Кога сме кај теории, ако теоријата за народот каков е држи вода, дајте шанса на доведениве снаи во новите заедници, секоја снаа добива кат тад право на глас, па да како народ какви што сме да им ги разнишаме идиличниве општества во западна Европа. Да не се огласи некој после дека кој излегол веќе не се занимава да ја доведе Македонија во Европа. Не, не, поарно да ја доведеме Европа на друго ниво. Мухамед и планината.
Претпоставив дека се малолетници затоа што ти се преставуваш како да имаш 20 години а всушност според пишаното имаш многу повеќе, блиску сме, скоро врснички. Готово сега потполно ти ја сфаќам фрустрацијата со се живо и диво. Инаку јас секојден пијам кафе со комшиите, роднините, теши си се дека имаме пари ама немаме живот.
Ех.. Да можеше човек да избере каде ќе се роди.. Инаку уште постојат луѓе што веруваат во она: - Не е се' розево во странство. Ало, освестете се и спасете се што побрзо.
Леле што ви е на форумов?Ако некој не се сложува со вас, веднаш се фаќате за фрустрации. Пишав погоре, кој му е лошо и навистина нема од што да живее нормално дека ќе се исели, ама тие што имаат се овде немаат причина да се селат. И во малите градови има луѓе со успешен бзинис и со државна работа. Сфатете дека на некој му е убаво и овде.
Пред десетина години: Победува Груевски, мајка ми скока на креветот од среќа (мислеше жената тој ќе ја среди државата). Денес: Мајка ми, татко ми и сестра ми се во странство (печалбари на сила), а за некое време ќе оди и мм. Дали вреди да се напушти државата? Да, и тоа трчајќи, не завртувајќи се назад ниту еднаш (под услов со тебе да е фамилијата). Ако нешто успеа оваа влада, тоа е што растури илјадници семејства. Браво !!
Абе на некој сигурно му е убаво овде. Ко што на некој му е убаво да лепи плакати, на пример. Зависи од амбициите и очекувањата од животот.
Нешто слично и кај нас. Имавме големи очекувања од него. Мислевме дека ќе биде подобар од Љупчо и Бранко, ама тој и полош испадна. Не исполни ни 10% од тоа што очекувавме.
Dragana Kostic January 29 at 6:56am · Вие 78.000 каде отидовте?? Зошто не ме зедовте! Брзам на испит, се качувам во такси со последните сто денари, велам побрзо ве молам доцнам на испит, девојче не брзај ми вели, јас сум инжињер, ќерка ми пред саат време ја однесов на аеродром, отиде за Швајцарија, за каде брзаш? Му велам до кај што ќе искуца 100 денари, не!, ми возвраќа, како што ја оставив ќерка ми на аеродром ќе те однесам и тебе на факултет. Ме остави точно пред новиот влез на универзитетот, да! кружиме од онаа другата страна, од главната капија не остана ништо како и од околните дрва. Е добро де, влегов да полагам, умот останат кај таксистот-инжињер, а и ги дадов последните сто денари за такси, ако речат колегиве идеме на кафе... Офф каков ден. Ден за да во 22ка за назад ми навират следниве мисли. Во која држава живееам јас, си отишле 78.000 луѓе од државава, леле зошто не сум јас меѓу нив, единствен спас, единствено светло да гледаш во еден куфер и да си одиш Драгана си зборам сама на себе во полн автобус со секакви профили, Оди си идиотке, не кажувај од каде доаѓаш. Не спомнувај на никого, е добро де ќе кажам доаѓам од земјата во која е роден Тоше Проевски.. Не не доаѓам од државата во која двојче и туфи станаа градоначалници. Тони Михајловски и Јелена Жуѓич директори. Доаѓам од државата во која за да се преживее денот се голтаат диезапами. Доаѓам од државата каде што повеќе углед и важност имаат спомениците, онаму каде што се руши динамитно, се јадат чоколади, онаму каде што за осум илјади плата се клима со главата десет години, онаму од каде што се краде повеќе од што се има, онаму каде што се менува историјата, Ачковска ти ја сервира а ти чекаш оценка а она од ракав дели деветки и десетки, онаму каде што се купуваат дипломи, онаму каде што здравствените установи станаа мртовечници, онаму каде што е успех ако работиш како келнерка и обезбедување. Оди си остави се моронке... Е како бе да си одам, тука се родив, овој јазик го знам, ова е мојата земја, тука ми е се, зошто моите родители да ги гледам на скајп, затоа ли ме растеа ме чуваа? Зошто? Зошто да си одам кога не сакам. Да живеам во некоја војна барем да знам дека сум во војна, во контекст, надвор пукаат ако преживееш ќе прераскажуваш. Зошто сите овие ликови околу мене во автобусов се возат како ништо да не се случува.. Алооооо се грижи ли некој за младината? Триесет годишни момци чекаат пензија да земат родителите па да ја поканат девојката на кафе, и љубовта ни ја земавте, немаме ли ние право да се сакаме? Леле каква глупост прашав, затоа се оди од државава всушност. Жална си Македонијо моја. Самата себеси си тежиш, тешка си ми и мене, уште колку ќе те носам не знам. Ме умори веќе. Се прашувам само дали ги уморуваш овие што ми викаат не ме интересира политика. Во ред е дечки дишете длабоко и нека не ве интересира.
