Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.995
    Допаѓања:
    12.694
    Зборам за пред 13 години. Тогаш немаше смартфони и таблети. Имаа само десктоп компјутер и не го ни чепкаа. Многу затворен живот. Земјата убава ама да ми речеа остануваш уште 10 дена ќе паднев во депресија. Никакви емоции не покажуваат луѓето, ладни...
     
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    @Giovanna, свесен сум ја дека баш општествово (или менталитетот, како сакаш) им се проблем на сите. Но, проблемот е што истите работи им се проблем и на оние малкубројните, како тебе, и на оние кои се однесуваат баш така како што опишав. Сите се жалат партизацијата, врскаџиството, корумпираноста и малограѓанштината, а повеќето имаат партиски книшки, фаќаат врски у секоја можна ситуација, даваат и примаат мито и се најголеми малограѓани.

    Ти, како поединец, и не можеш да направиш повеќе од она што си го направила и што го правиш. Тоа е сосема, па дури и повеќе од доволно. Не сум некој идеалист со главата во облаци, па да верувам дека еден единствен човек може да направи којзнае каква промена. Промената мора да дојде од мнозинството и за да настане голема промена, секој човек треба да направи сосема малку. Ама, тоа малку е всушност многу. Многу е затоа што тие промени се косат со она на што не научил животот тука и секојдневието, многу е затоа што овој пат кој на долги патеки ќе биде многу подобар и полесен за сите, краткорочно е многу потежок за човекот како индивидуа – нешто што несомнено и ти си го забележала и заклучила, живеејќи го животот онака како што го живееш.

    Не сметам дека си себична кога велиш дека ситуацијава ти е аргумент за заминување од тука, не ги осудувам ни оние кои веќе заминале. Не тврдам ни дека ја ќе останам засекогаш тука. Борбата со нашиве македонски ветерници е тешка и исцрпувачка и секој жив човек има граница на толеранција, после која ќе рече – доста беше. Секој човек е пред се индивидуа, а дури потоа дел од нешто поголемо (семејство, заедница, народ и сл.) и има апсолутно право да си носи одлуки за кои смета дека се во негов најдобар интерес.

    Само сакав да им (у)кажам на сите дека состојбата на која сите се жалиме е резултат на нашите постапки и дека вината секој треба да си ја побара во себе, а не во некој друг. Секој има барем по мал удел во нашава сегашна состојба – некој, затоа што директно и лично ги прави истите тие работи од кои сите се жалиме; некој, затоа што ги толерира истите работи, молчи и не превзема ништо за нив, бидејќи лично не го засегаат; некој, затоа што од една или друга причина, не можел повеќе да ја поднесе ситуацијата тука и си заминал, а не оставил нас останатите да се „бориме“ со оние првите. И така натаму.

    Претходново мое мислење не би рекол дека е научна фантастика :D, туку само приказ на нашата реалност и можеби повик за освестување од истата и малку повеќе интроспекција. Оптимистот во него може да најде надеж дека ако сите се потрудиме, навистина можеме да смениме нешто, и тоа на подобро. Песимистот од него може да констатира дека познавајќи го нашиов народ, ситуацијата засекогаш ќе си остане ваква каква што е, ако не и полоша.

    Се зависи од перцепцијата и од жртвите кои сме спремни да ги поднесеме.
     
    На Annath, blueberry93, Captain-Omni и 2 други им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Абе не е дека странците немаат социјален живот, туку ние сме премногу научени на иди ми дојди ми и кафиња по цел ден. Кога и да поминам на улица Македонија или покрај кеј, кафичите се преполни. Баш во еднa прилика кога шетав гости низ Скопје и не можевме слободно место да најдеме, прашуваа да не е случајно некој празник, да не е неработен ден, па што има толку гужва. Не бе, викам, работен ден е, ама секогаш е вака :D
    Нормално дека темпото на живот тука и во странство е поинаков, ама дека е до толку сиво - не е. Дека во странство никој со никого не контактира, дека се толку ладни и затворени - не се. Јас во една прилика сосема случајно завршив на роденденска забава на една Германка, па во ниту еден момент не добив впечаток дека сум непожелна или дека луѓево се толку недружељубиви. Баш заради мене во неколку ситуации зборуваа на англиски, скоро секој ме праша од каде сум, по кој пат доаѓам во Германија, што ми се допаѓа, што сум посетила и слично. И тие шетаат, и тие излегуваат, и тие се луѓе де. Ги имаат истите потреби и желби како и секој нормален човек.
     
