1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Напротив, за разлика од порано сега заминуваат најдобрите кадри и најкреативните луѓе заедно со занаетчии и лица на кои не им се работи за 150 евра месечно.
    Поентата ти е која? Нормално дека луѓе заминуваат во земји со подобар систем и повисок животен стандард, мојата реакција беше на приказните за наводно добриот и питом народ.

    Било која физичка работа е морално неспоредливо на повисоко ниво отколку партиски идиот вработен да клати врата или да седи дома и да зема плата. Ако некој со физичка работа на страна може да оформи семејство и да живее пристоен живот е сосема друга димензија во споредба со зачаурено дремење по штабови и канцеларии.
     
    Последна измена: 22 јануари 2015
    На green.eyes, Annath, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    50.000 евра стан во Германија,:o тоа е ептен ефтино, па ни во Скопје не можеш да купиш трособен стан под 80.000 евра.

    Кај мене куќа во просек е околу 350.000-450.000 долари а ретко која е помала од 150кв, јас мојата ја купив 220.000 190 кв на плац од 900 кв пред 15 години сега ми е проценета на 650.000 долари, така да без кредит нема шанси да дојдеш до куќа, само јас си искористив што седев кај татко ми и ставив кираџии кои ми ја плаќаа ратата и плус јас уплаќав уште една рата па ја отплатив за 10 години.
     
    На Annath и danichap им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.793
    Зависи во кој град и во кој дел од градот.
    Има помали(забаталени градчиња) со цели квартови од балканот. Цели згради само балканци...нема да осетиш дека си странство. Таму е ефтинија, цени како во Скопје.:rofl:

    Инаку ние интензивно бараме земјиште и цените на добар плац се тие....минимум 300 000евра за 1000м2 во добар дел од град(или поточно убаво селце) покрај вода, лозје, зеленило... Капак на се милион ограничувања што како смееш да градиш(facepalm).

    Да изградиш куќа на два спрата плус покровје израчунавме 350 000-400 000 (но со сопствена фирма), а финалната пазарна вредност би била сигурно милион.
    dsp1985guten2.jpg



    Зборам за средна класа значи, не е палата.
     
    На Annath и bittersweet им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Партиска книшка е џабе ако човек нема јаки врски, да, така викаат, но ако немаш човек е џабе, па и за во администрација, каде се е со врски, односно ортоми.Инаку, за креативната идеа, се согласувам донекаде, само за тоа да има човек услови, па за да тече се како што треба.

    Секако дека е тешко, не само тука и во странство, но барем во странство, се знае дека е исплатливо, за разлика од тука, каде може и душа да си извадиш од работа, за пак некој да ти се занесува, а уште ко ќе ми текне какви се не работодавци има, а и кои работат во администрација, коса ми се крева.Катастрофа, со други зборови.Во странство, да ќе ги немаш најблиските, но барем, како што реков знаеш дека ќе ти се исплати она што ќе работиш и нема да мислиш, дали ќе можеш месец да поминеш и сл., не зборам за тебе, туку општо.Сепак ова е индивидуално, значи зависно од тоа кој, каде се гледа, пронаоѓа себе си и не може човек да се води според тоа што мислат сите, треба да знае што сака, каде му е местото и сл.Бидејки, како и да е, на крајот на краиштата, секој гледа да оди на подобро, што е нормално, затоа и не ни ги осудувам луѓето, а не ни си го дозволувам тоа, баш заради претходното што го кажав.
     
  5. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    @1slavjanka ( колку убав ник)

    Ќе ти ја цитирам само нејзе. Можеби реалноста и лицемерноста на овој народ бездушен, безнационален ја има отсликано подобро од мене.

