Дали вреди да се напушти нашава држава?

Discussion in 'Општи дискусии' started by ozbilnazena, Apr 20, 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    962 vote(s)
    88.4%
  2. Не

    126 vote(s)
    11.6%
  1. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Joined:
    Jan 15, 2012
    Messages:
    63
    Likes Received:
    57
    Gender:
    Female
    Дали вреди да се напушта државата и не е толку лесно прашање,
    јас го доживеав во моја кожа,
    како и повеќето млади, по завршениот факултет со многу маки, со невработени родители, со добри оценки, и во невозможност да се најде работа, секој ден кога ќе се разбудев од сабајле плачев зошто уште сум тука. Бев многу убедена дека морам да си заминам,
    и си заминав...
    Четири години ме нема таму,
    неколку пати од по десет дена ја посетив фамилијата, и дали вреди да се напушта нашата Македонија?
    ВРЕДИ, и тоа како,
    ми се даде шанса да го научам јазикот, само што го положив последниот завршниот испит од постдипломски докторатски студии, добив нивна стипендија (а не верував дека ќе ја добијам зошто сум странец),
    никогаш немаше да го постигнам ова во Македонија. Пред да заминам, аплицирав во три работни места, во сите три одбиена. :(
    Но не е се така розево, не е воопшто лесно да си странец, не е возможно (барем за мене), да се откажам од националноста, религијата, идентитетот, едноставно не можам да глумам дека сум некој друг,
    и никако не е лесно да се заработуваат пари, можеби за некојси нормален живот (што можеби и во Македонија некако би го постигнал ако имаш малку среќа), но тука ти се дават многу можности, ти се дава можност да се покажеш во тоа што си добар, секако дека конкуренцијата е голема, затоа не значи дека ќе усееш, но самото чувство дека се трудиш да постигнеш нешто те прави емотивно среќен и оптимист, а да не зборуваме ако успееш во нешто. Не се чувствуваш потиснат, контролиран, навреден, несреќен.
    Знам дека звучам контроверзна, затоа што така си живеам овие последни години, секој ден ми недостига мојата земја, ама кога си одам на одмор не можам да поднесам повеќе од една недела, едноставно се гушам, истите проблеми, истото тапкање во место, истата колективна депресија, незадоволство, млади исгубени несреќни. Не се сите исти, но проблемот треба да се среди за сите, не за неколку мина кои “имале среќа“. Имам таму брат и сестра, многу ми недостигаат, родителите, блиски пријатели, но едноставно мојата држава не може да ми пружи тоа што мене ми е потребно, и за жал многу млади луѓе се чувствуваат како мене.
    Дали тука кај што сум вреди да се живее,
    многу размислувам за ова затоа што за мене е животно прашање,
    сакам да завршам тоа што сум почнала, сонувам дека ќе се вратам и ќе се вработам на факултет, ќе ги обучам студентите тоа што учев тука, ќе ги применам методите што се применуваат по светот но не и кај нас, а човек да се чуди колку се само едноставни (само многу скапи), и мило ми е да заспијам со овие планови. Понекогаш ја размислувам другата опција, да останам тука кај што сум, со добра плата со осигуран живот, со нови можности за унапредување, патувања по конгреси, се изгледа розево прекрасно, но едноставно душата не прифаќа, многу изгледа рационално, но толку застрашувачко што се вртам од другата срана и се враќам на соништата со студентите во мојата катедра каде ќе си учиме работи од кои што тие ќе бидет многу заинтересирани.
    офф....
    дали врети да се напушта Македонија,
    дали вреди да се вратиш во Македонија?
    дали вреди???
    не е така лесно прашање :( :( :(
     
    Last edited: Jan 22, 2015
    crazylady, Tanjamm, Annath and 4 others like this.
  2. anina

    anina Популарен член

    Joined:
    Mar 17, 2011
    Messages:
    1,141
    Likes Received:
    5,239
    Gender:
    Female
    А дали вреди да се седи овде и да се чека на подобро утре? Кога ќе дојде тоа подоброто? Кога ќе имам 70години? Е тогаш со сите можности ќе изградам едно јавно wc, за да ми се мочаат на среќата која ја имам и што цел живот ми поминал во нервози за неплатени сметки.
    При првата можност би заминала. Патриотизмот не ми го носи лебот на маса.
     
