1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Би ми стоела грутка за посадените билки и за свирењето на штурчињата, Да грутка ќе ми стои и за најблиските и комшиите и за пријателите... Ќе патам за родното место и за моето Охридско Езеро
    Ама знаеш ли ти колкава грутка ми стои за тоа што во момент на безпарица сум немала пари да купам кашичка и бисквити за син ми? Знаеш колку ме мачи тоа што кога имаше син ми една годинка шеташе со поткусени тренерчиња? Знаеш ли дека таа грутка ми го пара грлото? Ме гушат тие 6 месеци од животот и ќе ме гушат до последен здив. Фала Богу имам маж кој работи по 14 часа на ден за да живееме сега пристојно, па тој период остана како лошо сеќавање. А дали во една европска земја со 14-15 часа, работа, на ден би се живеело пристојно? Не. Би се живеело убаво
     
    Последна измена: 22 јануари 2015
    На Giovanna, Rama, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  2. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Vredi vredi.
    Vredi i tatkovinata,vredno e i semejstvoto no vredi da se izleze od sopstvenata drzava pa makar i samo covek da proseta i podnauci drugi kulturi.
    Ne mislam na ekskurzisko prosetuvanje tuku na privremeno ziveenje.
    Jas iskusiv na dva pati dve razlicni drzavi.Od za mene opravdani pricini pak si se vrakav ovde kaj sto mi e semeto.
    Da si imav sega uslovi pak bi probala na zivot nadvor od drzavava.I veruvam deka od finansiski aspekt pa duri i od kulturen bi bila pozadovolna od zivotot.
    Zasega sum tuka bez razlika sto skoro da i krenav race od slucuvanjata vo nasata ni mila drzavicka.
    Ubavinite sto prirodata ni gi dala mozebi se nezamenlivi no politikata,televizijata,novinarstvoto,zdravstvoto,kulturata...,skoro celoto vodenje na drzavata veke so decenii ne butkaat nadvor od nea.
     
    На Annath, toogood, green.eyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    288
    vredi i toa kako ... voopshto ne si ja sakam tatkovinata iii cekam da bidam polnoletna i da si zaminam od tuka veke ednash
     
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Vaka majka mi razmisluvase pred 35god i zatoa ne mu dozvoli na tatko mi da zamine vo stranstvo. Fala bogu se osvesti ama docna i e . Sega zivee od bedna penzija ama so ubavinite na zemjata:rofl:. Ima sreka sto jas sum tuka pa mozam da i go napravam zivotot poubav.
    Jas ne ziveam vo Mk. Ne sum zaminala od ekonomska pricina, vo toa vreme bevme ok. Moeto dete go ucam kaj ti um tamu ti drum. Bidi kosmopolit, setaj, uci, spoznaj. Ne e vazno koja e zemjata, vazno e kolku pari imas za da si dozvolis normalen zivot.
    P.S.
    Sekoj sto trazi nacin da izleze moze da najde samo ako e uporen, isto kako jas sto najdov nacin i mnogu drugi.Ne se otkazuvajte od zelbata.
    I da znaete deka ne e lesno, kako procitav negde pogore. Znaenje jazik ne e skill, toa nema da ti pomogne nisto. Treba da imas nesto vo raka (zanat) ili vo mozok (pamet). Prvite 5god ke gi izrobijas i te kako. Da ne se lazeme. Moze nekoj da bide iskraen i da gi ispee prvite godini, so toa sto site ke vidat kako e.No potoa kockite si doagaat na mesto.
    Pogore uste edna smesna rabota procitav. Ke te platele i poveke od sto si zasluzuval. Sie mi ga guro.:rofl:
     
    На FridaKahlo, Night Rider, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Vo niedna zenja na svetot ne se zivee od edna plata. Ako znaes takava kazi da se preselam. Umre toa, nema takvo nesto. I mm raboti 14 saata no i jas full time.
    Luge mora da se raboti, nema sala.
     
    На galapce и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека не треба да се работи. Аман! Ама ти со твојата и работата на мт одиш на луксузни шопинзи и на луксузни одмори. Така? Па после коментираш на форумов дека сме биле бедни што со потрошени 200е сме сметале дека сме направиле шопинг. Е јас од овде не можам да му се потсмевам на никого за дадени 500е. Иако работиме исто, претпоставувам!
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.793
    Имам еднаш пишано на темава, пред отприлика 3.5 години.

