Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Jas pak drugo ne razbrav.
    Koja e taa drzava od tie"sekoi"vo koi dokolku odime da rabotime ni trebaat 5000€?
    Zgora na se pa,podobro bilo ako gi imame tuka da gi investirame..8-|
    Neznam dali se raboti za Latasomanija,dali za nemanje prilika da vidime nesto nadvor od ovde pa da sporedime..dali za nezrelost.(bez nikakva namera za navreda).
    Pa i site drzavi imale isti lideri so isti politiki kako nasive.
    More ako ve cue premierot za ovaa receica moze da ve oddanoci..:D
     
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Не знам од кај тоа дека седам дома без работа. Јас работам, не чекам некој да дојде дома и да ми даде министерска фотеља или карта за странство со сите нишани. Тоа дали ми се допаѓа работата и платата е друга работа, ама не се откажувам и не сметам дека државата ми е крива.
    Вака-така испаѓа вистина е тоа што го реков околу условите што треба да ги исполниш за да отидеш.
    Bridget, јас цело време мислев дека си во Париз :$
    Немав намера да навлегувам во детаљи, ама од околу кажа дека пак имало некое влијание од страна при вашето заминување.
    Пак остана неодговорено моето прашање во претходниот пост, за рецептот за успех кога не исполнуваш критериуми, пари, искуство и сл. Изгледа нема такви, бидејќи тие кои заминале имале одредена помош.
    Жално е што и во ваков разговор некои немаат што да кажат освен да се повикуваат на латаси, премиери, телевизии, баба ради итн.
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    @Abeja Пa и вo Мaкедoнијa дa успееш дa нaјдеш пример дoбрa рaбoтa сo дoбрa плaтa ти требaaт еден куп услoви. Не ти требaaт пaри зa oбрaзoвaние дoбрo дa дoбиеш? Не ти требa пријaтел, рoднинa, врскa некoјa, пaртијa пoзaди тебе? Ај ти oдгoвoри ми кaкo еден прoсечен грaѓaнин без нaбрoјaниве рaбoти вo Мк дa дoјде дo еден пристoен живoт?
     
    На Night Rider, Daydream, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  4. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.229
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто толку генерализации, прво и прво нема рецепт за успех надвор од овде, да има сите би го следеле.
    Убаво кажа Bridget, заминати се разни профили на луѓе, од полуписмени до луѓе со неколку дипломи.
    И сами без деца, и брачни парови со деца, и со дечко и без дечко и ... секакви буквално.
    Познавам заминати од тука и успешни и без бугарски пасош, а и без помош, туку успеале поради тоа што вложиле труд и биле истрајни и трпеливи додека поминувале низ сите тие процедури.
    Познавам и примери каде тие кои заминале имале помош, но по некое време биле извисени и оставени сами на себе, но и покрај тоа се снашле - односно не значи дека ако има некој помош некаде надвор од овде одма значи розева иднина.
    Секој од нас може да кажува многу вакви примери, и секој пример ќе се разликува еден од друг, бидејќи нема правило и секој случај е индивидуален. Секој со својата среќа, можности и вложен труд...
     
    На Giovanna, Annath, butterfly4 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Bridget, не е исто. Дома ќе имаш покрив над глава, нема да плаќаш високи кирии, факултетот ти е признат (во странство не е така во повеќето случаи), тука ти е семејството, за врски можеш и со нив ама можеш и без нив.
    Ама како што кажа и MandyLane, секој си е посебна приказна и различно поминува во животот а ние можеме да се докажуваме со денови.
    Ама кој сака може да се обиде да успее и тука, освен ако без да проба тука одлучи да замине во странство, бидејќи ете таму било се совршено.
    А таа што се чудеше зошто се потребни барем пет илјади евра за да отидеш и се снајдеш како почетник во странство, нека проба нека отиде во Германија или Норвешка со 500 евра во џеб па нека пише како се снашла сама без работа таму.
     
