Вреди, и тоа одма купувам карта во еден правец само !!! Се пакувам за 2 саати и чао, пријатно не жалам ништо и никој. Џабе сум родена тука, родниот крај си го обожавам со цела душа, но јас лично немам живот овде, не гледам просперитет, само живуркање. Гледам сите пријатели ми се во депресија поради ситуацијава, секој ден истиот муабет си го правиме. И некој од ГОРЕ да ја расчита темава, да види што мисли младинава наша !!!
Знаат и од ГОРЕ што мисли младината, ама исто ги е гајле како и од секогаш. Тие само се надеваат дека нема на сите амбициозни да им успее деф да се чинат. А секогаш ќе постојат и оние другите лесни за манипулација, оние, каде очигледно докторите го фрлиле погрешниот дел при пораѓај, кои изгледа се во поголем број од фрустрираните млади.
Ма јок ова го нема ни во рајот. Нема пари де, а кафаните и кафитериите полни 24/7 . Ај сеа кој ќе им го фати крајот.
Зошто да не,кога тука би работеле 1 месец за 200 евра во странство за тој месец во странство можеш 500 или 1000 евра да земеш епа не се малку пари.Се разбира потешко ке е нема да знаеш никој,од семејството од сите ке си далеку ама сепак вреди да се ризикува
Ти избега, сестра ти сака да избега, другар ти сака да избега, пријателот твој сака да избега, целата младина сака да избега, целиот македонски народ сака да избега, но дали тука се отвора едно друго многу круцијално прашање дали колективно како народ сме способни и доволно интелегентни да имаме успешна држава и успешна економија? Со тоа што бегаме на страна ние само си го потврдуваме нашиот робовски менталитет некој друг попаметен да командува, да дава наредби, да не пренасочува, затоа што кога сами функционираме не функционираме добро. Тие 120 пратеници во Македонија тргни на страна, тие се само слика и прилика на овој народ што живее тука. -Во јавната администрација работат наши роднини, пријатели, познаници, но таа не функционира. -Во јавното здравство работат наши роднини, пријатели, познаници, но тоа не функционира. -Во јавното образование работат наши роднини, пријатели, познаници, но тоа не функционира. -Во јавното судство работат наши роднини, пријатели, познаници, но тоа не функционира. -Во полицијата работат наши роднини, пријатели, познаници, но тоа не функционира исто така. -На јавните простори, улиците одиме ние граѓаните, но тие се нечисти со отпад и измет. -Во училиштата учиме ние, во болниците се лечиме ние, но тие се нечисти, уништени, руинирани од негрижа, слаба јавна свест кон општо добро на заедницата, слаба култура на учениците кои ја наследиле од своите родители. -Се гради кај стигне, никаков урбанисти ред и не од вчера, туку од пред 60 години. Дозволи за градба ги даваат наши корумпирани роднини, другари, пријатели, познаници, а куќи кои немаат никаков естетски вкус и не се поклопуваат со никаков урбанистички план ги градат наши роднини, пријатели, познаници. Дали кај нас треба тотален ремонт на целиот наш менталитет како народ? Во потполно се согласувам. Се појавува прашањето зошто сите ја избегнуваат нашата колективна одговорност кон оваа држава? Што ние денес сме направиле нашата мила Македонија да биде поубава, позелена, посредена? Зарем не сме ние државата, не сме ние кои ја создаваме државата? Ние сме државата, ние сме тој народ кој треба да изградиме подобро утре за нашите деца, ние сме тие кои треба да ставиме прст за секоја наша постапка во животот!
Уште кога новинар или економист на телевизија, на вести ќе рече: Економијата ќе порасне ако имаме повеќе странски ивестиции!! И ТОЛКУ! (тоа го знае дете од 14 години) Сме имале паметни и учени луѓе од партии, економисти, правници? Нашава не е Држава! Нашава е ХАОС, БАШИБУЗЛУК, ЖИВ КРИМИНАЛ! Овде не се чувствувам како државјанин, граѓанин.. Искрено, се чувствувам како жртва на ова мало парче "земја" и ДА! Вреди да се напушти!
Да. Јас сакам да се селам. Имавме во план во Канада. Бевме сега скоро пред 2-3 недели со еден посредник да разговараме. Ама ништо не испадна. Премногу не форсираше. Демек нови закони за канадска виза се спремале од 1 Јануари. Немало да имаме многу шанси после Нова Година. И добро ништо не му кажавме. И некни гледам на интернет стварно пишува за нов закон, ама тоа да ти пишувало дека полесно ќе давале визи. А тој глупакот сакаше да ни ги земе парите. Сега размислуваме за негде во Европа.
Едно големо ДА. И здравје ,тоа и го планирам.Да завршам факс,а можно е и пред да го завршам да ги продолжам студиите во шведска или германија евентуално,затоа што таму имам многу блиски роднини и не би ми било проблем околу средувањето на документи,или пак на посдипломски да одам.И би останала таму дефинитивно.Сум била ,но на гости само секако и воодушевена сум поготово од Шведска ,Гетеборг.Преубав град ,голем,а и другите што ги посетив исто така. Се им е на ниво.Начинот на живеење,образованието и ред др работи.