    Знаете обично кој е муабетот ко ќе се сретнете со луѓе освен класичносто трачарење?
    Мхм како се немало пари и како било тешко да се дојде до нив
    И сега ќе слушате поплаки и жалби
    И додека мрзливо си го пиете кафенцето се вртите околу вас и гледате дека
    80% од луѓето околу вас биле на зимовање
    80% од луѓето околу вас се скоро секоја година по одмори
    80% од луѓето околу вас возат превозни средства (хаха не мислам на велосипеди) па не е ни чудо што Скопјево се задуши
    80% од луѓето околу вас се дотерани ко глумци од холивуд
    90% се со телефони кој 1 кој 2 кој повеќе, со по 3 броја да незнаеш на кој да ги бараш па скоро сите ко бизнисмени станавме
     
    На Avokado и Bah им се допаѓа ова.
  6. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Знаете обично кој е муабетот ко ќе сретнете луѓе освен класичното трачарење?

    - Поскапе струјата, перам и готвам на евтина.
    - Мандарините и основните продукти се поевтини во (рандом) маркет затоа од таму пазарувам.
    - Види каква убава блуза си најдов за 200 денари, немам ништо купено со месеци.
    - Газдата ми должи два месеци пари.
    - Газдата ме пријави на 10 000 денари, другите ми ги дава на рака кога сака и кога може.
    - Аплицирав на многу огласи и сеуште никој се нема јавено.
    - Чекам приватен автобус зашто државниот ми е поскап.
    - Прашакот за перење е 3 кг 150 денари, ќути што имаше останато.
    - Кога ќе ми дојде струја за јануари инфаркт ме стега.

    Итн, итн, итн...

    Чисто како бројка имам преброено колку просјаци има од бит пазар до моето работно место. Секој ден се минимум 10 - тина, а некогаш и повеќе. Ако фатам да оставам пари по 10 денари, секој ден би била мањак по 100 денари.

    Паричката е двострана, а пред мизеријата повеќето замижуваат затоа што треба да се препознаеме во успешните (читај лоповите). Не идете подалеку, видете домашните како ви штедат и на што внимаваат и прашајте ги колку се должни за да ја добиете реалната македонска слика.
     
    На Daydream, Night Rider, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Широк поим е кога ќе се каже странство, странство е Германија, а странство се и Бугарија и Романија, како и Зимбабве и Маурициус. Но да не одиме толку широко, сигурно мислеше на Европа.
    Да, се согласувам, дека е партизирана администрацијата, дека е тешко на некој начин да се живее овде, но тоа никако неможе да го смениме ако сите бегаме така?
    Треба да се спротиставиме и кога ќе дојдат избори да не трчаме да ги гушкаме и да се сликаме со лидерите туку да ги прашаме за програма и да судиме според програмата а не според тоа кој ќе ни даде пенкало или опаљач.
    Се согласувам дека секој има право на избор, но не е фер „јас“ да го школувам а тој како готов производ да замине надвор. Ако толку ја сака Германија, тогаш бујрум нека оди да го школува Германија па нека оди каде сака.
    Жал ми е што слушам од млади луге дека воопшто немаат развиено патриотско чувство, тоа многу ме растажува.
    Ова не се однесува на тебе Горде, туку зборувам општо.
    Велиш, таму ќе работиш ама ќе заработиш. Да ќе заработиш и од наша перспетива ќе изгледа тоа многу, но кога ќе ги трошиш таму ќе сфатиш дека и не е баш тоа толку многу.
    Од секогаш било тоа дека таму некаде е подобро од дома, но јас би рекол дека само дома си е дома и дека не е злато се што сјае.
    Да не го цитирам Петре, потполно се согласувам со неговиот пост погоре, се, се нема а уживаме повеќе него ли Германците. Во Септември никој не става слики од Охрид, туку се се Грција, Турција, Шпаниј...
    Веројатно ни Германците не шетаат толку, колку ние.
    Не викам дека е сјајно овде, ниту дека ќе биде, но тоа не значи дека треба сите да спакуваме куферите и да тргнеме да ги работиме оние работи кои Европејците несакаат.
    Да не се лажеме, мал број се стручњаци најголемиот дел се обични работници кои шетаат кучиња, работат по фабрики, градежништво... и живеат за летото кога со 100 евра овде ќе части цела кафана и ќе биде главен во селото од каде тргнал во белиот свет.
    Таму не ти дава социјална помош а кога ќе ти понуди работа ти да бираш како тука, туку соодветно на образованието ти вика ти таму ќе одиш, ти таму... а не како овде, зема социјално работи на црно и кога ќе отиде во социјално да се потпише месечно, во раце Ајфон, додека се потпишува, е тоа го нема таму.
    Да не ми замерат сите оние кои се огорчени на држѓавава и се не им чини, утре да им понудат висока раководна функција во некој фонд, подрачна единица и сл ќе најдат милион причини да кажат не.
    Да резимирам, ние сме народ кој сакаме да изиграваме Калимеро а да чекаме дека некој друг да ги промени работите за нас.
     
