за вас, прашајте што можете вие да направите за неа? Е овие нашиве војници кога правеа за време на конфликтот за да ја спасат државата на друг не му беше гајле и во парламент ги примија и сдсм и вмро. Ај сега имај желба да останеш во оваа држава.Освен што примаат полуписмени на конкурс оти требало да се исполни некојси договор згора на тоа и финансиски те убива пополека. Еден живот имам , зошто да не ми овозможи услови да уживам во него, да се хранам подобро, да си купам што сакам,да си овозможам дом, да го видам и запознаам светот итн ..... Но сето ова се чини како привилегија а не основно човеково право во смисла на ограничивање на истите.
     
  2. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Па за некои работи вреди како работа ,има повеќе перспектива и.т.н,ама и не е се така розево,не знам според мене да јас имам таков план и ќе видам дали би издржала,а за тоа дека не работеле и брзо стигнувале до пари и не е баш така,може да кажам дека рмбаат :) имам тетка во странство што работи како правник во многу јака фирма обично работно време им е од 9 сабајле до 8 навечер,и уште многу други примери,кај нас е малце полабаво за работење,како што слушам можеби и не е баш така али секој втор кука како му било на работа и.т.н,мислам дека кај нас сакаат не зборам за сите да дојдат до повеќе пари со малку работа а тоа го нема нигде :)
     
  3. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    И уште нешто сите кукаат дека немаат пари за леб,и оп другиот ден кола,оп нова облека,оп нов стан,во економска криза во цел свет е намалена потрошувачката за коли и облека,а кај нас е зголемена,мислам дека граѓаните на Р.М треба да ја сватат смислата на зборот глад,и да се нема пари за леб,не викам дека сме некоја ептен богата држава,стварно има сиромаштија ама мислам дека се претерува со тоа...
     
  4. ana05

    ana05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    35
    za najveke eden mesec....... :hai:
     
  5. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    76
    Да ме прашаше некој дали некогаш би ја напуштила државава пред година дена, ќе кажев НЕ, НИКОГАШ НЕ БИ ГО НАПРАВИЛА ТОА, но сега... Минатава година беше тешка за мене и сега доста често размислувам на оваа тема. Некако ова место тука не ми дава некоја надеж за подобро утре, едноставно ме депримира, незнам зашто. Знам дека на запад нема да биде лесно, далеку од се, но сепак мислам дека има подобар живот таму. Би ми недостигале многу работи тука, места, спомени, но не и луѓето овде. Премногу сум разочарана од менталитетов наш, ПРЕМНОГУ! Првата шанса што ќе ми се пружи да заминам од тука, верувам дека одма би ја искористила. Позз до сите :*
     
  6. DesertRose

    DesertRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Јас да ви кажам најискрено-ЗА КОГО КАКО! Јас мислам ако некој е среќен и си има се или скоро се во животот ке му е убаво каде и да отиде но и тука ако остане! :) А ако е некој разочаран како мене и се обидува на некој начин да си ја побара среќата за нешто ке има поголема желба да замине од оваа држава.
     
  7. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    5.858
    Не би сакала да ја напуштам ама ако ми се пружи некоја шанса па зошто да не ама ако би идела да идам сама моите нека седат тука за летно време за ко на одмор да си доаѓам..све ми е испланирано само јас да тргнам и готово :lol:
     
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски
    Мислам дека каде каде во другите држави има подобар и побогат живот ама сепак не вреди да се напушти државата во која си се родил,си пораснал...Значи што ќе биде ако сите почнат да ја напуштаат земјата во потрага по подобар живот.Македонија ќе остане празна и ќе нема веќе кој да ја претвори од сиромашна во побогата држава каде ќе има добри услови за живот и се помалки преселби.
     
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    и јас исто .... не му ја мислам 2 пати :D
     
  10. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Кај идеш?
     
