1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Очигледно мислењето ти е засновано на еден или два примери, инаку воопшто не би зборувала вака. Какви се тие училишта за сиромашни, има приватни и државни, и во државните одат деца на родители со средни или ниски примања како впрочем секаде, само никој не ги нарекува тие деца необразовани и ги осудува веднаш на пропаст. :x
    Ја направи Македонија рај, работник во Македонија живеел подобро од работник во странство. Можеби, секој со среќата.
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.892
    Допаѓања:
    132.585
    Веројатно сите сте живееле во Лион, освен јас :( Како ми кажале, така ви кажувам. Дека има приватни школи и школи во кои учат арапите, кои се најнизок слој во општеството. Епа, нашите учат со нив.
    И не е Македонија рај, ама ни странство не е. И таму и таму мораш да се лишиш од нешто. Сами бираме од што ке се лишиме.
     
  3. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ...владини кампањи и на оваа тема ли? :^)
     
    На SexiLy, kolovoz, makedonkamak и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Па веројатно знаеш повеќе од мене, оти така ти кажале, извини што не сум во Франција па да ти потврдам за таму. Јас каде што живеам не не ставаат во карантин оти сме од страна и не сме доктори или научници. Имаме достојни работни места и детето не ни е сместено во изолирани паралелки. Колку ќе успееме во животот не знам, само знам дека тука ми е подобро. А тоа е најважно нели?
    Ракометот почнал :o одам да гледам.
     
    На cecilia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Доколку одиш на сигурно и тоа како вреди, во спротивно, не сум за трајно напуштање на државата. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Има ли поубаво од дома? Не! Но кога неможеш да просперираш во нашата жална Македонија многу нормално дека ќе се одлучиш на тој чекор.Се си има свој предности и негативности,кога си на страна добро е само тоа што има повеќе пари,што тука нема да ги заработиш ни за една година колку што ќе заработиш таму за еден месец.Се би било подруго кога овде најмала плата би била од 10-15 000 денари и кога би работеле двајцата родители.Можеби за луксузирање не би имало доволно,но за еден нормален живот да! :)
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ами, се прави се, само за да не одат нашите во странство, ама „ се прави“.Секој гледа да си живее подобро, да може да преживее, а не една плата, пола на државата да ја дава и после пак да остане човек без ништо.Човек ако добро ја прогледа реалноста, тешко дека ќе го излаже некој да седи тука, демек е подобро или ќе биде подобро.Убо е надеж да се има, ама од надеж не се живее, тапкање по рамо нема ефект.Во претходните постови се спомна за работата, односно за градежниците, нормално дека не може да се очекува во странство некој кога ќе отиде, одма да го стават на директорска функција, но далеку е подобро од кај нас.Сосем друг е стандардот таму, кај нас човек и душа да си извади за да заработи, пак џабе ќе му биде, кај што ќе си фрли пари, па згора на тоа ќе треба да ја финансира државата, иако нема леб да јаде.Сега, гледам нашиве се ангажирале, со вработувањето, за да останат нашиве тука, доцна им текна, бидејки оние што заминале во странство, сигурна сум дека повеќе не би се вратиле тука да живеат, знаејки што услови за живот ги чекаат, да не им било убаво во странство, ќе се врателе до сега.Затоа што, ако тука мислат како да го поминат месецот и дали ќе имаат редовна плата, таму знаат дека имаат редовна плата, имаат од што да живеат, не мислат дали и како ќе го поминат месецот, не дека се таму милионери, ама за разлика од тука е далеку подобро.