  3. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Joined:
    Nov 24, 2014
    Messages:
    188
    Likes Received:
    779
    Gender:
    Female
    Колку и да ме боли тоа, морам да се согласам со @Night Rider . За жал нема иднина во оваа наша напатена државичка. А тоа не е затоа што немаме реки или езера туку затоа што немаме реален двигателен капацитет. Ние не одиме напред, ние хибернираме а тоа нема да се промени уште долго. Не сакам да си заминам од државата, никогаш не сум сакала и веројатно нема да го направам тоа но почнувам да се навикнувам на идејата дека цел живот ќе тапкам во место. Полека но сигурно се уверувам дека моите соништа да постигнам нешто повеќе ќе останат само тоа - соништа.
    Зошто? Затоа што нема кој да ми даде шанса. Затоа што на местата каде може човек да направи разлика се вработуваат квазиинтелектуалци на кои единствено важно им е на први да земат плата и во друштво да се пофалат каде работат. Со таквите „лидери“ сите ќе останеме овде каде што сме- на дното!
     
  4. Bah

    Bah Истакнат член

    Joined:
    Mar 30, 2014
    Messages:
    257
    Likes Received:
    1,189
    Ако си креативен и имаш идеја нема потреба да ја напушташ државава, но доколку сакаш да работиш по фабрики а кога ќе дојдеш на одмор да се курчиш дека си битен фактор тогаш вреди.
    Сите велат нема работа, треба партиска книшка.. Не е точно. Партиска книшка треба за неспособните кои сакаат да се пикнат во администрација, но доколку имаш креативна идеја за свој бизнис може и овде добро да се живее.
    Заминувањето во тугина и не е баш толку лесно, барем за оние кои имаат што да остават тука. Да, ќе имаш поголема плата, но ќе работиш по 12 часа, ќе ги немаш најблиските покрај себе... и кога ќе ставиш на кантар што си изгубил а што добил, ќе излезе дека си го изгубил она најбитното.
    Секако постојат луге кои не се толку поврзани со семејството и му е сеедно каде ќе живеат, но јас лично не би можел.
    Сакам да ги прашам оние кои велат дека вреди да се замине а сеуште се тука, зошто не заминете?
     
  5. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Joined:
    Jul 15, 2013
    Messages:
    177
    Likes Received:
    798
    А јас сакам да ги прашам тие што се заминати каде одат, и како?
    (Освен со стипендии, и учење)
    Зборам да работиш негде , и да живееш (не на црно, нормално).
    Како оди тоа со нашиов пасош, дали е воопшто возможно?
    Бидејќи сум гледала понуди за работа по Малта, Германија, Грција, Турција.. 3 месеци и назад..
    Но, ако веќе збориме за живеење.. Како иде тоа? Кој е поупатен и не го мрзи нека ми образложи на кратко. :)
     
    Tanjamm likes this.
  6. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Joined:
    Jan 15, 2012
    Messages:
    63
    Likes Received:
    57
    Gender:
    Female
    ејпа баш тука е проблемот,
    според тебе нема креативни луѓе во Македонија, а многу чудно, во странство баш успеваат тие креативни Македонци кои никако не можат тоа да го направат во Македонија,
    за да постигнеш или да оствариш некоја твоја идеја, (по што си креативен нели?) било да е тоа бизнис, уметност, наука, не знам што, треба да имаш јасен пројект што како ќе биде. И за наједноставниот пројект требаат ПАРИ. Од каде??? Јас ако завршам медицина, ако не ме вработат, од каде пари да отворам амбуланта...
    А плус јас на пример сакав понатамошно образование, креативноста најубаво се покажува во високите иснтитуции, и да се споредуваме со Европските земји, по нивни стандарди, не е можно без пари. Тука кај што сум, има посебни иснтитуции што им ги нудиш твоите пројекти, баш секој има можност да аплицира, секако дека имаат високи барања, но ако ти си толку креативен и успееш да ги убедиш, ќе добиеш сто илјади евра за да го реализираш твојот пројект. Во Македонија, ќе го постигнеш ова?
     
