1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Ај заколни се во Др.Менгеле дека не лажеш :D
    Ова не е реалност, освен можеби во пвеводбенички кругови, но секој си прави слика на реалноста во зависност од кругот на луѓе со кои комуницира.
    Македонија е на дното на Европа по број на автомобили по глава на жител, тие се бројките и фактите а 80% од населението не оди на одмор и на зимување, одат најмногу 20% а и тоа би било претерана бројка.

    Погоре читам Германците не шетале толку колку Македонците, човек да се запраша до каде може да се искриви перцепцијата на реалноста, навистина чудно. Но сепак се работи за умоболна констатација. Разбирам инает, но контролирајте се малку, ако е виртуелен форумот не значи дека треба да се тресат толкави глупости.

    Вистинската бројка никој не ја знае, ако се имаат предвид и општините и државните фирми и номинално ``приватните`` фирми кои опстануваат само поради државни пари (Сител е номинално приватен, нели)
    тогаш и бројката од 200.000 можеби нема да е конечна. Грубо земено 1 од 3 вработени е зависен од државни пари. Тука се и 300.000 пензионери.
    Односот е скоро 1-1 (реален сектор наспроти државно/пензионери). Ужас.
     
    На BoneMachine, Daydream, Bridget и 4 други им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.795
    Се сложувам.

    Не сум германка де...ама да си кажам.

    Кога живеев во делот од германија кој е блиску до холандска граница, скоро секој викенд бев на на прошетки/викенд таму, барем еднаш месечно белгија, неколку пати годишно луксембург и барем 2 пати годишно франција. Земјата сама по себе истотака нуди толку прекрасни викенд локации и можности за забава.
    Да не ги набројувам вистинските одмори и дестинациите кои човек може да си ги дозволи независно во кој дел си...бидејќи нели ти требаат само пари, а аеродроми има секаде.

    За оние на кои фамилијарните, приватните и работните обврски не им дозволуваат редовни викенд дестинации во соседните земји, барем празниците и зимски/летен одмор се вистински искористени. Така да не би рекла германците не шетале многу...
     
    На Salome, anuskaNESTLE, BoneMachine и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Повторно ќе кажам дека живееш во илузија, индуцирана од нешто, но не би се впуштал во шпекулации.
    Судовите се полни со случаи за наследство каде браќа и сестри со години и децении се судат, не зборуваат меѓу себе, закрвени се до крај заради една нива или тоа што старите им оставиле помалку/повеќе, кој требало да ги ``догледа`` старите за да му остават куќа или имот, тестаменти кои исчезнуваат, корумпирано и споро судство, имотно правните прашања сеуште се кошмар.
    Не се ретки ни убиствата, по весници често имаш наслови како ``Го убил соседот поради меѓата на нивата со секира``, ретки се семејства каде што нема зла крв поради имотни прашања и финансии.

    Па уште ставил аватар од апатрид, лик кој ја негира идејата за татковина :D
     
    На Daydream, Bridget, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    12.612
    Ќе биде се потешко и потешко. Ако овдека останам, животот ќе ми помине во рмбање и полнење на туѓи џебови, а мојот ќе биде празен. Не сум субјективна, ама сум исклучително вреден работник и овде сум десна рака која работи за мизерни пари. И ако еднаш во месец има еден ситен пропуст преку кој може и да се замижи, еее јас сум крива. Тој што работи се, тој е крив. Дома проблеми ни се трупаат со години и никој не ги решава. Сакам промени, на подобро.
     
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Кои се тие 80%? И каде се наоѓаат? Во Скопје? Јас живеам во главниот град, тука сум родена, и јасни ми се работите. Нема потреба да ми кажуваш. Ама имам отиде во скоро секој град во Македонија и уште подобро ја знам ситуацијата таму. Проблемот е што ти го гледаш само тоа што сакаш да го видиш. А јас ја гледам целосната слика.
    Не велам дека нема луѓе кои одат на одмор, имаат телефони, имаат коли итн. Ама еј, па тоа се основни, значи основни, секојдневни, нормални потреби за еден човек да може добро да функционира. Телефон во денешно време не е потреба? На одмор не заслужува да отиде секој човек што цела година напорно работи? Кола не е потреба во денешно време? И тоа не се воопшто луксузи. Тоа се неопходни работи за човек да не се чувствува како робот. Едно кафе од 100 денари еднаш месечно за тебе е луксуз? Телефон може секој што работи за просечна плата да си дозволи. Секој што работи за просечна плата може да си дозволи еден викенд во Охрид или Грција летно време.