    На BayernKa, Annath, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    96.845
    А Тања ние во помалите градови каков живот имаме? Во овој случај па ни пари, ни живот. Еве ајде во Скопје има повеќе места кај да мрднеш, ќе отидеш во некој шопинг центар ќе утепаш некој саат, ќе пропешачиш на кеј, театар, кино...ама во другите градови та - па! Два кафичи, една улица, мртвило глава боли! И така на нас ни е убаво мнооогу, ем без денар во џеб, ем во пустелија.
    Никогаш, ама никогаш не би му дала предност на овој живот во македонска провинција во однос на оној некаде во Европа па макар било и село. Кога ќе имам јас работа и услови, колата под газ, кога сум слободна ќе си тркнам до некаде кај што има повеќе забава и завршена работа. А вака, седи стутулен и ќути. Убавини!

    За дистанцираноста родители - деца, се е индивидуално. Кој каде живее не е правило колку е или не е грижлив и близок кон децата. Не оправдувам ладен однос во овие релации, ама па дишење во врат од страна на родителите како на овие простори на пример, ич па не оправдувам!
     
    Последна измена: 12 јануари 2016
    На Tajnaotrovna, Annath, karmenka и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.995
    Допаѓања:
    12.694
    Јас потполно те сфаќам. Во Европа селата се посредени од нашите мали градови. Разбирам дека ем нема пари ем нема кај да излезеш. Тој што е без пари овде ќе бара излез во странство, но луѓето кои имаат среден живот овде според мене нема зошто на 50 години да се селат и да почнуваат нов живот. Ние сме мизерна држава, но и во малите места има ситуирани луѓе кои убаво живеат. Моја пријателка живее во Кратово, ама со кола, пари си шета кај сака. Некој не може до Охрид да отиде, а таа во Шпанија летува.
     
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    96.845
    Taња, јас зборувам за општата ситуација и како најголем дел од народот живее во нашата држава. Сепак во проценката на квалитетот на животот во едно општество треба да надвладува онаа категорија која е застапена во поголем процент, а ние добро знаеме која е таа категорија.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не можеш да го посочиш народот како најголем кривец. Ако тој ист народ за кратко време во други земји знае да се прилагоди на правилата, значи дека некој е доволно силен да го стави во ред или му дава можност да дојде до израз културата што веќе си ја има во себе но која не му вршела работа во својата земја. Не може да почнеме да се менуваме а да очекуваме почетокот да го направи некој обичен селанец со малку школо и ограничен видеокруг па да одиме нагоре до власта. Најголемата одговорност ја носат луѓето кои ја водат државата, а кога тие луѓе се олицетворение на корумпираност, криминал, институции кои се заложници на политиката, врвни луѓе кои влијаат на масата платени да перат мозок...ние бремето да го ставиме на обичниот народ. Носи вина и народот да, но некако му е наметната, присилена, ко да немаш избор. Зборам за посуштински проблеми кои треба да се сменат за да дојдеме до крајните финеси како плукање на улица, буткање преку ред со бонбониера во раце и слично.
     
    На eloves, kjukli, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm се' ова што ти го опиша јас и во Македонија го живеам. Ништо ново, ништо за чудење. Телевизија воопшто не гледам, кога ќе се собереме сите дома после работа разговараме за време на ручекот и секој со своите потреби си се повлекуваме во соба, до крајот на вечерта само низ ходник може да се сретнеме. Возрасни луѓе сме, на сите ни треба простор и сигурно јас со куп обврски нема да се залепам до моите после работа. А што се однесува за социјален живот, јас не можам да си дозволам секој ден по кафиња да одам зашто имам многу побитни работи на кои можам и сакам да ги потрошам парите. Кафе еднаш во неделата и тоа е многу за мене, сметам дека нема потреба, дали и толку, искрено не ни имам желба за повеќе, ниту пак тоа го гледам како којзнае што, го поминав тој период од животот, приоритетите се сменија. Да си плаќаа младиве сите сами возачка (пример), да си собираа сите пари за сами да си купат кола, а не нивните, да мислат за вложување во себе и сами да си плаќаат мал милион секојдневни трошоци, без денар да не земат од дома, кафичите немаше ни пола од ова да бидат полни.

    Имам пишано многу пати дека вреди и тоа како вреди да се напушти оваа држава, гледано од секој аспект, знаете, да не се повторувам.
     
    Последна измена: 12 јануари 2016
    На kjukli, Bozica1980, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.995
    Допаѓања:
    12.694
    Ти можеби не гледаш тв секој ден, ама како сите на фб коментираат кој што треснал од политичарите. Да, се сложувам дека кафичите се полни кај нас, а сите се жалат дека немаат пари. Таму пари за кафиња се има, ама како што му кажа една девојка која е на размена преку ИВС овде „Себични се луѓето, егоисти во тој дел на земјата и не се дружат“. Кафичот кај што седнавме во полн трговски, огромен беше празен, само ние бевме. Пари имаат, ама живеат стегнат живот, затворен, со комшии и роднини многу малку комуницираат. што ќе ми се пари ако немам со кого кафе да испијам макар еднаш во месецот?
     