  7. Bah

    Bah Истакнат член

    Joined:
    Mar 30, 2014
    Messages:
    257
    Likes Received:
    1,189
    А, што ако не успее бизнисот, ти ги простуваат тие 100 000 евра?
    За да некој ти даде тебе 100 000 евра знаеш колкав бизнис треба да биде? Да вработиш барем уште 100 лица.
    Немојте да вадите бројки од ракав, да беше така лесно нњемаше и таму да има сиромашни луге, луге кои заглавуваат во кредити.... Секако, твое е дали ќе заминеш или не и каде сакаш да живееш на крајот на краиштата, но секако дека за почнување бизнис е полесно во таканаречени неразвиени земњи отколку на запад.
    Што се однесува до образованието да, за тоа се согласувам.
    Инаку што се однесува конкретно до медицината ни таму не е баш лесно да успееш додека не стекнеш одредено ниво. Ако си добар во својата бранша тогаш и овде можеш да живееш и да успееш. Еве на пример доктор Жан Митрев, Сали Таџер, кои се вратија и работат тука, они луди се? Не, не се луди ама се врвни доктори. Јовица Угриновски, врвен невро хирург кој не замина, но е врвен и баран и тука.
    Значи да, ако си општ лекар има голема конкуренција и тешко е да успееш, но ако си врвен во својата област тогаш мож и тука да се успее.
    Ги спомнав овие од областа на медицината затоа што ти ја загатна таа тема, инаку ги има уште многу кои успеале
     
  8. anina

    anina Популарен член

    Joined:
    Mar 17, 2011
    Messages:
    1,141
    Likes Received:
    5,239
    Gender:
    Female
    Внучињата на вујко Владика секогаш ќе имаат. Страшно е за циганите кои почнуваат од нула
     
    galapce likes this.
  9. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Joined:
    Jan 15, 2012
    Messages:
    63
    Likes Received:
    57
    Gender:
    Female
    бројката од сто илјади евра е многу точна и се однесува на научен пројект, и тие пари не се даваат наеднаш туку има систем на потрочувачка, а јас зборев за високи институции. Да Жан Митрев успеа, ама Жан Митрев СЕ ВРАТИ во Македонија откако во странство се здоби со знаење и се збогати и ова му е повеќе хоби и придонес за својата татковина, и јас би постапила исто. Ама првиот услов не сакаш да го прифатиш иако е јасен, тој првин СИ ЗАМИНА, за да се врати. Да беше во Македонија само на книги и на слики ќе видеше операции на срце, дур се врати тој нит се изведуваа тие операции кај нас. Кај нас има што се супер во своја бранша, но со тек на време се губи волја за работа, се губи мотивација, кога нема унапредување во тоа што го работиш. Јас не велам дека нема успешни луѓе кај нас, или неуспешни во странство, секаде си ги има секакви, но можностите се толку тесни, ограничени, што како “просечен граѓанин„ не можеш да успееш така лесно, а повеќето луѓе како по светот така и кај нас спаѓаат во ова категорија. И сега ние треба да бидеме сите надпросечни, креативни, незнам што за да имаме нормален живот? Нормална успешна држава нуди можности и нормален живот за сите луѓе.
    Ти можеби си успеал во животот во Македонија и јас ти симнувам капа, еве идеја за проект, „како да се успее во земја во која младината не верува дека може да се успее, кои се негативностите и ПРИДОНЕСИТЕ на масовното заминување на младината, дали тоа влијае негативно или позитивно во реализирањето на мојот пројект...“. Интересно. Ова не го кажувам иронично, многу сум сериозна.
     
    Last edited: Jan 22, 2015
    MacenceEna, Tanjamm and Daydream like this.
  10. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Joined:
    Nov 10, 2014
    Messages:
    330
    Likes Received:
    387
    Тој млад свет што оди на Запад не е ништо подобар од тој народ што останува да живее тука заедно со администрацијата и власта. Многу мешате поими. Ист народ, иста култура, ист менталитет, ист физикус. Може да постои минимална разлика, но само газдата е различен.

