Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Вреди, и те кaкo вреди.
    Уште oд сегa се трудaм дa зaвршaм нa еден oд нaшите признaени фaкултети зa дa aкo не ми oдгaвaрa плaтaтa и не живеaм сo неa кaкo штo дoликувa, нoрмaлнo декa ќе прaвaм плaнoви зa дa зaминaм. И дa зaминaм ќе ми недoстигa сaмo Скoпје, кaкo грaд и нoрмaлнo мoите нaјблиски. Сигурнo ќе ми биде пoубaвo oд тукa. И тие штo живеaт нaдвoр oд тукa живеaт кaкo штo требa. Некoи живеaт вo Австрaлијa, Америкa или Нoв Зелaнд. Дa не им чини живoтoт тaму сигурнo би се врaтиле дo сегa.
     
    На crazylady, Tanjamm, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. oblando

    oblando Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    446
    Да, вреди и само првите 10 години се тешки.
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кога на фејсбук видов извадок од текстов на Каракамишева, прво си помислив дека е некоја заебанција на Коза ностра. Ама не било :tmi:
    http://www.dnevnik.mk/?ItemID=CEF9CB1C52B00E44828FD51260BFB914

    Стварно не знаев дека моите другарки, другари, братучеди и братучетки заминале во туѓина заради невозвратена и непреболена љубов :^) Да не беше толку трагично, ќе беше смешно. Ама мене ич не ми е смешно.
     
    На theowndemon, anina, ph.orhideja и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Оваа статија ја споделија, како статија, како принт скрин и слично, едно 100 луѓе на социјални мрежи. Зошто го правите тоа, Ана? Не ја споделуваш секоја глупост која Сури ќе ја направи по скопски улици, зошто ова?

    Исто така го споделија статусот на Јована Тозија вчера, кој беше сосема нормална констатација, ама пошто е од Тозија, онда има 475 шерови. Ист е случајот со сите „фаци“. Бетмен, Трендо, Тамара... „Еве како распали Некоја Исфрустриранова по Македонците на Фејсбук“. Зошто ги величат, зошто?
    Имам исто така и една група на луѓе кои ги споделуваат Јанко и Миленко на Фејсбук. И нив би ги прашал истото прашање, зошто го прават тоа?

    Stop making fuckin` retard people famous, please. Со овие споделувања на вакви глупоштини ги воспевате овие луѓе, им давате кредибилитет за подоцна, да можат да бидат некаков фактор.

    Го знаеш терминот за овие ваквиве, Ана? Се вика СЕЉОБРИТИ. Као селебрити, ама сељачишта. (facepalm)
     
    На Lella, lunicka, VladeMila и 5 други им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @Captain-Omni не знам кои се Сури и Тозија ( :^) ), ниту пак нешто многу следам што пишуваат Бетмен и Трендо по фејсбук. Не споделувам некакви глупоштини што ги прават или кажуваат таквите фаци кои ги спомена, туку споделувам колумна на професорка кај која слушав предавања на факултет, професорка која сум ја почитувала, ама изгледа јас ја затеков во едно поинакво време. Многу добро се сеќавам какви беа нејзините ставови за одредени теми, дури и точно ми текнува на нејзините зборови. Тоа што е универзитетски професор, само по себе ја прави некаков фактор (нели?), зашто не е некоја си фаца која од икс причини е популарна на социјалните мрежи и добива лајкови или шерови, туку е професор чии предавања ги слушаат многу студенти. Веројатно ја воочуваш разликата.
     
    На theowndemon, anina, BoneMachine и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    @AnaKarenina зошто се чувствуваш ти навредена од мојот пост? Не те нареков тебе глупава, се надевам го воочуваш тоа.

    Она што сакам да го кажам со тоа што ја нарекувам Каракамишева сељобрити, е што ја споделуваш во улога на колумнистка, не на правник. Ја споделуваш во улога на селебрити, не на стручно лице. Исто како да го цитираш Џамбазов како решава правнички дилеми и се повикува на закони и правни акти некаде во јавност. Се надевам знаеш Џамбазов кој е.

    Тоа е она заради кое сите ние по малце ни доаѓа да повратиме од нашата реалност. :envy: Глупостите ни се константна тема на муабет, а кога ќе дојдеме до муабетот зошто никој не се возбудува за хаику темата на форумов, тогаш државата е крива за тоа, власта да се смени ќе биде боље и во случајов, све ќе дојде на место кога ќе се отселиме од државава. Не златна, секој сам си го прави животот, ти тоа најдобро треба да го знаеш. Вреди да се напушти државата за да се избега од сопствената нарав, на константно покажување со прст како некој не чини, ама ние не, ние сме совршени.