    Ама тука е и најголемиот проблем. Што сакате нормалните потреби да ги прикажете како лускуз. На еден викенд ќе отиде некој и одма го етикетирате како мрзлив, се лигави дека нема пари, а шетал. Македонците само се жалат, а сите по одмори оделе. Кои се тие сите? И каде отишле на одмор и како е прашањето. Колку од луѓево овде отишле подалеку од Европа, а да не биде тоа за работа? Колку можат да си дозволат едно шетање до Австралија да речеме или Кина, Индија? Колку наши луѓе можат да си дозволат крстарење? Е тоа е луксуз. Пет дена до Грција со пиперките и патлиџаните од тука не е луксуз.

    Ама нели, што има да одат ваму, таму, македонче е за дома, работа, работа и само работа, нема кафиња, нема телефони, нема одмори, каква Грција бре, има дома да седи и само да работи, е не, ќе ми се луксузира тука за еден викенд некаде, ќе се жали, не знаат колку пари имаат, а се жалат. Нема лабаво.

    Јас лично никогаш не сум кажала ниту еден лош збор за нашата традиција или за нашите убавини. Мојот револт е кон државата, до тие што ја водат. И јасно е дека секој кој ќе замине не може да биде рамнодушен. Јас не би била. Сигурно би ми било премногу тешко. Знаејќи се себеси. Би ми недостигала мојата земја, мојот град, мојот дом. Тука сум ги поминала сите убави моменти и тоа е нормално. Не оспорувам и дека во нашата земја има прекраснотии како никаде во светот. Не е Македонија само Охрид, Скопје, Маврово, казината во Гевгелија итн. Сум била и во многу недопрени природи, и се прашуваш дали навистина таа убавина се наоѓа во твојата земја. Мислам дека знаеш за какви места зборам. И сето тоа е неспорно.
    АМА џабе е се' кога државата е таква каква што е. Да не се повторуваме, кантарот многу повеќе тежи кон другата страна отколку кон љубовта кон природата. Кога немаш на детето да му дадеш 500 денари за еднодневна екскурзија, многу, многу па и не размислуваш за природата, традицијата итн. Гледаш само да се спасиш, а подоцна ќе мислиш за татковината. И тоа е секаде така. Не сме само ние такви. Менталниот склоп на човекот е таков. Да бара подобро. Порано се селеле каде што има вода. Денеска каде што има повеќе работа и пари.
    Мислите дека Германците толку многу си ја сакаат државата заради убавините во неа? Или Американците се гордеат премногу со Америка само заради љубовта кон татковината? Не, туку си ја сакаат државата зашто им пружа се'. Имаат здравство, имаат образование, отворени врати секаде итн. Да не е Шведска тоа што е, да видите дали Швеѓаните ќе седат таму од што многу си ја сакаат земјата. Не сме само ние Македонците такви, секој човек си бара подобро. А љубовта кон татковината не може да биде поголема од сопствените деца на кои немаш 10 денари да им дадеш.
     
    Последна измена: 23 јануари 2015
    На Anne.B, Marossa, Edie.S и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    За сите патриоти што се чукаат во гради. :!:

    Јас веќе се сметам со една нога испадната од земјава.:D

    Бев студент со 9,5, 9,4 така нешто... просек, еден од појаките во генерација. И сега оценките ми се прилично добри, немам паднато испит, немам ништо презапишано, оценка под 8 немам добиено, се' си положувам навреме. Е, па таа убава држава не ми даде мене стипендија, наводно вриеме од пари. Извинете ама ова ми е болна точка веќе три години. Земаа стипендии сите деца на приватњаци чии што родители наводно работат за 100 евра а синчето им вози Ауди во слободно време, сите чии мајки и татковци работат нешто од страна а во УЈП им стои дека приходите дома им се 0, малцинствата имаа предност, КАКО И СЕКОГАШ....... Која е таа држава каде што малцинствата имаат предност пред сопствените граѓани нека ми каже некој, па да отидам да живеам таму.

    Секој што ќе ми рече ти си учиш за себе, не за парите, да, точно е, се сложувам. Ама учиш да си обезбедиш најдобра иднина што можеш, да работиш работа што ја сакаш и да те плаќаат како што треба. Уште од старт гледам дека работите не функционираат како што треба. Никој жив не може да ме убеди дека тука ќе ти се исплати ако учиш и се трудиш, извинете ама тоа е мојот заклучок, од за жал, лично искуство.

