1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Да до негде си во право,ама жално е што заради поединци или кажано заради партиски интереси да страда поголем дел од нацијата.
     
    На EminemsGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Друга тема е веќе ова
    Не дојдоа на власт ради поединци, туку дојдоа на власт со огромна разлика, понижувачка, значи сепак НАРОДОТ ги гласаше, затоа ни е таква државата
    Жал ми е што се селат голем број на луѓе, има ли нешто што е повеќе мило од родното место?
    Јас скоро на една рака можам да ја избројам фамилијата што ми е тука, кога и да дојдат со солзи заминуваат... Но кога се работи за финансии едноставно мора
     
    На SpangeBob му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SpangeBob

    SpangeBob Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    80 000 луѓе се Македонците за кои пишуваш ... Е толку се селат. Се доселиле двајца-тројца и ти за нив кажуваш? Сериозен си????
     
    На SAMIRA и EminemsGirl им се допаѓа ова.
  4. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Добро, точно е ова за Шведска, ама ајде да ја погледнеме и другата страна на Шведска.
    Незнам дали знаеш дека Шведска е рекордер во Европа по бројот на силувања од страна на имигранти, и има голем број на места каде луѓето се плашат да излегуваат, плашејќи се за нивната безбедност.
    Па сега незнам дали е подобро да бидеш богата ама и силувана, и ќе имаш трауми до крајот на животот или пак нема да бидеш толку богата, ама ќе живееш без такви трауми.
    Погледни ги овие видеа и се ќе ти стане јасно.

     
  5. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Јас само дадов пример дека има и луѓе кои се доселуваат, никаде не споредив бројки, а не знам која е точната бројка на иселени, ама која и да е, загрижувачка е.
     
  6. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Слободно остани и подобри ја. Многу паметни луѓе кои имаат големо знаење мислеле вака и останале, ама тоа знаеш колку траело? 2 години максимум. После тоа си оделе што подалеку.
    Треба да се сфати еднаш засекогаш, моментално ништо не може да го задржи еден млад и паметен човек овде, значи буквално ништо. Светот нуди многу, Македонија нуди ништо. Во последните 10 години се иселени 600.000 луѓе, дали имаш поим колку е тоа? Јас искрено се чудам, не верував дека толкав број се иселиле. Тоа е колку една мала држава, тоа ти е исто ко цело Скопје да си отиде. Е сега, можеш ли да замислиш ако тие 600.000 имаа тука услови за да останат што ќе беше? Немаше да мораат знаењето да го пренесуваат на странци, туку ќе си останеа овде. Ама, не за џабе сме црната дупка на Европа, овде е битна партијата а не дипломата. Никој нема да избере да остане ако има шанса да замине, ако нешто се смени и почне да се мисли на младите а не на пензионерите тогаш можеби и ќе останат, во спротивно, ќе ја гледаат Македонија на нет само.
    Оди кажи им го ова на тие што се утепале од учење за да имаат просек 10 и на крај да бидат шутнати од интервју за работа бидејќи некој со основно веќе бил партиски вработен. Лесно е од страна да кажеш вака, кога ќе го осетиш тоа, друго ќе викаш.
    Тие кои тоа го осетиле веќе немаат никаква желба да работат и да останат тука, зошто би? Да ги надминат проблемите? Како? Со работа на улица, а дома диплома од факултет со просек 10? Не, тие си бегаат што подалеку и не се вртат, и јас би направил така и затоа ги поддржувам. Не може некој неписмен да работи а тие да седат дома и да ги надминуваат проблемите, да крпат ден за ден додека некој ужива.
    Зошто учеле? Зошто се мачеле кога никој не ги цени? И сега, имаат избор значи, од една страна еден глас им вика "останете тука ова е ваша земја, тука сте се родиле". А од друга страна друг им.вика, "дојдете ваму ќе работите тоа што сте учеле, ќе ви биде платено се и нема да сте дискриминирани". Кој е подобриот избор? Да основаш семејство некаде каде ќе живееш.ко човек, или некаде каде ќе живееш ко куче?
     
