1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Вреди! Јас ни сакам да живеам овде а не па да студирам и работам. Без размислување би си заминала. Татко ми сака да заминеме Канада и затоа по цели денови се молам. Се знае дека првата година па и втората ќе бидат тешки додека да се вклопиш во ново општество па да научиш јазик. Ама вреди ли да се решат и да останат тука знаејќи дека истата судбина не чека и мене и братми? Несакам да испаднам себична кон нив ако не па тоа им е единствена причина.
    Се знае дека ќе можеме да живееме живот без наоѓање начин како месецов да преживееме нели.
    Државава само пропаѓа и пропаѓа и за 50 години нема да се смени како што и не се сменила :|
     
    На anina и Sesil им се допаѓа ова.
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Па, токму тоа го зборувам. Не е битно кого ќе избереш, сите ќе бидат лоша власт, ама сите тие се дел од нас. Тие се Македонија, тие се народот. Лоша власт, значи лош народ. Еве што Карлин има на темата.


    Инаку, муабетот за тоа дека треба да искачате да гласате за кого било, значи следните избори следните кандидати всушност да забележат дека има исто толку студенти колку што има пензионери и да си речат „Хм, и од овие имаме 300 илјади гласови“, па место бањи за лојалните гласачи пензионери, да понудат и бесплатни учебници и место вторник и петок во јсп за пензионери, понеделник и среда да се бесплатни за студенти. Ама, младите на денот на гласање ја имаат познатата речница која сама ја напиша, „за кого да гласаме, сите се исти“.
     
    На Dream-Girl и Abeja им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.947
    Допаѓања:
    12.612
    Работа на брод или? Каде и како аплицираше ако не е тајна.
     
  4. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки

    Едниот извор е од Светска банка а изворот на линкот се повикува на Еуростат.

    Биди реален? Многу е бизарно кога некој повикува на реалност повикувајќи се на бугарски таблици и косовари но нејсе. Факт е Македонија е на дното на Европа кога се работи за животен стандард, факт е дека тукашни граѓани одат на печалба дури и една Црна Гора of all places и факт е дека младината се иселува и дека тоа е еден од основите мотиви на разговор кај популација под 40 години.
    Факт е дека мнозинство младина не сака да живее тука.

    Повикувањето на избори како начин за смена на ситуацијата е несериозно. После еден куп избори кои не донеле ништо некој да тврди дека баш избори ќе променат нешто - не научил многу од скорешното минато.
    Народот не е една монолитна категорија и констатација дека власта доаѓала од народот е бесцелна.

    Митовите за роботите-Германци и опуштените Балканци можат да поминат само кај луѓе кои се многу скарани со реалноста. Во реалниот сектор овде и тоа како се работи, само што не се добива многу.
    Германците не се успешни поради историја, низ историјата биле поделени на стотина државички исполнети со мизерија, епидемии, глад, неукост и војни и имале масовна емиграција кон новиот свет.
    Германците не се успешни затоа што работат, туку затоа што работат за многукратно повисок надоместок од оној за кој работат Македонците.
    Работата сама по себе не ти значи ништо, во Бангладеш работат и по 16 часа и пак се за никаде.

    Бидејќи не постои надеж за поправање на ситуацијата, младите ќе си одат.
    И не е само материјалната страна причина.
     
    На green.eyes, Edie.S, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  5. TheAngel

    TheAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Меч со две острици. Од една страна секој сака финансиска стабилност. Од друга страна е семејството. Зависи од тоа на кого кои му се приоритетите. Од една страна боли што и покрај 12 часовно работење не можеш да си овозможиш просечен живот. Од друга страна боли што секој твој успех семејството го гледа на скајп.
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Е од вакви муабети како на темава да посака човек да избега од државава. Не е власта крива што македончето не знае да комуницира на пристоен начин. "Умоболни" констатации, вмровчиња, власт...се читате ли што пишувате? Вие не бегате од власта, вие бегате од себеси, но ќе бегате од секаде, не само од тука, секаде има власт и не е ништо подобра од нашата. Ќе се обидете, но нема да се вклопите, се додека изговорот ви е-власта, бидејќи тој изговор ќе ви биде ваш сопатник. Власта ја бирате вие, значи имате удел во изборот и се сомневам дека ќе го имате тоа право во вашето странство, пак ќе гласате за власта на земјата чиј државјанин сте.
    Сите се силите на зборови, ќе отидете во странство каде мед и млеко тече, еј ајде отидете, или полесно е на зборови а потешко на дело, никој таму нема да ве дочека со раширени раце и гратис стан, обезбедена работа и тн. За да отидеш во странство ти требаат пари, сигурно најмалку 5 илјади евра од човек за Европа а за подалеку многу повеќе. Па ти ако ги имаш тие пари ќе почнеш некој бизнис и тука. Ама изгледа овде сите сакаат да бидат директори, министри, државна администрација, нешто што е најлесно за работа а најплатено. И кога веќе не може да има таква работа, крива му е власта и бега од неа во странство да работи како хигиеничар и да мисли дека ја победил власта. Сите фантазираме да отидеме некаде, да најдеме работа од соништата, да се обогатиме, да се пофалиме на фб дека сме успеале да ни завидуваат, ама за да имаш таму, треба да имаш и тука, никој не отишол со празни џебови, освен ако имаш некој роднина да те прими ама умре тоа време ако воопшто постоело, или евентуално ако склучиш брак за пари со државјанин на таа држава или ако ти се посреќи од љубов. Најлесно им е на шипците, тие за документи и роднини склучуваат бракови, затоа ги примаат секаде, па кога ќе почнат да се разнесуваат цацко им е крив.
    Премногу сонување и фантазирање по форуми нема да ве однесе никаде, затоа испотете си го газот прво тука, не за друго, повитки ќе отидете после по странските плажи.
    Колку ќе успееш е само твој избор, не е избор на власта. Не е власта крива ако не сум избрала факултет по информатика, електро или друг перспективен наместо општествен. Не ми е власта крива што наместо факултет сум можела да завршам за фризерка па да сум полна пари.
    ПРОБЛЕМОТ СО НАС Е ШТО ВО СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА СЕ ПРЕЦЕНУВАМЕ А ВО СТРАНСКАТА СЕ ПОТЦЕНУВАМЕ.
    Обиди се прво да успееш дома за да имаш образ да бегаш.
    Во странство би чистеле гомна а дома ви смрди да имате кокошарник и чувате кокошки од кои можете да направите највкусна супа да не коментирам за јајца и месо, тешко ви е да засадите зеленчук во бавчата па се одлучувате за тревник кој секојдневно го одржувате за да пукнат комшиите од завист каков двор имате. Тешко ви е и свиња да чувате, ама затоа шарпланинци и други огромни миленичишта ви серат по двор и на нивна исхрана трошите пола плата.
    Можеби немате "пари за леб", ама затоа пушите цигари без престан, одите по кафиња, маникир, педикир, фризери, па лапачки по пицерии, кафани...
    Па не би рекла дека сме нешто за жалење ние овде, живееме баш добро, со исклучоци кои ги има насекаде по светот, во сите "странства"
     
    Последна измена: 25 јануари 2015
    На Captain-Omni, Cka, Triumf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.947
    Допаѓања:
    12.612
    Точно дека многумина фантазираат. Читам огласи за размени во странство или работа и навистина многу квалификации бараат. Ограничување за возраст, години искуство, перфектно познавање јазик. Тоа секој не го може. И тие што се снашле и отишле во странство не кажуваат како се снашле.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Triumf