    Сега со малку побогато животно и работно искуство и стекната втора диплома на два странски јазици да се надоврзам таму каде што сум застанала предходниот пат.
    Ретки се оние кои доаѓаат и почнуваат со висока плата и предходно обезбедена работа. И за оние кои се таму роденеи важат истите правила, безплатен или минимално платен практикум, стотици пропаднати интервјуа, прва работа со минималец...и кога ќе се покажеш трудот че биде малку по малку соодветно платен.
    Обичен работник заработува до 1500 нето. Пола ќе ги даде за стан и сметки плус месечен билен, бензин и некое осигурување..му останале 500.
    Ова е ако е таму со намера да живее, а не да преживува и да штеди на секоја ситница.

    Со две плати веќе може да се подигне кредит за кола, куќа, одмори...и ќе бидат плаќани без грижи дека ќе останеш на улица и се ќе изгубиш. Нема помош од никој при обврски со деца и нивно чување, носење земање од градинка...па едниот ќе треба да си ги прилагоди работните саати спрема фамилијарните потреби, што е возможно со скратено работно време. На крајот од месецеот ќе има доволен прилив на финансии во домашниот буџет и двајцата родители ќе бидат остварени на професионален план.

    Со диплома почетник е платен 2000-2500 евра. Годишно зема некое покачување, но некоја разлика би се направило после 5-10 години. тој почетник нуди диплома, искуство од практикуми, искуство од студентска работа во браншата и секако перфектно познавање на јазикот. Оти реално со исклучок на англискиот сите имаат проблем со изучување на јазикот на таа земја.
    Само дефицитарен кадар би започнал со стартна плата од неколку илјади на готово. Останатите треба добро да се испотат.

    Така да е тешка конкуренција и до убавото додека се додје треба многу труд.
    Многу се работи, од старт и работи за кои си преквалификуван..ама барем си платен, и за период од некоја година се ќе си дојде на место.
    Но треба да посетуваш школо јазикот да го усовршиш, потоа да посетуваш уни. за да добиеш меѓународна диплома со која можеш рамноправно да конкурираш на пазарот. У тој измеѓу период си обичен работник и еднаков со сите останати бидејќи никој не го инетересира дипломата од твојата матична земја(во повеќето случаеви, не сите) и псоебно ако не знаеш да се изразиш на јазикот зборуван во таа земја.

    Во однос на стандардот на живеење веќе е се јасно. Цените се исти или пониски на секаков вид прехранбени продукти или електроника, и огромен избор на начини за пополнуавње на слободно време.

    Во однос на куќи спомна некој. Само тоа е огин скапо би рекла...и никогаш не би дигнала кредит поради огромните суми од камати кои ти испаѓаат да ги платиш на крајот.
    Оние кои се родени таму, или работеле долго...за 15-20 години со добро платена разбота или приходи ос сопствен бизнис ќе заштедат доволно и без кредит и ќе си платат во готово.

    Животот во градот или стан е далеку поефтин.
    На село, покрај река, некои винарски лозја или едноставно поценети локации едно асално земјиште е околу 300 000евра за 1000м2. Тука се и милион ограничувања дали смееш на спрат да градиш, каков вид на покрив да биде...Стави и цена на куќа минимум 300-400е.
    Најтрагичното и да бараш асално земјиште не можеш да најдеш...


    Ама има и станеви трособни од 50 000. Ќе си живеат скромно и готово. Секој според чергата.


    После едно 5 години доаѓа убавото би рекла. И да вреди.
     
    На Giovanna, Night Rider, do-re-mi и 7 други им се допаѓа ова.
  8. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Зависи финанскиска состојба. Ако имаш добра плата од 20тина и нешто илјади и имаш партнерка која зема горе долу исто...тогаш зошто би одел некаде? Мислам 40 илјади се доволни за солиден живот. Не луксузен, не ни апла сиромав. Плус имаш сопствена куќа/стан.

    Али проблемот е најчесто што тоа кај нас го нема па нормално сите сакаат да ја напуштат државава. И "работниците" се ценат повеќе во странство отколку овде. Овде земаш плата од 10 илјади со која можеш да си ја платиш казната од 150 евра.
    Овде сите сакаат да се шефови затоа што нели, од мал ти викале, -"учи да не работиш". Али тоа сега и буквално е така, и со факултет и без факултет ти пак не работиш.