    На babyblond и Gordana10 им се допаѓа ова.
  8. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Просјак со две здрави раце и нозе, со здрав мозок и психа? Хм, јас тие не ги сожалувам воопшто. Здрави и прави, а не работници? Тоа ти е типичен цигански менталитет. За таквите непродуктивни општеството не треба да има милост.

    Штедат и тие на Запад и во Америка. Не брини воопшто. Отвори американски форуми, па види како за 100 долари се ситничат. Парата е пара секаде.

    -Види каква убава блуза си најдов за 200 денари, а секој ден троши по 300 денари на кафе и цигари со другарките ( зборувам за помали места). Во Скопје е многу поскапо.

    -Сите штедат, а кафани, ресторани, кафичи полни грч.

    -Газдата ме пријави за 10.000 денари, едвај земам плата, а секоја година во Банско, Маврово и Санторини на одмор.

    -Државниот автобус скап, али затоа пред згради автомобили +10.000 евра скапи.

    -Немам место каде да паркирам автомобил, градскиот сообраќај е ненормална гужва. Тие автомобили не одат на трева ( моментално ако измислиле, а јас не сум чул).


    Јас истите тие проблеми секој ден ги слушам, но знаеш што? Додека јас не кукам, а тие кукаат, секоја година се на одмори, шопинзи, те Солуна, те вамо, те Штип пастрмајлија, а Петре само им стиска лајкови. Тоа лицемерие ми е одвратно.

    Не е Македонија ниту Америка, ниту Западна Европа, а нема никогаш ни да биде, затоа што немаме таква интелектуална способност, немаме ресурси, немаме местоположба, демографски и геостратешки сме никакви. Малцинство во своја држава, духовно и ментално поробени и уништени со квази либерализмот што се форсира.
     
    На Bah му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Искрено се насмеав доста на твојот пост бидејќи е навистина така меѓутоа ако ги анализираме синовите и ќерките на рандом транзициски газди и нови “капиталисти“.

    Јаснотијата што упорно ја одбегнувате е само последица на значењето кое што погоре им се придава на наведените. Мене ми е проста и непродуктивна анализата за која сметам дека е изгубено време - да анализирам некого што не работи во животот апсолутно ништо и го пополнува со “ хендикепирано жалење“.

    Во споредба со овие, другите што немаат/ле доволно средства не кукаат. Тие работат на решението за нивната состојба и се иселени/луваат масовно до Македонија. На празен желудник не се дебатира и не се жали, затоа и ви е чудно што секојдневните “жалопојки“ доаѓаат од луѓе што заминуваат на Санторини. Тоа му доаѓа како луѓе на испит - Тој што ќе рече дека ништо не знае - поминува со 10ка, додека самоуверените
    лепотани со муабетот „Се` знам“ заминуваат на испит.

    За странство те молам, капитализмот таму е уреден максимално коректно со 3 работни паузи за работничката класа. Нашиот капитализам е експолатација, модерен феудализам што ги тера луѓето да заминуваат од Македонија. Ниеден не е среќен што заминува сите сме едногласни дека сакаме да живееме во благосстојба во нашата земја меѓутоа кога немаш што да јадеш и со што да платиш, љубовта за татковината можеш да ја славиш и во австралиско - македонски кварт.

