Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.605
    Пол:
    Женски
    Не ретко работат сакав да кажам. Знам дека ме разбравте.
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.619
    Се тоа убаво ама животот не е филм. И да имаат храброст да заминат сите нема да се снајдат. Мене ме нервираат тие што се фалат само се фалат дека ќе заминат во странство, а се крајно разгалени и неспособни. Прво ништо не знаат да работат или воопшто не работеле. Еве го примерот со колешката што отиде на студиски престој со стипендија и се врати предвреме не успеа иако викаше дека нема шанси да се врати. Еве ја се врати и сега е посрамотена затоа што имаше шанса ама не се снајде. Добила стипендија ама треба да покажеш знаење, да се трудиш, да оставиш впечаток, да се надградуваш. Таму се собрало најдоброто од Европа, а ако си без способности никој и ништо си.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.605
    Пол:
    Женски
    Те разбирам. Види, секакви нѐ има. Но не секој неуспех треба да го пречекаме со малограѓански поздрав, нели?

    За мене неуспех е да не пробаш, да сакаш а да си парализиран од страв или од тоа што ќе рече комшијата..

    Нема срам во неуспехот. Само некако кај нас е тоа наметнато. Од пакост во душата, не од друго.
     
    На rose60, eloves, MiloMalo и 7 други им се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Па на крајот на краиштата, оние кои се вратиле ако ништо друго виделе поинаков живот, стекнале некое искуство. И не мора да значи дека ако не успеале да се снајдат во странство, од тука тргнале неспремни, разгалени и неспособни за ништо. Едноставно некогаш голема улога игра и среќата. На некој ќе му се поклопат коцките, на некој не. Ама ако ништо друго, пробале. Па и за тоа треба храброст. А конкретно за колешката на Тања што ја спомнува погоре - тоа што добила стипендија и студирала во странство, само по себе е некаков успех. Ако не успеала да остане таму, можеби тоа искуство што ќе и' стои во CV, ќе и' отвори некоја друга врата. Да не зборам за тоа колку е убаво самото искуство да студираш во друга држава, колку нови пријателства стекнуваш и колку учиш за животот кога си препуштен сам на себе, во непозната земја кај што не знаеш никој. Јас да сум на нејзино место, воопшто не би се чувствувала посрамотена.
     
    На rose60, Daydream, Doozy и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.619
    Јас не мислам дека е срамота, туку таа се криеше некое време од срам од неуспех. Стипендијата беше за година и пол, а се врати за пет месеци. Значи имало некој кикс. Далеку од тоа дека јас или другите се ситиме, но таа си чувствува вина затоа што ги понижуваше сите дека не вредат, дека се снашла, дека другите никогаш нема да успеат, а се и тргна наопаку. Различни сме сите, ама кој високо лета ниско паѓа. Уште не скокнале викаат оппп.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Мислам дека секој има некоја причина зошто оди и зошто не. Јас на пример не би одела никаде, мислам дека не можам да бидам далеку од местото каде сум сега, се е карактер, а како што некој спомна погоре „Оние што се амбициозни и сакаат самостојност не често работат од јутра до сутра, саботи и недели“ така да можеби истиот труд некаде ќе е поплатен, но никаде не е како дома, крај краева што ќе ми многу кога ќе немам фамилија таму па да трошам и бидам со најблиските.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Колку си ми интересна, колку сакам да те читам, дали затоа што воопшто не се ни трудиш да прикриеш предрасуди, старински размислувања, оговарања...туку баш така природно, гордо и сигурно си изнесуваш ставови, кои многу други тука малку повеќе би ги завиткале во машнички, оти нели нови времиња се, срамота е уште како бабите наши да размислуваме. Ама не и ти, ти си оригинал :D
     
    На danichap, kjukli, Daydream и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.619
    Бараш влакно во јајцето и контрираш само. Не кажуваш свој став туку само контрираш на кого ќе стигнеш.
     