    Така да, вреди најверојатно ако немаш некакви посебни услови овде. Плус запознаваш нови луѓе кои најчесто се по либерални и не се расправаш со комшијата за некакви глупости :P .
     
    На Bescheiden, Sanjichka007, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Зависи каде би за минале. А дали вреди,кога ќе си заминам и ако си заминам ќе ви кажам. Сепак не сум за заминување на оној начин на кој што гледам дека многу заминуваат, со мажачка. Да земам да се омажам со првиот што живее во странство и доаѓа во лето(сезона на парење) за после да живеам во македонско „гето“ каде сите гледаат како меѓусебно да си ги извадат очите и се тешки селани со менталитет од пред 60-70 години, не фала. Доволно е што цела држава ја исељачија,тука. Културни луѓе само по приватни и странски фирми можеш да начекаш нигде на друго место во Македонија. Би заминала само ако најдам добра работа или на постдипломски, поинаку не. И ве читам како се жалите како сте не можеле да се прехраните дома како децата со смалени алишта ви шетале... Па добро бе луѓе со кој памет останувате бремени и се мажите ако немате финансиски средства? Аман веќе со тие годините и биолошкиот часовник, па на времето на 40 години и повеќе раѓале по 5-6то дете вие сте се затрчале сега во 21век. Животот не е до 30 години.
     
    Последна измена: 22 јануари 2015
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ti ne si razbrala nisto.
    Citaj dobro.
    Jas napisav deka pomesteni se vrednostite vo Mk. Garderoba ne go pravi covek. Postojat drugi vrednosti sto ne krasat.Djabe e ubavi skapi partali koga usta ke se otvori, edna vredna rabota nema da se kaze.
    Postoi post deka jas nikogas ne sum se zamarala so luksuzen soping. Citaj ubavo te molam. Nemoj da reagiras kako nagazna mina.
    So respekt i pocit.
    Nmoj odma na se da se palis.
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.793
    @toogood Едноставно со зголемување на приходите се променува и преставата за тоа што е луксуз.
    Без разлика дали имаш луксузен шопинг или не...некое парче што е луксуз за една мајка во македонија, кај тебе е секојдневие.


    На запад 150 евра во супермаркет неделно е смешка...а во македонија да, и те како би било луксуз.
    Еден шопинг во хм би било луксуз а тебе истотака би ти било секојдневие.

    Тоа беше мислам поентата. А далеку од тоа дека дека ги гледаш луѓето низ таа призма.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    @danichap dali si go procitala mojot post za luksuzen soping.
    Toa e najgolemata glupost sto moze da se spomne.
    Miljon pati rekov deka si nemam dozvoleno.
    Ve molam citajte ne mi objasnuvajte smesni raboti.
    Ubavo tamu naglasiv deka roditelite i opstestvoto e krivo za toa sto vo Mk vrednostite se izvrteni. Dokade otisla mladinata da misli deka parce obleka ke ja izdvoi od ostanatite. Toa bese sustinata na postot.
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.793
    Добро се сеќавам на постот, затоа реков дека ја сватив намерата на анина, што сакаше да каже.
    А не дека ти ги гледаш луѓето низ таа призма кој што носи или кој колку дал за нешто,
     
    На toogood и anina им се допаѓа ова.
  14. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Јас не те нападнав туку само убаво ти објаснив. Сама напиша дека и кај вас и кај нас треба работа, како божем ние сакаме да дојдеме во Америка и да лежиме па пари да ни течат. Ако твојот сопруг работи 14 часа и ти плус работиш исто како мене, зошто јас не можам да ја посетам таа Куба која ти си ја видела? Тоа ми беше поентата.
     
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Samo da napomenam deka vo Amerika, Kanada i Avstralija e poinaku. Kuka moze sekoj da si kupi, toa ne e problem. Ako ne si kupil togas odma site se prasuvaat sto e wrong so tebe. Pa i bankite. Toa nekako zvuci kako epten si najdole vo opstestvoto.
    Dvajca luge sto cistat mozad da si dozvolat kuka, bez nekoj napor.
     