    За просјаците не би се осмелила да реплицирам и за нивната мизерија бидејќи половина од нив немаат екстремитети и се налудничави (потребна е интервенција од Бардовци и нивна санкционирање од улиците).
     
    На MacenceEna, Annath и tessie им се допаѓа ова.
  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Државата според мене не ни е крива за нашата финансиска состојба ,повеќето љуѓе од таа причина ја напуштаат или сакаат да ја напуштат ,ако си задреман и кај да отидеш ке си бидеш задреман ,немало работа како да не некои бараат работа за да ненајдат,ние треба да сториме нешто за нашата држава ане таа за нас како што повеќето очекуваат ,ама кога ке се свестат незнам
     
  11. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Ти едно забораваш, а тоа е дека народот го создава и гради системот, а не државата. Државата е само фиктивен поим организан од народот.

    Колку повеќе некој народ има генетски и интелектуален капацитет толку ќе има посредена комуна. Толку е едноставно. Вие не сакате да признаете едно, а тоа е дека македонскиот народ е просечно интелегентен, а ќе биде уште повеќе затупавен во годините што доаѓаат . Тие што ја водат власта, администрацијата, трчаат по партии се твои и мои роднини, твои и мои пријатели, твои и мои познаници. Тоа ни е менталитетот, црпката, културата. Зошто измислуваме секогаш фиктивни непријатели ?

    Не гледам јас ќерки на транзициски директори и газди, затоа што такви ќерки мене не ме ебат ни два посто во животот за да јас би можел да ги гледам нив.

    Гледам девојки од мој комшилук, роднини, пријателки, нивни пријателки и слично. Никоја нема празен желудник. Напротив, имаат +15 кг сало од глад. Секое второ деформирано дете од дебелина, затоа што се празни фрижидерите. Не може земјоделска земја како Македонија да е гладна. Може да е технолошки неразвиена, но гладна никако.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Демократијата е најлошо државно уредување на една држава според мене меѓутоа тоа е друга тема и бара филозофско - концептуален пристап што не му е местото на темата.

    Администрацијата е официјално 100 000 луѓе што се далеку од фамозните 2 000 000 народ, така што партиските лигуши слободно банирај ги од темава. Тие секогаш ќе гласаат бидејќи имаат бенефит, а останатите полуумрени македонци во приватно не излегуваат на гласање затоа што никогаш во изминатите 25 години во Македонија немавме власт која ќе го стимулираше приватниот сектор и ќе го подигнеше стандардот. Напротив не шиткаат како евтина работна сила со утврден лимит од 9500 денари.

    Твоите пријателки и другарки имаат роднини, дедо и баби во Македонија, можеби и странство и околу нивниот домашен есап може да збори компетентна личност која не си ти, бидејќи ниту знаеш ниту имаш увид во нивните трансакциски сметки, освен ако не си вработен според новиот закон во институции каде што ќе ти биде дозволено.
     
    На Daydream, Night Rider, evangelina.ina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.945
    Допаѓања:
    12.606
    Сакам да си заминам од државата затоа што овде веќе ни роднините, ни пријателите не се тоа што беа. Се осеќам препуштена сама на себе. Гледам дека домашните тонат и ич гајле не им е. Со роднини и пријатели кога ќе се видиме , тоа е исклучиво кога тие имаат потреба и за сеир гледање. И исте се негативни „Што ќе одиш таму да шеташ, многу е сиво, ич не е убаво“(само затоа што таа нема пари да отиде).
     