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Дали вреди да се напушти нашата држава или не, можат со сигурност да кажат само оние кои веќе ја напуштиле и живеат некаде во странство – за нас останатите останува само да нагаѓаме и да замислуваме како тревата е позелена од другата страна на оградата.

    Штом прашањево е поставено и штом многумина веќе се решиле на овој чекор, јасно е дека во нашава држава нешто не е како што треба. Не верувам дека на некој скандинавски форум „беснее“ дебата дали треба да се напушти родната држава.

    Ама, дали сме се запрашале поради што сме во оваа ситуација во која се наоѓаме? Зошто државата ни е таква каква што е и кој е крив за тоа? Бранко? Сите останати политичари? Западот? Америка? Не драги мои, криви сме си самите ние. Најлесно е да се обвини некој друг за се она што е лошо во државата, ама тешко е да се согледа вистината и секој да си го признае својот удел во неа.

    Ги обвинуваме партиите и политичарите за се што е лошо во државава, а упорно гласаме де за едните, де за другите, иако се исти. И што е најлошо, да сме на нивно место, би краделе исто толку, ако не и повеќе.

    Се жалиме дека секое вработување е партиско или со врски, а први сме да бркаме некој кога треба да се вработиме ние или некој наш близок. Оние што не бараат врски тоа го прават не поради високи морални принципи, туку затоа што немаат кај кого да се обратат.

    Велиме дека платите ни се премногу ниски, ама кога некој ќе напушти работа која е лошо платена, чекаат 20 души да го завземат неговото место.

    Се буниме дека здравството ни е корумпирано, а први сме со виски, бомбоњери и коверти пред дури и најобична медицинска процедура.

    Негодуваме дека градовите ни се прљави, а фрламе ѓубре каде ќе ни текне, додека и тие малку канти и контејнери кои ги има ги руинираме.

    Кенкаме дека воздухот ни е загаден, а на никој не му текнува да ја остави колата дома и да појде пеш до некаде или со градски превоз. Коли немаат само оние кои не можат да си ги дозволат, а јавниот превоз го користат само студентите, пензионерите и најсиромашните; сеуште не сум видел добро ситуирано семејство кое одлучило дека за добробит на околината нема да поседува автомобил.

    Се жалиме дека сме некултурни, а први сме да оговараме, бидеме завидливи и зајадливи или да се буткаме некаде преку ред.

    И сите овие работи ни се или ОК и нешто најнормално или па, некој друг ни е крив за нив.

    Нормално, од ова што го напишав постојат и исклучоци, но тие се толку малобројни, што се губат во морето од оние другите.

    И се додека ваквото размислување и однесување преовладува, нема да ме чуди што луѓето сакаат да си заминат и заминуваат од нашава државичка.

    А најжалосно од се е што овие врскаџии, загадувачи и оговарачи кога ќе отидат некаде во странство да работат и живеат просто не можеш да ги препознаеш – ама, тоа е така затоа што знаат дека таквото однесување нема да им помине или нема да се толерира. Жалосно е што знаеме да бидеме „нормални“ и културни само кога некој ќе не принуди на тоа, а не свесно и по сопствена одлука.

    Ситуацијата може да се смени, само ако секој тргне од себе.

    Ако прекинеме упорно да гласаме за истите докажани и корумпирани политичари, ќе нема друг излез освен да се појави некоја друга (т.е., трета) и нова политичка опција.

    Ако прекинеме да даваме (и земаме) мито, корупцијата ќе ја снема.

    Ако прекинеме за сенешто да бараме врски и секоја работа да ја завршуваме преку некој познат, ќе нема потреба од врски и врскаџии.

    Ако одбиеме да работиме за смешни суми на пари, работодавците ќе немаат избор и ќе мораат да скратат од својот профит (или да пропаднат) и да ги покачат платите.

    Ако почнеме самите да водиме сметка да околината и загадувањето, ќе живееме поздраво и во почисти градови.

    Ако прекинеме да оговараме, ќе прекинат да не оговараат.

    И така натаму.