Вреди, ама не да ја напушти државата народот, него тие од владеачката гарнитура горе. Фала, чао, пријатно!
Da mozam da go vratam vremeto bi zaminala bez oko da mi trepne i bez da se svrtam nazad ovde nema zivot.
Да би имал Бугарски пасош нема два пати да размислам одма ја напуштам државава ова е држава каде што најраскошен живот живеат само политичарите и лоповите.А најмладите и покрај завршеното високо образование седат дома и молат бога да им искочи некоја работа соодветна на завршениот факултет така оставени сами на себе на милост и на немилост на државата ни наша.Се како јагниња меѓу чопор од гладни и ненаситни волци кој не знаат за доста принудени се да се убиваат од работа по 10 12 саати во денот за 200 евра кој не стигаат само за сметки да помогнеш дома.И кинеш нерви дали ке ти стигнат и останат барем нешто до следната плата притоа политичарите без срам искачаат на ТВ со изјави како тоа на нив им е чудно и криво што све повеќе млади ја напуштаат државата.Све со цел за подобра езикстенција и подобар живот во некоја од Европските земји и пошироко зборуваат и тоа како постојано отвараат фабрики со нови работни места а младиот народ бега од државата.Нормално дека ке бега се додека имаме политичари како овие нашиве кој се грижат само за нивниот џеб да е полн и грабаат од секаде каде што ке стигнат фрлаат пари невидени за имиџот на градот за споменици и слично а не вложуваат доволно во образованието.Не се залагаат доволно за младите и нивно вработување ги толерираат работодавците да го убиваат народот од работа за мизерни плати наместо да го стегнат обрачот и да налагаат да се зголемуваат платите за да може народот да има пристојна живеачка.Ете затоа сите ке бегаме од државата и уште еднаш ДА вреди да ја напушти дефинитивно државава само така ке можеш да имаш поубав живот и да си ги оствариш целите и желбите.
Дa се живи привaтниве фирми не не oстaвијa без леб,бaрем кoркa леб јaјме.Нигде рoзи не цутет aк не им туриш кaпкa вoдa.И дa oдиш вo туѓинa пoвтoрнo ќе лупaш кo кoњ.Е сеa шo нaс вo Мaкедoнијa не сметaaт зa будaли a не зa луѓе не е никoј крив.Пoвтoрнo oјте глaсaјте зa Груевски или Зaев тие некa си пoлнaт вреќи сo пaри a ние ќе црнчиме зa кoркa леб.И верувaјте нa секaкви кaмпaњи,секaкви нoвoизгрaдени фaбрики...уште пa и oвa билo нaјдoбрoтo време штo некoгaш истoријaтa нa Мaкедoнијa гo дoживеaлa.Мoлим?!Oвa е мизеријa.Целo семејствo сo 200 еврa oд месец дo месец се крпит. Кaквo ли детствo ќе имaaт мoјте нерoдени децa..... Зaтo луѓе првa укaжaнa шaнсa и нaдвoр oд oвaa нaшa мизернa Мaкедoнијa.Мoждa ни в туѓинa не е нaјсветлo,туѓ меѓу туѓинци aмa aкo не другo пaрите тaму се пaри и oднесувaњетo нa рaбoтoдaвaчoт кoн рaбoтникoт кaкo кoн чoвек a не кaкo кoн рoб.Тупaњетo в грaди немa дa не нaхрaни.
Вреди и тоа како вреди,овде како жив пацов ќе поцркаш,а башка ќе се здобиеш со некое заболување физичко или психичко.
Pred 3 meseci ja napustivme nasata tatkovina Dali vredit? DA VREDIT DA SE NAPUSTIT.Samo poradi edno se kaam ZOSTO POBRZO I PORANO NE SME JA NAPUSTILE. 30 godini mi se izgubeni godini.Tek sega ke pocnime da ziveeme stabilen zivot bez mnogu stres nervozi so golema stabilnost so red i kultura na odnesuvanje so nadez za podobra idnina za Nas i Nasite decina.
Вреди и тоа многу! Тука нема живот освен ако не работиш во администрација или нешто повисоко од администрација и ако имаш силни врски за да дојдеш до таму. И во странство не е цвеќе за мирисање, таму треба да работи многу, ама бар се исплатува што и да работиш.