    На Night Rider, jb82, evangelina.ina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Петре, кoгa веќе им вoдиш евиденцијa нa луѓетo oкoлу тебе зa oдмoри, телефoни, гaрдерoбa и сличнo, зoштo не oтидеш еден чекoр пoдaлеку пa дa јa рaзoткриеш мистеријaтa кaкo oвие луѓе сo скрoмни примaњa си ги дoзвoлувaaт oвие рaбoти? Дaли мoжеби целa гoдинa црнчaт пo ниви и лoзје, дaли штедaт нa јaдење зa дa мoре видaт еднa неделa вo летo (пa и не е тoлку скaпa и дaлеку Грцијa штo јa нaпрaви ти демек Шпaнијa зaминaле), a смaрт телефoни нa дoгoвoр oд некoлку гoдини скoрo секoј мoже дa си дoзвoли дa плaќa нa рaти. Мене ми сметa сaмo тoa штo oвие рaбoти се стaвени кaј мнoгуминa кaкo приoритети, нo oд другa стрaнa жив чoвек си, сaкaш дa видеш, дa имaш, дa прoшетaш, дa си вo тек, пa oд мнoгу рaбoти ќе скрaтиш зa еднa дa дoживееш. Вo стрaнствo не крaтиш oд ништo, oвие рaбoти ги имaш сo нaјoбичнa плaтa. Ти виде слики нa фејсбук и се пoпaли, aми тaму сите сме убaви нaшминкaни a вo живo не бaш тoлку. Истo е и сo сликите oд oдмoр.
     
    На Edie.S, Giovanna, Tanjamm и 8 други им се допаѓа ова.
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    До кога бе со тоа дека на запад црнчат и бел ден не гледаат по цел ден за повеќе пари? А како е кај нас во текстилните фабрики, или новите неверојатно успешни инвестиции со фантастични плати од по 6000 денари? Или во било која друга приватна фирма? Гледам овде се насмеани луѓе околу мене, од најниско до највисоко рангирани позиции. И оние градежни работници си работат по строго определено работно време, вклучувајќи ја паузата, се почитува до секунда. Во која и да влезеш институција, шалтерските работници се крајно културни, љубезни и насмеани, трпеливи до бесвест. Ако треба цел ден со тебе ќе заглави, ама ќе завршиш работа и ќе добиеш вистинска информација што треба да направиш. Не знам како е во другите градови, зборувам за овде кај што сум. Кога дојдовме на почетокот многу се шетавме по државните институции за документите, јас едно единствено намуртено лице не сретнав.

    Цената на куќите и становите е висока, но цената на месечна кирија на истите е за неколку пати повисока од месечната рата која би се отплаќала за кредит. Многу е поисплатливо да се земе кредит и да се купи стан, отколку да се плаќа кирија.

    Можеби порано се иселувале само тие со помалку образование, но денес сликата е многу поинаква, се иселуваат високо образовани луѓе. А за муабетот зошто Македонија да ги школува, а Германија да им го користи трудот-истиот тој поединец има многу поповолни услови за доусовршување или преквалификација во Германија, или каде и да е. За во Германија не знам точно, нека кажат тие што живеат таму, но овде на повеќето факултети може да се запише странец да студира бесплатно. Таму каде што не е бесплатно, не е бесплатно ни за Швеѓани ни за имигранти. Да не зборувам дека може да изгради многу поуспешна кариера отколку кај нас.

    И јас мислев дека во странство луѓето се мрачни, намуртени, арогантни, дека е суморен животот, сив, монотон, само се работи и ништо друго........Па уште чекам да ја видам таа слика. Ова го гледав во Македонија, ништо од таа слика нема овде. Напротив-поведри луѓе не сум видела до сега. Средено им е скоро се во животот бе, нема со што да се замараат. Никогаш не се замарале со тоа дали на комшијата му умрела козата или дали клавирот на колешката имал повеќе дирки..... Едноставно, никој со никого не се замара, има контакт толку и до таму за она што треба и крај. Никој не се осмелува да ти навлегува во интима да те препрашува што и како за да те раскажува после. Тоа е малтене научна фантазија.

    А за реализацијата на креативните идеи и нивно успешно спроведување до бизнис-на кој пазар бе луѓе? Па само 2000000 сме. Кај и да се свртиш, истите луѓе се, со многу ограничена куповна моќ, прво и основно, второ-крајно скептични спрема било каков новитет или нешто што може да им го олесни животот. Колкумина можат да успеат? 10, 20? Што е со другите 299980 невработени?

