Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Зашо Гвујо не ги гуеда тауентите, туку пауите.
     
    На theowndemon, Night Rider, Sunshine.Sunshine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ArmaniCode

    ArmaniCode Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Se ubavo si mislis no vo praksa tesko, za zal. Za da studiras vo stranstvo se potrebni ogromni finansiski sredstva za koi I da podignes kredit potoa nema sansi da go isplatis so minimalnite plati vo makedonija.

    Poznavam covek koj ima mnogu uspeano vo Amerika, dobar prijatel mi e, I pred nekoja godina se resi da otide vo makedonija I da si go prosiri biznisot i tamu taka sto ke investira vo nasata drzavicka. Se izmaci covekot so milionite pravila I zakoni I vlecenja po salteri, nikoj ne znae kade da go upati....se iznervira covekot I se vrati nazad. Mi vika "pari im davam" ne znaat da te upatat Kako funkcioniraat rabotite. A od druga strana se molat za stranski investitori.
    Za zal nisto ne funkcionira kaj nas. Ako ovde firma se otvora za eden cas, tamu ti treba cel mesec I pak dali ke ja otvoris. Sakas da vodis biznis, da vrtis pari, sistemot ne ti dava. A da napomenam covekov ima milioni, znaci ne zboruvam za sitna investicija, no sto e toa e.

    Nikoj ne ja napusta drzavata od sto ne saka da e do bliskite, toa e najteskiot del. No Kako sto kazuva majka mi "podobro da si situirana I nisto da ne ti fali, makar I da ne te gledam, odkolku da te gledam sekoj den Kako se macis, a da ne mozam da ti pomognam"
     
    На eliesaab, Doozy, Daydream и 4 други им се допаѓа ова.
  3. CatherineTheFox

    CatherineTheFox Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    81
    хахаха дада тука си у право морам да признаам
     
  4. CatherineTheFox

    CatherineTheFox Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    81
    да знам тешко е не размислува секој исто еве имам братучетка која ги завршува студиите во странство и не ни помислува да се врати тука, кога ќе дојде седи недела-две преку сила и одма бега, вика тука за мене нема иднина. Никој од арно не си оди од тука не се виновни тие што ја напуштаат државава туку тие што не даваат шанса да се покажеме и ние дека можеме. Сепак јас сум се одлучила да си останам тука, не знам колку е паметно ама таква сум по природа не можам во друг град, а камо ли друга држава. На одмор кога одам после петтиот ден ме фаќа некоја носталгија за дома. Ама ако на некој му е поарно во туѓина, ако мисли таму дека ќе е посреќен и повеќе ќе го ценат нека фаќа џадето и ич нека не му ја мисли.
     
  5. ArmaniCode

    ArmaniCode Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Tuginata ne e za sekoj, I sekoj ne moze da izdrzi. Jas iskreno sum iznenadena od samata sebe zatoa sto koga odev na studii vo Skopje dodeka bev vo mk, edvaj cekav da dojde vikend da si odam doma, me fakase nostalgia. No ovde se naviknav I na kraj pamet ne Mi teknuva da se vrakam. Ke odam na gosti, ama da ziveam, ne mozam.
    Steta sto drzavata ni e vo sostojbata vo koja sto e, I mladite ne mozat da si ja gledaat idninata tamu, pa moraat da se selat vo drugi drzavi.
     
  6. CatherineTheFox

    CatherineTheFox Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    81
    Богами стварно штета. Посебно ги жалам студентите. Младиве од Скопје бегаат во други држави, а од другиве градови доаѓаат во Скопје, секој гледа каде му е најдобро... Место да се инвестира во глупости, нека се инвестира во младите, тие се иднината, на пензионериве им прошол векот, го проживеале они своето...
     
    На Olli28 и ArmaniCode им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.591
    Допаѓања:
    79.173
    Пол:
    Женски
    Ако имаш потенцијал за добра работа а тој потенцијал овде не се цени, тогаш и тоа како вреди да се напушти.
     
    На Tanjamm и Beautiful_girl.. им се допаѓа ова.
  8. Beautiful_girl..

    Beautiful_girl.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Вреди и тоа многу, во прва прилика би ја напуштила!
     