    После си реков, ок, фала ти државо, еден нула за тебе. Ќе си одам и ќе си заработам петпати, десепати повеќе од мочаните 500 евра кои наводно не сум ги заслужила.

    И си отидов и си ги заработив, за после државата да ми рече - ти ма, ајде да платиш данок. И така како секој послушен граѓанин исплашен од ненормално високите казни, си платив и данок, повеќе да ги смирам моите дома отколку што јас сметав дека требаше. Годинава сум изреволтирана и нема да го направам истото.

    Ок, два нула за државата.

    Ми понудија работа, со целосно работно време, покриено здравствено, пензиско, одмори, што сакаш, тоа, за плата за која што јас мислам дека вредам. Си викам еј фала Богу конечно некој разбрал што има и кај има квалитет и е спремен да плати за тоа. Супер, ама..... Државата ти вика, чекај чекај, не можеш и да бидеш редовен студент и да работиш. Бреј, мајката! Значи законски растеме амеби? Затоа што во цел свет, цела студентарија работи и си печали за сама да се издржува, а овде ти ги сечат крилјата. Ти го сечат секое е.... заслужено нешто што ќе го земеш. Лично мислам дека веќе гледам и повреда на приватноста, законот знае како и зошто треба да живееш.

    Е, па што да правам јас кога факултетот не ми дозволува вонреден статус, да се отпишам ли? Што да прави човекот на кој што му треба работник, да ме чека да завршам ли? И така стасавме до резултат од 3 спрема 0 за Македонија.

    Во овие 21 година мое постоење, сум ја имала среќата, збирно гледано, 1 година да ја поминам на неколку различни места. Пак ќе речам, месеци таму, месеци ваму, овде, онде. За жал многу е тешко кога некој видел како треба, да го убедиш дека ова овде е правилно и дека вака треба.

    Животното прашање си го гледам решено со помош од работењето и заработувањето на сопствени пари кои подоцна паметно ќе ги искористам. Мачно заработени врз клечење и бришење шолји, поминување саати и саати на нозе, работење на ладно и на пеколно жешко, не се жалам, баш напротив сум си горда на моите искуства. Истите пари ќе ги вложам во магистерски што подалеку од тука. Обама сака да стави закон и да овозможи две години бесплатен комјунити колеџ, не дека Америка е рај земски за живеење, ама колку би размислувала дали да се запишам ако ми се пружи шансата? А верувајте дека правам се' во мој напор да дојдам до таа шанса.

    За да си ја остварам целта спремна сум и да си земам бугарски пасош, ич око нема да ми трепне, Европа ќе ми биде отворена. Спремна сум и да се изакам до најсеверните делови на Канада и најжешките на Австралија, спремна сум и да работам по 16 саата, спремна сум и да учам сосема трет јазик, ако тоа значи дека нема да се мислам три саата во маркет кој леб е најевтин да го купам. Па може и ќе штрапнам јас пак тука и ќе ги учам децата на македонски, да да, ха ха, циркузи.:D Да ми даде Господ само здравје па ќе го израмниме резултатот со државава, ич да не се секирате за мене.:D

    Одам сега да си штракам на Ајфонот, кој патем, си го заработив за помалку од седум дена.:nod: Ама со чистење странски гомна. Ич не сум патриот, знам, ама јбг и така иде во животот.......:ninja:
     
    Последна измена: 23 јануари 2015
    На ArmaniCode, ForeverYoung, Salome и 38 други им се допаѓа ова.
  7. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Еве се колнам во Државниот завод за статистика. Чесен збор!

    Во Македонија оваа година биле регистрирани 411.611 автомобили, т.е. во просек еден автомобил на четиричлено семејство што воопшто не е лоша бројка.

    Бројот на регистрирани автомобили во 2013 година во споредба со 2012 година е зголемен за 14,9%..

    Најповеќе се купува половни автомобили со еуростандарт 3 и 4, а за тие автомобили треба по 7.000-8.000 евра во просек увезени.

    Јас каде што се движам нема место за паркирање од автомобили, сите семејства, пријатели, другари имаат еден или два автомобили дома.

    Секаде е метеж од автомобили ( што е лошо)

    Што се однесува за летување и зимување треба да ја земеш во обзир демографско-социјално-верската традиција на популацијата во Македонија.

    Колку проценти од населението во Македонија ја сочинуваат Македонци православни? Тука надоврзи ја матрицата на Србите, Црногорците, Хрватите кои се асимилираат во Македонци.

