Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.796
    Бидејќи сме минеле сличен пат, само јас можеби 10 години покасно искоментирав.
    Како се менуваат нештата и освен паметот у глава и многу труд и желбата денес не се доволни. Дека треба финансии или некој барем малку да те поттурне директно од местото.
    За продолжување на таков вид на виза ете јас морав да имам сума на финансии кои за македнски стандард и те како е многу. Многу девојчиња на жалост и покрај интелектот желбата и трудот...се вратија.
    За со бугарски верувамд ека е далеку полесно. И брат ми има живеено таму долго време и беше запишан на колеџ, работеше...а со македонскиот до амбасада немаше да припари, а не па виза за англија некој да му даде или работна дозвола

    Еднаш кога ќе стави човек нога некаде е полесно...сепак оној прв мост, добивањето на прва виза и работна дозвола е најчесто најголемиот проблем и законите се многу поостри секоја измината година.
     
    На toogood, galapce, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Треба храброст најискрено. Кај мене се промени смртниот случај во семејството и едноставно морав да исчезнам. Заминав на 31...сега сум веќе 34 :wasntme: Старост лудост...(lalala)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Во летото имав роднини од странство дојдени во Македонија. Братучед ми ми рече дека најубаво е да живееш во Македонија, особено ако имаш завршено добар факултет. Не мора да возиш 3 часа или 2 часа до работа, можеш да излегуваш секој ден на кафе и покрај тоа што работиш и можеш да издаваш стан под кирија и да правиш добри пари. Така тој размислува. Не е се розево во странство. Сите што си мислат дека ќе бидат многу успешни треба да знаат дека во странство е понапорно. Не знам дали вреди да се напушти, не сум се уште сигурна.
     
    На MysteryMan23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Абе сите така зборат ама никој не се враќа тука. Баш напротив, тие мислат дека во Македонија е се' розево. Подолго време се таму и изгубиле допир со реалната слика во Македонија. Се' уште мислат дека ние тука сите само се веселиме, одиме на кафиња, по кафани, пиеме, јадеме, слободни сме, си подработуваме по нешто, а тие сиротите таму само работат и ништо друго не прават. Можеби и било некогаш така, ама сега се свртеа работите, ние станавме тие ладните, тие тмурните, муабетите што ги правевме на времето за странциве, сега за нас важат. Единствената работа што кај не се искорени се трач муабетите и гледање во туѓиот двор. Имаат таква слика се' додека не дојдат да поседат еден месец, кога ќе ја слушнат реалната страна, ќе се освестат што посакувале и налево круг, назад. Не ни помислуваат овде да се вратат.

    А дека е напорно, епа напорно е секаде. Никаде нема лесно. Нема успех без труд. Не знам ни зошто повеќето тоа најмногу го напоменуваат. Напорно било, епа седење и успех нема никаде. Само разликата е што таму ти е ценет трудот, а овде не. Зошто мислите дека тука е полесно и поненапорно? Знаете колку луѓе познавам што и тука работат по две работи? Од сабајле до вечер работат без слободни денови. И таму можеш да работиш две работи, ама разликата е што тука со тоа работно време одвај ќе го прераниш семејството, а таму со две работи ќе имаш и повеќе од доволно. Имам познаник што е роден и работи во странство. Не една, не две, туку три работи има моментално. Едната му е редовна, втората му е само за викенд, а третата кога ќе го викнат, а обавезно го викаат барем три пати неделно. Знаете колку приход му се собира за цел месец? Неретко и до 10 000 евра. Да. Чиста вистина. Е сега ова е голема реткост, и никој не вели дека ако отиде таму дека одма ќе го чекаат 5 000 евра плата, ама имаш можности, имаш еден куп можности.

    За мене лично, доволно е некој да ми даде можност, да ми даде избор, да можам да седнам и да размислам што ќе правам со себе. Нека е целта и 100 километри далеку, ама да знам дека на крајот од маратонот ќе стигнам до нешто, некој ти дава избор. А овде никој не те прашува, единствената можност во животот ти е да се запишеш на факултет и да размислиш во текот на истиот дали ќе извадиш партиска книшка или ќе седиш дома, ќе аплицираш на 15 работни места дневно и ќе си се нервираш. Немаш апсолутно никаков избор.
    И, искрена да бидам, во европските земји каде што јас сум била, единствените луѓе кои немале работа, биле мрзливите луѓе. Секој што сака да работи, има работа. Каква-таква, за почеток, работа има. Која и да ја работиш, каква и работа да имаш, ако ништо друго за кирија, сметки и храна секогаш ќе имаш. Луксузот со текот на времето си доаѓа.
     