    Тој млад свет оди само во друга земја во којашто владее ДРУГ народ, оди во земја каде што ДРУГ владее со НЕГО, друг му наредува што да работи, како да си го организира денот, што да сработи, како да се однесува итн. Без тој ДРУГ обичниот млад човек од Македонија повторно ќе си остане на иста бранова должина милениуми.

    И, многу е чудно како тоа на форуми сите се генијалци и полни со идеи, а воедно и разочарувања.

    Јас половина што ги знам, а отишле на Запад беа и тука, а и таму тешки глуперди. Само што под германска чизма, германска власт, германски закони тие глуперди само си ја маскираат својата ступидност, а Германија поради очајна потреба од работна сила прима секаков шлајм од третиот свет.
     
    Last edited: Jan 22, 2015
    glosipgirl, SexiLy and Bah like this.
  11. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2011
    Messages:
    500
    Likes Received:
    2,109
    Gender:
    Female
    Порано заминуваа печалбари од планинските села, денес заминува образована раја што е очајно потреба дури и во Македонија - доктори, инжињери, хемичари, медицински сестри.
    Се работи за луѓе што имаат барана професија и многу подобро платена од Македонија. На доктор му треба средена болница, не му требаат изговори дека нема ракавици зашто се чека на тендер истите да се добијат. Се прашувам за колку време ние ќе снемаме ваков кадар па ќе се чудиме зошто анусот ни е зашиен за вагината.

    Он: Вреди да се напушти Македонија бидејќи земјата е преубава меѓутоа државата ни е катастрофа. Бирократија и луѓе што навлегуваат во кредити за да исплатат сметки и храна. Најчесто тоа е денешната слика и секој што има можност или може да се преквалификува веднаш нека го стори тоа.
     
  12. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Joined:
    Nov 10, 2014
    Messages:
    330
    Likes Received:
    387
    Не е ова 1946 година кога имало само тројца доктори на 100.000 популација.

    Патем, никогаш не сум сретнал и запознал сиромашен доктор. Повеќето имаат ординации, убави куќи, социјален живот, одмори. Не знам што им е поентата, Угриновски и на 70 години да зема 5.000 евра за операција која би требало да се изведува за 2.000 евра?

    За професии коишто произведуваат јавни добра во Македонија нема лош живот. Не само тука, туку и секаде. Проблем е со луѓето коишто не произведуваат опипливи јавни добра, т.е. хумани и филозовски науки. За тоа нема потреба, а кај нас најповеќе се произведуваат кадри од типот на економичари, правници, лингвисти, професии убави на збор( менаџер за односи со јавноста, бла бла), т.е. кадри за коишто ниедна економија нема потреба. Секоја држава којашто произведува јавни добра од стилот на техника, наука, медицина, земјоделство се силни држави.

    Повеќето што сум ги запознал, а отишле на Запад и тука биле глуперди. Таму работат 10 години како бебиситерки, по бродови, хотели, ресторани, физикалци. Не има разни, но генералката е таа.

    Не се нашите вундеркидови, па таму кога ќе одат да ги фрапираат сите со своето знаење.
     
  13. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2011
    Messages:
    500
    Likes Received:
    2,109
    Gender:
    Female
    Никогаш не си сретнал “сиромашен“ доктор бидејќи нивната плата од 20 000 денари е wow во однос на другите примања, а тоа се најчесто 12 000 до 15 000 денари. Генерално е дека многумина мислат како тебе, со 500 евра примања луѓето биле богати во Македонија. Меѓутоа со истите пари тука се живее кнап, колку да помине месецот без кредит, а тоа не претставува богато живеење, тоа е всушност средна класа во развиените економски држави.

    „Богатите“ куќи во Македонија се истите куќи што ги поседува средната класа во странство. Тие може да ги имаат луѓе со понизок степен на образование, со просечна плата и без лигавење по дворови.
     