    Од друга страна колку во Македонија има Албанци, Турци, Босанци и Роми? Таа популација нема традиција на летување и зимување, славење Нови Години, излегување по кафичи и ресторани.

    Многу мал процент од Албанци или Турци одат на летување или зимување. Тоа е против нивната народна традиција и верско учење. Немаат таков стил на живот.

    Тргни ја таа популација од 40% коишто ја сочинуваат Македонија од друга страна остануваат Македонците, Србите и Хрватите коишто во прилично голем број одат на летување и зимување. Сите мои пријатели, другари, познаници одат на зимување. Што-како-каде не е битно, важно одат.

    Секој ли Германец и Британец оди на Бали и Хаваи на одмор? Зошто Хрватска е полна со германски туристи, а Грција со британски и скандинавски? Затоа што им е многу евтино.


    Никој Македонија ни во сон не ја споредува со Западна Европа, но за да Македонија биде Западна Европа требаат многу фактори, а не само политиките на владата.
     
  8. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Американците, Британците и Германците сами си ја направиле државата да им е убава, средена, просперитетна, а не вонземјани.

    Ти си Македонија, јас сум Македонија, Трајче е Македонија, Кире е Македонија. Македонија има толку квалитетна власт колку што е квалитетот на општото население во Македонија. Тие политичари излегле од народот, твои и мои роднини, пријатели. Тие сме кои сме, таков ни е табиетот и културата.

    Јас со сигурност можам да ти потврдам дека генерално во Македонија народот е мрзелив, не сака да напредува, да се усовршува, научен е државата, т.е. системот се да му обезбедува, да го гура, буди за работа. Тоа ти е комунизмот и системот на тоа владеење. Не зборувам за сите, но добар дел од таа популација е таква за жал.

    Зошто голем дел од Македонците кои отишле на Запад се враќаат по некое време ( не сите). Затоа што не можат да го издржат тој притисок на работа и обврски. Научени сме на легачки живот “земај плата-клати врата“.

    И, 80% од Македонките што ги знам дека се отидени во Европа и Америка знаеш што работат? Бејбиситерки и по хотели, рецепционерки, а како успех за неа е тоа што ќе се рокне со некој Американец без разлика дали е црњак, белец, хиспано, индиец за да земе папири или да ја ожени некој глуп реднек Американец и да и го зголеми контото на месечни примања, па после се фалат со слики колку успеале во Америка ( со голема благодарност на новопечениот реднек Американец).

    Да, супер е, шеташ, запознаваш нови места, гледаш како други живеат, но тоа не е успех, туку залажување. Наброј ми колку од нив почнале свој бизнис, свое претпријатие, свој капитал и слично. Многу малку за жал. Тоа може после 2 генерација таму.
     
    На Miss.M5 и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  9. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки


    Факти од министерството на вистината, одлично. Податокот дека само во 2013 биле регистрирани над 50.000 возила е доволен за сомнеж. За година дена 15% плус автомобили? И некој верува во тоа?
    Истиот завод кој пресметува просечна плата од 22.000 денари секако, и истиот завод каде беа сменети двајца или тројца директори за да се дисциплинираат непослушните статистики. Заводот кој со секоја објавена статистика ја слави ``пвеводбата``.

    И сето тоа во земја во која се прекина пописот на население, единствена во Европа која нема попис направено.

    http://data.worldbank.org/indicator/IS.VEH.NVEH.P3
    Како што гледаш, Македонија е на европското дно според автомобили на 1000 жители.

    Не, децата не ги носи штркот и не, 80% од населението не оди на одмор. Дури ми е тажно што морам да куцам на тастатура и да објаснувам некому дека не е точно тврдење дека 80% од населението оди на одмор. Да преведам на народски, тоа би значело дека само двајца од десет жители не биле на одмор. Дали сега е појасен идиотизмот во таквото тврдење контра реалноста?
    Реалноста за жал, надвор од штабовите е поинаква.

    http://24vesti.mk/eurostat-makedonc...ite-so-standard-35-otsto-od-evropskiot-prosek

    Дно.

    Власта ги рефлектира ликовите како тебе и овие што убедуваат дека животот во Македонија бил пристоен, нормален или што и да тврдите или бладате. Не го рефлектира целиот народ. Најмалку народот кој ја напушта земјата и никогаш нема да се врати.