    Додека не се смени тоа ограничено гледање и пристап кон работите, се повеќе и повеќе луѓе ќе се иселуваат, и нашата мила држава нема да биде добро место за живеење.
     
    Последна измена: 23 јануари 2015
    На imelda, Giovanna, Salome и 12 други им се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски

    Болдираното е оно што највеќе ми сметаше додека бев во Скопје, намуртени, арогантни луѓе, имав чувство како да бев опкружена со негативна енергија. Каде и да одев тоа само гледав намуртени лица, во болница, по шалтери само на душман да му посакаш да оди, ароганција до бесвест, никој не си ја врши својата работа само гледа другиот што работел, односно не работел.

    Кај мене сите се насмеани, ведри, не можеш да се разминеш на улица со непознат човек а да не ти посака убав ден, односот на сите вработени е највисоко ниво, апсолутно е невозможно било каква работа да имаш во администрација да не ти биде завршена на време, плус пола и више од работите се вршат онлајн (изводи, венчаници и сл).
    Секој си ја гледа својата работа, никој не гледа во дворот кај комшијата ама и ако застанеш на автопат со проблем некој веднаш застанува некој да се понуди да помогне, ако видат дете или куче затворено во кола се вика полиција и општо се помага ако е потребна помош, не се прават будали ако падне некој на улица да си продолжат како во Мк.
     
    На imelda, Anne.B, Edie.S и 10 други им се допаѓа ова.
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @bittersweet , тоа е иронијата, што мислиме дека странците се лоши, резервирани, недружељубиви, а ние сме толку отворени и весели луѓе....а реалноста е дека улогите се обратно поставени. Ние сме тие што сме мрачни, депресивни, ограничени и нељубезни.
     
    На Anne.B, Daydream, Elena69221 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    А јас пак се прашувам уште колку земји треба да прошетаат и кругови околу светот да завртат вакви нашетани ликови, за центар на светот па и универзумот да им биде нешто друго освен македонските партии, нечија влада или Сител.
    Жал ми е што не ми ја разбираш мислата и што морам да се повторувам. Поентата е да не се руга и колне се она македонско, а што нема врска со она што не довело нас и нашето семејство до економски колапс кој не натерал спасот да го бараме во туѓина. Јасен е и разбирлив е револтот кон партиите, владините гарнитури, транзициски крвопии и слични причини за заминување од овде. И сама кажа дека поради некоја од тие причини отишол комшијата во странство. Сигурно не отишол затоа што децата, родителите, пријателите му биле одвратни и злобни, затоа што не му одговарала климата, водата во Бигорски му била бљантава, му се повраќало од пејсажите на Матка, куќната слава му се одмилила,... Не дека нешто од ова би го премислило човека да не замине, ама секој свесен човек треба да си ги почитува својата традиција и корени кај и да е таму некаде и со себе да носи барем еден убав спомен од родниот крај. И да го закољате најголемиот мисир во Америка за ден на благодарност и на незнам кој начин да го спремите, таа вечера никогаш ќе ја нема магијата и моќта на семејната бадникова вечера (не знам колку и дали тенксгивинг воопшто има некоја магија, само пример).

    Да. Знам како изгледа јака држава, сум излегол од државава и сум седнал да разговарам со многу странци. Работиме заеднички проекти. Некои од нив, од сосема различна култура и начин на живеење често ни се и драги гости дома. Секогаш биле топло пречекани, прошетани, информирани,...зачудени од тоа колку лапачка се спрема за една вечера или слава, од тоа како функционира едно македонско семејство,... И знам како изгледа јака држава. Парите се све. На смртна постела пред очите на син му, некој да ти каже дека би сакал да има син како тебе, а не како ламјата која ги чека парите од наследството или на вечера на која човек во свој дом сто пати се извинува за намќорестото понашање на сопругата, чиј ден бил сјебан поради пропадната зделка и уште многу лични примери, за мене се показател колку е саатот во тие држави и како и поради што највеќе луѓето меѓусебно се ценат и што ги прави среќни. Ама имаат пари, даваат пари, а кога даваат зошто да не се заработат и земат. Само да не се постане како нив.