    Last edited: Jan 22, 2015
  14. toogood

    toogood Популарен член

    Joined:
    Oct 2, 2014
    Messages:
    2,126
    Likes Received:
    12,329
    Богатите“ куќи во Македонија се истите куќи што ги поседува средната класа во странство. Тие може да ги имаат луѓе со понизок степен на образование, со просечна плата и без лигавење по дворови.
    Ova e poveke od 100% tocno.
    Veke koga sme kaj kukite da dodadam deka kuka vo Amerika, Kanada i Avstralija ne e ista so kuka vo Evropa.
    Kukite na ovie dva kontinenta se 3 pati pogolemi od onie vo Evropa. Razlikata e vo gradbata.
    Prosecna kuka vo Kanada e pola $500000. Se kupuva na kredit. Ne e problem so dve sredni plati da se otplati vo rok od 15God.Pritoa semejstvoto ne se otkazuva od nisto, redovno odi vo Mk (sto mislam deka za nas e iden od najgolemite trsoci), site drugi odmori se tri pati poeftini.
     
    green.eyes, Daydream, tessie and 4 others like this.
  15. anina

    anina Популарен член

    Joined:
    Mar 17, 2011
    Messages:
    1,141
    Likes Received:
    5,239
    Gender:
    Female
    Синоќа прочитав добар дел од мислењата и се чудам, вие кои упорно ја браните тезата дека во Македонија се живее добро, дали живеете навистина добро? Споменувањето на доктори и политичари и не е баш најдобро во нашава земја. Дали тие доктори кои успеале кај нас, продавале пуканки преку лето за да си обезбедат образование? Јас сум сигурна дека не. Добар дел од денешната младина се школуваат со кредити на родителите и работење по дискотеки преку викенд за да помогнат колку што можат. А и дискотеки колку ги има? Едвај го завршуваат високото образование и бараат работа за да имаат свои пари да го туркаат месецот а не за обука во Лондон. Знаете вие колку треба за такви обуки?
    Дај излезете од тоа Скопје и анализирајте како се живее по македонските провнции. Кога ви треба млеко и пелени за две деца а ти се стискаш и покрај тоа што двајцата сте вработени и иммате просечни македонски примања. Цела година штедиш за регистрација на автомобилот. Една кола те задолжува добри 5 години а за куќа само се сонува. Една подпросечна куќа од 70 квадрати и само еден спрат чини 20000е. Плацот и мебелот да не го сметаме. Која креативност ќе ти ја обезбеди таа куќа? Никоја. Освен ако не си Никола Тесла. Па и да си, даноците ќе ти ги изедат сите идеи.
    А и да имаш креативност, што ќе правиш со истата? Ќе се ослониш на 2000е кои ги дава државата за самовработување? Ги изграбаа само оние кои си ги легализираа своите бизниси бидејќи за нов почеток не се баш доволни. И јас би зела кредит од 7000 е и би започнала нешто свое. Има ли нешто подобро од сам свој газада? Ама ако заглавам? Да сум некаде настрана со добри можности за вработување, па макар и wc-а чистење, ќе ризикувам. А овде јадна јас што би правела со долг од 7000е? Ќе се бесам.:x. Во странство си играат на ти го, дај ми го, со станови и коли.
    Во било кој друга држава, ако не повеќе, барем можеш еден одмор да си дозволиш и да не се мислиш што поефтино да ја поставиш трпезата.
    @Петре Прличко , никој не реќе дека ако јас стапнам на германска почва ќе бидам попаметна. Волкот влакното го менува ама кожата, никако. Таа сум и таква ќе си умрам. Ама блиска пријателка е масерка која дреми дома затоа што нема кого да масира. Кој оди на масажи кај нас? Со исклучок на багателата, никој. Да замине некаде сигурно би работела заради повисокиот стандард во земјата каде ќе оди. И, да сите ги завршуваат добро познатите факултети. И што ќе правиме сите? Ќе седиме дома затоашто државата смета дека е битно да имаме факултетско образование и покрај тоа што нема работа за сите. Битно е на крај да се направи една статистика која ќе покаже дека во Македонија има најмногу образовани лица. И ќе го кажат за брзо тоа на Сител.
    Постов ми изгледа како оф топик ама ај:^)
     
  16. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Joined:
    Nov 29, 2010
    Messages:
    512
    Likes Received:
    19,420
    Gender:
    Female
    Лично немам храброст да ја напуштам Македонија,немав храброст ни да одам во голем град на студирање па останав во родниот.Сега би му дала целосна поддршка на децата да заминат бидејќи тука ке имаат едвај плата од 200 еур и преживување од ден за ден.Не живееме во провинција а сепак кубуриме..Нашето со мм завршило,остануваме тука до крај поради икс причини,не гледам иднина но се молам барем децата да имаат отворен пат за надвор доколку сакаат да заминат.
     