  11. natasaltd

    natasaltd Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    48
    vredi i toa kako,jas sum 3 godini nadvor i pred da izlezam ne mi bese vazno kade samo da e nekade podaleku od Mk,od politicki prepukuvanja,nikakvo zdravstvo, necisti ulici,novopeceni bogatasi,sponzorusi i sl.Ne deka ne si ja sakam drzavava i Skopje,ne me sfakajte pogresno,ama begajte..probajte nekade na drugo mesto nisto nema da izgubite,ako ne ide imate kade da se vratite.Pozdrav
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    1.955
    Кога би имала можност да отидам со целото семејство,би ја напуштила со задоволство ама вака...
    Да отидам сама или со дечко/маж,и да си ги оставам најблиските тука,да ги гледам еднаш или два пати годишно, не би се осмелила.Можеби таму ке имам подобри услови за живот,финансиски средства,подобра работа..ама барем за мене преголема е цената за тоа.
     
  13. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Bravo, bas ubavo si go napisala ova...
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    За мене лично ги нема тие пари кои ќе ме натераат да си го напуштам домот, блиските, пријателите.
    Да, ситуацијата е лоша, државата си има милион фалинки, далеку од идеална е, ама е моја и е мојот дом.

    Не, не сум претерано патриотка, и порано посакував да избегам некаде далеку. Се' уште сакам да прошетам, но за останување на подолг временски период или засекогаш..... ќе треба да сум тука на дното, да немам повеќе ништо, да сум изгубила се' и да сакам да свртам нов лист, па да ја напуштам државата.
    Каква е таква е, наша е.
    Мојот, т.е. македонскиот менталитет е далеку подруг од тој на Запад. Ќе имам можеби убава работа, и автомобили и куќа со базен и ... браво за мене. Се прашувам со кој ќе ја споделам мојата среќа, таму сама? :^)
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Јас мислам дека вреди и кога ќе станам полнолетна би сакала да ја напуштам државава. Не гледам големи шанси за успех во нашава држава. Би сакала да студирам во странство, а за понатаму ќе видиме.
     
  17. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    me too
     
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Па вреди ако добиеш подобри услови за живот, ако бидеш среќен и задоволен. Но сепак тука е семејството кое повеќето не сакаат да го напуштат. Јас би сакала да работам таму, студирањето може и тука да го завршам, не е проблем, но ако ми се пружи шанса да заминам во странство не би ја одбила, но не би била долго таму.
     
  19. bupce

    bupce Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    lele luge pa koj vek sme veke za da se tusiras ednas nedelno..jas sum vo stranstvo i mislam deka nikoj ne e otisol od lesno vo tuga zemja, bidejki kako sto kaza kako odat rabotite kaj nas mnogu e tesko, megutoa drugite zemji se kade porazvieni od nasata pa isto taka i zivotot e podrug...no dodeka ne vidis ne mozes da znaes a glasinite si se glasini nekoj toa nekoj voa rekol. Sekoj si ja bara srekata pa bilo kade da e...pozzz
     
  20. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Јас мислам дека вреди! Знам дека ако си одам од тука нема да зажалам ни малку. Тука имам чувство како да се гушам. Кај и да поминеш сите те знаат, оговараат. За да добие некој работа со години треба да чека. Па платата заказнала, па тој месец не добиле, па незнам што. Во оваа држава во просек се живее за живеачка, без да можат луѓето да си дозволат одмор на море во годината. За факултет да не правам муабет. Не дошол професорот на испит, го презакажал испитот, си бил на одмор, немал време, каснел на предавање, за оцена за индекс со месеци треба да го бркаш. На нашиот народ едноставно ама ни најмалку не сум горда. Толку суетни луѓе, толку непријателски расположени, големи егоисти и материјалисти......Се каам што не се решив порано за студирање во странство, а имав добра шанса. Имам уште малку време, но ми се чини дека ништо нема да излезе од премислување во последен миг.