Ме нема во последно време Ч(( Не се секирај драга, не си стара, имаш време. Се додека те води позитивна мисла, идеја и желба, полека и со труд, ќе ти се остварува она што го сонуваш. Не е лесно ни дома, но нема да е ни во странство... Само верба и трпение, Ч))) ... Ова и од искуство го зборувам... позз
Се мислев долго време што да напишам на темава и искрено имам поделено мислење. Веќе повеќе од 3.5 години живеам надвор од Македонија, и на почетокот ми беше многу тешко затоа што немав баш никого. Сама се одлучив да отидам, ама не се откажав и првите 2,3 месеци ми беа најтешки. Бев исполнета со носталгија, страв од непознато и страв од живеење сам, каде што нема кој да ти помогне ако на пример се разболиш. Моментално ми е ОК и имам подобар стандард. Ама се уште мислам дека еден ден би се вратила во Македонија. Истовремено почнувам да сфаќам дека и тука би можела да останам, затоа што со тек на време стекнав пријатели, ја научив културата, и си го засакав местото каде што живеам. Исто така се мислам дали би сакала повторно да живеам во Скопје, каде што воздухот е доста позагаден, нерегулиран сообраќај, нема големи инвестиции итн. Самата сум свесна дека многу потешко можам да се пробијам во Македонија со моменталните квалификации, отколку каде што моментално живеам. Така да девојки (и залутани момци) искрено се уште не знам дали кога ќе ми заврши договорот тука, ќе се вратам или не во Македонија. Мое мислење е дека вреди да се напушти нашата држава, за да се научи нешто ново, нова култура, да се види како другите живеат... Меѓутоа, исто супер би било ако повеќето од нас се враќаат назад во Македонија. Ова пред се го зборам за квалифицираниот кадар. Ако сите останеме надвор тогаш се случува типичен т.н. "brain drain".
Луѓе кај сакате заминете ама секогаш СЕКОГАШ ќе бидете гледани само како СТРАНЕЦ! Студирам веќе една година во ‘‘розевиот’’ запад, многу е поразлично кога ќе дојдете тука и ќе осетите на своја кожа отколку од рекла казала муабети. Не ме сфаќајте погрешно, не дека тие грешно зборуваат, ама најубаво е кога сами ќе се соочите со тоа чувство за да знаете дали вредело или не вредело да се напушта земјата. Викате кај нас имало исфрустрирани работодавци, никакви здравствени услови, нечисти улици, загаден воздух...буквално НИШТО од тоа нема да ми смета само ако го имам семејството покрај себе Мене никој не ме праша дали сакам или несакам да си ја напуштам земјата, така мојте одлучија, така јас направив, оставив се позади мене, долга прекрасна врска, сите пријатели, сите спомени... Каква и да е, наша си е, Македонија си е!
Се согласувам со тебе. Да, можеби некои работи функционираат подобро на „запад„ но мене лично исчистените улици, средените установи, вештачките насмевки на службениците а ла Мекдоналдс па дури и повисоката плата понекогаш не ми вредат за тие неколку денови што ги поминувам во Македонија. Можеби во Европа се заработува повеќе, но душата останува празна....ах, многу дискутабилна тема. Како и да е, имајте на ум, дека лесно се кажува, ама тешко се заминува, верувајте
Како викаат каков народ таква држава .Да, вреди да се напушти државата али на повремен период за да осознаеш некои работи,да запознаеш нови култури,да научиш нови работи да гледаш како светот се развива нели сепак сите ние учиме од другите и од грешките на другите.Да видиме што ни фали,што можеме да смениме до каде сме и слично.Но за навек да ја напуштам државата во ниеден случај зашто сепак ова сонце ми е убаво тука.Да живееме многу порелаксиран живот живееме тоа да не се лажеме .Никој не осетил од нас како е да те загризе авропската машинерија па да не дочекаш утре да си ги изгледаш децата како ти пораснале зашто за нив едноставно нема да имаш време,а ни тие за тебе.Затоа во Европа има масовни убиства по школите.Децата се отуѓени и без мајчинска љубов оставени.Тоа се рефлектира на еден или друг начин.А за нечистите улици,фекалии по реките,нехигиена ,непрописно паркирани автомобили,јавна култура,чекање ред во банка,полиција,пошта,испишани и искршени јавни објекти,изгазени тревници и искршени клупи по парковите тоа не ни е крива Македонија или државата тоа сме си НИЕ самите криви зашто народот ја прави државата.Ние како народ немаме КУЛТУРЕН срам и јавна култура.Најголем дел од нашите семејства не обрнуваат воопшто внимание во изградување на јавна култура и внесување на позитивни навики на своите поколенија.Кај нас владее она“Никој не се замара па зашто јас да се замарам“.Не е така воопшто не е така.За нас парковите,училиштата,улиците,плоштадите ,болниците се јавни блага коишто треба на сите да ни користат,а не да ги кршиме и уништуваме.Можеби звучи лошо но се кладам дека пола тука од форумџиките никогаш немаат фрлено хартија во корпа туку ја фрлаат на улица.Убедена сум во тоа.И кај нас треба едно да знаете дека никој во Македонија не умрел од глад.Незнаете што е сиромаштија и гладување.Точно на народот во Македонија фалат многу навики да се сменат за да би тргнале на подобро но тоа треба да почне од нас самите од никој друг.Кога државата Македонија ќе почнеме да ја гледаме како колективно добро,а не индивидуално добро тогаш ќе тргнеме и како народ и како држава напред на друг начин никако.Поздрав