    Народот кој ја напушта земјата ќе работи мачно и чесно некаде на страна и ќе се обиде на чесен начин да обезбеди иднина за себе и своите деца.

    Народот чии претставници се на власт и кој уште и дроби за прекрасната Македонија е истиот дел од народот кој се растури од крадење, корупција, некомпетентност, и кој се продава за една мизерна платичка, дно на дното, клатачи на врата, плакатолепачи, кодоши, митингаши, отпадок со еден збор.

    Затоа на таквите им е одбивна помисла на одење странство. Затоа што истите би умреле од глад таму.
     
    На green.eyes, Edie.S и Annath им се допаѓа ова.
  10. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Ако Државниот завод за статистика лаже тогаш зошто не ги намести бројките за новородени и да ја претставува Македонија како демографски рај каде што секоја Македонка ( не Албанка или Турчинка) раѓа по 4 деца во просек, никој не се отселува и слично?



    Тие се тие факти, нема тука лага или измама. Се што е регистрирано преку држава се заведува во бројките. Плус, имај во обзир дека има и нерегистрирани автомобили во Македонија со странски таблици и тоа многу, а се возат редовно.

    Јас никаде не реков дека 80% од популацијата во Македонија одат на одмор. Реков дека голем дел од Македонците одат на одмори особено тие што живеат во урбани средини. Летно време нема теоретска шанса да се најде аранжман за летување. Пробај, па види.

    Второ, Албанци, Турци и Цигани не одат на одмори, тоа за нив претставува анти народна традиција. Дали тебе тој факт ти е јасен? Тие заземаат скоро 40% од македонска популација. Одат, али во многу мизерен број.

    Власта мене ниту ме рефлектира, ниту јас имам допирна точка со власта. Не работам државно за да сум зависен од истата, туку гледам со свои очи. Тие што ги сожалувам цело време дека немаат пари нон-стоп се по некои етно села, на одмори, летувања, оп нова кола, оп нова гардероба, оп шопинг таму, оп шопинг ваму. Сиромаштија е релативен поим. За некого е да нема леб да јаде, а за некого е да нема скап автомобил пред гаража и вила.

    Има луѓе кои се ситничари, цицијаши, скржави, па не трошат пари на ништо. Си запознал такви ликови? Јас многу.

    Македонија не е економски рај, далеку од тоа, ама не е ни тоа што вие сакате да ја претставите.
    Нови фабрики се отвораат во Македонија, а нема стручен кадар. Никој ништо не знае да работи. Дрват кур пред коперација магариња со 30 години и чека власта да му го среди животот. Тој е тој комунистички синдром всаден од родителите.
     
    На Askopje му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    12.612
    За одмори познавам луѓе кои одат на егзотични дестинации со пари донесени од Авганистан. Но, има и луѓе кои никогаш не отишле во животот. Јас чувствувам дека се влошува финансиската состојба на граѓаните. Кратиме едно по едно. И како во такви услови
    човек да биде расположен.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Многу ми е глупо кога гледам како за социјални проблеми се користат податоци од медиуми. Тоа ти е како кога се караш на тема религија со верник и тој како доказ за нештата ти ја цитира библијата. Браво дечко, гение си. (highfive)

    Јас сум на страна на Петрета овој пат, иако претерува по малку. Ама, Најтрајдер, не можеш да цитираш весници и телевизии бе брат, медиумите речиси и да не заработуваат од реклами, сите пари ги вадат од спонозрства, а тоа значи ќе напишат сè што сакаш ако им дадеш некое евро.
    Исто и муабетот со автомобилите, изворот ти е безвезе, последните податоци се за 2011 година, а да не збориме што тоа е некој си странски сајт и го пишувал човек кој никогаш не видел кола со бугарски таблици, или човек кој држи бугарски пасош и се декларира како Македонец. Тоа на истокот на земјата, да не збориме колку па Албанците во западниот дел возат автомобили од Косово, Албанија и слично. Никој нема вистински ФАКТ на хартија.

    Поентата на муабетот ми е, не ги гледајте нештата како што вас ви изгледа опкружувањето и секојдневието. Рајдер, викаш „како ќе ви кажат во штаб“, а ти пишуваш на ист начин, само од другиот штаб. Издигни се над тоа, биди реален.
    Види го ова:
    [​IMG]

    Секако дека Македонија е земја со многу низок стандард на живеење, но ние луѓето сме навикнати да го посочуваме проблемот редовно во оние кои најлесно е да се обвинат. Власта. Далеку од тоа дека власта е добра и работи добро, но главната вина не треба да се бара во нив, туку во нас, зашто како што рече Петре, таа власт не ја уезовме од Германија, тоа се истите тие луѓе кои ние сме ги одбрале, наши чичковци, стрини, братучеди, комшии, сопрузи, балдзи и баџанаци. НИЕ.