  17. black's'thebest

    black's'thebest Активен член

    Joined:
    Jan 12, 2015
    Messages:
    44
    Likes Received:
    82
    Gender:
    Female
    Би си заминала, зошто?
    Нема иднина во нашава држава, само празни ветувања
    Слушам по вестиве сме биле први во ова, најдобри во она, што ќе ни е тоа да сме први и најдобри, т.е. НЕ СМЕ НИЕ први и најдобри туку Македонија, како држава, а што се случува внатре во неа, е тоа е трета приказна, ни први ни најдобри.. Луѓе се мачат од утро до утро, секогаш иста песна, за глупи 8.000? И кога ќе го видиш ова безбразлика, со колку голема љубов и задоволство да си ја работиш работата, ќе оставиш ти да бидеш газен и ‘‘лесен‘‘ а некои што врска немаат ни кај им се наоѓа работното место,се господа од висока класа со ‘‘скромна платичка‘‘ од 1000евра па нагоре.. Од ова има и работа и се да ти се одсака. Жално, ама ова е вистината за нашата мила државичка :)
    Во странство верувам барем дека тој труд ќе ти биде платен па и преплатен. Има подобри услови за живот.
    Не значи дека не си ги сакаш татковината, родното место, дека не си патриот ако заминеш негде за да преживееш, буквално за да преживееш, па и од други причини..
    Родољубивоста,патриотизмот нема да ти обезбедат живот.
     
    MacenceEna, green.eyes, Rama and 2 others like this.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,767
    Likes Received:
    23,746
    Gender:
    Female
    Според повеќето ставови на темава и ставови кон оние коишто си заминале, можам да заклучам дека материјалното, заработувачката речиси никогаш не е единствена причина. Културните причини и чувството на невклопливост исто така си го земаат својот данок. И ич не се замарајте за тоа со какви епитети се служат за вас oткако ќе си заминете и ќе бидете успешни. Кисело е грозјето. ;)
     
  19. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Joined:
    Oct 24, 2013
    Messages:
    475
    Likes Received:
    1,030
    Gender:
    Male
    Човече, пишувам само мое мислење. Мислење на човек кој на убавините на земјава не им се радува само преку сликите од денарските монети и банкноти, кому злобните бизнис хиени и термити не му се наоѓаат во сферата на интерес и соработка, и кому баш напротив, планините и облаците му значат многу во споредба со никаквата вредност на власта и системот.

    Не ми е јасно дали ваквите коментари би постоеле доколку авторите барем еднаш во животот ги почувствувале благодетите и убавините на родното место на начин на кој вистински треба да се осетат. Не зборам за ситуации од типот на шпајзот на Македонија и слични глупости. Дали минале барем еден миг сами во куќата каде се родени нивните предци. Ја осетиле магијата која ја испуштаат ѕидовите и моќта која ја има тоа место. Засадиле ли барем еднаш било какво родно дрвце или барем обична билка во саксија, направиле се како што треба па нестрпливо чекале сонцето и почвата да си го одработат своето. Освен скарата, музика од отворен гепек од кола, пиењето, минале ли мигови во природа со скромен сендвич, исклучени од се и препуштени на зуењето на инсектите, пискотот на јастребите, ѕвечкањето на клукајдрвецот,... Само оние што вистински осетиле барем дел од ова знаат што зборам.