    Ама за ваква промена потребно е многу – прво, да признаеме дека погрешно постапуваме во животот, а потоа да вложиме напор да се смениме себе и сопствените навики, размислувања и однесување. А тоа е тешко.

    Многу полесно е да си останеме вакви какви што сме – да гласаме за Грујо и Заев у недоглед, за потоа да се жалиме на нив, да работиме за минималци, да фаќаме врски или „завршуваме“ работи на други, да загадуваме и оговараме, и секогаш да кривиме некој друг. Или па, да кренеме раце од се, да се спакуваме и да си заминеме.

    Изборот за нашата иднина е на нас и отсекогаш бил на нас. Само се плашам дека ќе продолжиме како и до сега, да го одбираме полесниот пат – линијата на помал отпор.
     
    Последна измена: 11 јануари 2016
    На BayernKa, ForeverYoung, Victorian и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.195
    @Bender Rodriguez не дека не си во право со ова што го зборуваш, но мене а и на многу други проблемот им е баш во тоа општество што го опишуваш. Дури те читам и си викам, боже мислењево ми звучи на научна фантастика : )))))
    Воспитана сум од родители борци, бунтовници, кои секогаш ме охрабрувале да се издвојам од толпата ако сакам да постигнам нешто, родители кои ми зборувале дека од мене треба да почнат промените, дека само така ќе ги издејствувам. И не дека тоа доста пати немало ефект, ама веќе се повеќе и повеќе се осеќам како залудно да ми капат капкиве пот.
    Што се случи низ годините не знам...или можеби знам. После многу шлаканици од сите страни одеднаш се разбудив во општество кое сфатив дека ретко кој сегмент од живеењето ми го задоволува, дека и покрај сите надежи и младалачка бунтовност, дека јас како индивидуа за жал нема да го сменам овој менталитет што мене ме гуши. Ете нит фрлам ѓубре по улици, ниту кафе сум однела на некоја сестра или административен работник што си за завршил работата како што треба, ниту сум потплатила негде, ниту испити со врски сум положила. Значи јас пред мене сум си чиста. Каде и да одам тоа со себе ќе си го носам, па ќе ми остане само тоа да се прилагодам на нормални закони што ги штитат работничките права, ќе отидам во нормална здравствена установа, ќе шетам по чисти паркови, децата мои ќе влезат во еден стабилен образовен систем и сл.

    Имам и работа по струка, со солидни примања, можам да си дозволам многу работи, ама ете пак не ми е доволно. Затоа што треба да се тепам за слободни денови за да ги потрошам тие заработени пари, затоа што секој сработен саат вон работно време и секој викенд посветен на работата се сфаќаат како нормална работна обврска, не ретко работодавецот се однесува како да те поседува...се расправам секојдневно за ред други работнички права, си барам повисока плата кога сметам дека треба и отворено кажувам кога некој однос не ми одговара. И се од тоа горе што го наброја го правам и џабе е, кога како што реков, јас како индивидуалец, или како дел од некое малцинство ништо посебно не правам. И кога добивам нешто, како лав се борам, често и ќе ми збоктиса.
    А во првиот момент кога ќе се свртам околу мене гледам дека владеат подлизурковци, мочковци, бездушници, кои наместо општеството да ги потиснува пополека, ми се чини како се‘ повеќе да им дава храна да растат и да се множат.
    И нека звучи себично ама мислам дека ниту сакам нити можам нешто посуштествено да направам за јас лично да си го подобрам квалитетот на животот во државава. Ова го кажувам затоа што знам дека никогаш од никого ништо не сум чекала. И знам дека каде и да тргнеш нешто ќе те сопне.

    И ете тоа е. Едноставно страв ми е да си ја замислам иднината во земјава, страв ме фаќа дека ќе биде уште полошо и дека со тек на време ќе бидам уште понемоќна да сменам нешто. И тоа би бил мојот најголем аргумент ЗА, по ова прашање.
     