    Човек што е решен да ја напушти државава, ни свети кампањи нема да го предомислат, особено ако е сигурен зошто во странство е подобро да се живее.Никој не се грижи за нашава држава, ниту народот, ниту власта.Имав спомнато претходно во друга тема, за да се смени нешто во нашава држава, тоа само народот може да го промени, никој друг.Џабе е човек да ја сака својата држава, ако не може да преживее во истата, без разлика што постигнал во животот, какви успеси има, тоа кај нас не се цени, онака како што треба на правилен начин.Мислам дека нема полошо човек да даде се од себе, за да просперира тука, а да не му се исплати и пак да остане со празни раце, што би се рекло.Разочарувачки е, што за младите, што за постарите.И, кога човек би го согледал ова со свои очи, од свој аспект, би се уверил во сосема спротивното зошто вреди да се напушти државава.Мислам дека човек не треба да си дозволи, некој друг да му наметнува мислење, конкретно мислам за владиниве кампањи, реалноста е сосема друга, бидејки никој друг не може да одлучува за неговиот живот, освен тој самиот.

    Размислувањата на повеќе луѓе, се токму на овој начин, само во јавност поинаква песна се пее.Наместо да се подобрат некои работи во нашава држава, се побетер станува, што е пострашно и помладите тоа го согледуваат, а што да речат постарите, веќе видено.Животот минува, мислам дека никој не би си дозволил да живее на начин на кој ќе мисли како ќе го помине месецот.Излегува дека кај нас е токму она кое се вели за странство, дека за да преживее човек, треба да е работник и сл., а за останатото да не се ни помисли, бидејки и е невозможно со оглед на ситуацијата во нашава држава.Би сакала да мислам позитивно, но се повеќе во спротивното се убедувам.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.892
    Допаѓања:
    132.585
    Не те фанав за очи, сама се јави. Штом си отишла, значи дека ти сметаш дека вреди да се напушти државата.
    Дилемата е кај мене, не кај тебе.
    Ризик е во секој случај одењето некаде надвор, и е храброст, освен ако немаш некој таму да те чува.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.941
    Допаѓања:
    12.596
    За училиштата во Франција, сум била и таа поделба на државни и приватни ми кажаа дека е на некаква верска основа, едните имаат повеќе поддршка од црквата. Таму никој со никого не се замара, а не па да те дискриминира. Таму не знаат комшијата како им се вика, а не да се замараат кој во какво школо оди. Народот е ладен и затворен. За живот условите се многу подобри. Таму во село нема да најдеш стара куќа, разрушена, пред распаѓање како кај нас. Јас бев во слео и таму иако беа на 30 км од град живееја градски живот. Со 2 плати од скромни работни позиции живееја родители со 3 деца без да се плашат дали ќе имаат за сметки, храна, облека, факултет, годишен одмор. Живеат релаксирано и не знаат што се стресови. Нивните села се поубави од нашиве мали градови. Со тротоари асфалтирани, никаде нема кал. Кај нас во град па во кал да се удави човек. Иако живеат во село тие луѓе секој ден пазаруваат во маркет што е 4 пати поголем од маркетите што ги има во мојот град. Цел еден пазар и супер маркет во едно, со тоа што овошјето, зеленчукот се чисти, спакувани во кеса и се продаваат на тезги каде што можеш сам да се послужиш. Факултетите им се екстра ефтини за нивните државјани. Таму работа нема за мрзливците, а кој има волја да работи ќе има пристоен живот.
     
    На Adi888, Annath, makedonkamak и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Пфф.. вреди и тоа како , едвај чекаат младиве да фатат света од тука да ги нема, толку мака претрпена во студирање и на крај ајтт..200 евра плата? молим?
     
  11. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Какви школи за сиромаси не тресете зелени по форумиве. Па и тетките во Лион работеле по цел ден во држава со гарантирани 35 работни саати во неделата. ЦЦЦЦ што се нема да ти кажат за да не посакаш да одиш кај нив па да треба да те ранат.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.892
    Допаѓања:
    132.585
    Преземено од сајт. Дека е сјајно во другите земји.
     