    Тозија, Бетмен, Васиљ... онаа лудана Јоци што надвор од Фејсбук е новинарка... сите се способни (претпоставувам) во својата струка, ама никој не знае што се по професија, сите ги познаваат по глупостите кои ги пишуваат на социјални мрежи и пљуканиците кои им ги споделуваат на големо. По хејтот. Сељобритис. Познати се, ама по погрешни работи.

    [​IMG]
    Now, I know... i sure know колку е тешко да се биде коректен цело време. Некои луѓе како Каракамишева нишанат на нашиот гнев, се надеваат дека ќе ги споделиме, зашто од тоа земаат плата... ииии затоа се сељобритис, зашто ги споделуваме без причина.

    п.с. Како може да не знаеш кој е Сури?!
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Капетане, јас па не знам зошто мислиш дека сум се почувствувала навредена :?: Само ти одговорив, бидејќи си ме цитирал со прашалници :)
    Ако ја споделувам Каракамишева како колумнистка, веројатно ќе го оценував нејзиниот начин на пишување, а не нејзините ставови изнесени во текстот. Патем, нашите кликови нема којзнае колку да ѝ завршат работа, она веќе е „стручен советник“.
    И без гајле, јас не сум од оние што постојано кукаат како овде ништо не чини и како спасот ни е кај тетката во Германија. Бев доволно голем оптимист дури и да одберам струка која надвор од овие граници не ми врши работа ама ич. И баш затоа што не сум дефицитарен кадар, знам со какви проблеми се соочуваат моите колеги и што сè прават за да успеат овде. Оние кои сè уште не се откажале де... Останатите веројатно заминаа зашто се разочарани од љубовниот живот.

    Едит: Џамбазов знам кој е, Сури не :shake:
     
    На ph.orhideja, RainBow, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Граѓаните ја „бомбардираа“ Каракамишева со коментари на Фејсбук за иселувањето на младите – еве ги најдобрите

    6.01.16 21:57
    Прочитано : 1,067

    Ставот на провладината аналитичарка, професорката Тања Kаракамишева-Јовановска за иселувањето на, според податоците, околу 600.000 луѓе (најголем дел млади), предизвика жестоки реакции и коментари на социјалните мрежи.

    [​IMG]

    Таа во својата колумна напиша дека младите од Македонија не заминуваaт од финансиски причини туку по љубов.

    На Фејсбук страницата на Либертас за 6 часа има над 370 коментари од кои најголемиот дел се екстремно негативни.

    Еве дел од оние со најмногу „лајкови“:

    Zarko Ilickovic (311 „лајкови до пишувањето на текстов)
    ne srekjo…
    goran si otide zatoa sto za maliot biznis koj go imase mu pisaa kazna od 17.000 evra plus 4 zatoa sto mu bese firmata na latinica
    ana si otide zatoa sto se skoluvase 12 god za doktor a ovde volontirase 4 i pak ne ja primija na rabota
    marija si otide zatoa stona mestoto na koe konkurirase po46ti pat kako ekonomist zaposlija lik so fiskulturno
    biljana si otide zatoa stoostana bez struja 3 meseci so dve deca a primase pomos od 6000 ne mozejki da najde rabota kako profesor ili bar ucitelka
    gi iam uste barem dvaesetina na spisok ama tebe ionaka ne ti e vazno nisto sem da opravdas sto sve se slucuva ovde….
    poenta:worried:ekoj so iole malku pamet i volja i 300 evra za karta kje si otide samo zatoa sto ovde nema zasto da ostane…
    P.S.prasaj go komsijata kako mu e koga 3 god gi fleda vnucite na skajp a ne moze da gi dopre jer ziveat u new zeland kade najdoa i dvajcata rabota po struka(fizijatar i laborant) bez da lepat plakati i da plakjaat lugje koi sedat doma a zemaat plata po 20tina iljadi….tolku od mene a ti pocituvana ako navistina verues u ova sto si go napisala…ja mislev deka jas iam problem so rozevite ocila ama imalo i beter!!!

    Marija Hadzi-Vasileva (125 „лајкови“)
    Nikogas ne sum imala pocit prema tebe nit koga ne truese na fakultet i si gi lecese kompleksite na nas… Samo edno ke ti kazam brat mi bese advokat pa od ubavini tuka si odite vo Kanada, znaes zosto, zasto od takvite hieni kako tebe covek sto vredi ne moze da raboti pristojno i cesno!!! Na site osven na doticnata srekni praznici da ste zivi i zdravi!!!

