Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Имам се што ми треба тука , поточно моите премногу имаат постигнато и голем капитал направено во оваа држава. Тоа е единственото што ме држи . Да не беше така ќе си одев без да размислам.И стварно имам се тука но и се ми недостига. Здравство , образование , културно места , друшто кое те сака не ради пари , патишта на кои нема да ти излезат органите дури се возиш. велосипетски патеки , јавен транспорт и што ли не .
     
    На Kaetana, LollySky, sjdgo и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не сакам никого посебно да наречам глупав, но луѓето, како маса, како народ се заеднички многу прости. Мислам, едноставни се, не се воопшто комплицирани за да им се наметне нечиј туѓ став или туѓа идеја за тоа како тие како маса треба да размислуваат. Тоа се правело низ вековите наназад, се прави сега и ќе се прави и во иднина. There`s nothing you can do about it. И не е важно колку сте интелигентни или неинтелигентни, тоа е машина која ве меле без да забележите.

    Поентата на првиот пасус ми е да укажам на оној мал детал, дека реалноста во Македонија ретко кој ја гледа без некаков политички филтер ставен врз сопствените размислувања. Креаторите на јавното мислење се двете најголеми политички партии поддржани од моќни поединци или здруженија. Не мислам на масони и слично, туку луѓе кои имаат бенефит од создавање на една слика која на нив им одговара.

    Во превод, никој од нас не може да види точно што му недостига и колку има зашто е преокупиран со тривијални муабети за општеството. Најинтересно е што кога ќе седне и ќе се замисли дали е тоа вистина, дека не ја гледа реалноста најтрезвено, ќе дојде повторно до истиот заклучок од каде тргнал. Не е важно што некаде попат ќе констатира, на пример, дека има семејство кое го сака, дека го врзуваат спомените, дека не е Рокфелер, но има за да преживее, дека има сигурен кров над глава... секогаш размислувањата ќе му завршат со „ама може да имам повеќе, ама нема правда, ама улиците ископани, ама некој некаде крадел, нема судство“ и на тоа ќе додаде како е убеден дека на секое друго место во светот освен во неговиот крај, сè набројано функционира беспрекорно и ќе заклучи, дека неговиот живот заслужува подобро.

    Тоа е илузија, исто како што е илузија јавното мислење кое допрело до една друга целна група граѓани, посиромашни или понеинтелигентни или веќе изиграни и излажани од некои други креатори на јавно мислење во минатото.

    Во зависност од тоа чија таргет група сте, така ќе се чувствувате и не можете ништо да сторите околу тоа. Луѓето кои ви го перат мозокот се професионалци, и Каракамишева, Латас и Миленко не целат на вас, не ги боли лево уво за вас, не ги интересирате, се смеат на овие глупости кои ги пишувате на Твитер и Форум. Исто како што Јоци, Тозија и Ирена Ристиќ на Телма не целат на земјоделците во Радовиш, на пример. Нив не ги врти десно колено за земјоделците и дали тројца фармери од Кичевско пред кооперација пљукаат во понеделник на пладне по синоќешната епизода на Контравести додека локаат пиво, ни Ирена не ја допира, не ни знае дека овие мислат дека е луда.

    It`s all make believe people... и вие сте самите главни актери во големата претстава. :emo:
     
    На Bender Rodriguez, Abeja и Elissa им се допаѓа ова.
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Пошто тие не гледаат низ филтер нели? Низ филтерот на парите ако веќе прецизираме. Другите што размислуваат со трезвена глава и ги сметаат ваквите за умоболни, е, затоа тие гледат низ филтер?
    Секако дека нив не ги интересира ние што мислиме, тие се оперирани од срам, човек со малку памет ќе си ја чукне главата и ќе се засрами од сопствените зборови и ако е доволно достоинствен ќе се извине. Или ако му кажат од партија да се извине.