  6. Bufi

    Bufi Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    647
    Jas ja napustiv, nenamerno i neplanirajki, eve 5godini pominaa, nemozam da recam deka nemav teski momenti, ama iskreno voopsto ne se kaam! Prvo radi redot i mirot,a potoa i radi se drugo! Niikogas nema da posakam da se vratam nazad, dosta mi e od stravovite sto gi ima vo Mkd, od kazni, rigorozni i glupavi zakoni koi se donesuvaat i traat kratko samo da se zeme parata na narodot, od kucinja po ulici, od lopovi, od vrski i korupcija, od redovi cekanja , od nerabotnica, od siromastija....seto toa go globi narodot makedonski, koj navistina toa NE go zasluzuva! Sto deka postojat talentirani ludje, nivnata cel e bez pocetok vo Makedonija.
    EEE dragi ludje ne za dzabe tolku ludje ja napustaat Makedonija...
     
    На toogood, green.eyes, Night Rider и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Кoј седи вo стрaнствo без пoкрив нa глaвa бе Абејa, aкo мислиш нa пoкривoт нa свекрвaтa тoгaш и јaс гo имaм тoa вo Мк, a кириите штoм мoжеш дa си ги дoзвoлиш без прoблем тoгaш ич глaвa не те бoли зa нив. Фaкултетoт aкo не ми е признaт или ќе се дooбрaзувaм или ќе рaбoтaм нештo другo. Акo не ми се дoпaѓa ќе се врaтaм, штo не е јaснo? Штoм седaм знaчи oк ми е и штo и дa рaбoтaм сум зaдoвoлнa. Сегa ти ни кaжувaш декa сме пoтценети и декa ни е лoшo сaмo не признaвaме или лaжеме, тaкa?
     
    На toogood, Askopje, green.eyes и 8 други им се допаѓа ова.
  8. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Abeja nema potrba od "Taa".
    Taa ima probano i otide vo edna drzava na svoi 20. ne se povikuva na latasi tuku pisuva od licno iskustvo.Ama ako sakame na toj nacin da diskutirame jas ne bi.Taa veke imase napisano i ne sakase da se povtoruva.
    Taa e apsolutno sigurna deka tie sto odat ne im trebaat 5000€.Neznam ti na koi izvori se povikuvas.
    Mozebi mu trebaat 5000€ na nekoj sto odi direktiva da menadjira ili slicno.
    Jas vloziv samo da receme okolu edna desetina od taa suma,od koi groto za avionska karta.
    Bas pricinite sto gi navede ti me vratija nazad.Se soglasuvam i so toa deka covek i tuka moze da uspee,koga veke mora da se povtoruvam,ama veruvaj deka toj uspeh bilo kade e daleku po cenet od ovde.
    So toj uspeh ovde mozam da si obezbedam pristoen zivot,ama pokriv nad glava tesko ako od prethodno go nemam.
    Tatkovinata si ima prednosti toa ne go osporuva skoro nikoj.Samo neznam zosto se usporuvaat negativnostite za koi site sme svesni.Ili navistina
    ne sme?
    Ne e kriva drzavata,krivi sme si site,so generacii nanazad.
     
    На Annath, Tanjamm и Daydream им се допаѓа ова.
  9. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Во Македонија нема скајп и не се врши интервју со луѓе од странство што се заинтересирани да вработат странски државјани. Не, не никако.
    Сите доктори се убија од бришење гомна по странство.|(
    Колку за споредба во Канада Ви се признаени тригодишните студии од право, електро е сегде признан и луѓето се вработуваат по професија. Не излегуваат како партали и циганштарија со 500 евра. Ако немате признаен факултет можете да земете курс за медицинска сестра во Кочо Рацин и да си заминете без проблем во странство бидејќи е дефицитарна професија која што убаво се плаќа.
    Ако ја договорите работата преку скајп најчесто работодавецот е спремен да Ви плати кирија и авионски билет за првиот месец, а подоцна сумата ќе ви ја одбие од плата. Регуларно сте во државата, со работна виза која што ја добивате преку соодветната амбасада за таа држава. Нема голема филозофија, треба упорност и аплицирање за да успеете да закажете интервју.

    Многу блиска личност работи како директор во приватна компанија за интернет мрежа во Австралија и самиот кажува дека од Индија се увезува работна сила според потребите во државата на начин кој што во го кажав. Се` што треба е јазик, искуство и следење на огласите што се објавуваат. Колку за споредба колешка со археологија доби стипендија за докторски на Оxford затоа што во Македонија како најдобар студент беше координатор на студии за 100 евра месечено.
    Тие што имаат дефицитарни професии или голема желба да ја напуштат дупкава нека се преквалификуваат со време и нека стекнат минимално искуство во истата област.
     