    На EminemsGirl, green.eyes и SAMIRA им се допаѓа ова.
  7. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Јас не сум против луѓето да одат да работат во странство и после одредено време да се вратат, само сум против трајното иселување.
    Не е лоша економската ситуацијата само во Македонија, лоша е во цела Источна Европа и ќе ни треба време да се подобриме, а кажав дека не знам која е точната бројка на иселени луѓе од Македонија.
    Според Eurostat Македонија моментално има 2,071,278 жители, ама загрижувачки е трендот на намалување на населението во држави кои се членки на ЕУ, на пример во Бугарија во 2006 имало 7,629,371 жители, а сега има 7,153,784 , тоа се 475 587 жители помалку, во Хрватска во 2006 имало 4,312,487 а сега има 4,190,669, во Романија во 2006 имало 21,257,016 жители, а сега има 19,759,968, тоа се скоро 1 500 000 луѓе помалку.
    http://ec.europa.eu/eurostat/tgm/ta...tion=1&footnotes=yes&labeling=labels&plugin=1
     
    Последна измена: 30 септември 2016
    На ivory му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Не зборувам за Источна Европа. Најчесто се иселуваат во Германија, Швајцарија, Норвешка, Канада. Таму е одлично, а за Источна Европа немам што да кажам. И Романците се како нас, диктаторска партија на власт, си имаат и тие СЈО кое ги осудува криминалците, а народот веќе одамна ги користи бенефициите на Европскиот пасош и си го фаќа патот во убавиот свет.
     
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @Sashko1992 , силувања секаде има. Има многу во Шведска, не велам не, но ако не се чуло за други земји, не значи дека ги нема. Се кријат тие работи, не се кажуваат јавно, ни во Шведска, ни во друга земја. Нема точни официјални податоци. Исто како и тероризмот, секаде го има, на секое ќоше, не знаеш дали ќе те разнесе некој будала на Бит пазар или во центар на Лондон.
    За тебе ова со силувањето е пресудно покрај сите тие добри работи кои ги нуди државата? (не зборам за Шведска, туку генерално)
    Досега никаде не сум се почувствувала несигурно, никогаш не ми било страв да отидам некаде. Има места каде што азиланти не се пожелни, ама многу повеќе има места преполни од азиланти каде што полиција не оди. Не остануваат со неизрамнети сметки, револтот кај локалните е голем. И со причина, го разбирам тоа, одблиску ги гледам работите.


    Оној што си отишол од Македонија и добро се снашол, добро живеел и заработувал, тешко дека ќе се врати. Има случаи, ама повеќето не се враќаат, остануваат. Посебно ако створил фамилија и живее со фамилијата таму.
     
    Последна измена: 30 септември 2016
    На SAMIRA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    ВРЕДЕИИИИ!!!
    Сега не дека тече мед и млеко во туѓина и парите на дрво растат. се работи ко магаре исто ко што некој/и и тука работат ама барем за достојна сума пари а не за минималец 10000
     
    На lovely97 и green.eyes им се допаѓа ова.
  11. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Па секаде има силувања, ама во Шведска ги најмногу, па затоа таму се најголеми шансите да бидеш силувана, и што е најлошо најголем број од тие силувања ги прават луѓе кои се доселиле да живеат во таа држава.
    Затоа јас сум против примање на луѓе во Европа од Африка и Азија, тие наместо да бидат најпримерни граѓани бидејќи овде имаат 100 пати подобар живот отколку што имаат во нивните држави, тие силуваат и убиваат луѓе. Сите терористичките напади се направени од имигранти или пак потекнуваат од имигрантски семејства. Самата Ангела Меркел пред 6 години призна дека мултикултиризмот во Германија е мртов, а истата таа Меркел во својата земја за една година прими над 1 000 000 луѓе од различна култура.

    Не е точно дека заканата од тероризам е секаде иста, во Европа за оваа година како земји кои имаат најголема шанса за терористички напади се посочени Велика Британија, Турција, Белгија, Франција, Германија, Русија и Шпанија. http://www.express.co.uk/travel/articles/673818/Safe-holiday-destinations-summer-2016-Europe

    Силувањето е само една од многуте причини поради кои никогаш не би живеел трајно во некоја западно или северноевропска држава.
    Не се допаѓа нивниот начин на живот, не ми се допаѓаат нивните животни вредности кои ги имаат, не ми се допаѓа тоа што примаат имигранти кои не се од Европа, не ми се допаѓа тоа што ги имаат легализирано истополовите бракови и тоа што ваквите парови имаат право да посвојуваат деца.
    Не ми се допаѓа ниту нивниот менталитет, таму никој за никого не му е гајле, имаат многу малку време за социјален живот и нема такво дружење како што има во Македонија и останатите земји од регионот.
    Кај нив се се сведува на работата, а тоа најдобро го има опишано Екрем Јевриќ во песната ''Kuca Poso'' :D.