    Triumf Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Ne ne sum na brod , na kopno sum no ne e se kako sto se misli.Stranstvo e dobro za luge koi imaat dokumenti odnosno onie koi se drzavjani na taa drzava kade sto ste .
    Za site onie sto ke zaminat so bugarski pasosi ili makedonski ne e taka ednostavno,ke rabotat za mali plati pomali duri i od minimalnata plata vo drzavata ako se osigurani ke bidat na pola rabotno vreme , nemaat nikakvi benificii od drzavata , se raboti mnogu sati ( na primer jas odam na rabota od 8.30 sabajle do 11.30 navecer ) epa videte .
    So tie pari sto ke gi zemaat edvaj kraj so kraj ke vrzuvaat a kamoli da zastedat nesto , pa i vo MK da rabotis olku sati sigurno ke zemas pogolema plata od 200 evra i zivotot e poeftin za razlika od ovde.
    Najloso e sto nemas vreme za nisto drugo osven za rabota od koja mnogu malku pecalis , a vremeto leta .
    Ne e sve taka rozovo vo stranstvo kako sto se misli.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не сме сите исти, еве мене никаква грутка во душа не ми стои што сум далеку од роден крај, ниту ми недостасува фамилијата, роднините и пријателите. Тоа што се гледаме на скајп и еднаш или двапати годишно во живо ми е сосема доволно. Мене Македонија ме гуши, истата плата да ја земам во Мк што ја земам тука јас не би се вратила. Ми одговара овој живот, слободата што ја имам тука, мирот и тишината, "студенилото" на народот што во мој превод значи никој не ти се плетка во приватни работи и не очекува од тебе да се однесуваш на начин кој е претпознатлив за твојата фамилија или поблиско и подалечно опкружување. Се преродив искрено. Не сум тип кој сака да оди по кафани, да пее и пие, да се дотера во светкаво фустанче и да направи локни на шатирана коса, нокти гелни во живот немам направено, па да глумам дама из Париза а цела недела да ми мириса на грав, леќа и пиперки по дома.
    Се дружиме понекогаш со Македонци овде и има многу на кои им недостасуваат свадбите, дружбата, ракиите и скарите, ко да овде некој ти брани да пиеш ракија и да мезеш, ко да овде ресторани нема, и имаш време, колку пати треба да се каже дека се работи нормално работно време, после тоа мези и пиј колку сакаш. Работата е што немаш баш друштво со такви желби или треба да возиш подолго за да се најдете а не можеш да пиеш кога возиш па затоа малку е невозможна мисија. Инаку имаш и време и пари, во Мк мојот сопруг имаше 2 слободни денови во годината (Нова година и Мај), тука има 2 слободни во неделата (викенд). Приказни дека се работи како грешен ѓавол на мали деца. Тие што работат од утро до мрак, работат затоа што им е платено па нивен избор е што сакаат повеќе пари. Кој како си сака и како е скроен. Можеби и нас ќе ни се роди желба за назад некогаш па ќе се вратиме, никој не ни брани.
     
    На ArmaniCode, anina, imelda и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Абе добро, не сме биле ние никаде подалеку од Македонија, немаме роднини, пријатели, познаници во други земји по светот па ви веруваме дека таму се работи од утро до мрак. Се' е прашање на избор, кој скоро секаде во светот го имаш, освен овде кај нас.
     
    На Annath и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Дискусија водат луѓе кои се способни да го ислушаат соговорникот и да дебатираат со него. Јас немам фрустрации од овие или оние, па затоа можам да зборувам и за разум и за факти и особено за реалност. И верувај ми, сигурно законите и лошата поставеност на нештата во земјата мене ме малтретираат повеќе од тебе, зашто секој ден се соочувам со истите, ама сум доволно возрасен да не ги ставам во ист кош сите луѓе од една група. Зошто е тоа така, ќе разбереш кога ќе станеш и ти возрасен. :)

    Инаку, добро е што си видел како изгледа еден просечен работен ден на човек од Бангладеш, зашто јас не сум видел. Сум видел просечен работен ден на Германци, повеќе, на различни места, па можам да споредам, ама еве ти понашетан си од мене, па добро е што имаме некој да сподели со нас. ;)

    Се работи за типично човечко однесување. Не само во врска со политиката и општеството, туку воопшто, секогаш е најлесно да се обвини некој друг, никогаш себе.

    Сè си кажала со тоа. Не сме сите исти. Но, македонскиот дух и карактер е таков што Македонците се топли, бурни, гласни и имаат потреба од една атмосфера која е поразлична од западниот начин на функционирање на општеството. Затоа повеќето од оние со кои се дружите, се носталгични.