    На green.eyes, Giovanna, imelda и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Јас сум 3 години надвор и никогаш не би се вратила. Кај нас излегов од работа во банка ( запослување со врски нормално) само за да заминам и повеќето сметаа дека сум луда скроз ама искрено после сето мое учење не се гледав себе си како работам за 16.000ден цел живот, цел живот благодарна на некој за таа работа, живеење под ист покрив со мама и тато па после свекор свекрва.....итн итн.
    Татко ми , бог да си го прости имаше добра работа но кутриот не мрдна од една иста позиција 30год без партиска книшка ама како и сите од постара генерација веруваше дека со труд се се постигнува додека не му наместија директори и шефови со пола од неговиот факултет и никакво познавање на струката. Мајка ми цел живот со приватен бизнис кој како таков пропадна зошто не сакаше да одделува одредена сума на средства за локалната самоуправа ( провинциски шефчиња ) без разлика кој е на власт.....системот на работа е ист. Ова го кажувам само за да кажам дека семејството ми беше доста ситуаирано и ете имавме и идеа за бизниз и еден работник со крст на чело па ни едниот ни другиот успеаа во намерите, без да се вклопат во некој хиерархиски ситем на однесување и вредности. И нормално ни децата ги научија да бидат такви.
    Дојдов како студент, една година се помачив ( Верувам дека и сите студенти во Скопје поминуваат исто, само киријата ми беше повисока од Скопје ( студенски, сама во соба со сите трошоци 200евра....без бубашваби и лебарки) а храната искрено е иста цена дури на понуди и попусти се најдува поефтино.
    Сега работам во компанија каде што трудот и знаењето ми се ценети....Земам плата од која плаќам 40% данок ( за кој добивам без прекорни услуги во здравство, школство и сите јавни институции, патишта итн. Едноставно знам каде одат парите од тој данок, ги гледам) Плаќам кирија и сметки, плаќам кредит во Македонија, можам да си дозволам да дојдам Македонија мин 2 пати годишно или моите да дојдат тука, ако работам прекувремено саатите ми се дупло платени, ако работам од дома повторно ми е платено....
    Е сега не излегувам на кафе секој ден и секој викенд не дремам по шанкови, прво културата не е таква второ скапо е за тука ама можам да си дозволам секој втор месец да одам Шпанија ако сакам да се испукам буквално....И се ова без стрес, значи плаќам се и рајат сум до крај на месец не се мислам дали ќе преживеам или не....Да не зборувам за личната слобода... Кога ќе видам човек на 60год тука и кај нас се гледа кој како живеел...Овдешните изгледаат како 40год кај нас како 80год од тие што преживеале...Овдешните го проптувале цел свет и уште патуваат како пензионери...кај нас со пензиите деца полнолетни, со семејства треба да гледаат и да евоцираат спомени од СФРЈ...
    И јас сум носталгична ама доволно ми е да појдам на една недела во Македонија за да ми се врати флеш бек зошто сум заминала..
     
    На Askopje, ArmaniCode, green.eyes и 16 други им се допаѓа ова.
  11. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Секој со својата среќа и к'смет!!!
    Јас со факултет и триста надградби имам работено се",само не по моја струка.Кај мои бивши газди на сендвичара,сега директори во познати јавни установи,бидејќи многу ме ценеа и почитуваа ми понудија да земам политичка книшка со образложение-'да имаме утре уста да исплакнеме дека си наше дете',ако ме разбирате.....епа јас си имам Гордост бре,несакам така.Несакам политика и несум никаков симпатизер на никоја партија,некој ќе рече да ти се плукнам Гордоста,требало да се декларираш.ама не сме сите исти,за мене тоа е подмолно.Маж ми нема факултет(не му е довршен),ама тоа што знае да го работи ИТ технологија,неможат да му се фатат пола тие со факултет.Работиме и двајцата,не викам дека лошо заработуваме,ама треба да мислиме и за иднината на нашите деца-тие ни се предност,а тука во Мк нема иднина за нив!!!