    Mesut Sinani (28 „лајкови)
    Gos?Kakakiseva,Dali ste vie normalni,kako mozete taka nesto da izjavite!!Preku 200.000 Drzavljani od zapadna Makedonija se rasstrkani po celiot svet! Vo toj golem broj i jas Kako tatko na 3 deca se vo svetot, vikate za zabava se pojdeni !!!So vakvite izjavi gi dokazuvate vasite sposobnosti deka neste dorasli na zadacata sto vi ja dale istite lugje so ista nesposobnost kako i vie!!!

    Сите коментари на следниот линк.
     
    На ph.orhideja, Lady Phoenix и ninja35 им се допаѓа ова.
  9. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    вреди за полесен живот..иначе ја многу сум поврзана со Македонија така да не би сакала да ја напуштам..Не сум нити традиционална нити нешто премногу поврзана со МК него едноставно ми се свиѓа нашето понашање,слободата што секој човек ја има тука..Во другате држави не ми се свиѓа тоа шо немаат многу слобода и мораат да внимаваат на однесувањето.Затоа сум среќма што живеам во Македонија8)
     
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Oчигледнo женaвa си имa љубoвни прoблеми a не финaнсиски пa зaтoa и дoaѓa лoгичнo тoa штo гo изјaвилa. Рoмaнтик некoј ќе дa е, убaвaтa oнa.
     
    На theowndemon, Annath, anina и 5 други им се допаѓа ова.
  11. *Cloudy Girl*

    *Cloudy Girl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2015
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    407
    Dali vredi , pa toa ne se prasuva , samo se deluva , zemas pasos , se dvizis kon najbliskiot granicen premin i se lansiras bilo kade ,
    Stand up,strech,take a walk,go to the airport,get on a plane,and NEVER return

    edit: so bilo koe prevozno sredstvo , nemora so avion :)
     
    На okcenzi и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  12. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Сигурен сум дека вреди, сум бил многу пати надвор и ја знам разликата во квалитетот на животот и воопшто во сите области....и сум имал можности, не сум ги искористил за да отидам...
    Не знам дали сум згрешил или ....
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Веќе не станува збор само дека квалитетот на животот од финансиски и материјален аспект е подобар некаде таму, туку мене лично повеќе ми пречи менталитетот.
    Оваа огорченост, лицемерие и незадоволство со кои се сретнувам постојано. Суетност и суеверие, налудничаво верување во гатачки и магии.
    Копнежот само кон материјалното како единственото битно човекот да биде задоволен, таа себичност, газење преку сите оти нели целта ги оправдува средства...

    Затоа да, за мене би вредело... Не дека нема исти овие особини и во други луѓе ширум света, туку би сакала да живеам во друга култура и друг менталитет пред се.
    Ако ништо, барем да пробам.
     
    На Jenniffer, joy1, anina и 14 други им се допаѓа ова.
  14. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Доколку заминам за месец дена како што планирам, ќе ве известам дали вредело :P
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.896
    Допаѓања:
    132.664
    Ни мене не ми е јасно што толку се измаваа од земја луѓево што кажала професорка која предава правни науки? Да изјавеше некоја проферорка која предава за миграција, статискика, историја на иселување и слично, па да се раазмилиш за кажаното. Вака, за мене е некој обичен човек, нестручен во областа во која пишувал. Да пишувала за уставниот поредок, супер, ќе имавме дискусија за ставот на стручен човек од соодветната област. Вака, се е ветер и магла. Имаме илјадници професори по универзитетите, а посебно па сега професори во приватниве факултети кои и за својата област не се стручни, не па за други. Ако фатат и они да пишуваат и да се маваме од земја за нивните ставови, што ќе стане од нас?

    Така што ставот на било кој нестручен, за мене е неподобен и непотребен и нема никаква вредност за да го потрошам времето на читање. Да беше напишано од стручна област на професорката, ќе ја прочитав. Вака знам само од иссилените постови и статуси за што се работи. Оти е придадено премногу значење на нестручен човек за конкретната тема, како што им се дава значење на многу алапачи по сајтовите, така наречени колумнисти. Они лапаат пари за вие да ги спорелувате, ич не им е гајле за вашето мислење за нивниот став. Следната колумна поскапо ќе ја платат.
     
    Последна измена: 7 јануари 2016
    На Elena69221, Captain-Omni, Аliсe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Како што стојат работиве моментално, а и во последниве 20 и кусур години, не да вреди... Ептен вреди.

    Имав прилика (која не ја искористив) преку факултет да отидам за Чешка на 4 месеци, со цел да го работам експерименталниот дел од постдипломските кои требаше да ги запишам, со можност да се вратам после таму и да се вработам, можеби. Но, сепак одбив, 4 месеци беа премногу за мене, сама, без никој познат во сосема друга средина, далеку од љубениот од моето семејство.