Неодамна ја напуштивме нашата држава, пред 5 и пол месеци. Оставивме буквално се зад нас, јас работев, сопругот работеше, не дека бевме во којзнае колку лоша финансиска ситуација....едноставно не се наоѓавме веќе таму, не се чувствувавме како дома. Ризикувавме многу, посебно јас (бремена се селев во друга држава каде немаме никој ни јас ни сопругот), и до ден денес не сум зажалила за ништо. Нешто одвнатре ми кажуваше дека во никој случај не треба да се пропушти шансата која ни се понуди, бев сигурна дека се ќе излезе како што треба. Излезе дури и подобро од тоа што очекувавме. И пак да треба, пак истото би го ризикувала и би го направила. Во нашиот случај испадна дека и тоа како вреди да се напушти Македонија. Многу жално, но вистинито.
Ахх нешто што најмногу го сакам мајка ми во право е (бидејќи јас немам пасош) замислете како ми е во државава и мајка ми ми вика коа ке пораснеш пасошот во рака и по далкеу од земјава.Колку само сакам да одам некаде надвор од земјава а и сакам патувања САКАМ ЦЕЛ СВЕТ ДА ГО ПРОШЕТАМ.
И тоа како ВРЕДИ. Изгубени се сите вредности и имам чувство како се да се распаѓа. Цела младина незадоволна, без пари, без работа, без можност за просперитет. Не значи ако сакаш да заминеш од тука дека не си ја сакаш земјата, туку едноставно гледаш дека неможе да ти понуди ништо повеќе од тоа што го залужуваш. На секое поле е тешко и мислам дека на сите ни е јасно дека едиснтвен спас ни е да си ја пробаме среќата негде надвор.
Вреди да се напушти а јас сум си среќник што ова лето официјално ќе ја напуштам државава ..Македонија мн си ја сакам , значи тука израснав , и се така али некако ко да неам иднина тука , така чувствувам и одлучив си донесов одлука , се надевам нема да зажалам..
Одамна не сум пуштила македонски канал на телевизија. Пред некоја недела пуштив, и одма реклама за трето дете... Добро бе, за што не' сметаат нас жените како прво? Зошто да одам по 100 шалтери и психијатри за да можам да абортирам? Не сакам да живеам во земја каде што ќе бидам третирана како машина за раѓање! Со оваа власт, Македонија пропаѓа, еве дури јас 14 годишно девојче го разбирам тоа. Да имам шанса да се иселам, без да размислам ќе прифатам! Јас сум живо битие, не машина за која што власта ќе одлучува што да правам. Јас ја сакам Македонија, но начинот на кој што е управувана не го сакам. @Dr.Strangelove. Постојат талентирани луѓе кои што се обиделе да го истакнат талентот тука. Чист пример е кума ми. Таа сега е режисер во Германија, многу успешна е. Не прави обични филмови, туку документарци кои што се наменети да ја побудат свеста на луѓето. На нашите канали не ги даваат, зошто скоро сите се владини. Првиот документарец беше наменет за многу талентирана девојка која што сакаше да се истакне во Македонија, но комисијата на место да критикува, си го чепкаше носот. Ова го прават на многу талентирани луѓе и затоа повеќето ја наоѓаат нивната иднина во странство. Да можевме да ја пробудиме свеста, одамна ќе го сторевме тоа, но владата е онаа која не управува и не третира како предмети. Владата е онаа која не враќа во среден век. Татко ми е вработен во фирма за градби и градбава што следи, треба да биде со средновековен изглед. Гледаш, и самото уредување на државава е знак за пропаст. Додека имаме ваква власт, талентите не можат да одат напред во државава.
Јас читам на интернет, барам начини да ја напуштам државата. Засега безуспешно. Не сум задоволна, чувствувам како да стојам во место.
Не дека некаде по светот е сјајно , ама пак кај нас е претеризам невиден веќе , само некои казни , нови закони , даноци , работа нема за младината макар и 5 факултети да имаш , така да секако дека вреди , има некаде во некое делче од светот нешто подобро од нашава Македонија ( мразам да го признаам ова , си ја сакам Татковината , но реалноста е таа ) !!!
Ако се гледа од финснсиска гледна точка вреди и тоа многу. Со нетрпение го чекам денот кога ќе си заминам. Но ако ги споредиме условите за живеење овде и убавината на нашава земја со оглед на тоа на какви места завршуваме во странство во никој случај не вреди
Питом и скромен народ? Народ потонат во масовна кражба, корупција, непотизам, морална и егзистенцијална беда, незнаење, експлоатација за плати со кои е невозможно физички да се опстане, полуписменост, страв - тоа не е питомост тоа е злоба. Народот генерално е злобен и покварен, подмолен и расипан. Кои односи може само во Македонија да се најдат? Што воопшто пишуваш човече? Ветена земја за кои други? Северна Кореја? Македонија е власта, е системот и е политиката. Планините и езерата постоеле со милиони години пред Македонија. Теориите дека ``земјата`` е нешто различно од државата се несериозни. Човековиот живот е врзан за државата и системот а не за планините и облаците. Македонија не ја бидува и никогаш нема да ја бидне, верувам дека длабоко во себе скоро сите сме свесни за тоа. И добро е што си оди млад народ. На крај ќе останат властите и администацијата заедно со пензионерите да се изедат меѓу себе во една конечна катарза на бесцелноста и беспотребноста.