    И мила абеја кој е овде крив м?Може баба Рада или пак јас,м???(само си дискутираме,ништо против тебе:D)-Тоа е реалноста мила моја!

    Познавам многу и 'полу и повеќе писмени' што отишле во странство и никој не се вратил повеќе!!Или ќе дојде ,ќе се испожали како нема работа,скапо ова она,за по некое време пак да се врати и назад амин веќе!!Ние сме цврсто решени одиме само напред,веруваме дека ќе успееме(тоа е најважно),млади,здрави прави,убави:lol:сме(не,не сме самобендисани:lol:),позитивни и двајцата и што е најважно снаодливи сме,ама за жал не со подмитување и уценувања од нашите партиски војничиња!

    п.с.Ехееееее колку има да се пишува на темава лелеее,само ќе биде мноогу долго и заморно за читање]:)
     
    На Annath, evangelina.ina, Bufi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ти погрешно ме разбра, јас не зборував за тебе лично дека треба да се има покрив над глава, општо зборував за се она што е потребно за да се замине а што би било тоа според мене што ми е тука сигурно а за таму не се знае.
    Испаѓа работава дека јас не сакам да отидам некаде каде што можам повеќе да успеам, да бидам повеќе платена итн... Но друга е реалноста, други се можностите, тежок е патот ако не исполнуваш ниеден критериум.
    И не е така едноставно да завршиш вонредно средно во Кочо Рацин за сестра и да отидеш одма во странство, тие такви чекаат, без искуство. Еден од условите ако не и најбитниот после имањето пари, е работното искуство кое мислам дека треба да биде минимум 2 или 3 години. А ти тука ако не можеш да најдеш работа како пријавен вработен, тогаш како ќе го стекнеш тоа искуство.
    Или како што спомна Дузи, кредит да се подигне, епа ај подигни ако не си вработен.
    А сите го посакуваме оној полесниот пат, да најдеме некоја врска таму, да имаме полни џебови за да не се грижиме барем првите три месеци таму ако не најдеме работа. Ова како фантазија само, зашто за работа ти треба и европски пасош.
    Јас не реков дека ви е лошо и дека сте потценети, значи многу приказни, многу судбини, генерално гледано не ви било ниту лесно и не сте успеале без помош (на сите отидени во странство). Тоа е заклучокот. Тоа што го реков беше дека во сопствената држава се преценуваат и мислат дека не ги вреднуваат за струката а во странство се потценуваат и работат било што.
    Јас можам со денови да пишувам дека е најдобро да се замине, дека е многу лесно, само да трепнеш и ете си таму и да се препираме, но реалноста е друга, можностите се тешки, условите ретко достижни.

    Сум пробала да најдам начин да аплицирам за иселеништво, пречката секаде беа годините искуство и парите. Еве побарајте по службените сајтови на интернет какви се критериумите. И нашето средно за медицинска сестра не е признато, туку потребно е да учиш и полагаш испити таму, на пример во Канада имаат посебен систем за тоа, исто и во САД, со тоа што на почеток единствена опција е таму да положиш за болничар па да поработиш така додека не положиш за сестра (ова ако успееш да отидеш а за да отидеш пак се враќаме на условите што треба да ги исполниш). Со нашиве општествени факултети тешко дека ќе отидеш, уште потешко дека ќе ги признаат и ќе се вработиш по струка.
    Имаат професии кои се дефицитарни ама секогаш работното искуство е најбитно. Јас имам средно медицинско училиште но немам ниту ден искуство по струката, бидејќи запишав факултет и сменив професија. И да сакам да заминам како сестра го немам потребното искуство.
    Значи оние кои го имаат потребното искуство имаат повеќе шанси да заминат, ако имаат и финансии. Ама тие што веќе работат како здравствени работници тешко се одлучуваат да ја остават работата и да се коцкаат со животот, а оние кои се подготвени на ризик, го немаат потребното искуство. И тоа потребно е искуство баш за струката за која аплицираш а не собрано искуство на пример пола година во бутик, пола година во фурна, кафиќ, канцеларија и си собрал 3 години.