  13. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Баш ја читав статијата и искрено не ме ни изненади,така некако и очекував.
    Се зависи од која позиција заминуваш,каде заминуваш и за што.Од физичката работна рака секогаш се има потреба од причина што во тие земји тие не се омилени работни места.Факт е дека во тој дел не рамнат и со Арапите и Кинезите и доколку сте отишле за таа работа не очекувајте статус во општеството.Многумина со години го работат истото и воопшто не напредуваат.Остануваат на статус кво и со години живеат по кирија.Плата од 1200 евра не му стига ни за сметки.Зборев еднаш со познаник имал 600 евра само за сметки.Така да тоа комотноста во живеењето не е баш така,се стегаат и тие.А и тие пари што ги штедат ги трошат за идење тука.Јас барем со мојата плата тука си покривам трошоци и комотно си шетам цела година ,а верувајте ми мојот гардоробер е пополн од нивниот,жити се.Мора да признеме дека и овде не е исто како пред 20 год.Заврши времето кога тие си идеа со убави автомобили а ние зјаевме.
    Друга работа е идењето по струка,доктор на пример.Но, најчесто проблемот е што тие одат во некои поизолирани и се уште неразвиени селца,без никаков забавен или културен живот.Нема идење на театарче или дискотека и кино,од работа дома и тоа е се ,и така со години.Баш неодамна гледав документарец на РТС за едно вакво градче во Америка,луѓето од Југославија заминати,и по 40 год исто живеат,во мало градче и работа пак дома,велат се навикнале.
    Постојат луѓе на кои материјалното им е на прво место и полесно се одлучуваат да заминат.Можеби не ми е доволно платено моето место,но си го имам соодветното место во општеството за кое сум учела и сум се борела,материјалното ке се подобри пополека(барем не плакам по 600евра сметки).
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ами и во Кенија, колку ли е сјасно, кога веќе се споредува со нашава држава, нормално дека Кенија би ја земале и за пример, колку е во странство сјајно, а можеби и со Индија, би ја споредиле.Секако и човек да си е партиски определен и финансиски обезбеден, ќе вели дека не е сјајно во странство.
     
    На Golden, imelda, sunfemina и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.892
    Допаѓања:
    132.585
    Проблем некој?
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Коментирам де, во темава, шчо толку се нервираш.Нормално, зборам како е кај нас, како е во странство, нормално дека ако човек си е обезбеден финансиски, пример, ќе рече кај нас е поубаво, иако и тие што се обезбедени финансиски, немаат баш позитивно мислење за нашава држава, па го земав тоа за пример, што го пиша од тој сајтот.Секако дека не сите имаат позитивно мислење за животот во странство.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Незнам какви се тие училишта за сиромаси за кои претходно гледам се пишувало,никогаш немам слушнато за такво нешто,а имам многу роднини и пријатели во странство.Сите кои ги знам и кои заминале во странство или живеат таму долго време,сите имаат нормален и стабилен живот.И што ако работат како чистачки,молери или обични работници во фабрики кога со тие плати можат да си дозволат да живеат комотно, наместно едвај да сврзуваат крај со крај.Можеби богаташи не се,ама не се ни во мизерни услови.Па на крај и тоа е тоа во животот,да си здрав и способен да работиш,не секој има комплекси да мора да работи во канцеларија.
    Кај нас на пример и храната и сите производи за лична хигиена,се многу скапи со оглед на ниските плати,а додека тие работи во странство се со пониски цени,а се далеку поквалитетни.
     
    На MiloMalo и makedonkamak им се допаѓа ова.
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.406
    Пол:
    Женски
    Хахаха значи што се човек нема да чуе...
    Не велам дека е сјајно на страна, но ретки се оние кои отишле во странство, а не се снашле.Знам икс икс луѓе, преселни на разни страни на светот.Верувајте сите заработуваат одлично, живеат уште подобро, далеку, далеку подобро од тука, во нашата најпрекрасна Македонија.Еве пример пар кој од обични работници сега си купија стан во Шпанија, летоска да си седат таму, син запослен во администрација, керка се школува во Швајцарија...Буквално богато си живеат луѓето.Да знам два примера па да кажам случајност, но јас знам 20, а сите се на различни континенти.