    И жити се, непотребни се тие твоите повикувања на векови наназад. Кога човек ќе тресне некоја зелена, ние му се смееме, без разлика на партија, раса, социјален статус. Јас ако излезам да кажам некоја глупост, како тотално небитна, ќе ме има по јутуб ќе ми се смеете сите, а не пак некоја како Каракамишева која си го заслужува. Што сега пасуси, воведи, заклучоци, прости маси?
     
    На Nausicaa, India, LollySky и 7 други им се допаѓа ова.
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Од лично искуство не можам за зборувам поконкретно на темава, но кога многумина се одлучуваат на ваков потег, а истиот не го порекнуваат, сигурно вреди одлуката.
    Финансиските потреби овде се на понижувачко ниво за опстанок, а животот е сведен на преживување.
    Емотивната страна е нешто што не се споредува со материјалното и мора да се проголта за да се направи чекорот од дугата страна на вратата. На никој не му е лесно, да се спакува и да ги напушти најблиските, особено ако станува збор за личност на која ова решение и е наметнато од страна на уредувачката политика во државава. Едно е да си принуден на ваква одлука, а сосема друго е кога решението е одраз на исполнување на сопствената желба и волја.
    Животот е добар онаму каде ќе има смисла. А тука, таа е претворена во механичко тркало кое секојдневие си зема наплата за постоењето (здравје, нетрпеливост, исцрпност, незадоволство) се додека не се освестиме, ако воопшто сме склони кон свесно расудување за поставеноста на системот. Тој е така составен што поинаку не знаеме и не можеме да функционираме, па како индивидуалци нашите способности се хендикепирани до степен на понижување кое сами сме го избрале. Толпата е толку проста и едноставна за манипулации исто колку што нечие професионално размислување може да се сфати сериозно.
    Црното е секогаш спакувано во светло издание и се доживува како спас од бездната.
    Чест на исклучоците кои "својот" став го пласираат само како продукт на своето јас и го соголеле без подлога за бенефит.
     
    На India му/ѝ се допаѓа ова.
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла вреди, ама и не вреди. Вреди за да бидеш платен колку што навистина заслужуваш, ама во зависност од професијата тоа може да го имаш и во Македонија, ако работиш за фирма која работи за друга странска фирма или доколку работиш од дома. Со ниедни пари не се плаќа чувството како да си дома. Ама ете дојде време да има толкава ментална разлика помеѓу луѓето во Скопје и тие во внатрешноста, што не е чудно да заминеш и надвор од Македонија. Би ги аргументирала и двете страни.

    Во Македонија реално моментално најповеќе има леб за инженери и доктори. Со општествени науки има со лопата да ги ринеш и за нив е потешко да го процениш квалитетот на нивното знаење. Плус колку поголем просек имале толку поголемо его имаат. Одма сакаат менаџери да бидат, маркетинг менаџер, финансиски менаџер, менаџер за човечки ресурси... што уште не. Пракса? НУЛА!! Има леб за сметководители, ама јас не студирав за сметководител...! Добро. Во еве да видиме како стојат работите во Европа и тоа во близина, еве на пример Словенија. Стануваш доктор, специјализираш, стануваш доктор специјалист. Се вработуваш, ок ти си доктор специјалист, ама работиш како хигиеничар или како медисцинска сестра/ брат... Полека братко, не може така одма специјалист за се си има скалило. Е кај нас никој не сака полека да се искачува. Сите сме од мали споредувани со врсниците, во облека, во однесување, во оценки... И така секој си има врсник шо од парија е вработен во админитстрација по цел ден пие кафе по кафичи и зема 500 евра плата, сите имаат братучед што е исто преку партија вработен и не ни оди на работа и со дома седење зема плата. И нормално после никој не сака да почне од „пратеник/пратеничка“, од секретарка, од курир, сите сакаат одма менаџери да се. Никој не ги спомнува роднините што иако работат во државно и земаат дебела плата, дома не можат да се свртат од работа. Никој не ги спомнува роднините кои имаат приватни фирми кои со работење од јутра до сутра ги заработуваат тие плати. Е тука лежи зајакот. Истите тие со голем просек и его не им е проблем преку лето да менуваат чаршафи по хотели, да мијат садови, да чистат WC-иња, ама во Македонија тие се господа со просек и не можат да работат на почеток ако обични потрчковци или да работат преку интернет. Немаат мадиња да земат кредити, да отворат фирми, да се борат. И јас имам баби и дедовци и прадедовци што биле во странство и за време на СФРЈ се вратиле, куќи изградиле, станови купиле и што сега јас да си одам во странство за цел живот под кирија да работам? Никогаш свој на своето да не сум?