    На LiberianGirl_ и okcenzi им се допаѓа ова.
  9. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Секако дека вреди,иако јас си го сакам Скопје премногу,но сепак се работи за иднина не за било каква него за подобра иднина,јас би ја напуштил.
     
    На eliesaab и Beauchamp им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Сепак секој човек си е приказна за себе ќе кажам. Парите се нашата животна егзистенција, ние зависиме од нив, ако на некого му е добро, се снашол, изградил и постигнал нешто во нашата држава зошто да ја напушта државава? Зошто да ја мрази? Кога работи и печали солидно.

    Останатите кои за жал се во многу поголем процент и кои едвај скрпуваат крај со крај и тераат месец за месец најнормално дека со сите свои сили ќе се потрудат да заминат некаде за подобро утре. Ќе заминат и нема да погледнат воопшто назад.

    Секој од нас си гледа за себе и се труди да успее во нешто, да заработи и да живее "по нормално" ако среќата пробаш да си ја најдеш некаде на страна не гледам причини зошто би гледал назад зад себе.

    Државава ни е таква каква што е, од корупции, мито, подметнување, диктаторство и ред други работи кои ги гледаме а неможеме да ги промениме колку и да се трудиме, затоа секој ќе погледне за себе и ќе си замине од државава која не му пружила ништо на нивниот човек, ќе гледа да се снајде колку може и да живее бар еден солиден живот, а од кукање и бистрење политики, надеж за подобро утре и посветол ден нема аир, подобро да пробаш да си го тражеш чарето за самиот тебе и твојата фамилија отколку да седиш и да гледаш како те газат, да мизеруваш и да чекаш да се промени нештото кое притоа и никогаш не било променето.

    Вреди да се замине од државава и тоа како, да се замине за подобро утре и за посолиден живот, ако немаш приход и за најнормалите трошоци тогаш никогаш и нема да погледнеш назад.
     
    На anakonda88, eloves, softy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Vredi vo sekoj sluchaj.
    - Moj rodnina beshe zaminal vo Amerika kako srednoshkolec da go prodolzhi obrazovanieto, denes e profesor vo koledj.
    - Edna poznanichka - srednist, ovde dolgi godini ne mozheshe da najde rabota, zamina isto vo SAD pred 5 god. Vistina e deka zapochna kako niskokvalifikuvan rabotnik, no sega raboti neshto za koe vo mkd ti e potrebna fakultetska diploma.
    Gi izdvoiv primerive zatoa shto ima nekoi se teshat deka site koi ja napushtile drzhavava, u stranstvo se niska klasa i rabotat kako kelneri/prodavachi/raznesuvachi... Tamu niska klasa kje bidesh ako ne te biva za povekje.
    Imam daleku pouspeshni primeri od drugi prekuokeanski drzhavi, ama ne bi ni da otkrivam, i ova beshe premnogu oddavanje podatoci.
    P.S. Koga velam da ve biva za neshto povekje, treba navistina da ve biva, a ne od doma da vi rekle deka ve biva. Tamu opshtestvoto se vodi spored nekakvi kriteriumi, za razlika od ovde.
     
    Последна измена: 3 ноември 2015
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.104
    Пол:
    Женски
    Jas ne bi mozaela da izdrzam nostalgijata ke si go napravi svoeto.No sepak mozebi bi ja napustil drzavava ako sum primorana dali bi bilo toa za rabota ili sto i da e
     
  13. Boobookitty

    Boobookitty Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво женички!! Ми треба начин да допрам до многу семејства иселени од македонија, познава ли некој некаква група на фб или пак тема тука на форумот? Имам да им предложам една ствар која што сум сигурна дека ќе им се свиѓа на многумина ;)
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Има различни групи на фејсбук: Македонци во... Норвешка/Шведска/Швајцарија/Италија/Нов Зеланд... Така барај ги и ќе најдеш многу :)
     
  15. Boobookitty

    Boobookitty Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Фала ти женска, пријатна вечер :*
     
  16. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.758
    Допаѓања:
    23.962
    Пол:
    Женски
    Мене најмногу ме боли тоа што постара генерација тукашни луѓе, значи луѓе кои имаат каква-таква саглам работа овде, мислат дека нашите таму црнчат, дека се преморени од работа, и имаат пари и време колку да ги платат тамошните „скапи“ сметки.
    Да не образложувам како-што, ќе кажам само едно:
    Подобро чесно да си одработам осум часа дневно во странство, отколку тука три дена во неделата да работам по три саати и ресто да правам дупка на троседот и да не ми стигаат да прошетам негде.
    Је*ем ти слободно време, тогаш.