     
    Последна измена: 30 септември 2016
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Тероризмот нема правила, нема статистика. Јас овде се чувствувам побезбедно отколку во Скопје, со толкав број на имигранти и азиланти. Криминалот и тероризмот не бираат националност, боја на кожа, вера, земја на потекло..........

    И јас од секогаш сум била против тоа доселување на неевропјани во Европа, ама тоа е, нема што да се прави. Да не зборувам само колку револтира нивното категорично одбивање за било каква интеграција во системот, и не само тоа, туку и добро познатите барања се да се прилагоди на нивните потреби. Партал ги направија државиве од Западна Европа, допрва ќе се видат последиците од ова. Друга тема е тоа.

    За другиот дел.........и кај нас ќе дојде истото. Легализирање истополови бракови, посвојување деца......Полека ама сигурно и кај нас доаѓа, и тоа на широка врата.

    Конкретно за Шведска, мене лично ми се допаѓа менталитетот. Сите се интересираат за тебе само толку колку што треба и колку што им е работа, и ништо повеќе од тоа. Преку глава ми е од она забодување на носот на сите кај што треба и кај што не треба. Имаат време и за социјализација и за се, има и дружење. Ние со сопругот овде имаме подобар социјален живот отколку во Македонија. Со кого ќе излезеш кај нас, со кого ќе се видиш? Сите се или на работа од јутра до сутра, или немаат пари (95% од луѓето со кои бевме во контакт), или се под големи стресови па не им е дојдено до шетање, или се преморени па сакаат да одморат. Дружење во Македонија (зборам за луѓе отприлика моја возраст) веќе одамна нема, поминаа тие времиња. Баш заради тоа што овде многу голем дел се сведува на работата, имаш услови за многу повеќе во животот :) Од кога ќе почнеш да ствараш фамилија, мноооогу поважно ќе ти биде на детето да му обезбедиш убав и сигурен дом, убави услови за нормален развој, а излегувањето ќе ти биде не во втор, туку во дваесет и втор план.
    И не мора на некој да му е посебно гајле за мене, си ги имам оние кои ми значат на кои и тоа како им е гајле како ми е. Истото ми беше и во Македонија важно, сега не осеќам ама баш никаква разлика во тој поглед. :)

    п.с. Екрем Јевриќ пееше за Америка, тоа таму е сосема друг систем од овој европскиот. ;)
     
    Последна измена: 30 септември 2016
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Поголеми се шансите да ти падне пијано на глава, отколку да загинеш во терористички напад. Немој многу да им се секираш, веројатно ќе се снајдат они, знаат како треба. Тоа околу одбивноста што ја имаш кон луѓето таму, е нешто во твојата глава иницирано можеби од некои филмови што си ги гледал, бадијала ќе ти се објаснува. И мислам дека не си бил во посета на западноевропска земја.
     
    На TashSefton, Askopje и green.eyes им се допаѓа ова.
  14. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Јас објаснив зошто никогаш не би живеел во некоја западно или северноевропска држава, би отишол само на привремена работа или како турист, а ако на тебе ти е добро слободно живеј си таму.
    Мене искрено не ми е гајле за Македонците кои се трајно иселени од Македонија, и мислам дека тие не треба да имаат право на глас на избори, бидејќи не може некој кој ниту живее овде, ниту пак планира да се врати да живее, да одлучува за иднината на државата.

    Пак ќе кажам, заканата од тероризам не е секаде иста, а што повеќе имигранти во западна и северна Европа, тоа повеќе шанси за терористички напади и силувања.

    За истопловите бракови апсолутно не си во право, и кај нас легализација нема да се случи уште долго време, а јас се надевам дека никогаш нема да се случи.
    Според последните истражувања околу 88% од Македонците се против легализирање на ваквите бракови, а само 10% се за, додека во Шведска и многу други северно и западноевропски држави веќе се легализирани, а исто така е легализирано и посвојувањето на деца од ваквите парови, што за мене е неприфатливо.
     
    Последна измена: 1 октомври 2016
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Слободно нека ја зграпчат и онака е најмизерна земја, па нека и прват што сакаат.
    Само тие што заминаа живот видеа...
     
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Не, не те убедувам да се селиш од Македонија, ни под разно, не се секирај :D Супер ти е таму, уживај си ;)

    Ќе видиш што ќе испадне кај нас за истополовите бракови, додека трепнеш ќе бидат легални. Никого нема да прашаат дали сака да се легализираат или не, ако треба, ќе биде така како што решиле, т.е. ако така им кажат дека треба да се направи.