    Да така е ама некој го следи сонот и студира тоа што сака и после си змаинува во странство за да го оствари,а некој студира тоа што е профитабилно и во Македонија и секаде. Некој е инвентивен и борбен. Еве една случка: Бев во Грција на плажа и таму има многу црнци студенти од Африка, кои преку летото продаваат на плажите наочари бижутерија , што не. Дојде еден црнец и застана и скоро ме молеше да купам еднаод неговите белегзии, побарав некое евро од моите и купив, не оти беше нешто посебно туку ми падна жал, цел ден ја шета плажата километи и километри, по жештината. Тогаш мајка ми ми рече, дека е убава белигзијата и ако ништо повеќе колку за еден леб да јаде ќе има пари денес. Кога ќе излезиш од дома никој не те гледа. Дури си дома и да не успееш тука се твоите да ти помогнат. И навистина така е. Кога имаш решено финансиско прашање во Македонија, кога имаш каде да живееш, куќа, стан, што повеќе, зошто би заминал, зошто би се споредувал со братучедот што дури е оваа влас ќе зема плата со дома седење, ама до кога? До кога таа минимална плата ќе му е доволна? Тој е сакат за цел живот, никогаш ниту знаел ниту ќе знае да заработи пари. Исто морам да ги искритикувам и невработените уште еднаш дека премногу пребираат,а премалку се надоградуваат и истражуваат. И никој не сака да се бори. Не ти чини власта, формирај си партија си имаш истомиленици образовани луѓе, биди третата опција што ја бараш. Биди промената што сакаш да видиш.

    П.С: Изгледа сите во примерокот на Каракамишева се селанки со одвај средно завршиле што се омажиле со стари ергени од дијаспората. Има и многу што само за да избегаат од Македонија се мажат се женат во странство, не се сите толку високо образовани. И искрено нема некој избор сите се сега од субвенциите тешки селјачишта во патријахални семејства растени пресно збогатени, па нема некој избор, што ќе се мажиш во мизеријава за некој прокондурен селјак, кога можеш за некој богат селјак во странство да се мажиш.
     
    Последна измена: 8 јануари 2016
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Не.Ама ако е во прашање невозвратена љубов,тогаш да.
     
    На Annath, <Глуварче>, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Не вреди да се напушти нашата држаца зарад пари, она што вреди е тука да се бориш за да успееш да имаш некој свој нормален живот. Можеби таму ќе имаш пари но дали прегратката на најмилите, може да ви ја заменат пари? Мене не? Никаде и со било колку пари во џеб неможе да бидеш посреќен отколку кога си со своите најмили посебно за празнициве кога сите се заедно. Преку Скајп можеби можеш да ѓи видиш но не можеш да ѓи почувсрвуваш,помирисаш... Незнам зошто но кофа ќе слушнам дека некој што добро живеел и о де кога ќе слушнам дека ја напуштил државата кај мебе се раѓа некој револт и во себе си викам , на оваа будала никогаш не треба да и се дозволи да се врати и да ни го зафадува воздухов. Државата и родителите се сакаат без оглед какви се и колку се богати,тоа треба на сите да ни биде свето без оглед на се.
     
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @Captain-Omni , ако тебе празна трпеза, гладни дечиња, неплатени сметки, чукање на врата од извршител ти е тривијална работа, на други им е егзистенцијален проблем. А такви како првите се огромен процент во Македонија. Настрана политиката и се она што се случува.
     