    Желбата за подобро утре не ме обесхрабрува и јас сеуште се обидувам да успеам во сопствената држава, не сум се откажала сеуште иако не велам дека на друго место не би ми било поубаво ако имав можност да отидам. Ама не се преценувам и тука, работам се што е поврзано со мојата диплома и се обидувам да го пронајдам своето место под нашето небо.

    Батерфлај, не знам кој е крив срцка, дал Бог ил судбина? :D
     
    Последна измена: 26 јануари 2015
  13. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Па не знам си бил пред американската амбасада во Скопје па да видиш кој најчесто чеказа за визи? Си бил на аеродромот да видиш кој најмногу патува? Не знам за статсистиките, но ти кажувам од она што го гледам. 40% сериозно? Де не е повеќе накај 30%? Мислам дека особено албанците често патуваат, ако не Америка или Швајцарија тогаш на летен одмор во Албанија. За тоа дека патуваме повеќе не сум баш сигурен, имам прошетано на доста места и особено европјаните сакаат да патуваат и патуваат многу почесто.
     
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Абеја ти тоа што го сакаш е тотална сигурност на почеток па да заминеш, да те викне некој, да ти каже еве ти стан, полн фрижидер, работа и од утре почнуваш. Некои така заминале, но повеќето ризикуваат, можеби не одат баш на слепо ама не се сите работи сигурни од старт туку со тек на време се средуваат работите. Добиваш договор на месец па на два, тоа не е сигурно ама е почеток. Можеби ќе треба спиење во соба 2 на 2 на почеток, ќе треба да си оставиш фамилија неколку месеци или година-две дури да исполниш критериуми да ги земеш и да извадиш потребни документи, да работиш на најдолни функции дури да се истакнеш и те унапредат (а нема да останеш долго на тие долни функции ако видат дека има потенцијал во тебе). Ама не сакате така, не ви се излегува од комфор зона, не ви се ризикува.
    Еве гледам тука многу од страна одат во цркви на почеток додека научат јазик и се привикнат, подработуваат нешто и смештајот и храната им е бесплатна. Веројатно разгледале по интернет или разбрале некако, не знам, ама ете постои и таква опција. За вас е тоа циганска работа? Тогаш наоружи се со знаење и пари и оди директно ко Господин. Но ако не исполнуваш многу критериуми и сакаш лесно да си поминеш, нема.
    Што се чудиш ако некој со диплома работи во странство работа што не му е по струка ако дипломата му е половично или воопшто не му е призната? Дома се преценувале а таму потценувале, па нормално, дома јазикот перфектно го знаеш, одиш со диплома и си бараш соодветно. Тука на почеток ретко кој го знае јазикот толку добро (а ти треба патем и курс кој кошта време и пари) плус парче хартија кое можеби ништо не вреди таму, и со кое лице тој некој да се цени и да бара добра позиција? Време треба, труд, учење, па после доаѓа полесното.
     
    На butterfly4, FridaKahlo, green.eyes и 7 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.312
    Допаѓања:
    285.463
    Јас ја сватив поентата на Абеја и се сложувам, тешко е да се замине а уште потешко да се остане таму ако од старт не е основното регулирано.
    Да беше едноставно и возможно за сите стотици луѓе досега ќе беа веќе иселени.

    Значи не зборуваме за аупер договор кој истекува после една година, не зборувам за ворк анд травел или слични програми...бидејќи одиш, одработуваш и мораш да се вратиш, не зборувам за контигенти со работници а најмалку како турист.

    Сите овие програми се искуство плус и можност не само да заработиш нешто, туку и да видиш како функционираат работите за во случај да сакаш повторно да дојдеш(најчесто како студент на свој трошок), но не и трајно решение.

    Зборувам за работен договор кој има опција да биде продолжен.

    Не е работата дека некој пребарува некаква екстра сигурност и е комплициран...едноставно не добива никаков работен договор или не наоѓа на подотворена врата.
    Патот кој сме го минале сите ние за да замине и останеме некаде е различен и не е подеднакво применлив за сите останати. Мене не ми е воопшто тешко да верувам во тоа.