    Право на глас според мене, никако не треба да имаат тие иселени од Македонија, јас лично сметам дека штом стапнале надвор од граница и не живеат веќе таму, не треба да имаат право да одлучуваат за иднината на таа држава. Нека одлучуваат за тоа тие што се таму, кои се директно засегнати од тоа како ќе се распоредат гласовите.
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Не вреди! :) Нашите предци живееле под Турско ропство,под Фашистичка окупација.. па не кукале.Туку се останале овде и се бореле да променат нешто,и промениле.Денес живееме во оваа слобдна и независна држава благодарение на нив.Курдите на Блискиот Исток ги има скоро 20 милиони но немаат своја држава.Скоро 50 години се борат де со Турција,де со терористи,де со овие де со оние.. само да си направат своја држава.
    Ако не го цените она што го имате,нема да го цените ни она што го немате.Секогаш и секаде! :)
     
  18. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Во право си дека некој кажува дали треба да се легализираат, а тој некој е ЕУ, ама и ЕУ не е семоќна.
    Им кажаа и на Хрватска и Словенија да ги легализираат ваквите бракови, ама тие си организираа референдуми, и за жал на ЕУ, и во двете држави некаде околу 65% гласаа против.
     
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Да, ама забораваш дека ние не сме како Хравтите и Словенците, за жал. Ние знаеме да играме само како што ќе ни кажат, не како што треба за вистинското добро на државата. Баш заради тоа сум сигурна дека ќе се легализира. Да бевме со таков менталитет, немаше во таква сстојба да ни биде државата, ќе беше барем малку подобро.
     
  20. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    OK и што е проблемот со тоа? Дали има некоја вредност само по себе фактот што си македонец? Ако беше Италијан дали ќе беше нешто пониско?

    Башка да не зборам за очигледниот факт што сите од некаде дошле.
    Македонците се словени. Нека не ве лажат ВМРО. Од култура, до јазик, до народна песна и носија... се индицира дека сме словени. Не викам дека не сме измешани со други групи, можеби некои антички нации што живееле на овие простори... ама доминантно сме словени.
    Што значи дека во одредена точка во времето нашите предци ја напуштиле словенската прататковина и се доселиле тука. И што да се каже сега за тоа? Извршиле предавство?
    Јас не сакам Македонија да ја распарчат. Но зошто целиот товар за нејзиниот опстанок се фрла на граѓанинот? Колку за тоа придонесуваат политичарите и елитите?
    Тоа е како да кажеш ако решиш да го напуштиш овој брак што е дисфукнционален, децата ќе растат без два родители. Е, ама, за успешен брак се потребни двајца така? Зошто не се сепнат тие на власт како нивното однесување влијае на отселувањето на народот.

    И плус, никој не сака да се малтретира и да се отселува од каприц. Да бидеш одвоен од цела фамилија и сите што ги знаеш, да учиш нов јазик и да се прилагодуваш на нова култура, да бидеш странец... не е лесно и едноставно.
    Ама што да се прави кога МКД има сериозни проблеми што можеби нема да се реша ни за 50 години? 25 години сме независни, ништо не се смени. Пак се оди со врски, пак власта прислушкува, пак се фалсификуваат избори и се купуваат гласови.... Кој проблем се решил во 25 години? Мене ми се чини дека состојбата само се влошува.

    И тажно е. Дури и јас што никогаш не сум мислел на иселување, сега размислувам за тоа.

    Со кого ќе ја поправиме? Сите што нешто вредеа си заминаа? Како ќе ја поправиме кога немаме луѓе за тоа. Мнозинството што останаа се продадени души.
    Башка ти како граѓанин, барем така се покажа после кризава, немаш никава политичка моќ. Ќе ти увезат гласови од Пустец, ќе фалсификуваат гласови, ќе ти перат мозок со тоа што ги имаат скоро сите медиуми во државата... Не можеш никако да ги симнеш од власт, а дури и да ги симнеш, алтернативата е исто ѓубре.

    Зар е премногу да сакам да не ме крадат и обесправуваат?
    И зарем е погрешно да ми биде побитна иднината на моето идно семејство од иднината на државата во која сум се родил?

    Јас мислам не, и затоа викам ВРЕДИ да се иселиш. Да не вредеше немаше да иселат толкумина.

    Сега, секако, ако си дел од политичката и бизнис елита, за тебе мед и млеко тече. Ама ако си обичен човек...нема муабет. Надвор ти е сто пати подобро.
     
    На Annath и green.eyes им се допаѓа ова.