    На MacenceEna, Annath, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.620
    Луѓе што имаат работа, решено станбено прашање, оформиле семејство нема зошто да си одат од Македонија. Но, од друга страна луѓето на пример од Источна Македонија кои се во лоша економска состојба мораат да бараат излез. Тие фрази за иселување станаа помодарство и секој ги изговара. И не секој ќе се снајде во странство. Колешка со стипендија отиде на усовршување и се врати предвреме иако викаше дека веќе нема да живее и работи тука. Сите се во некој филм дека во странство ќе успеат. Квалификувани луѓе, некој со дефицитарна струка, со познавање на јазик ќе успее, а не мамини синчиња што стануваат во 12 часот од спиење, без работни навики, без искуство.
     
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Mnogu ste dosadni so tie semejstva, nostalgii, spomeni i gluposti. Neli mislite deka podobro bi funkcionirale oslobodeni od emocionalen teret?

    Jas od mala ne se pronaogjav kako sostaven del tuka. Otsekogash imav plan da si odam.
    A shtom nekolku dena ili meseci nadvor od ovie granici pravat da se chuvstvuvam poinaku i slobodno, mozham da zamislam kako kje bide koga kje napushtam zasekogash.
    Imam ambicii, mozham da postignam mnogu ako sakam, a ovaa sredina me demotivira i me pravi prokrastinator. Za narodot tuka imam nisko mislenje vo sekoj pogled i skoro nikogo ne podnesuvam (so retki iskluchoci).
    Nema idealna drzhava vo koja cvetaat rozi, teche med i mleko i se ti e zagarantirano, svetot e surov, ama i toa kako ima opshtestva koi im nudat mozhnosti na onie koi gi zasluzhile. Ova ne e edno od niv, ovde se funkcionira sprotivno od vrednostite, logikata i zdraviot razum.
    Nema ni da poglednam nazad koga kje se isselam.
     
    Последна измена: 8 јануари 2016
    На lizaname, Trnche, kjukli и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Oти дa бев вo мк сегa, секoј ден кaј мaмa и тaтo ќе oдев дa се гушкaме, секoј втoр ден ќе ме викaa нa тoпoл ручек вo пријaтнa aтмoсферa, и секoј мoј прoблем и нервoзa ќе ги решaвaa сo нaни нaни слaткo детенце.
    Не е сoсемa истo вo секoј случaј, aмa тие дрaстични рaзлики штo некoј ги зaмислувa кaкo дoмa сигурен си кo бубрег вo лoј a тaму некaде вoлк сaмoтник, не се, дa не се лaжеме. Зa некoи мoжеби, приврзaни мнoгу зa мaмa, тaтo, другaркaтa oд среднo и клупaтa вo пaркoт, нo пoвеќетo се спремни зa нoв живoт и не се чувствувaaт декa жртвувaaт мнoгу.
    Некoј е кoнкретнo oтиден сaмo зa пaри, друг сaкa вo пoдoбрo oпштествo дa живее, трет мoже aвaнтурист е и сaкa прoмени, верoјaтнo имa и тaкви штo oд љубoв бoлнa невoзврaтенa зaминaле, се ќе слушнеш. И сите си имaaт прaвo, секoј сo свoи причини кoи не мoрa дa ги oбјaснувa никoму, ниту пaк тoј некoј незaсегнaт требa дa рaзмислувa дaли причините му се нa местo. Oд кaде тoлкaвa пoтребa зa тoa не ми е јaснo.
     