  10. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Бриџит, не може да посочуваме секогаш кон некој друг дека е проблемот. Всушност, не може никогаш да посочуваме кон друг за она кое е наш проблем.

    Ние сме навикнати да обвинуваме некој друг и секогаш на врвот на обвинувањата, бидејќи е најлесно, е да ги обвиниме политичарите како да не се дел од нас, како да се некоја виша сила. Нормално, никако не сакам да ги амнестирам од одговорност, ама политичарите се само дел од нас, не се тие некои вонземјани, ниту направени во фабрика, тие се дел од нас, наши комшии, наши роднини... тоа сме ние, толку ни е капацитетот. Ако мислиш дека јас тропам глупости, еве го Карлин, човекот има 450 илјади следбеници на Фејсбук, а дури не е ни жив.

    [​IMG]
     
    На Cka, teddi, Dennings и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Мислењево на @Bridget некако и ми изгледаше како да се однесува на моево, ама вака укомплетирани како прашање и одговор кај тебе Капетане, ептен ги личи. :)

    У секој случај, како што често бива, веќе си го напишал точно она што ја сакав да го кажам и си ми заштедил време, да не се мучам да реплицирам. :D

    Поената мене ми беше дека сите, како народ (значи, вклучувајќи ги и политичарите тука) сме виновни за ситуацијава. Но, не реков дека сите сме подеднакво криви - некои се повеќе (да не речам многу), некои помалце.

    Иначе, Џорџ Карлин е закон, па со цитатов мислењево ти е комплетен win.
     
    Последна измена: 13 јануари 2016
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Dobro, narodot e vinoven. Koja e prichinata shto nam ni se pogodi vakov narod, a vo severozapadna Evropa vakvi narodi nema? Da ne sleduva edna od onie rasistichki teorija, mozhebi? Narod ko narod, sekade ima sekakvi lugje, zadacha na drzhavata e da gi vospita na pravilen nachin.

    A tek nam sho ne pieme kafe, shto kje ni e zhivot? :(
     
    На eloves и imelda им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    @Captain-Omni
    Во еден од твоите претходни постови, како решение да се култивираме малку како народ ги наведе казните. Просто и едноставно, иако со ова колку што знам почнато е од пред неколку години само не знам како реално функционира. Значи сепак велиш дека обичниот народ некој треба да го стави во ред, па кој треба да ги воведе тие казни? Кој треба да ја спроверува таа политика? Се знае чија одговорност е. Не може било кој да оди и да казнува заради расфрлано ѓубре по улици пример. Ако дојде одговорно лице и некој го потплати за да не го казнат, тогаш има поодговорен што него треба да го казни заради мито, и така одиме нагоре. Но кога ќе дојдеш до врвот и гледаш дека и таму можеш да се извлечеш, каде? Нови луѓе, нови лица? Може, ама прво треба некој да им направи простор да се појават оти не е баш така лесно, исповрзано е се колку што не можеме да замислиме, и друго уценет си со работно место, егзистенцијата твоја и на твоите е загрозена, и ќе речеш за што? За куп ѓубре? Абе ајде, ќе го прескокнам. И така за многу други работи. Врзани им се рацете на многумина. Не оправдувам, ама која сум јас да кажувам што е право а што не, кога иако не си го дадов газот под ќирија, не останав ни да направам нешто за подобро. Си заминав, скоро исти курац ако збориме за доброто на Мк.
    Сите исти не сме, има добри доктори, професори, кои одлично си ја вршат својата работа, обични работници кои во живот не плукнале на улица, фрлиле ѓубре на сред пат или отишле на доктор со кафе во раце. Поштен, мирен, културен народ. Дали овие другите се побројни, или добар народ е приморан да се исквари малку по малку за да може да се пробие во џунгла, не знам.
     
    Последна измена: 13 јануари 2016
    На imelda, Bender Rodriguez и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  14. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Каков народ, таква држава.

    Совета, етиката, моралот, почитувањето, професионализмот во работењето итн. не се стекнуваат со казни ниту било која политичка гарнитура тоа може некому да му го всади.

    Јас планирам да ја напуштам земјава, а финансиите не ми се причината, туку корумпираново и затруено со политика општество кои ме гушат и убиваат у поим. Веќе подолго време се чувствувам како странец во сопстената земја.

    Македонија полека тоне, а јас не гледам иднина во неа.
     