    На eloves, softy1, Edie.S и 15 други им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    @imelda , па освен таа на борец, поинаква слика не ни имам стекнато за тебе. :bow: Борец во Прада штикли. :lol:

    Колку што повеќе размислувам на темава, се потсетувам на искуства со блиски и подалечни луѓе, се` повеќе се доближувам до заклучокот дека дали да се напушти државата или не, е индивидуална, а не зависи само од државата, туку од пронаоѓањето на нашето место кадешто ќе може да растеме и да бидеме продуктивни. Како што сите растенија не може да опстанат на еден ист вид почва.

    Познавам луѓе коишто имале потенцијал и успеале во странство, а тука не можело тоа да дојде до израз.

    Познавам и такви на коишто не им успеало тука, не им успеало во една странска земја, па се обиделе во друга странска земја, па им успеало. Како и такви коишто се вратиле по првиот неуспех и се откажале од обидување.

    Познавам и странци (значи правам муабет за државјани на земји со силна економија и сл.) коишто тука оформиле бизнис, дом, или и двете, толку им оди добро и се исполнети, си го нашле местото едноставно и на памет не им паѓа да ја напуштат Македонија.

    Дали вреди да се напушти земјава зависи од тоа како ние како поединци може да функционираме во ова окружување. Затоа, не би тука да мешам влади и партии, тие многу немаат удел.

    Најбитно е секој да си го најде местото под сонцето. Само така ќе биде продуктивен, задоволен од окружувањето, а и окружувањето ќе биде задоволно од неговиот придонес.
     
    На eloves, FridaKahlo, Captain-Omni и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    О и те како треба храброст, самодоверба, ризик секогаш има, ама човек ако не ризикува, никогаш нема да дознае дали е тоа добро или не, за него.
     
    На Markiza30, butterfly4, Bufi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Многу убаво кажано @tessie . Ако човек има работа, и заработува за живот, може да си дозволи основни потреби па и малку луксуз, тогаш нема ни потреба да ја напушти земјата каде што живее. Се е индивидуално, и не секогаш излегува по планираното. Јас знам луѓе и што не успеале странство, па се вратиле.
    Најлошо е ако имаш тука работа, стан/куќа и пристоен живот да ризикуваш, да продадеш се за да заминеш, па таму ништо да не биде, и на крајот остануваш без ништо.
    Ама затоа пак, некои луѓе од ништо, во странство стекнале нешто.
     
    На Tanjamm, crazylady, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Проблемот во државава што мене лично многу ми смета е тоа што секој гледа се ,,провлече" а не да помине. (facepalm)

    Прво да се провлече, ќе го протрчаат, ќе го пораснат. Да се провлече во школо, дај една двојка нека му пишат, аман, само ги замараат децава, не знаат веќе што да измислат. Во средно нека препише, жити вас, на матура, ајде таму една тројка. Па на факултет...... Еми има сега, што, ем дисперзирани ем приватни ем на државниве, ќе се најде некаде место. Ееееееее сите завршиле нашето ли дете нема, ајде таму за шестка нека се појави, нека направи, ќе му дадат диплома. Па ќе го пикнеме некаде, ќе мава печати, де де, нашето ли дете....... Нема што оно да ни чисти, да крева, да се мачи, да копа па, бог да чува, не не. На работа стварно само печати си мава, оди нозите назад му се враќаат, работи а бога моли да нема работа. И така до пензија, па дај ако може и да се провлече на 59 години да доплати некако да отиде и куртул више, аман од работа, се преработи цел живот.^_^

    Епа кога јас си го давам својот максимум, си викам јас сум будала или они се будали? Од ист менталитет идеме или јас пиев чај со кралицата Елизабета наместо да одам во градинка? Види види, не знаев дека сум пош. :emo:Ако јас се трудам нешто да испадне ко што треба оти бе ти батка гледаш само да се провлечеш а не да влезеш на голема врата како човек? Епа оти го мрзи, ете затоа.