    На sjdgo, MacenceEna, eloves и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.195
    Искрено колку и грубо да звучи постот на @sjdgo наполно се сложувам со кажаното. Спомените се убава работа, ама од нив само не се живее. А и од каде знаете можеби одењето на друго место ќе ви донесе некои други спомени за кои не сте ни сонувале. Јас разбирам дека не секој сака да си оди, некои се задоволни со тоа што го имаат и убаво им е, некои не размислуваат дологорчно, некои не се најснаодливи, некои не знаат јазик, некои немаат доволно финансии, квалификации и сл.
    Но искрено малку се наежувам кога читам низ темиве за таа претерана блискост со родителите, од луѓе кои се веќе возрасни, често и во брак со свои семејства. Можеби и ќе испаднам дебелокожец но не можам да ја разберам толкавата приврзаност за родителите и нивното вмешување во секој сегмент од животот. Ги сакам многу моите родители, никогаш не ми фалела љубов и внимание од нив, пред некој да рипне да ми објаснува дека сум од дисфункционално семејство, но не морам да ги гледам секој ден, секоја недела и слично. Сакам само да знам дека се добро, да ги слушнам, да им се најдам кога треба и тоа е тоа. На крај краева мислам дека сум во стадиум во којшто си ги бркам своите работи и интереси, активно работам и создавам за денес и за догледна иднина, за мој живот со мое семејство.
    Пријателите 70% ми отидоа некаде, колку и да сум приврзана за нив не можам да ги спречам во остварувањето на нивните животни цели.Приврзани или е, животот си тече, приоритетите се менуваат.
    Ќе речат многу од тие што пробале, па се вратиле дека нема таму на западот убав живот како овде на Балканов. А што подразбираат под тоа? Кафе, мафе, кафана? Луѓето таму некаде по светот биле ладни антисоцијални, зошто не им се денгуби по цел ден по туѓи куќи и локални меани.
    Тоа ли е само животов?
    Овде Балканов нас не има осакатено, не само младиве туку и постарите генерации. Цел живот молчиме, веднеме глави, се задоволуваме со преживување, смислата на животот ни е поинаква. Искрено не сакам јас да сум им смислата на животот на моите родители, колку и да ме сакаат. Сакам да си се гледаат и самите себе, а не да се запустат и заборават на своите желби. Сакам да отидат на одмор заедно и да уживаат наместо мене да ми ги плаќаат сметките затоа што немам јас доволно.
    Верувајте ми вака ќе бидам многу посреќна, да знам дека сите се среќни без грижи и долгови над глава, отколку сите да се гушиме во 3 соби ама битно да сме си тука блиску.
     
    На Annath, bittersweet, tessie и 12 други им се допаѓа ова.
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Колку е убав светот. Цел свет. Да, некои економии и општества се подобри од други, консекветуално некои полоши. Да се затвориш во МК, во нејзините граници, заради кафе, познатото, или за мама и тато, и никогаш да не ниту пробаш да си дозволиш да го видиш тој преубав свет, најголемиот криминал против сам себе. Амин.

    Мемориите од МК се во глава, никој не може да ги земе. Мемории не се врзани со гранични премини. Мемориите исто од секое катче на планетава кое сум го посетила, и идниве кои идат, од сите делови каде ми е биено и бушено во глава од провладини ствари и тетки дека не припаѓам надвор од тоа мало парче земја, а чудно, секогаш на секое тло се осеќам како дома, како човек, па најмалку важно дали некоја професорка (о плиз) би ме категоризирала и во продавачка на тело дури во нејзините горчливи моменти. Толку е битно. Да, да се иселам од МК, и телово ќе го продадам, бубрег, ако се вратам во времето да барам начин да излезам сега, кога знам сега со овој памет што има таму надвор да се "купи" што ниедна пара не го купува. Слобода. Оди објасни и на птица во кафез што тоа значи, повели орден.
     
    На Trnche, eloves, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    ^ Цел свет е убав да се прошета и да се види. Кој не сака? И сите пари што ги имам и слободно време го трошам за да патувам, но избор за живеење е друго. Кој како сака, како што не треба да се наметнуваат мислења за тоа да останеш овде ако не ти се сака, не значи и дека тие што остануваат се неписмени.
     
    На Abeja, Tanjamm и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  15. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Гледам дека повеќето се запрепастени од таа блискост помеѓу родителите и децата. И јас тоа многу го осудувам, иако сум една од нив.