    Во однос на професиите очигледно сите пробуваат но ете не исполнуваат сите доволно услови и нешто фали.
    И за старт требаат пари.
    Не е само билетот, мораш да некаде да спиеш, нешто да јадеш, да подмириш еден куп административни такси...
    И до сега најчесто се збори за земји каде англискиот е официјален јазик и сигурна сум дека секој тука многу добро го владее. Ами што стана со шведски, германски...


    И мене од дома финансиски ме помогнале (требаше 8000евра за покажам гаранција во банка за една година студентска виза), еден семестар во школата за јазик од 10 недели 750 евра(а имав 5 такви семестри)....плус предходно исполнував услови и учествував во една од горенаведените едногодишни програми па знаев што точно се бара и што точно правам.

    Други имаат бугарски пашапорт можеби и заминале кај свои блиски кои им помогнале со некое сместување или дури и наоѓање на прва работа. Или на своја рака но со екстра финансии за додека се снајдат или поднаучат некој збор на јазикот зборуван во таа земја.
    Трети, најдобрата варијанта исполниле услови за договор за работа преку скајп.


    Ама ете некои немаат можност за ниту едно од ова.
    Не е лесно.
    Се борат и трудат сеуште.

    Да речеше дека и фрчат понуди ама она нејќе, пребарува....ок. Ама мислам дека тука не е тоа случај.
    За многу од примериве кои ги наборјуваме некој веќе добил една шанса, веќе ставил нога таму и се бори.
    Ама не и за опцијата кога некој со години бара шанса и сеуште ја нема.

    Едит
    во однос на дипломите таму каде што сум јас средното медицинско не е признато. Потребно е да се поведе процедура која е прилично комплицирана и трае барем пола година, и ќе ти кажат кои испити треба да дополагаш , кое ниво на познавање на јазик т.с сертификат да имаш и колку практикум треба да правиш. Сето ова значи ако веќе ти е обезбедена визата и имаш кој да те рани.
    Дипломата од правен исто. Ми рекоа можам да го користам називот правник...ама на мене е оставено дали некој ќе ме прими. Ниту една адвокатска канцеларија нема да те прими без дополагање на државен испит, неколку години бесплатен практикум, башка перфектното знаење на јазикот е нешто што се подразбира.
     
    Последна измена: 26 јануари 2015
    На do-re-mi, bittersweet, sesilija и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Bufi

    Bufi Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    647
    Se slozuvam so Bridget , Abeja deka ti baras totalna sigurnost za da zamines vo stranstvo! Mila go razbiram tvoeto razmisluvanje, ama veruvaj deka nekoi raboti ne se bas taka! Sigurnosta nikade ja nema! i Ona okolu iskustvoto ne e bas taka ko sto mislis. Vo stranstvo se drugi sistemite vo sekoja rabota, sto znaci i da imas iskustvo od sopstvenata zemja toa tuka ne ti go vrednuvaat. Tuka ako vidat deka covek ima vrednosti, potencijali, deka ucel, oni i bez iskustvo davaat sansi i sekako takvi udje po bi zadrzale tuka po sekoja cena otkolku nekoi nepismeni azilanti sto doadjaat samo za da ja iskoristuvaat drzavata so socijalni pomosi. I so obicna diploma kako medicinska sestra mozes da najdes rabota i da zemas plata i normalno da zivees, tuka se vo potraga po lica za brza pomos, oti toa retko koj saka tuka da go raboti, radi stresot. Mnogu raboti zavisat i od srekata. sekoj pocetok e tezok, i sekoj koj doadja vo stranstvo na pocetok raboti bilo sto, za sto si dobiva redovna plata i taka mesec po mesec, za godina dve uspeva da se stabilizira , go naucuva jazikot, i togas si bara rabota po struka, se iskacuva skala pogore, i od godina do godina, skala po skala pogore si doadja do posakuvanoto, taka pocnuva poubaviot zivot so posigurna idnina. Na nikoj ne mu cvetaat rozi pri samoto doadjanje, sekoj na pocetok se pomacuva prvo, ama posle mu e poubavo, Tuka i da cistis nikoj nema da ti se ismejuva ko kaj nas vo Makedonija, i da vi kazam samo kolku e ceneta i kolku tesko se dobiva rabota kako djubradjija, onie sto cistat ulici, koi se oni privilegii imaat,...a kaj nas ,nikoj ne ja saka taa rabota. Covek treba da ima hrabrost, cvrsta resitelnost i upornost za da uspee vo stranstvo, Ne sekoj ima koj da mu podade raka za da dojde tuka.a toa so krediti i golemi sumi na pari, mislam deka e za ludje sto sakaat da dojdat i da uzivaat uste na samiot pocetok! Ako znaes jazik ako si snaodliv, naodjas vednas rabota ( misam ako se ima bugarski pasos neli) si dobivas redovna plata, si pokrivas trosoci, si ucis jazik vo medjuvreme, si naodjas potoa podobro i ete si na konj:))sto bi rekle:) samo bez znaenje barem na angliskiot -tesko bi bilo se. i duri i so makedonski pasos moze da se dobie odlicna rabota dokolku se ima dobra diploma, taka stos e bara rabota preku internet i dobivas sansa da ostanes, a tvoe e dali ke se dokazes, dovolen za start esamo angliskiot, imam primer koj e tolku uspesen i drzavjanstvo dobi bez nikakvi vrski tuka, se zatoa sto drzavava saka da donese i zadrzi pametni ludje, Ete malku odogovlekog, izvinete za dolgiov post, ama cuvstvuvav potreba ova da go napisam:)
     