    Таквите никаде не сакаат да работат. И такви имам видено во летни и зимски авантури, бара работа, плеснал пари за да отиде на другата страна од светот, а моли Бога да не ја најде. :D Помина бе луѓенца времето на друже Тито ми ти се кунемо, и ја крадам и за вас има, сега ти е суров капитализам и тоа е тоа, ако работиш ќе имаш. Ко преживи причаче. А демек парите не се битни, се живее од љубов и позитива и оптимизам и бла бла бла:rofl:, на ваквите коментари викам не ме јеби, или стварно не си осетил немаштија или не знам, немам објаснување.

    Тоа е тоа фрустрирачко барем за некој што се труди како мене. Оти бе ја еден ден од моите даноци да ги ранам нивните деца по студентски, додека они седат со скрстени раци и со нула приходи, а? Оти моето дете еден ден да не зима стипендија, награди и чуда од државата, ако ја заработувам убаво и солидно, туку да одат кај некој дембел? Оти да му го покривам здравството на некој што денар не заработил и не вложил во ниеден фонд во државава? Или да зима пензија некој што последниве 20 и кусур години, за греови, ич не работел. Како бе брате не успеа 20 години, па еден занает за цигли ќе го научеше досега и ќе пркнеше троа од троа, едно лозје пет пати сигурно ќе го обереше.... Застанал пред Кам со картонче и десетче внатре, па уште и ми дофрла, дај ми, се гледа дека имаш. :^) Здрав, прав, толкав вол, па ја не знам, сафра ќе ме фане додека стојам и чекам некој нешто да ми даде, па секој ден така, па со години така, марш!:devil:

    Ич немам проблем да плаќам данок како во Данска, 51%, ама оди види па дали нешто им фали таму и дали некој не работи и не придонесува.:dance:
     
    На eloves, theowndemon, Mrs.Bass и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Не знам колку може да се земе како релевантна теза дека ``народот`` е ваков или онаков. Точно е дека мнозинството народ е таков каков што е но тука дилемата е дали е народот таков поради тоа што мора да се снајде и да опстане во дадените услови или е креатор на тие услови.
    Бидејќи и една Јапонија била апсолутна вукојебина, назадна и изолирана и каде мнозинството народ мизерувало и тоа во сета нивна историја, две и пол илјади години наназад минус последните 100-120 години. Дали тоа значи дека Јапонците биле мрзеливи, глупи и вакви или онакви и магично се трансформирале?

    Ако власта е одлика на карактерот на народот, тогаш и опозицијата е одлика на народот и било какво одење на избори би било ирационално бидејќи се заменува еден продукт на народот со друг.

    Си бил во Германија? Дали и таму еден вработен е мајстор за све, т.е. врши работа за двајца или тројца вработени? Затоа што тука кај нас тоа е честа пракса. Не постои Германец кој ќе ти работи за сите празници и на кому газдата ќе му соли памет дека би му дал еден слободен ден за свадба или погреб. Поимите плаќање за прекувремена работа или сатница се уште се во доменот на научната фантастика.
    Не знам во која реалност во реалниот сектор не работат луѓето тука?
    Не ти треба одење во Бангладеш, имаш нет, поимот sweatshoops не е некоја тајна.
    Да повторам, работата сама по себе не менува ништо за оној кој работи.

    За тоа дека било мода, воопшто не е мода туку реалност и стара традиција, Македонија не е добро место за живеење и никогаш не била добро место за живеење, отсекогаш бегал народот и секогаш ќе бега. Разликата е што до независноста имало изговор (Турци, Срби, Бугари, Комунисти) а сега повеќе нема.
    Одговорот на прашањето дали вреди најдобро го дава самата млада популација која масовно си оди, вредноста на пиењето кафе, неформалноста при односите во средината, емотивноста и сите тие карактеристики се помалку играат улога при одлуките за емиграција и се помалку им значат на поновите генерации.
     
