Ако нешто вреди тоа е баш ова, да бегаш и да не гледаш назад. Нема ништо подобро од билет за еден правец да ти стои во рака. Да гледаш како одиш се подалеку и подалеку од дупката на Балканот наречена Македонија. Бугарски пасош веќе не гледа никој, само оние со златна линија (мајка/татко/чичко/вујко Бугари).
Вреди! Што порано - тоа подобро.Искрено-им завидувам на сите кои биле храбри и ја напуштиле државава,и најголемиот дел од нив се снашле. Точно е дека е тешко,дека било каде низ светов,секогаш ќе бидеш странец во туѓа држава,најчесто далеку од најблиските,ама барем работа,плата,годишен одмор,и други животни задоволства нема да ти бидат само мисловна именка.
Вреди и ќе вреди се додека некој пред вас го фаќа работното место само поради тоа што има партиска книшка.
Колку само ќе си странец во Австралија секаде ќе си странец, ама најлошото е шо јас последните години во Македонија се чувствував како странец во државата кај шо сум родена и кај шо сум живеела 25 години. Нажалост такви времиња дојдоа.. Нема споредба за квалитетот на живот споредено Македонија со странство, но САМО и САМО во финансиски поглед. Да, можиш да си дозволиш се шо не можиш во Македонија, а ако работиш две работи и малку повеќе од нормално. Работа има на рефус, ако сакаш да работиш слободно, имаш и работа и пари за собирање. Е сега колку ќе ти биди убаво на душата после одредено време, зависи индивидуално. Реков само финансиски и го поддржувам мислењето дека финансиите ти даваат некаква слобода во животот, да, ама ко ќе кажеа кај нас странци дека ја немаат слободата како што ја имаме во Македонија, јас се чудев, како не си викав, а сега уствари сфаќам шо сакале да кажат. Овде, во Австралија има се само социјален живот никако, барем не таков на каков сме ние навикнати и еве мене ако некогаш се вратам назад во Македонија, то би ми била единствената причина. Не можам да најдам мана на ништо друго освен на то. Не знам, можда да бев тука од 5 години или да бев родена тука ќе бев навикната на се ова и ќе ми беше нормално, ама сега воопшто не ми е. Јас би сумирала една работа - првата генерација што се исселува скоро секогаш се мачи и страда, но идните уживаат и се куртулиле од македонските стеги. Пошто јас моментално заработувам еден куп пари, сопругот исто ама се оди во фондот наречен нова виза. За јадење и кола не е проблем, ниту пак за оригинални парфеми шо во мојов случај ги користам од ко ќе се истуширам пред спиење, пошто немам време кога да излезам. И сега некој ќе се избаци да ми кажува како не знам да живеам, јас многу убаво знам како треба, ама не можам, денот трае 24 сати а јас работам по 12 и спијам по 6, патувам 3 сати и останатото време се туширам/јадам итн. Јас бев најголем поддржувач на исслувањето од Македонија се дури не почувствував на своја кожа шо значи сето ова. Ама и џабе ќе пробувам да зборувам на оваа тема понатаму оти ќе се најди некој како што бев јас да коментира како не сум во право и ќе го сфатам оти го мисли то, оти и јас сум го мислела. Ама не за џабе рекле дека дури не почувствуваш на своја кожа не знаеш како е. Тоа е апсолутно точно. Многу луѓе шо отишле на Work and Travel во Америка мислат дека искусиле нешто слично со трајно исселување, но пак ќе речам - been there, done that Секој со среќата, а тие шо зборуваат дека поубаво кај нас е а не се вратиле тоа го прават од срам од роднините и од шо ќе речат комшиите, сум ги запознала и таквите луѓе и точно знам шо мислат. Здравје боже уште некоја година па ќе се пензионирам во Македонија, пошто Македонија е преубава ако имаш пари, рајатот и мирот овде не можиш да ги најдиш.
Јас живеам во Австралија и воопшто не мислам дека нема социјален живот. Многу зависи и во кој град и кој дел на градот живееш... Искрено не знам зошто толку се споредува со социјалниот живот во Скопје, мене истиот никогаш не ми бил ништо посебно. Напротив, малограѓанштината таму убива. Секој се занимава со сечиј живот. Скопјанка сум, ама градот почна да ме гуши. И гледам низ темава, премногу стереотипи владеат...не значи дека сите кои се преселиле во Австралија, работат ко машини и жалат за Мк. Ако знаеш да уживаш, можеш да бидеш дете на светот и секаде да ти биде убаво. Јас не патам од носталгија. Деновите ми се исполнети и убави. Патувам често и имам свои хобија. Не е се' црно и бело, секој со својата приказна
И да ја напуштиш држава и да живееш убав живот зависи од самиот човек. Човек кој овде не работи и странство нема да работи. Сум сретнала луѓе кои мислат дека странство парите на дрво се берат, е па и таму треба да те боли кичма од работа. Се знае, прво треба се испотиш па да заработиш. А за оние кои велат МК е убава, да убава им е затоа што овде се дојдени на одмор и само од кафане до кафане се, а таму седат дома скриени од работа дома и обратно и не излегуваат ако нема некој празник до црква и назада, затоа што им е страв да не потрошат 30 еур за семејна пица Сегде не има различни и овде и таму, само кој како го сфаќа животот и како сака да го исполни. таму треба да се плаќа кирија за стан/куќа, да се плаќа градинка.....една плата оди за тоа. Единствено добро е тоа што некогаш некој ќе зема странска пензија а ние овде ќе се радуваме на 7000 пензија. Сите велат, одиме заради децата, на децата да им дадеме подобра иднина ............ е тоа да, но и тоа зависи, кое дете му се учи Се е релативно и да темава е голема, огромна, широка.....треба пивце и кикирики за темава
Јас живеам странство плакам се што треба да се плати ама ич не ми е страв да потрошам. Има да и луѓе кои што овде црнчат е мк газди ми изигруваат јас фала богу и овде сум си газдарица и не ми фали ништо , му благодарам на татко ми што ме има донесено овде да не треба сама да заминам од македонија. Бев пред 2 недели мк и стварно никад више ништо не ме влече за мк ама ништо и што се однесува во за дали вреди да се замине од мк јас велам големо ДА! И мк и странство мора да се работи да ама овде работникот било каква работа да ја работи има респект и право на глас! Буквално сите работници имаат право на се . И здраството е подобро сегде од македонија! Жалам ама најголемиот успех на еден македонец е да замине од македонија!