    На anina и danichap им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.793
    Мислам дека полека секаде низ европа е така. Некој за 50 000, друг за 100 000, некој милион. Ама важно ќе биде на свое и нема да му ја мисли за отплаќање.
    За за начинот на плаќање и висината...секој според стандардот секако.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Јас не би ја напуштил оваа држава никогаш, но би го напуштил народот кој ја сочинува оваа држава без размислување.

    И, не ми изигравајте некои големи научници на форуми. Исти издркотини се и тие што живеат во Македониј, а тие што живеат во странство, но разликата е тоа што таму со нив владеат трети лица, а не македонскиот синдром. Да ги оставиш истите тие Македонци што се во странство сами да владеат и да управуваат со таа држава за 15 години ќе ја претворат Швајцарија во Македонија.

    Јапонија е земја која има најмала емиграција воопшто во светот. Скоро 99 проценти од Јапонците живеат во Јапонија, но тие остана во Јапонија да ја градат, развиваат, уредуваат. Таков народ се, дисциплиниран, вреден, одговорен, со големи духовни вредности, верни на традицијата. Македонците цел живот бегаат, цел живот се плашат, не знаат ни од кого бегаат. Такви сме ние мизерни во душа.
     
    На Bescheiden, orevokrsacka, Avokado и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.945
    Допаѓања:
    12.606
    Многу луѓе сакаат да заминат, ама многу тешко е. Оние со дефицитарни професии, со одлично познавање на јазик, со малку среќа ќе заминат. Другите ќе мизеруваме и ќе дојдат времиња за до Охрид ќе немаме пари да отидеме. Колешка на работа збори: На
    Децата им викам бегајте на запад. Како да тоа е лесно и секој го може. А тие фаќаат врски за во средно, другиот абер нема од завршување факултет. Мајките многу си ги преценуваат децата, иако не знаат самите лажица да си земат.
     
    На crimson, galapce, toogood и 2 други им се допаѓа ова.
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Donekade se soglasuvam so Prlicko.
    Pa drzavata ja socinuva narodot.
    Tie sto ja vodat isto se del od narodot.Nie sto glasame sme narodot.Kolku i da se mestat izori nemozat celosno pa da nee do narodot.
    Ako nemame opcii pak e do narodot.
    I se taka po red.Ama ne mi dava dusa do tolku site da gi stavam pak na kup.
     
  20. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Приказни за мали деца, ако си бил креативен и си имал идеи немало потреба да ја напуштиш државата, што све нема да прочита човек. Ајде малку практично соопшти ни бројки и како тоа се остварува ``идејата``, почетен капитал, услови за почнување бизнис, почетни трошоци и давачки, return on investemnt, чисто да не биде само демагогија.:)

    Повторно стереотипот за работење по 12 часа, наспроти веројатно опуштените и релаксирани работни односи во Македонија. Или реалноста е нешто поинаква, се работи без дерман во ``нашата`` нели, земја, меѓу ``нашите`` нели луѓе кои ако видат бремена вработена ќе ја оптуштат пред да кажеш ``Филип втори Македонски``, што ќе ти се изнасмеат во фаца ако побараш три дена одмор и кои бараат да им го вратиш на рака остатокот меѓу платата и законскиот минималец, но нејсе реалноста е толку грда што ја разбирам потребата да се ублажи, макар и на форум.

    Оние кои сега имаат 20 за 20 години да речеме ќе имаат 40 и сеуште ќе слушаат исти проблеми со името и идентитетот, странски инвестиции, борба со корупција и нивните деца ќе работат за тогашен еквивалент на 150 евра месечно, оние кои сега имаат 30 тогаш ќе имаат 50, оние со по 40 тогаш ќе се 60.годишни.
    И воопшто не се само парите во прашање.

    Ако успеа да прочиташ на темава имаш еден куп мислења од членки и членови кои заминале и пишуваат од страна. А за оние кои се уште не заминале, многу од нив ќе ќе го направат тоа.
    Што, ако некој напише дека смета дека вреди да се замине а сеуште не е заминат има на располагање уред за телепортација и веднаш после пишување пост може ако сака да замине? Реалноста е дека е ризично и не е воопшто едноставно и потребни се пари и за таков еден чекор, но и покрај тоа масовно се иселува младината.
     
    Последна измена: 22 јануари 2015
    На green.eyes, Annath, Sanjichka007 и 4 други им се допаѓа ова.