Извинете само уште ова ќе се надоврзам каде и да отидете да живеете во Европа секаде ќе сте третирани како странец и цел живот ќе бидете странец.Таму ќе ги работите најнечистите работи што еден просечен Германец,Французин,Шпанец никогаш нема да ги работи затоа и ве примаат таму да работите.Многуууууууу ретко некој нашинец да отишол и да има солидна работа тие бенефиции можат да ги добијат само нивните внуци коишто целосно ќе имаат западно европски имиња и ниедна тронка различитост од нив.Затоа нашинците коишто живеат во Америка,Канада,Австралија новите генерации имаат имиња во стил ,Барбара,Џенифер,Мајк,Џон,Том зашто едноставно со Кире,Матеј,Елена,Фросина никој нема да ги прифати.Јас имам први братучедки во Данска и потполно знам како е.Нивната мајка и татко по цели денови на работа едноставно нивната младост ја испуштија.Не се гледаат асално со недели.Во Данска не секој има стандард да има два компјутера и интернет дома како кај нас.Точно е да имаат далеку подобри социјални системи,поубави куќи,болници,училишта,автомобили но на чија сметка?Но што му вреди тоа?Куќа посао,посао куќа ето шта знам.Буквално тоа им е животот.А таков живот дефинитивно несакам да живеам зашто ми е ЕДЕН.Бреј ама сум се распишувала .Поздрав
Тој тип на работен кадар, веќе не е така потребен, иако секогаш има потреба од тоа, не велам ни дека нема... И тоа црнчење од сабајле до вечер го има и тука, само прашање е дали имаш слободен викенд, и 8-9 саати работни во денот, а сето тоа да беше барем доволно платено, и дали се работи според план, според можности и со добра распределба на задачи. Но, да, луѓето вака или така тука се снаоѓаат и повеќето живеат пријатен живот во смисол кафиња, пиење, кафани, но сепак со штедење и тешки маки... Барем мислам дека е така, за поголемиот дел... да не беше така немаше да има толку спонзоруши на пример )))) Овде таа ситуација ги прави сите напнати, брзаат, свират со колите... се караат, викаат, без трпение се, и може да се види нервозата и стресот на нашите лица... Во една моја кратка посета во Европа, јас и едно девојче го забележавме тоа, луѓето не беа напнати, туку напротив... смирени лица, како ништо да не ги погодува...
Нормално дека вреди бидејќи кај нас и да се убиеш од работа и да учиш цел живот не се може да се постигне тоа што би го постигнале во странство според мене не е точно дека парите од небо паѓаат таму дека со лесно може да се збогатиш ама вистина е дека таму повеќе се вреднува факултетот и тоа што можеш да го направиш а не само да мафташ со дипломата. Во држави кои се поразвиени нормално и животот е поубав сега ќе мора да се одречиш од некои работи но сигурно не е како тука ем ќе се одречиш ем цел живот со празен џеб ќе шеташ. Што е до мене прва прилика што би ми се укажала би заминала следнава година веќе ќе почнам и на факс и би сакала кога ке завршам да можам да најдам работа и да бидам добро платена за тоа а во нашата земја тоа тешко дека се случува.
Би заминала и тоа веднаш. Ништо не функционира во ред во нашата држава. Носталгична сум да, но желбата за подобар живот е поголема
Да можам би заминала веднаш. Сакам да завршам фин факултет, да се вработам на уште пофино место и да имам кариера.. Тоа секако не би го можела овде.
па јас мислам дека вреди бидејќи нема многу многу услови за живот.. ама кај и да одиш пак ќе си вратиш дома, како што пее Влатко Јаневски - Само дома си е дома..
Вреди да се напушти од повеќе причини : -Повеќе се цени трудот отколку кај нас, кај нас ретко се добива унапредување. -Ќе "црнчиш" како и овде, но знаеш дека на први те чекаат повеќе нули на сметка. -Запознавање различни луѓе, различен начин на живот, и можност да се види нешто друго надвор од нашиве граници. Живеам само за моментот кога ќе се качам во авион можеби пак ќе се вратам овде, но со поголемо животно искуство, некоја заштеда на сметка, и многу посетени интересни дестинации
Си го сакам местото на живеење.Секако никој неможе да си замине од државата без малку жал... Јас би ја напуштила,ако одам на некој одмор или пак кога ќе пораснам од работа,но да ја напуштам засекогаш не верувам,тоа би ми било многу тешко.
Би ја напуштила,тоа ми е план за после факлутет. Едноставно тука нема градење кариера. И да завршиш факлутет ќе работиш некоја недоволно платена работа. Нејќам да се разделам од земјава.. Но кога се работи за подобра кариера... Мора.
При првата прилика би ја напуштила оваа земја... можеби не ЗАСЕКОГАШ ама сепак немам желба да останам. Труд се бара и овде и на секое друго место во светот само што во странство тоа се цени и се плаќа, а овде тешко се наоѓа работа камо ли да е добро платена... Во странство под просечен живот се подразбира дом, кола, сигурна работа... т.е обезбеден живот, а тука просечениот живот е КРПЕН ЖИВОТ! Секоја чест на исклучоци кои со сопствен труд и знаење се избориле и успеале да имаат повисок статус во ова општество.