    Напротив, според мене народот не е расипан и подмолен. Автохтониот народ во глобала е скромен, питом и чесен. А тука не припаѓа малиот процент на разните дошљаци, особено по градовите и покондирената малограѓанштина, кои во напорите да достигнат или ископираат нечиј статус (најчесто странски) во општеството и да се здобијат со респект во средината во која се наоѓаат, би ги продале и сопствените деца, а ако не би успеале и тогаш, би плукале по се живо почнувајќи од сонцето што ги грее па до чистачката на некој Министер без ресор. Но затоа и во најзапустеното село кај нас ќе најдете бабичка, дедо, можеби дечиња, питоми луѓе, желни за друштво и разговор, па ќе ве понудат барем со вода и ќе направите муабет каков што никогаш не сте очекувале дека во такво место може да доживеете. Такво нешто никогаш нема да доживеете додека седите со категоријата на луѓе спомнати погоре кои седејќи на маса, уфркани од заеми до гуша, вртејќи ги наизменично скапиот уште неисплатен телефон, кутијата скапи цигари и клучот од колата се жалат дека све во земјава е отидено у к...ц.

    Се работи за индивидуално мислење, лична одлука, можеби филозофија на живеење и начин на гледање на работите. Јасно е дека не се живее и од убавините, фолклорот, културата, емоциите, патриотизмот, традициите, семејните врски и вредности... и уште појасно е која е причината за одење на печалба, но при одлуката за одење надвор никако не треба да се плукаат и погазуваат голем број на причини кои на печалбарите (оние посвесните) им создаваат грутка во грлото при помисла на нив.
     
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Joined:
    May 31, 2013
    Messages:
    1,682
    Likes Received:
    6,472
    Gender:
    Female
    А ако некој работи физичка работа или на брод значи дека е глуперда??? Некој што чесно заработува е глуперда?

    Подобро ќе одам во друга земја каде имам права како работник, ме почитува државата, па макар работела и како чистачка, отколку овде да сум доктор на науки, а да морам да се умилкувам на власта за да не ме шутнат од работното место. Барем таму ќе ми остане достоинството. Тука со една просечна плата можеш само леб и млеко да јадеш цел месец, да се бањаш едвај два пати во неделата, облека здравје за едно две - три години кога ќе се обели и искине оваа што моментално ја имаш, за кола, куќа, одмор, шетање, било каков социјален живот, можеш само да сонуваш, буквално. Не морам да кажам дека надвор со една просечна плата се' ова од погоре ќе можеш да си го овозможиш без никаков проблем, плус ќе ти остане нешто и да заштедиш. Плус бонус добиваш почит како работник, државата буквално стои зад тебе и те штити 100%, имаш здравство на место, образование на место, со еден збор те сметаат за човек, а не робот. Да пишувам уште?

    Ама не, ако работиш обична работа надвор си глуперда, а овде не си глуперда што треба да го достигнеш дното на човечкото достоинство за да се вработиш. Јас да се спасам од овде, да заминам, па ме заболе мене едново бело влакно на косава што сабајлево го видов, дали некој ме смета за глуперда. Јас живот да живеам, а вие паметните и неглупердите останете овде да ја оправате државава.

    Некогаш кога ќе прочитам слични на овој постови, и постови како на @corto.maltese каде ме убедува во комедии, природата била многу убава кај нас, он клукајдрвците ги слушал и ластовичките, (оди кажи му на комшијана за клукајдрвците што отиде на печалба, а дома немаа леб да јадат и децата на школо не можеше да ги прати) се прашувам дали воопшто вие некогаш во животот сте излегле од државава?
    Вакви постови или мислења во реален живот можам да слушнам или од луѓе кои имаат премногу пари, па не можат реално да ја видат ситуацијата, се' за нив е жалење, лигавење итн, те убедуваат дека и таму нечини, овде си е супер, или луѓе кои се гз и гаќи со власта, па не смеат да писнат ниту еден збор против нив, или од луѓе кои од државава не излегле, никогаш не сте седнале да разговарате со некој странец, да направите една споредба, не сте виделе како функционира една економски силна држава на пример како Шведска, каде се' е под конец, каде никој не може да остане гладен, незаштитен, бос итн. Едно од овие три е. Сигурна сум.
    Смешки сме во споредба со нив, знаете што е комедија, права комедија, ни се смеат со глупостите кои ги кажуваат на Сител, први во она, први во ова, дрн, дрн, дрн, мене срам ме фаќа, најискрено.
     
    Last edited: Jan 22, 2015
    crazylady, imelda, Marossa and 13 others like this.