    Во моментов во Македонија е тренд, како што напиша и Рајдер, да се збори за тоа колку Македонија не чини и дека младите ја напуштаат земјата по секоја цена. Сепак, Македонија јас не се сеќавам кога чинела за нас Македонците. Во последниве пар децении откога разбирам македонски јазик слушам само како македончето не чини, како све е катастрофа, како земјава пропаѓа... ама не ми е јасно зошто никако да пропадне веќе, колкава ли е оваа дупка, бездна ли е? :x

    И во книгите по историја погледни, пак е истата приказна, сега вмро не ебе, малце пред тоа комунистите нè испозаебаа, па пред тоа криви србите беа, па бугарите, па пак србите, па пак бугарите, па Турците беа поробители страшни од кои не може пиле да прелета, а тука некаде и Грците нè спречуваа да бидеме супербогати. Ние сме океј, ама све овие другиве нè спречуваат и ни прават сопки.
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Веќе кога се повикувате на моите исчистени гомна, можете и да ме цитирате молим лепо, па да ми стаса известување како на човек. :D Се шалам, не сфаќам ништо сериозно, не се секирајте, сакам убави дискусии. :D

    Капетане, јас сум таа што чисти за Ајфони, не ми ја мешај Имелда тука, жената си го има поминато нејзиното во странство. :D

    Според мене, само човек без план може да отиде и да заглави во странство. Некој што не знае како е, што не работел никогаш по 16-17 часа без да седне, некој што е научен дека насабајле по 1 саат ќе се расонува со турско.

    Одат и остануваат на црно, браво, ептен си ја реши иднината. Па ќе работат и ќе робуваат цел живот дека им е тешко и дека во Македонија им е најубаво. Како да не ти биде кога ти не постоиш во таа земја, во ниеден записник те нема, ти си духче таму. Никогаш ама никогаш не би останала на црно во ниедна земја. За жал, менталитетот нивни е таков што, не дај Боже, да те згази кола на улица, ќе те остават да лежиш и ќе те шутираат додека газат. Е така е, не дека кај нас е поарно ама таму тешко некој роден од мајка да ти викне Брза помош. Едноставно не сакаат проблеми и готово. Значи една група на граѓани веќе сама се предодредува на некаков недоволен успех со тоа што одат и живеат во држава каде што не постојат како граѓани.

    Друго, јас можда чистам гомна, пржам помфрит во Мекдоналдс, џогирам со една метла што натопена тежи 5кг, ама тоа го прави и целата младина во целиот нормален свет. Оти млад си и можеш со тоа темпо. Го правиш тоа сега за да не го правиш на старост. Колегите мои во Америка не беа постари од 20 години, ама си заработија и коли и компјутери, некој си плати 3 месеца престој за колеџ, некој си штеди за куќа.... А мене овде ме правите будала затоа што чистам? Немој молим вас.:rofl:

    Епа таа будала си има убава сума настрана со која комотно ќе си ја поминам првата година од магистерски студии. Епа сега требало пари, па и да си го пуштиш во Скопје детето на магистерски искеширај си 2 илјади евра. :drunk: Епа ќе оди прво каде што требаат помалце пари, па ќе заработи, па ќе си инвестира во нешто повеќе. Епа ќе одам да студирам каде што смеам да работам и да бе, ич немам проблем да чистам уште 10 години, ако тоа значи дека наредните 40 ќе си ги поминам комотно и без финансиски проблеми.

    И зошто дека лаеме на празно? Од каде знаете вие дека јас моментално немам пуштено пет апликации за магистерски и три за визи? Од каде знаете дали јас правам нешто во моментов или не, дали работам или не? Можда не работам за ЕВН Македонија ама дека седам со скрстени раци, хехе, не.:D

    Како и да е, на крајот на денот, жално е што паметни млади луѓе си одат од државава. Ама поради причините наведени во претходниот пост, не можам да останам овде и најголем луксуз да ми биде ако имам убав телефон, убави алишта и убави шминки. :bug: Малце повеќе од тоа сакам во животов.:whew:
     