    Многу фактори и услови одиграле улога во животов да станам таква каква што сум и многу сум лута на тоа. Многу сум лута што не можам да издржам, што се вели, ниту еден ден далеку од моите најблиски. И тоа е единственото нешто што ме одвраќа од помислата да ја напуштам државава што се' повеќе личи на брод што тоне. Само сакам да си ги земам моите и мајка му на мојов и да си заминеме што подалеку од државава. Ама и двете страни се многу крути околу ова прашање. Мајка му, иако има уште 9 години до пензија и професија со која би можела да продолжи и надвор - не сака зашто не знае добро англиски. Моите се чудат што би правеле надвор од други причини, а и татко ми го делат уште 4 години до пензија...

    Инаку, не би размислувала ни секунда. Навистина народов тука веќе е станат многу себичен, лицемерен, алчен, да не речам и злобен по малку. Вечно намуртен и незадоволен, а од друга страна слеп за своето добро и своите интереси. Владее тешка атмосфера, мрачна, едноставно гуши. Се' пропаѓа и се распаѓа, а народов како да е блокиран и не може ништо да преземе да се смени сето тоа. Нема веќе среќа, само доаѓаат од надвор и не' експлоатираат. Само болести на сите страни... Неизвесна иднина во која ни се закануваат војни, распади, поделби, негирања... Премногу е. Квалитетот на секое поле од општествениот живот е на минимум. Нема веќе никакви стандарди и критериуми, или се погрешни.

    Разбирам дека целиот свет го дрмаат разни кризи, ама ова овде што се случува е веќе пеколно и ужасно. Мислам дека во странство, иако нема да припаѓам на народот и државата каде што би отишла, сепак ќе се чувствувам побезбедно и посигурно.


    Ајде доста беше... Темава е болна, ужасна и неисцрпна. До утре можеме да набројуваме причини зошто да ја напуштиме земјава и сите ќе бидат исправни...
     
    На Annath, anina, kjukli и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.605
    Пол:
    Женски
    Мислам дека споделувањето на статијата за професорката и толкавата ука бука е од друга димензија. Барем јас така ја согледувам.

    Не ми е гајле што рекла дотичната која како што и кажавте не е елоквентна и релевантна да дава било каков податок или мислење конкретно на оваа тема.

    Јас страшното го гледам во други димензии. Прво, страшното за мене е во потценувањето на нашата интелигенција. Дали некој што ѝ нарачал да тропа зелени мисли дека толку сме прости?

    Друга страшна работа е самиот механизам на функционирање на работите. Дали таа, што е академски граѓанин, е навистина толку лејка, или толку има сила да голтне сѐ и сешто од типот на гордост, разум, свест, и да пласира нешто толку глупаво и да стави име и презиме зад тоа?
    И двата случаи се страшни.

    Ако е толку лејка, што бара на позицијата на која е. Што тоа кажува за нашиот образовен систем... Патем, не е само професор драги мои, туку има и други страшни и одговорни функции во ова општество.

    Ако не е лејка, зарем толку се сведовме да сме марионети во животот, што ќе голтнеме сѐ за нашата мизерна егзистенција?

    Зошто некој се селел знаеме точно. Затоа што Миле од трети се пресели, затоа што другарка ми Митра исто така, кумот, братучедата... Неважно. Сите ние имаме некој таму некаде.
    Многу од нас се тој некој, или ќе бидат.

    Проблемот со статијата не е во суштината на исказот, сите ја знаеме вистината. Проблемот е во храброста да ни се пласира такво нешто додека разговараме со нашите најмили на скајп. Проблемот е во механизмот на земјава и неговата (не)функционалност, кој е страшно за'рѓан и чкрипи. До кога вака не знам. И наместо некоја идеја и некаков облик на борба, ние чекаме ко хиени да пукне, и да се расчеречиме од бес.
     
    На Annath, anina, kjukli и 13 други им се допаѓа ова.
  18. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На kjukli, India, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  19. India

    India Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    15.688
    Пол:
    Женски
    Не гледам ниту една причина поради која би се вратила да живеам во МК, нема работа а и образовниот систем е катастрофа, залудно трошење на време и пари.
     
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Па, можеби зошто боли?
    Можеби затоа ја споделуваме и се замараме. Јас ја немам споделено, ама ме нервира и иритира, зашто имам пријатели и роднини кои живеат во странство и сите можеби и се смеат и се така ама погодува некоја малоумна да се зеза на твоја сметка.

    Е, ваква го водеше Контра Пленумот !

    А дали вреди, тоа сигурно. Ама не сум прагматичар ниту опуртунист и сега за сега не се гледам надвор од државава. Имам живеено некое време и ноу, ноу. Колку и да е убаво, пари и се', јас по розевите домати овде си патам.