Вреди да се напушти привремено поради финансиски причини, не е лошо ако некој работи 10, 15, па и 20 години во странство, па потоа се врати овде, ама лошо е да се напушти државата засекогаш, бидејќи ако останеш да живееш во странство и таму оформиш семејство, твоите деца нема да бидат Македонци, туку Германци, Италијанци и тн, а за внуците да не зборувам, тие само на карта ќе ја гледаат Македонија, ако воопшто постоиме тогаш, бидејќи сме се помалку и помалку, а соседите едвај чекаат да не зграпчат.
Па баш така преубава е ако ги имаш,а кога ги немаш ти се одмилува да седиш тука,а уште да трпиш тортура од никакви газди а за кој плата па.А да убаво е заробетените пари да ги трошиш во својата земја и да си го завршиш животот тука на раат меѓу своите,ама неможе да се седи на 2 столици,никој не вика дека е лесно таму 12 саати да се работи,и без мн.време за други работи,ама тука е уште потешко кога ги немаш парите нема ни тука многу да излегуваш,ќе се затвараш со црни мисли,и џабе ти се убавините на нашава земја.
не вреди и не би ја напуштила никогаш земјава, можеби да работите власта, политика, економијата не чинат, стварно владее сиромаштија, ниски плати но еве се надевам дека еден ден се ќе се среди на подобро што ќе остане од земјава ако сите се иселат? ќе немаме нација, држава, ќе изумреме колку и некои работи да не ми чинат не би се преселила би била упорна, едноставно се имам тука, родители, роднини, друштво, другарки, социјален живот, ме знаат луѓе, а таму што? ќе бидам обична нула, ќе ме гледаат како ниска класа бидејќи македонка сум нормално, а реално за повеќе пари и подобра работа(што и не сегде во странство би те вработиле на убаво место) не ми треба, на службен пат би отишла ако ме пратат да, но доброволно не, би патувала низ цел свет и да беше ефтино патувањето ќе си патував секој месец, но не би се селела никогаш нигде(освен недај боже војна, нешто каде што мора да те евакуираат)
Јас пак воопшто не размислувам за моите деца да живеат во мк преферирам да се италијанци или германци или австралијанци отколку македонци затоа што македонија не ај гледам како можна држава за живеенје и иманје подобар живот за мене или моите деца. Бев по канцеларии цели 2 недели за еден пасош направен по брза постапка... и за да ми завршат работа ми бараат шише виски?!!! Абе отров за такви! Веке ниту одмор планирам во мк е камоли за живот!
Ок тоа е твое мислење, ама ако сите размислуваме како тебе тогаш за брзо Македонците нема да постојат, а како што пишав погоре, соседите едвај чекаат тоа да се случи, за потоа да можат да си ја поделат Македонија меѓу себе.
Ако треба и нека си и ја поделат глупа држава,која не се грижи за својот народ така и треба,таа да мислеше за добро и ќе правеше,еве само краток пример погоре беше спомнато лошо здраство имаме,не дај боже да те снајде некое лошо заболување како слушам се наоколу луѓе со ракови водат битка,и на крај од немање пари ни услови си умираат прерано.Како што викаат болеста не прашува кој зема богат или сиромав,со што државата ќе му помогне на сиромавиот,и онака ракот експанзивно си се шири,што да прават тие луѓе ем болни ем сиромашни.Со што државата ќе им помогне на нив?
Јас те разбирам ама и да се секирам и да размислувам за македонија политичарите ке ни ја распаднат затоа што се у даноци до гуша и позајмуваат од еу за да дадат пензии и плати... па кај им е крајот на македонците онда? Жалам ама македонија не ја растурија тие што заминаа ама оние .што седат на фотелии и бараат виски за да ми завршат работа , примајки високи плати и вработувајки партиски. . Тоа овде го нема! По канцеларии нема ниту бројчинја ниту ред. Одам во македонија во македонски канцеларии и ми зборуваат албански , немам ништо лошо и против албанците овде со нив леб јадам , ама ако сме во македонија очекувам македонски овде никој не зборува албански , македонски и, романски или марокински само италијански ! И кога сакаат дво јазичност ке им дадат и ке си учите албански овде никој не зборува друг јазик освен италијански ! И кој како доаѓа на ред така поминува.