    И кога ќе речете, пензионерите добиваат сè, ние младите ништо, проверете меѓу себе колку од вас излегле на гласање последните избори. Пензионерите излегуваат преку 80%, младите се премногу кул за да одат на гласање и после се жалат како за нив нема ништо, но оние кои се борат за власт ќе му дадат повеќе на оној кој нив ќе им даде некаков ќар. Тоа се вика заемен интерес и постои апсолутно на секоја точка на планетава, освен можеби во Северна Кореја, не сум сигурен за таму.

    Македонците единствено знаат да кукаат дека немаат, дека никој ништо не им дава и дозволува, ама кога ќе дојде август, мора да се најдат пари за 10 дена во Грција или барем да се тркне до Охрид на 7 дена. И ако ги ставате Германците во каква било конотација со одморите и работата и ги поврзувате на каков било начин со Македонците, значи дека никогаш не сте виделе просечен Германец како работи. Од 8 до 4, тоа не се луѓе, тоа се машини, затоа и низ историјата економски никогаш не биле неуспешни, зашто тие живеат за да работат, а Македонецот работи за да живее. :beer:

    И тука доаѓаме до главното на темата, дали вреди да се напушти земјата. Имелда вели, чистам странски гомна, ама земам Ајфон за 7 дена. Токму тоа е реалноста. Нашите родители преку социјализмот нè научија да пиеме кафенце, да оговараме и на први пак да имаме плата. Светот функционира поинаку, во светот каде се зема Ајфон за 7 дена нема кафенце. Не знам како да ви објаснам, едноставно НЕМА кафенце, освен во викенд. Нема „ај за пола саат на кеј“, туку има „ај пола саат на кеј“... ако ме разбирате. Нема бурек во 4 сабајле во Чаир. Нема ракивче со мезе после работа и не толку заради тоа што нема време од работа, туку зашто патлиџанот им има вкус на пиперки таму на западот, шопска не знаат бре што е. :fubar:
    Нема се запивме вчера во кафана, мамурен сум, не можам да работам. Нема тешко е, нема не можам.:headbang:

    Е, ама има Ајфон за 7 дена, тоа е вистина. Или како што сè во животот е поставено, така е и ова. Нема и јаре и паре, ќе `рмбаш, ќе корнеш, ќе гризаш и ќе имаш кеш за 10 дена на Малдиви во годината... или... ќе трпиш секаква будала во земјава за речиси беспари, ама секој ден муабети, трач, ај на чорбица, ај на пиво и слично. Затоа и многу често луѓето кои остануваат во странство мечтаат да се вратат дома, зашто ние сепак сме Македонци, живееме за лезет, за раат, за мерак, такви сме, мераклии. :sun:
     
    На Abeja, Cka и crimson им се допаѓа ова.
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    More kratko i jasno prva prilika gi pakuvam kuferite i ne da begam bavno i so lesni cekori ke se si ja napustam drzavava samo da mi se ostvarat planovite :) vo ovaa drzava nema opstanok za zal
     
    На tessie и Gordana10 им се допаѓа ова.
  14. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    За тоа зошто не ни оди во државава може на широко да се полемизира. Секој со свој став и размислување.
    Моето мислење на оваа тема е - Власта е крива. Не сум ни за ни против моменталната власт на Македонија. Стојам на дистанца од политички партии и таквите вработувања заради тоа што еден ден скапо ќе ме чинат. Зборувам генерално, народот многу малку може да влијае во однос на сегашната ситуација.