    Така да неможе никој да ми каже дека во странство било лошо, па тоа се класични небулози.Човек треба да е слеп или да му ставаат нож под грло па да изрече такво нешто.Ма министерка да бидам нема да сакам да живема тука.Не е се во парите туку и до околината што те опкружува, а што не опкружува нас?Па човекот да прошета малку подалеку, ке му се сневиди кога ке му текне во што треба да се врати и во што уствари живее.Супер е да се тешиме но реалноста е сосема спротивна, околу нас се факти никој тука не лупа од ракав.Тука човекот може само да седи и да затупавува во нашата простоќа и некултура.

    А еве конкретно за споменатитот Катар, далеку е од тоа што е напишано.Јес дека Катар е најсторг од земјите во ОАЕ, но таму можеш сосема слободно да се движиш, да седнеш на коктел со пријателките, да се шеташ и да заработуваш добро.Дури и да живееш заедно, тоа што се оделени е можеби привремено, но никој не ги ставил во затвор можат слободно да појдат и да си бараат нов смештај заедно.Малку е преувеличан текстот.
     
  19. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    А бре каков народ сме и ние.Кај нас како прво никој не сака да засука ракави и да работи земјоделие или да чисти по 12 часа зашто тука долност му е и парите му се малку.Таму можат да работат и не им е тешко,заштом нели платата е поголема и те мотивира де.Важно можиш да работиш.

    Е сега, не знам како е во вашите градови,но во нашиот крај речиси сите,од работник до директори и раководители,работат дополнително земјоделие.Тоа е најнормално и традиција и сите вадат дополнителна плата.Во последно време тренд е и на проширување.Кај нас од старите постои како поговорка дека само оној кој не сака да работи и е мрзелив оди гастербајтер.И верувајте дека и држи вода.Тука сме сите мрзеливи,а таму со извинување можеме да чистиме клозети.

    Друга работа е што да не се занесуваме дека трошоците за живот се исти.Можеби храната е иста ,но сметки, кирија?Оди таму помини со 2000ден струја или 500ден вода да те видам,или пак со 200евра кирија.За ресторани да не зборуваме.Дневно минат и по стотина километри ,прашај колку нафта трошат.Патарина таму не ти е 50ден,скоро бев во една европска земја испод 10 евра не видов,пари летаат невидено секој ден,не ми стигнуваа ни 100евра дневно.Барем кај нас тие трошоци се пет пати помали.И факт е дека и тие се стегаат.Да ги видите по маркети како секој цент го проверуваат,кај нас срам ке те фати така бре.

    За училиштата сепак во голем дел постои рангирање.Можеби не се за сиромашни ,но не се и сите исти.Точно е и дека треба да штедиш да си го запишеш детето на подобро училиште,да не се лажеме.Дисциплината на живеење таму е многу строга.Кај нас сметки за вода не плакаат,а таму само за ѓубрарина даваат по 100евра.За данок да не зборуваме,на се плакаат и на штедни влогови.Кај нас само ругаат министри зошто измислувале даноци.И кога ке дојдат на лето се некои поплаки имаат за тука ,а таму молчите а?

    За станбеното прашање да не зборуваме .После 20-30год дури купуваат стан.Кај нас во Скопје е поскап,па ке си купиш поскоро.Што мислите зошто е тоа така?Затоа што и тие живеат на кредити,од денес за утре,трошат секој ден и не им останува доволно.Се си има цена ,и животот таму не е како што се замислува некогаш.

    Не дека по ова кај нас е поубаво,ама дека и кај нив рози цветаат не е баш така.
    Баш пред некој ден дискутиравме како по улиците се понови и понови автомобили се возат,се надевам дека пополека ке си го дигнеме стандардот и ние,па нема да мораме да пишуваме на вакви теми.
    Јас лично не би заминала,мојата диплома во странство не е признаена па не би работела нешто по струка,сепак оние кому му е признаена можеби инаку размислуваат.
     
  20. MonikaIlieva

    MonikaIlieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    Даааа
    од кога ја напустив државата
    живот живеам во германија
    исто како нов живот да сум почнала
    и преубаво ми е