    На green.eyes, Annath, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Пиењето кафе како егзистенцијална и животна вредност, ни се еба мамата (facepalm)
     
    На eloves, Tanjamm, Askopje и 6 други им се допаѓа ова.
  11. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Суштинска разлика е тоа што во странство се работи за да се заработи, а во Македонија да се преживее. И ако нешто полошо е од Македонец што живее и кука во Македонија е Македонец од дијаспората што вели дека не чини странство, а неговата нога стапнува кога се прават заби или кога се оди на одмор во Македонија (чест на исклучоци што помагаат фамилијарно и без кои македонската економија одамна ќе отидеше у курац затоа што Македонците немаат куповна моќ).

    Да се вратам на темата. Пред 10 години не постоеше интернет во Македонија, односно беше доволно застапен што 2 гига интернет беа фасцинација за повеќето. Денешната интернет доба си донесе привилегии што македонците кои масовно се иселуваа во странство ги немаа и мораа да се снајдат “на лице место“. Денес ми е достапно се` што ме интересира. Плата, можности, искуства и различни бесплатни бенефиции со познавање на јазик и “комуникациски вештини“.

    Пред две години кога излегов од Македонија како студент, се` што имав беше волја, остров што сакам да го посетам, минимален студентски кредит во џеб и пенкало со кое заокружив во кој град сакам да престојувам.
    Немаше познати личности на автобуска, ниту претходни советувања и мерење можности туку желба да се заработи и да се смени паричното сивило во домашните пресметки бидејќи не е живот ако се префрла од шупливо во празно (кредит vs кредит).

    Денес како дипломиран студент и горд студент на втор факултет (запишан заради потребите и отворената можност да се продолжи во странство), будно ги следам огласите и контактирам со надредените како да си заминам од тука според професија и искуство. Она што мене ми е криво како Македонка е тоа што Македонија во догледно време нема светла иднина заради долгогодишните погрешни политики на актуелната и минатите “демократски“ власти избрани од народот. Криво ќе ми биде што идните генерации нема да бидат во можност да ги исчистат говната што се испосраа изминатите 20 години бидејќи секое идно родено македонче е задолжено околу 500 евра во старт. И она што сакам да го потенцирам е дека нема лесно заминување. Дури и да сте материјално потковани и се` да е наредено негде таму, ќе Ви недостигаат семејството, пријателите, местата и домашната околина бидејќи сите што сме излегле на подолг период точно знаеме што значи да се биде носталгичен.
     
    На eloves, toogood, anakonda88 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    И вкусот на доматите и пиперките го заборави...такви никаде нема, се умира без нив.
     
    На Askopje, Annath, Night Rider и 2 други им се допаѓа ова.
  13. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Па искрено не би ја напуштила.
    Новиве генерации не знаат што убавини имаат во нашава земја а ја напуштаат.
    Штета, не вреди. :( ама сега денешниве...
    Моиве другарки ќе одам ваму таму да учам средно и шо ќе научат.
    Ништо! така да седете си каде што сте.
     
  14. Triumf

    Triumf Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Само колку за информација пошто сум во странство и имам малку поодговорна функција вчера имав многу тежок ден што дури денеска не можам да се соземам од тоа што морав да го направам.
    Вчера добив наредба од газдата да отпуштам 5 работници од кои 2 ца се македонци, а едниот од тие двајца јас го донесов овдека на работа и плус ми е дугар цел мој живот.
    Сега за овие луге скоро све е завршено ако не успеат да најдат друга работа во рок од 1 месец ке мора да се вратат за Македонија бидејки овдека не можат да живеат со овај стандард.
    Шансите да најдат работа сега се минимални барем овај месец или следниот.
    Сите што ќе заминат нека бидат внимателни . Во странство немањето работа за месец или два може да те направи клошар да спиеш по метроа и под мостови.
    Плус имаше и една друга работа а тоа се платите кои газдата ни ги намали на сите за 20% епа на здравје нека ни е.
    Во овие лиѓе што добија отказ можев да бидам и јас и ако се случеше такво нешто јас бев спремен да се вратам за МК бидејќи не планирам све сто сум спечалил да го потрошам само на кирија и барање работа.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hapyygirl

    hapyygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    4
    da ve prasam za mislenje dali bi zaminale na primer vo germnaija samo so bg pasos i so okolo 1000 evra pari bez nikoj da poznavete tamu i prilicno salobo poznavnje na jazikot mislite li deka ke se snajdete ili tesko
     
  16. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    ^
    Mалку ти се 1000 евра за таква ситуација...
     