    Живееме во благ тоталитарен режим или диктатура. Тоа доаѓа од фактот дека имаме еднопартиски ситем. Да, на гласачките ливчиња стојат многу пратии ама генерално се знае исходот на секое гласање. Не по своја желба туку под влијание на нивото на интелкуалност на државава. Сиот хаос во сегашната организираност на државата влечи корени од фактот дека од секогаш сме биле работнички народ. Ниска класа. Кога Македонија била на некое повисоко ниво? Никогаш. Од дамнешни времиња на нашата почва успеваат земјоделство и сточарство. Кога истите се отфрлаат во висока мера? Во времето на Југославија. Тито изградил некој систем каде има еднаквост и каде секој има можност за заработка. Фабриките работеле а производството горе долу се ширело на бившите простори на Федерацијата. Се знаело колку работници требаат на одредена бранша. Си изградила некоја структурна хиерархија каде без врски се вработувале сите таму каде им е местото.
    Со распадот на Југославија, власта наместо да бара спас во првобитните извори на храна т.е. сточарството и земјоделството, се труди да го турка народот, и тоа присилно, на некое повисоко ниво кое баш и не е прикладно за нас и за нашиот 2 милионски народ. Се отвараат факултети во голем број и тоа насоки кои не баш одговараат за нашето поднебје а се примаат многу студенти. Сегашната власт го допродлабочи хаосот во образованието. Не би да делам никого ама зошто ученици со добри отценки се запишуваат на фалултет? Зошто толку на широко се отвараат седишта на диспанзирани студии и тоа низ цела Македонија. Што ќе правиме со толку високо образовани личности? Зошто не се направи некоја реална селекција на учениците па на дел од нив да им останат и пониските работни места? Не обвинувам никој кој зел диплома. Пари и труд се вложени во истата па сите би барале подобро работно место наместо да молзат крави. И на крај заклучок - Власта е виновна што се направи хаос во образованието и сега се трудат да го решат истиот со воведување на испити на студентите, кои се на штета на самите нив.
    А народот никако нема да може да ја симне оваа власт. Испуштање корени со партиски вработувања у поткупувањето на пензионерите им дава сигурно владеачко место уште многу години. А и да дојде до промена кој ќе застане на чело на истата Власт? Немаме избор. Не затоа што сме глуп народ туку затоа што во времето на транзицијата доаѓа до страшна класна поделба. Највисоките крадат а најниските остануваат на исто место. И ден денес сите вработувања се вршат под влијание на тие високо истакнатите во тоа време. Ограбиле цели фабрики и создале доволно за идните им нивни поколенија. Останатиот народ се бори за преживување. Заклучок - вработувањата во државава ни се вршат поради партиски книшки или дебели врски. Значи никој не е компетентен за работното место. Ако јас како дипломиран политиколиг седам и водам сметковотство во приватна фирма, значи нешто не е во ред. Моето место го држи некој со информатички факултет а јас го држам местото на некој со економски. Пак се се врти во круг до недоглед и пак остануваме без работничка класа. Т.е. ја има ама државата ги унакази толку многу со одередената минимална плата, што немаат шанса за напредок. Се тоа се врти во круг и на крај се доаѓа до тоа дека додека владата не превземе нешто за да се направи некоја поделба на работната сила, нема да можеме да просперираме како народ и сите ќе бараат спас надвор од Државата
     
    Последна измена: 24 јануари 2015
    На FridaKahlo, Annath, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Според мене вреди.
    И 90% од младите и бараат начин како побрзо да си заминат. Оти останатите 10% што се ќерки и синови на мама и тато и така што се пикнати на работа без веза партиски, тие само можат да живеат салам.
    Јас знам како е да си бериш по 10 денари цел месец да да си купиш нешто.
    Го гледам татко ми како цел живот р'мба за да имаме за јадење и сметки.
    Јас знам како се берат дома пари за јас да завршам факултет, факултет кој на крајот за што ќе ми вреди??
    За да бидам касиерка во супермаркет? За да работам на шанк во кафич? За шо?
    Ако не успеам да заминам, ќе дадам се од себе да успеам некако без врски и без партиски определувања ако е воопшто можно такво нешто во Македонија. Ама се надевам дека ќе заминам.
    Иако срцето би ме болело за оние што ќе ми останат тука....
     
    На tessie, Sunflowers, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Triumf

    Triumf Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Jas sum vo stranstvo veke treta godina i ako se prasuvam jas , vredi da se dojde da se pecali no nikogas ne bi ziveel na drugo mesto osven vo mojot grad.
    Nekoi ke recat pa zosto ne si se vratil do sega ?
    Dogovorot mi zavrsuva vo oktomvri i veka vo Noemvri sum vo Makedonija.
    Mnogu si ja sakam i ne ja menvam za niedna drzava.
     