    На Tajnaotrovna, kjukli и Mr. Right им се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Седев со едни такви, едвај писмени, ама биле во Америка ( што нема врска, исто би важело за нив и Бугарија) и сега се враќаат со тоа еве, неписмени сме, ама сме виделе бел свет фаца. И сега дечкото и го врти лап топот ко да не и го знае и другарка ми гледа нов и и' честита. И дечкото: ...од Америка и е! И оваа сркајќи го кафето вели, е добро де, демек, што има врска, што мора да знаат од каде ми е. Ох, Господе боже, она туѓ срам кога те јаде. А лап топов, нема врска, од овде може да се купи, плус за тие пари има многу подобри, ама битно розов е! Така, бојата, изгледот, да е. Битно, девојкава се врати со лоша фризура која би требало да ги изразува нејзините новолиберални ставови стекнати во Америка и со розов лап топ.

    Ќе излезат малку и одма се други демек. Ги знам многу такви што се покондурија и што објавуваат фискални од нивните веселби на Западот. Не дека не е можна промена, промена е и потребна. Не го шеташ ти светот за слики туку да видеш нешто ново, да запознаеш нешто подобро, кога ќе гледаш како заоѓа сонцетото додека се клатиш во душек на море да си кажеш на себе полека, се ќе биде во ред. Да дишеш длабоко. Убаво е да впиеш нова култура, ама секому колкав му е лонецот.

    Овде е грдо до немај каде, само Сител да гледаш и ќе веруваш дека е убаво. Ама не си одам. Не оти не можам да се разделам од моите, секако не живеам со нив, не оти не сакам да патувам, тоа ми е најголемата страст, не оти ми е проблем работата, затоа што ова што го работам можам во целиот свет, ми треба само интернет. Не си одам оти сум против тоа: „не ми оди факултетот и ајде ќе вадам бугарски пасош,“ „слабак сум и ајде ќе вадам партиска книшка“, сите креваат раце и ги лаже тој лажен сјај и сензацијата строго надвор ја гледаат. А сите седеме на ист форум :D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    ups.
    Teorii.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    96.845
    Зошто @Magnolija така еднолично гледаш на работите, демек не ми оди факултетот и ај ќе вадам бугарски пасош? Па колку силни умови се одлеаа од земјава? Значи, нема врска едното со другото. Додуша мислам дека сеуште си студентка, па не му замерувам многу на таквиот твој став бидејќи бев горе - долу истомисленичка кога бев како тебе, ама види чудо сега имам мислење кое што се разликува за 180 степени.
    И јас викав, епа ќе вади братучед ми бугарски, неписмен е, мора да вади. Ама сеа он ем работи настрана, ем шета, а јас учената дремам:^).

    За партиската книшка и слабаци не сакам да коментирам зошто знаеме што значи истата во нашата земја. Апсолутно е точно дека тие партиски книшки направија простиот народ да седи во фотелји, да наредува и да се кочопери, ама има и паметни умови кои по сила на законот морале да закачат таква за да дојдат до работа или да ја задржат истата. Реалноста е таа, фактите се тие, за жал.

    Башка , јас колку што сум во тек со случувањата во однос на наоѓање работа тука, освен информатичките инженери кои имаат шанса да се вработат без партиски книшки туку само со диплома и знаење по приватните фирми во Ск, за другите струки доста е потешко, бидејќи приватниот сектор ни е очаен, а и тоа нешто што го има е партизирано.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    @Emy867 ми вели дека еднолично гледам на работите онаа која луѓето ги дели на студенти и нестуденти :D Гледаш дека ти си го имала истиот став како мене, ама сега пошто тој став не ти донесе работа и го отфрлаш. Сега пошто братучед ти заработува повеќе од тебе ти си зрела, а јас сум студент? :D

    Кој што сака нека работи, се гледа дека е прашање на преживување. И болната тема на печалбарство кај нас е од памти век. Темата на муабетот ми беше друга. Тоа како некои луѓе го доживуваат странството. А, јас не наметнувам никакво мислење кој што треба да работи или не. Крајно безобразно е кога сме во ситуација на отежнат избор. Се велам за себе.
     
    На imelda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    96.845
    Боже препаметна Магнолија, извини што дадов мој коментар во однос на твоето мислење кој беше повеќе како совет отколку паметување. Еве длабок наклон на твојата цврстина и упорност да успееш на гнило тло:hai:.
    А со болдот па што си сакала да кажеш, еве не знам. Смешка да си направиш сама на себе веројатно|(.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    @Emy867 ти па што си лута? Ти коментираш, и јас коментирам. Океј е. Знам дека мојата упорност е донкихотовска, ама среќна сум дека ме држи. Фала на советот ајде. Те разбирам, верувај. И јас имам братучетка која толку време не работеше, а нејзините ни до Скопје не ја пуштаа и сега таа се омажи во Лондон и сите се како прегорди на неа. Се омажи значи, ништо посебно не направила. Знам дека не е фер. Можно е да ми се промени мислењето, ама сум живеела на страна некој период, баш покрај море кое го многу сакам, ама што знам.. не ми е тоа тоа. Поздрав и не се лути. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.