    На green.eyes, imelda, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Секако дека во странство не тече мед и млеко, но е подобро од тука, таму барем ценат, за разлика од тука, кога кај нас вработуваат со врски, таму нема врски, нит е нешто којзнае колку страшна живеачката.Мене не ме чуди што голем број на млади заминуваат, сосем разбирливо.Особено што ми се допаѓа кај странците, што не се грижат ( мешаат) во туѓите животи, секој си брка своја работа, не дека нема и тука такви луѓе, тоа се исклучоци.Доколку тука нема човек за да преживее и да се мисли дали ќе му стигнат за се парите кои ги заработил, таму е обратното, ем плата, ем и ќе му останат плус пари.А кај нас, една плата ќе ти летне по државата, а за останатото пак на нула си, со други зборови работиш само за државата, а за тебе ништо не останува, ај тоа, па и едни плати што се на располагање, што да кажам.Општо познато е кој може кај нас нормално да живее, со добра плата.Само изгледа е полесно да се прави човек, демек не знае, па ќе збори против оние што гледаат каква е уствари живеачката, па го бараат чарето надвор од земјава.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Doozy ти си млада, студираш, државата ви отвори шанси и ви нуди програми да работите во странство додека студирате. И после пак државата не чинела. Јас кога студирав немаше такви можности какви што имате сега или можеби не биле толку актуелни како сега. Твоето чистење е само преодно кое ти нуди шанса за време на распуст да научиш јазик, да прошеташ, да стекнеш искуство.
    Но, за оние кои не студираат или завршиле со студии, работата е поинаква и се заглавени во процедурите, знам од блиски извори од колега кој и покрај роднински врски и собирање на пари од роднини за да приложи извештај од банка потроши две години и на крај се откажа откако почнаа да му бараат се одново. Бараат многу услови, искуство, ПАРИ... Ако ги спакуваш куферите и отидеш во Германија, без европски пасош, без врска од таму, без обезбедена работа, ако сакаш и бизнис план имај-џабе ти е, нема да успееш. Имам роднина кој работи и со бугарски пасош и знам како е, и тој едвај преживува таму.
    Bridget честитам на вашиот успех. Можеби веќе си спомнала, не се сеќавам, но сигурно ти и маж ти не сте спакувале куфери и сте заминале во Франција без да имате никој што ќе ви помогне таму, или обезбедена работа или доволно пари на сметка, значи да бидеме искрени, не ви било лесно но не верувам дека сте биле без поддршка.
    Можеби е поубаво некаде во странство, но за тие кои имаат услови и помош таму, другите можат само да фантазираат од тука. Не дека ќе бидете поценети таму, може само да бидете повеќе платени.
    Кога ќе го споредиш тешкиот пат до странство, ако воопшто успееш, со животот овде и со тоа што би можел да се потрудиш и тука за да успееш, нема голема разлика, овде дури е полесно.
    Дали некој што не е студент и што нема доволно пари, нема можност овде да стекне работно искуство, нема некој што ќе му помогне во странство, нема обезбедена работа во странство, дали успеал да отиде и да успее во животот во странство, ама да нема ништо од наведените услови? Би сакала да се јави некој таков и да ја каже рецептата за успех за луѓето кои посакуваат подобар живот некаде во странство а не исполнуваат критериуми.
     
  15. 757

    757 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    ОНИЕ МЛАДИ КОИ ИМААТ ДОБРИ ФИНАНСИИ И КОИ СЕ МАМИНИ И ТАТИНИ ГАЛЕНИЦИ И КОИ НЕ САКААТ ДА РАБОТАТ ТУКУ ДА ЛЕЖАТ И ДА ИМ ГИ ТРОШАТ ПАРИТЕ НА МАМА И ТАТО СЕКАКО ДЕКА НЕМА ДА ЈА НАПУШТАТ ДРЖАВАТА И ЌЕ СИ УЖИВААТ ДОКОЛКУ ПАК ОНИЕ КОИ НЕМААТ ФИНАНСИИ ЗА ДА ЗАПИШАТ ФАКУЛТЕТ ИЛИ ПАК ЗАВРШИЛЕ СО СТУДИИТЕ ПА НЕМААТ РАБОТНО МЕСТО БЕГААТ ОД ДРЖАВАТА ЗА ДА ЗАРАБОТАТ И ДА ИМ ПРАТАТ НЕШТО ПАРИ И НА СВОЕТО СЕМЕЈСТВО. И ШТО 50% ОД МАЛДИВЕ ИСПОБЕГАА ПО СТРНАСТВО....А ЗА КОГО Е ТОА НАЈТЕШКО ЗА НИВ СЕКАКО....ЗА РОДИТЕЛИТЕ ЗА НАЈБЛИСКИТЕ.....ЗА ШТО ЗАТОА ШТО ОВДЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИМА ДОБАР ЖИВОТ И СЕ НЕМА РАБОТНИ МЕСТА ЗА ТИЕ ШТО УЧЕЛЕ И СЕ ТРУДЕЛЕ ......
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Абеја, државата нема никаква поврзаност со програмите за работа во странство. Уствари лажам, има, сака да ми зима данок на бруто заработка и двојно да ме даночи. :D Ако некого треба да се заблагодарувам тогаш ќе се заблагодарам на владите на САД и на Германија, што бараат сезонски работници за некои полесни работи (според нив) и им даваат можност на студентие од цел свет. Јасно ни е на сите дека сме евтина работна сила, дека не плаќаат минимално или малку повеќе од минимално, тоа не е тајна. :D