    На ForeverYoung, sjdgo, Daydream и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    @Bender Rodriguez и @Giovanna знаете каде е проблемот со Македонија? Во казните. Во стравот. Во теророт. Не се зафркавам, никој од нас не ја сфаќа сериозно казната како воспитна мерка. И пази, што е најтрагично, од оние 0,0001% случаи од ситни општествени прекршоци кои Македонецот ги прави секојдневно, кога ќе биде казнет, се буни како државата го репресира. :o

    - Казна за возење пијан. Еееј голема е казната за нашиот стандард. А тоа е обид за убиство практично.
    - Казна за фрлање ѓубре. Епа кај да фрлам коа нема канти. How `bout shove it up your arse? :?:
    - Казна за мито и корупција. Еј па сите така праат, шо ја будала сум?

    Кога Македонецот ќе отиде во странство, наеднаш магично станува суперпослушен. Во Македонија бил маалски терорист, мавал рекет и тепал со славина на рака за да крши коски, во Германија чисти гомна и ги фрла исклучиво после 20 часот на место одредено за тоа. Ама во Германија му е страв дека ако Polizei му налета, ќе го јаде 100 евра, а во Македонија не го плаши ни 1000 евра и 2 години затвор за кршење вилици, зашто едноставно е свесен дека прво никој нема да го пријави, второ и да го пријави има баџанак у полициска станица у Дебар.

    Второ, Македонија е сè уште во една rebellious фаза. Седумдесеттите беа време кога децата на работничката класа и внуци на луѓе родени во турско ропство почувствуваа дека слободата на однесување и изразување е неверојатно примамлива. Тие деца кои пораснаа и родија сопствени, ги убедија дека да се биде rebel во општеството е нешто кул. Тоа измешано со оваа турбофолк маса на простотилак и непознавање на култура, морал и современост создава општество кое наликува на дискотека Милениум во 2 по полноќ сабота спрема недела. Не се знае кој по кого фрла со шишиња и чии мускули посилно светат на придушеното светло кое мава врз писоарите.

    Но, сето тоа може лесно да се смени ако некој има желба за такво нешто, а секако, никој нема желба за такво нешто, зашто нели, рибите се ловат во матна вода. Во Скопје, камери имаме на секој чекор. Нема ќоше кое не е покриено од камера, но тие служат само за контраразузнавање и следење на потенцијална опасност на супер богатите личности.

    Сакам да кажам дека свеста на луѓето, како што Бендер потенцира дека е клучот за промена на општеството, никогаш нема да биде на доволно високо ниво за да бидеме една Словенија. Не мора повеќе, една Словенија. Потребни се казни, константно многу казни, казни за СЕ.

    Казна за немање зимска опрема во кола, казна за непријавен работник, казна за работник кој не работи, казна за мито, казна за плукање на улица во Свирипичино, не па во центар на Скопје, казна за графит, казна за куче без маска, казна за пирошка со растителен кашкавал, казна за макијато со расипано млеко, дебела казна и тоа, казна за седење на првото седиште во градски автобус иако е преполн автобусот, ама за СВЕ казна.

    Не мора да се високи казните, дури и треба да се минимални, па кога полицаецот или надлежниот ќе ја пишува казната, да може да вика „ајде бе па ти, за 250 денари ли си“. И така типов кој 250 денари му се неделна сума за пиење пиво, ќе биде казнет 4 пати годишно, ќе си рече, па доста ме казнуваа, еден месец така ми отиде. Ама никој нема да ескивира од казните и ќе има мнооогу казни.

    Мислам дека нема да ни требаат повеќе од 5-6 години комплет да се оправиме и да не биде најфенси работа на ФБ да ставиш селфи од белградски калемегдан.
     
    На kjukli, okcenzi, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    ^
    Кога казните ќе важат за сите, без исклучок, сигурно дека ако не своеволно, тогаш со таква надворешна контрола ќе се промени нешто. Инаку, џабе е.

    Ако те застане полиција пример и сака да ти пише казна, притоа индиректно па и директно ако треба ќе те праша дали имаш кому да се јавиш да не ја пише, тогаш што понатаму да се зборува...

    Каша попара е. Овај менталитет не се исправа со векови.
     