  17. ArmaniCode

    ArmaniCode Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Vredi, I toa mnogu. Odamna sum zaminata I ne bi se vratila. Edinstveno sto mi nedostasuva se najbliskite, a ne drzavata. Za tie sto razmisluvate da zaminete, sto porano tolku podobro. Mnogu polesno e da rizikuvas koga si mlad, odkolku da zamines familijarno pa I decata da trpat.
    Gledam mnogu luge koi doagaat so mali deca, I daleko od toa deka ne se uspeva taka, no mnogu potesko e dodeka tie deca gi adaptiras na novata sredina vo koja I ti ne si naviknat.
    Kako sto kazaa I nekoi od drugite clenovi, vo stranstvo nema politicki pritisoci, ke te vrabotat nezavisno od toa za kogo glasas I dali voopsto glasas. Mirna ti e glava od luge sto se mesaat vo tvojot privaten zivot, sekoj si gleda za sebe I ne go interesira Kako si oblecen ili dali ti se cisti prozorcite.
    Mnogu luge koga od tuka idat vo makedonija gi faka kulturen sok, a toa ne e zatoa sto se razligavile, tuku zatoa sto koga si tretiran Kako covek vo vistinska smisla na zborot I se vratis tamu I uste na aerodrom te tretiraat Kako stoka, vednas se razocaruvaat.
    Za se si ima postaveno covek koj besprekorno si ja izvrsuva funkcijata na rabota, taka sto sekogas si zadovolen. Koga bi bil istiot sistem kaj nas, 99% od salterskite rabotnici ili administrativci bi bile otpusteni od rabota koga musterijata ke se pozali na menadzerot deka ne bil usluzen Kako sto treba.
    Tocno e deka se raboti mnogu, no barem znaes za sto rabotis. Kaj nas konfekciskite rabotnici rabotat od 6-6 za edvaj 10,000 a nekoi I pomalku. A da ne spomenuvam deka skoro sekoj na ova vreme e obrazuvan so fakulteti, magistarski, doktorati.
    Jas sekogas velam nie sto doagame vo stranstvo bez nikoj ovde, Kako prva generacija, sme zrtva. Znaci pisi propao. Da, ke ziveeme podobro odkolku vo mk, no sepak nema da mozeme da go postigneme najgolemiot maksimum. No zatoa znam deka moeto dete ke gi ima site beneficii sto ovaa drzava mu gi nudi. Zrtva sme za decata.
    Zal Mi e sto ovie ubavini gi nema vo mojata drzava I na nekoj nacin bev prinudena da baram izlez I na mladi godini da se macam, da pocnam od bukvalno 0, I da imam beli vlakna I da razmisluvam Kako da sum 30 god poveke od sto sum. Zal Mi e sto na nekoj nacin mi bese skratena moznosta da si bidam pokraj najbliskite.

    Kako I da e, srekna sum kaj sto sum I im davam celosna podrska na tie sto sakaat da si ja probaat srekata vo stranstvo. Makotrpno e, no se isplati.
     
    На eliesaab, Doozy, butterfly4 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    12.614
    За која земја се работи, и како замина?Стипендија, работа?
     
  19. ArmaniCode

    ArmaniCode Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Za Amerika, zaminav na 20 God kako student.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CatherineTheFox

    CatherineTheFox Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    81
    Јас сметам дека не вреди да се напушти нашата држава.Јас тука сум се родила тука и ќе израснам. Зошто да одам и да црнчам во туѓа држава кога можам да одам да се образувам во странство, а знаењето што ќе го стекнам да го инвестирам во нашата држава? Зошто да се чувствувам таму како туѓинец? Ете баш заради тие мислења дека е подобро во туѓина ни пропаѓа нашата држава! И за крај најбитното: Вреди ли туѓината да се замени со нашите најблиски?
     
    На Olli28 му/ѝ се допаѓа ова.