    Се сложувам со тебе дека требаат пари и барем маааалце помош. Повеќе ти требаат пари отколку помош. Не знам дали имате пристигнато во туѓа земја сами на аеродром, е, па јас имам и тоа не еднаш, морам да признаам дека не е баш најсјано чувството. Сите некој ги чека, а ти не знаеш ни каде да излезеш за да фатиш воз/автобус. Но преживуваш низ такви моменти, се челичиш, еднаш, двапати, трипати, после веќе не се ни замараш.

    Не значи дека ако мене ми се ,,посреќило,, вака дека нема начин за оние што ја немале таа среќа. Знам дека те фрустрира моменталната ситуација, ме фрустрира и мене. Не сакам ни да замислам како ти е, затоа што те читам од поодамна и знам дека мака мачиш со вработувањето. Нема поголемо демотивирање од тоа да млад и образовен човек седи дома без работа.

    Ама ако нешто научив од сите авантури е дека човек секогаш мора да има план А, Б и Ц итн до крај на азбуката.:)

    Реков еднаш и пак ќе речам, спремна сум да правам се' што е во моја моќ за да се мавнам од тука. Однапред мора човек да мисли, тие ми се годините да ако сакам успех и пари и комотен живот, мислам сега. Не се врзувам емоционално за никој, учам најмногу што можам, читам, гледам опции, очите ми се петбанки отворени, си подработувам и си штедам, мајка му, пазам дури и трудна да не останам, затоа што не ми е потребно такво нешто во моментов. :emo:

    Најлесно ми е да си речам еј абе ај батали, да дипломирам ќе му ја мислам. Е не е така, а повеќето така функционираат. Еј брат дај да положиме со една 6ка, таман, топ, не ми треба повеќе. Браво, и така цел живот и цело население. Јас ниеднаш не сум рекла дека работа нема овде, за тој што сака, ќе најде. Каква е друго прашање.

    Мене државата ми е крива само што не ми ветува никаква сјајна иднина каква што сакам и сметам дека заслужувам да имам. Сум минала низ сито и решето во секакви можни ситуации и заклучив дека со ронки нема да се задоволам. :nod:

    Ако немам пари, ќе гледам да ги заработам. Ако имам диплома, што, денеска кој нема, за општа жал, ќе чистам, ќе стојам на лента во фабрика, ќе продавам, ќе куцам во маркет, битно тоа на крајот на месецот е мое. За година-две ќе се собере валјда некој денар. Ако сум веќе во брак, па валјда ќе има и тој човек нешто свое, некоја плата, нешто од каде што ќе се почне. На крај краева ќе подигнам кредит и ќе го враќам. Е мора човек да се помачи за се' во животот.

    Ви текнува на Љубам, м? Што работеше жената во Шведска, да не беше нешто поразлично од тоа што работев и ќе работам јас? Сигурно не отиде со милиони таму, нели?. Ама видете ја каде е денес, искрено секоја и чест.