    На kjukli, okcenzi, Daydream и 13 други им се допаѓа ова.
  13. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Знам многу кои заминале и останале а знам и неколку кои се вратиле назад. Гледано од аспект на материјалното - се исплаќа. Гледано од аспект на духовното - не.
    И мене ме плаши нов живот каде нема да ги гледам моите. Оние кои заминале знаат дека не е воопшто лесно тоа градење на нов живот на 30 години. На крајот на краиштата, секогаш таму би биле странци и последен вагон на возот па никогаш не би било сјајно за македончето во Лондон (на пример).
    Од друга страна финансиите се многу поголеми од тука па би можело некако да се компензира.
    Никогаш не знаеме што ќе биде утре. Можеби би заминала можеби не. Не се удирам во гради ни за едното ни за другото.
    Единствено што ме става во мислење е тоа што во последно време многу од тие со добро работно место, заминуваат. Значи не е се во материјалното. Доколку јас и мм би земале по 20000 плата, никогаш не би помислила за заминување. Би ми било доволно за нормален живот.
    Оние кои се без работа или не гледаат никаква иднина тука, ги разбирам во целост.
     
    На MiloMalo, Tanjamm, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Не знам што толку сте се фатиле со тоа дека на запад родителот се однесува ладно со децата, што демек на исток топло се однесуваат со децата?

    Еве од моето искуство тоа не е воопшто точно, настрана мојот однос со родителот пошто нели сум македонка (инаку страшно ме иритира тоа деминутивот кој постојано ја употребуваш за сопствениот народ) со сите комшии си живеам, кај на мм родителите постојано одиме и ни доаѓаат (не е македонец) исто и со браќата негови се гледаме, сите другарки се гледаат постојано со родителите, сите колешки итн.

    Треба да разликуваш тоа дека во повеќето западни земји можат децата да се осамосталат на 18 години со бркање од дома и незаинтерасираност на родителите. Зарем на над 18 години ако е во можност дечко да се исели од дома треба да седи дома и да носи девојки дома кои ќе се сретнуваат во сред ноќ со татко му, мајка му во вц или девојката да се е*бава дома со дечкото додека нејзините спијат во другата соба?
    Затоа се иселуваат, за слобода, имаат можност и ја користат, а не затоа што родителите им се ладни.
     
    На kjukli, okcenzi, Daydream и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.619
    Би отишла во странство ама ако

    Не зборам јас за иселување на 18 години. Додека одев по размени во средно забележав дека во европските земји, по работа и после школо се прибираат дома и комуникацијата пред вечера се сведува на тоа „Како помина во школо“.Добро, и толку. Вечераат и секој во своја соба. Родителите си одат во соба и 3 деца секое во своја соба. ладни се. Мене денот ми беше организиран со настава и кога се враќав попладне откако сме псоетиле мрое, некоја знаменитост, едната од сестрите еднаш ме праша „Ккао си помина на море?“. Ама прашуваат онака на брзина од учтивост. Додека уста да отворам вратата веќе и беше затворена, си влезе во соба. Овие живееја во провинција и излегување на кафе само за викенди, и тоа еднаш во месец можеби, не повеќе. Частење друг , нема шанси. Секој своето си го плаќа. Водат многу затворен живот. Работа-дома, школо-дома. Имаа преубава дневна со камион, со се, и плус врата за во градина, ама од што секој сам седи во соба, таа речиси и да не ја употребуваат. За една недела еднаш тв пуштија, прошетаа по канали и викаат „Ааа нема ништо“ и исклучија. Родители со деца немаат блискост.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.619
    И да ви кажам феминки, жени и мажи на форумот, сега сте позајадливи од 2015 година. Што мора да се биде толку негативен?Нема потреба од карање. Кажи си свое мислење, ќе си кажам мое, ако не се совпаѓа не значи дека треба да шириме негативна енергија.

    Има на Запад пари за нормален живот, за редовно плаќање на сметки, одмор, куќа, кола, ама нема кафиња секој втор ден.
     