    Мило ми е што сте успеале и што живеете многу подобро и попристојно од овде. Раснете се, чувајте се, особено сопругот. Работа од 15 саати не е зафрканција. Единствено не ми е мило што и ти не ми ја разбра пораката.
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.793
    @green.eyes Се сложувам дека висината на кредитите е иста со месечната кирија која се плаѓа.

    Соодветно доколку живееле во куќа на пр. 1200ев, месечно, или стан за 600 ев., па што ќе ги дава дава парите па кириите наредните икс години, ќе ги дава на банките и на крај ќе има нешто свое.Кажувам германски цени. Од моите неколку посети на скандинавските земји , шведска иако не била најскапа, таму важат други цени но и правилото повеќе се заработува, повеќе се троши, па процентуално на крајот на месецот би дошло на исто претпоставувам.

    После првите неколку почетни години на адаптирање и снаоѓање, кога лицето ќе почуствува малку сигурност за неговото место во општеството и ќе си расчисти неколку клучни прашања...тоа е очекувана и логична одлука.
    Реалноста е таа, при големи суми на банката ќе треба камати од 100 000-200 000 евра да и се платат, и е стварно многу, но кога ќе видиш дека парите секако по кирии ќе си ги давал сите овие години сепак и банките но и ти во добивка некоја.
    Делот со готовина е секако пореален за некој кој е таму роден и имал подруги услови за живеење и заработка.

    Или што кажа @toogood секој може да си дозволи едно куќарче, станче....без да се тресе за отплаќање на истото и дали ќе доволно за храна.
     
    На bittersweet, Doozy, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.292
    Пол:
    Женски
    @corto.maltese, никој не вели дека Македонија не е убава, никој не вели дека не си ја сака земјата. И никој не оспорува дека самите се доведовме до ова дереџе. Самите ги избиравме тие што ни ја водат земјава, години наназад, од ниедни аир не видовме, ниту процутивме како земја (а мислам дека можевме). Штом на тој што е власт му е поважен личниот бенефит отколку доброто на државата и народот што го води, јасно е за каква држава се работи. Да се разбереме, не дека јаките држави немаат водачи што гледаат личен бенефит, ама си ги средиле државите на секое ниво, за да им бидат и луѓето среќни. Не дека нема сиромашни, бездомници и социјални случаи, ама и тие се опфатени во системот, не се оставени сами на себе.

    Мене не ме чуди што не гледам насмеани лица околу мене со оглед на ситуацијата во која се наоѓа народов. Принуден да црнчи за опстанок, за мизерни плати (чест на исклучоците) и да мисли како ќе го помине месецот. Јас не им го берам гајлето на другите дали имале обични мобилни или смартфони, дали возеле кола или не, дали пиеле кафе секој ден на кеј, или оделе по одмори не знам каде. Тие работи не треба да бидат луксуз, потреби се. Телефон ти треба, кола ти треба, особено ако живееш во поголем град, кафе еднаш неделно во кафуле со друштво е нешто нормално, да се видиш со пријатели, малку да се релаксираш, а одмор заслужува секој човек што работи преку целата година. Не? А не да се тресе дали ќе го примат на работа кога ќе му заврши одморот, па најчесто не ни оди на одмор.

    Не сакам да живеам во држава која не нуди никаква иднина, ни мене, ниту на моето дете. Фала му на Бога, имам солиден живот тука, не се луксузирам. Ама стравувам за моето дете. Сакам да има убав живот, а не да се прашува дали ќе има леб да јаде утре. Јас работам, за мизерна плата, признавам. Ама работам, оти искуството ми значи повеќе од парите. Тоа искуство може еден ден да му помогне на моето дете во стремежот за подобар живот.
     
    На ozbilnazena, Mama25, Edie.S и 12 други им се допаѓа ова.