    И повторно ќе кажам - да, вреди да се напушти државава. Вчера се сретнав со колешка од моја генерација, заедно завршивме факултет. Ја најдов како работи во бутик. А заеднички другар, од истата струка, работи како комерцијалист...

    Епа сега, ако некој мисли дека тоа така треба да биде... Во ред.

    Едит: Пишав нешто во спојлер, па се премислив и го избришав. Не знам дали вреди толку да ја отварам душата.
     
    На eloves, green.eyes, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.620
    Во вакви случаи вреди, ако си завршил добар факултет, а седиш без работа или работиш нешто колку да не си дома за мала плата. Ама ако веќе имаше куќа, стан, кола, одмори, викенди, добра плата зошто да си заминеш?Тоа дека ќе си заминат стана клише. И има разлика сезонска работа, привремена работа и трајно иселување. Ако некој кумановец отиде во Авганистан, не си замина,л ќе се врати кога ќе му заврши ангажманот.
     
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.605
    Пол:
    Женски
    Има и други причини покрај економските заради кои луѓе заминуваат.

    Културата, политиката, просперитетот тука, можностите, долговите на самата држава, смуртениот и исфрустриран народ, фактот што земјава не напредна ни милиметар во последните 25 години, а и фактот што и во следните 30 ќе е исто... Фактот што сите се запишуваат на факултет, глумиме академска држава а сме сѐ пошути и понеписмени, образованието и учебниците, корупцијата, проклетоста...


    ... Малку ли е?
     
    На azelea, eloves, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Андроген

    Андроген Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    72
    Вреди но само за реална шанса за соодветен статус во друга земја.(државјанство)
    Идеите од типот спас со бугарски пасош или пак привремена работна виза се според мене налудничава авантура.
     
    На Abeja и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.620
    Луѓето кои овде со својот мал капацитет заработиле и имаат пари зошто да се селат на повеќе од 50 години? На кого во странство му требаат истрошени старци, мрзливи кои и онака немаат квалификации, прво јазик не знаат, ама како такви овде со манупулации во некои добри времиња заработиле. Што ако отидат таму? Гајле му е на некој во странство што Македончето нема држава или не знае да ја види. Точно дека овде народот е огорчен, ама на Запад родител со дете се однесува ладно. Кај комшијата еднаш во година дали ќе стапнеш. Ако овдека имам кров над глава, плата, удобен живот нема да ми биде гајле за друго.
     
  20. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.605
    Пол:
    Женски
    Така зборуваш затоа што веројтно не си засегната од одредени аспекти во моментов.

    Ако некој заминува на постари години, верувам дека е свесен за одговорностите и очекувањата што доаѓаат од самата одлука.
    А на тие што им е убаво, си остануваат. Остануваат и локал патриотите. Остануваат и партиските шерпаси. Остануваат и оние кои можеби немаат храброст, кои секојдневието како што го познаваат ги ставило во машина која врти, врти, па од центрифугалната сила не можат да излезат.

    Но оние кои се плашат за својата иднина, кои можеби не се материјално толку засегнати, но се засегнати од тоа што ќе учат нивните деца во школо, што ќе дишат нивните деца надвор, кој ќе ги лечи, кој ќе ги сечи ако треба под нож... И те како размислуваат за збогум.

    Едит: за ладноста во односите - се тешевме дека е така, дека тука сме топли, семејни... Ама некогаш сме симптоматско семејни. Живееме во племе родители и деца, што од тоа што сме топли, а што од тоа што сме страдни. Живееме во заедници а снаи и свекрви ќе се исколат. Да не се лажеме, односите и тука се заладени. Оние што се амбициозни и сакаат самостојност не често работат од јутра до сутра, саботи и недели, па ретко останува време за дружба, онаа идилична дружба како во комунизмот. Што фајде ако секој семеен ручек сите се намрштени, се бистри политика, и детето на 28 години уште бара џепарац од родителите. А учел. Малтене магистрирал.
     
    Последна измена: 10 јануари 2016
    На Grungie, eloves, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.