    На green.eyes, galapce, Tanjamm и 5 други им се допаѓа ова.
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Леле кога си го видов никот во последниве страни, јас пијана сум пишувала? :smirk::rofl:

    Јас сум пишала порано Абеја, ама оти гледам праша на два наврати, еве јас имам дојдено со средно во странство. Без помош од роднина или било кој познаник за да имам грб некој тука, со 60 германски марки џепарац, торбица алишта за сите сезони и еден пар обувки кои ги имав облечено на нозе. Без никој никаде, и без пари, буквално сум ризикувала да станам бездомник на странска почва. За 19 годишно девојче, тоа е ризик, тоа е страв, ако има потреба да објаснам за некого што значи да немаш жив човек. Освен што чував дете на дијагнозирана шизофренична жена(патем фала и на среќата моја што ми се трефна таква), работев многу саати на приватно, на црно, што најдев тоа а се фрлив на школо и на практична обука, од јадење и пиење си кратев.

    Се едуцирав не само академски туку и улично, многу амбициозно без никакви гаранции аплицирав во повеќе фирми и одев по интервјуа додека уште студирав, и уште работев за кеш, првичната виза ми изминуваше, во исто време аплицирав за замена на виза, што беше претерано неизвесно дали ќе ми дадат дури и откако добив понуда за работа. Ама ако не бараш никој нема да дојде да те праша сакаш ли -на. The rest is history.

    А да, апдејт. Моментално, по избор, сум чувана жена (hollest)а и чистачка имам :rofl:
     
    На Trnche, green.eyes, Annath и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Bufi

    Bufi Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    647
    Znaci upornosta pobedila?!
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.312
    Допаѓања:
    285.463
    Мило ми е што упорноста, трудот и тешката работа на крајот вродиле со плод.(Ако се однесуваше на Имелда).

    Ама ај на денешно време да размислиме дали и колку од сето тоа е возможно.
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    ^
    За мене лично, младост. Со оваа глава што ја имам сега, веројатно и од комодитетот до кој сум стигнала, или енергијата која сум ја потрошила, тешко дека би го поминала истото со таква решителност која сум ја имала тогаш кога бев млада.
    Инаку работите во смисла на визни режими секогаш се менуваат за секои земји. Секогаш во секоја земја има потреба за одредени работници. Еве, конкретно негата во старечките домови, со мои очи еден немам видено да е од земјава родум. А и кај визните системи таму каде на хартија изгледа невозможно, се наоѓаат дупки во системот. Не сум се интересирала како е моментално оти не ме интересира, ама конкретно пред некоја година кога со бг пасош не можеше да се бара работа во земјава туку само да се прошета, беше доста едно писмо од мене и една копија од чек ливче од неколку стотки само, не го ни провериле дали е кеширан, да дечко со бг пасош аплицира и извади што е еквивалентно на матичен број со кој може слободно да си бара работа. Разбрал, може така, му дадоа.
     
    На tessie, Annath и danichap им се допаѓа ова.