  17. viktorxD

    viktorxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Машки
    Брат..Повеќето од нашата сакана Македонија сакаат да ја напуштат после 18,после факс ово оно..И нормално би сакал да работам па дури и да живеам надвор од Македонија..На пример Англија,Америка...Совршенствоооооо е според мене надвор од Македонија :l:
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.896
    Допаѓања:
    132.655
    Сите имаме многу роднини низ светот, генерации на нашите родители, луѓе кои и по 40 дена по вода оделе до Австралија, кои си заминале со една торба од дома, кои барале леб во Германија, Франција, Австрија, кои оделе до Канада, роднини кои веќе сме ги заборавиле, или ги паметиме како чичковците и тетките кои ни носат чоколада од странство. Македонија отсекогаш била земја од која луѓето си оделе, отсекогаш имало печалбари, имало такви кои се враќале и такви кои не се враќале. Имало такви кои си основале семејства и си останале во странство, и кои се вратиле по 40 години назад. Не е некоја новина дека ја напуштале Македонија, тоа било и ке биде. Сосема е нормално некој да бара поубаво место за живеење, и исто така нормално е и да не сака да се одвои од она на кое навикнал, да му бидат роднините побитни од соственото добро, па да останат да ги гледаат и чуваат. Секакви не има.

    Чудно е што луѓето мислат дека иселувањето за подобри стандарди е новитет во земјава и дека е уникат во светот по иселување за подобра иднина. Можеби некој не знае како било пред 30 или 50 години, а можеби и не прашал како е во другите земји. Помислете дали има некој во земјава, а да нема роднини кои со децении им се иселени по светот. Ама нели, власта е крива, што си одат луѓето. Никогаш оној кој отишол од земјава, не отишол заради нови можности, заради нови идеи, за да види нов свет, нови култури, да смени во животот нешто, да избега од нешто. На сите до еден им е крива власта. Другите причини не постојат. Ако јас се иселам, првата причина би ми била за нови можности и идеи, за надградба, за нов живот, нови навики. Оти ми здосадува брзо се. Ама ако јас си отидам и живеам во Швајцарија, ке биде, избегала од власта. Аха, да. А не заради тоа што ми здосадило да бидам на едно место.

    И да, секој треба да излезе од земјава и да види дали има подобро и како се снаоѓа со сето тоа. Ако ништо друго, да научи за себе дали може да се снајде во ситуација да е сам на светот, без мама и тато зад грб, да научи да распредели пари и да биде омловажен и понижен оти е роден на друго место, а ништо не е крив за тоа.

    Темата за тоа дека македонците си ги пуштаат нозете подалеку од чергата не е за тука, ама факт е дека има семејства кои кредити подигаат за на Парга да бидат 10 дена во луксузен хотел, дека 12 месеци ги отплаќаат и кукаат оти немаат, децата им имаат ајфони за кои пола функции не им ги разбираат, а се доволно глупи за да не резервираат малку помалку луксузни хотели, неколку месеци порано онлајн и за 4 пати поевтини пари да имаат подобар одмор. Ама за тоа колку не знаат да трошат, е друг муабет. Нејголемите сероњи по интернетов, твитерашите кои немаат пари за тоалет папир твитаат од вецеата со ајфони во рака. Ама пуста сиромаштија.
     
    На Abeja и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  19. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Јас ти гарантирам дека кога ќе си дојдеш,за брзо ќе посакаш да се вратиш назад:D

    @Captain-Omni викаш НИЕ сме криви што не искачаме за гласање,ама па за кого бре да искачаме да гласаме ај кажи,имаме некој друг избор??Па затоа не ни искачаме-се се исти бре!!:puke:

    Знам дека сите ќе се согласиме дека Македонија е убава земја,сите сакаме тука да си живееме,ама тие што ја водат или било кои и да дојдат,не верувам дека ќе има промена,мислам на подобро.Некој ќе рече работи надвор,троши тука-не би се сложила ни така:^)Ништо не функционира како што треба,тоа е факт!!Мене искрено не ми е да створам богатство,туку за иднината на децата.Сакам да бидат почитувани и вреднувани поради тоа колку навистина вредат,многу се бистри,талентирани(не се фалам дека се мои)вистина вредат,ама овде во оваа земја тешко ќе одат напред,а несакам да бидам митаџија или лицемерка па со врски и пари да ги буткам,туку поради тоа што они сами стекнат,научат,завршат.Иако се мали имаат таленти,ама ако не се фати возот на време,ништо од бизнисот:whew:

    И на крај ДА,ВРЕДИ да се напушти(во тек е процедурата,само здравје),а за враќање може како пензионери:rofl: и за тоа ќе размислиме:D.
     
  20. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Мене ниту ми е убава, ниту сакам тука да си живеам :D
     
    Последна измена: 24 јануари 2015