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Лелееееееее замисли цела недела не пуштиле тв, ти фалеа турските серии во провинцијата?
    Како да е грев да не пуштиш тв а не како нешто позитивно, кој видел аир од гледање тв?

    Сега не знам како да ти објаснам дека деца и да деца се од 15-16 години не можат во странство да влезаат во кафиќ каде што се точи алкохол до 18 години, затоа не одат по кафиња како во Мк затоа што се секаде изгор казните.

    А ти како тинејџерка нонстоп седеше со твоите и си муабетевте до 101 и назад или и ти се затвараше во соба и одговараше со збор, два затоа каков ти бил денот?

    Зошто да чекаш да те части друг кога имаш пари во џебот да си платиш тоа што си пиела, не ти ја разбирам логиката.
     
    На Annath, kjukli, butterfly4 и 18 други им се допаѓа ова.
  18. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Една баба пред неколку месеци ми рече „Ќе се иселат сите од Македонија па тие малце што ќе останат ќе имаат убава работа„
    И сега јас си чекам 8)
    Ова е мала шала, не ме сваќајте сериозно :D
     
    На Annath, Tanjamm, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    @Tanjamm
    Частењето е еден вид некултура. Освен кога кажуваш повод нели и желба заради поводот да частиш, или редовно излегуваш со ептен блиска пријателка па небитно е кој ќе плати или си имате некој ред, денес таа нареден пат ти. Инаку доаѓа како потценување на некој да му платиш сметка, исто како да му велиш дека ти имаш повеќе од него, па ај не ти е проблем пијачка или ручек да частиш. Ко да тој кутриот нема. И сосема логично ми е, еве јас и кога бев помлада со симпатии, дечковци и другари, мразев да ме частат, неубаво се чувствував. Или ако тој почасти, нареден пат инсистирам јас.
    Во врска со телевизијата, па гледа ли уште некој тв? Јас мислам сите висат на интернет, барем по нас и блиските околу нас гледам. Тв немам гледано којзнае од кога, ама исто ти е, денес телевизорот го заменија компјутерите, таблетите, телефоните.
    За седењето со блиските, јас седев со моите во дневна само кога ми требаше нешто од нив, па ајде малку "чест" да направам за да полесно после го добијам тоа што го сакам :D А и јас да сум имала камин во соба отсекогаш, веројатно би ми досадил и не би ми бил филм да седам редовно покрај него и да уживам.
    Исто како некој на греалка цел живот да се греел и да се чуди зошто ти покрај шпорет на дрва дома не знаеш да седнеш до него, да читаш книга или што да е, просто да уживаш :D туку си одиш во своја соба.
    За морето, додека ти во глава со секакви импресии си, и чекаш некој да те праша па да можеш цел есеј да изрецитираш, нив не им е ништо посебно затоа што веројатно често одат, па исто како да те прашале како си помина во трговски? Очекуваат краток општ одговор и толку.
    Се што гледаш ти таму како гостин ти е ново и возбудливо, нив им е веќе досадено, таму се родиле и таму цел живот живеат и животот нивен си има еден познат тек, веројатно малку монотон како на повеќето. Како и твојот во Мк, или ќе ми кажеш дека ти стално под некаква екстаза си, стално интензивни емоции разменувате со своите најблиски? Или топлината што ја чувствуваш ти ја дава всушност познатото, сигурноста што твоите се близу макар и ретко разговарале. И тие го имаат тоа, само ти не можеш да го видиш.
    Леле што сторив со постов?
     
    На Annath, eloves, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    12.619
    Јас кажувам од искуство, а ти претпостави дека се малолетници. Не јас бев средношколка, а ќерките на семејството постари, студентки. Имаа кола, ме возеа во град, бевме на сладолед. Не се во прашање казни или пиење алкохол, туку социјалниот живот е на минимум. Не станува збор за турски серии. Ова беше пред 13 години и тогаш абер немавме од турски серии. Пари имаат, ама и живот во 4 ѕида не носи исполнетост.