    Не знам, ова е мое размислување, можда и само си викам вака ќе биде, така ќе биде, а на крај ќе се омажам и ќе останам и во земјава и во градов. Може и стварно не сум во право, времето ќе покаже.:?:
     
    На green.eyes, bubac, Giovanna и 9 други им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.795
    @Doozy кога те читам тебе како да читам текст кој јас сум го напишала...
    Ќе успееш во целта и намерата. Од мене само (y) и напред.
     
    На bubac, Annath, butterfly4 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Да не повторувам многу исти работи,бидејќи сум исти години со Дузи,само да потврдам дека се согласувам со секој збор и имаш тотална поддршка од мене :D You go girl!!

    Јас имам друго нешто да додадам.Менталитетот ни е никаков,пишував пред некој ден и во СДК.Научени се на лежерно,на поставено на готово,а не бива така.Башка секој гледа да ти наштети,де од љубомора и завист,де за самиот тој да тера напред.Секој гледа во туѓиот двор,а не си ги средува самите гомна.
    Ете затоа сакам надвор.Поарно ќе патам по фамилија,пријатели и роднини,но ќе бидам во околина каде не се замараат колку кафиња сум испила и во кој кафич,со кој дечко се гледам и дали сум трудна или ороспија :D
    Не дека надвор од земјата е идеално,фала богу дека треба да засукаш ракави,но разлика од овде,го имаш ентузијазмот и волјата,го имаш мирот и напредното мислење и ако не друго,го немаш стресот.Што сакате зборувајте,ама другар ми,ученик на генерација(исти години имаме),после средно отиде во Америка,дури после 3 години си дојде.
    Си има и Ајфон и Галакси,си има количе,си има стан,работи во солидна фирма,а и студира истовремено на супер факултет со сите 10ки и не си скратува ништо.Има подинамично темпо,ама да го видите,подмладен и живнат,со волја за живот,а не ние овде ко испоумрени,да ме видат мене таму,ќе ме помислат 30 години,а јас 10 помалку :D
    Ако животот таму е побрз,овде е побавен,ама живчан 3000000000 пати повеќе,оти ќе му текне на некој да ти го запали магацинот или да ти го отруе кучето или да ти фрла ѓубре во дворот,па кај тоа во странство бре?
    Не вложуваме во ништо,ниту во наука и образование,вложуваат во споменици за кои да ги прашаш,не знаат кои луѓе ги преставуваат.Па здравството какво ни е,а земјоделците пак?Уште надокнадоци за штети од климатски непогоди од 2009 не им се платени,а дотогаш у ураган ќе фати :D
    Епа ќе вреди да се напушти државичката,ќе вреди многу...
     
    На green.eyes, Annath, butterfly4 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не сум во Франција Абеја, не знам од каде ова инфо, а за прашањето за жал не можам да ти одговорам. И сама знаеш дека се исселени разни профили на луѓе, од полуписмени до луѓе со неколку дипломи, нема една формула кој како заминал. Помош треба да, но ако мислиш дека многу повеќе тебе лично ќе ти се исплати трудот кој би го дала за заминување во странство да го вложиш во Мк тогаш ок, со среќа.

    Ја читам Дузи од поодамна, и кога си фати дечко и се заљуби, толку многу омекна и почна да заборава на школо и амбиции а да збори за брак и слично, што си реков готово, го испуштивме девојчево од раце:D Мило ми е што се врати во форма.
     
    На Night Rider, Annath и Doozy им се допаѓа ова.
  20. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Некој погоре напиша дека не сме сите исти. Со тоа можам потполно да се согласам. Еве јас имам повеќе од условите што ги наведува @Abeja за да заминам во странство но немам никаква желба за тоа. Брат ми живее со фамилијата во една европска земја, работи 5 дена во неделата по 8 часа, опционално сабота и празници но му се платени 150% од дневница, има бонуси, подароци за родендени, празници, детски додатоци... плус плата со една нула повеќе од онаа што ја земаше овде изразена во евра. Јас се радувам за него, но никогаш не би му се придружила. Едноставно, според мене успехот е целосен само доколку си го постигнал во средината која те создала. Можеби ова е преоптимистички или самоуништувачки став, можеби некогаш ќе го променам но засега не верувам во тоа.
     
    На jovanovska94 и Abeja им се допаѓа ова.