    Квалитетот на животот не се споредува.
    Ние македонците сме научени да живуркаме, не да живееме.
    Затоа, сè што е надвор од сметки-манџа се смета за лигавежлук.
     
    На simoncelicius, Emy867, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Вреди и тоа многу. Би заминала без око да ми трепне. Не дека тука ми е лошо, но знам дека надвор би ми било многу подобро.
    Толку ни е мизерна држававаа, беработицата и безпарицата, што мизеријата се гледа и на форумов. Не за џабе имаме теми од проблеми со снаи и свекрви, до золви и јатрви, па на крај и глупи турски серии се коментираат небре се најпоучното нешто на светов.
    Епа кога би имале работа и паричка, нема да се замараме со ова. Ке немаме време да се замараме со индискиве циганчики, со турскиве дебили, нема да се стискаме со свекрвите под еден кров во 2-3 соби итн. Наместо тоа ние ке шетаме, ке се дружиме со колеги, ке посетуваме културни и уметнички настани и ке размислуваме за одмори на подалечни дестинации.
    Тоа е.
    Јавите ми вие што сте задоволни од тука, кога вие ке отидете во Норвешка на планинарење или во Палма де Мајорка на одмор онака едно 30 дена да се издувате, ко што прават тие.
     
    На anakonda88, Sky-butterfly, Edie.S и 2 други им се допаѓа ова.
  18. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Da imam prilika odma ke zaminam stranstvo vo razvienite zemji , I kelnerka da bidam , I higienicarka da bidam , kasierka da bidam, sepak bi prifatila(iako imam visoko obrazovanie) bidejki tamu ti e sve plateno I ti go cenat trudot , imas da gi platis smetkite , da si kupis hrana ,obleka I dr, nasproti ovde ti ja vadat masta za 9600den , I ne go cenat trudot, na zalost ovaa drzava koj saka neka dojdi na vlast nikoj ne moze da ja oporavi , nie sme odamna bankrotirani , begajte sto podaleku od ovaa mizerija. !
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Симона -

    Симона - Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека вреди. Не само што би ја напуштила, туку и засекогаш би се одрекла од неа. На западот дури и мигрантите кои не работат ништо и се излежуваат добиваат социјална помош неколкукратно поголема од нашите просечни и натпросечни плати, пензии, надоместоци. Во нашата сопствена држава ние сме третирани полошо од мигранти.
     
    На sikica7 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.605
    Пол:
    Женски
    Во подготовки сум да заминам. Не ми е лесно. Многу ми е криво. Уште од сега се мислам дали направив вистински избор. Се тешам дека секогаш можам да се вратам.
    Но што ако се вратам кога моите нема да се веќе тука? Што ако се вратам а е доцна? Што ако се вратам а ме начека Скопје, но едно подруго, стерилно Скопје, за мене непознато? Дали тоа Скопје ќе ги чува моите спомени, мојата младост, или при преобразбата ќе му се вишок па ќе ги фрли?

    А ова пак Скопје... ах, го сакам колку што и го мразам! И само што ќе ми дојдат тие емоции на омраза, сфаќам дека не го мразам реално Скопје, туку луѓето во него. Менталитетот, политиката, воздухот, животот.
    Дури ми паѓа криво и имам грижа на совест што „го мразам“ ова несреќно парче земја на кое му се паднавме ние.

    Скопје, ти си ми канцер кој ми е жал да го отстранам. Ти си ми љубовник кој ме повредува, другар кој ме навредува, те љубам, те губам, те гушкам...

    Но, заминувам. Со болка, со тага. И не само за финансиски бенефит. За квалитетот на моето секојдневие, и секојдневието на моите најмили. Плаќам скапо за сето тоа. Плаќам со првите зборови на ќерка ми, кои ќе ги изговори како странец. Со домот растурен, спомените расфрлани по подруми, оти душата е преполна и нема место за омилената маса од баба ми. Оставам се.

    Животе, не ме разочарувај.
     
    На eloves, MilaP, Avery и 21 други им се допаѓа ова.