1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Па да, ние сме како Хрватите и Словенците, ама зошто сме такви??.
    Затоа што сме мали земји кои немаат никаква моќ и мора да се потчинуваат на сите, ама не е било така додека сме биле дел од Југославија.
    Баш затоа западот на чело со Германија и Америка направија се за да се распадне Југославија, и потоа да може лесно да не контролираат и да ни кажуваат што треба да правиме, и сега јас треба да ги сакам овие држави и да живеам таму??.

    Мислам дека поголеми шанси има да се воведе шеријатското право во Шведска :D, отколку да се легализираат истополовите бракови во Македонија, а еве можеш да видиш дека некои Швеѓани немаат ништо против тоа :D.
     
  2. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Баш затоа што Македонците се Словени, на мене ми е чест што сум Словен и Македонец, и од сите држави најмногу ги сакам и почитувам јужнословенските држави, а потоа и останатите словенски.
    Точно е дека ние доминатно сме Словени, а тоа го имаат потвредно сите локални и светски експерти.
    И не не лаже ВМРО дека ние не сме Словени, туку не лажат одреден дел на ултра националисти кои влегле во некој филм дека ние сме наследници на Филип и Александар.
    А официјалниот став на Македонија се усогласува со мислењето на 99% од Македонците, а тоа е дека ние сме производ на мешањето на словенските племиња кои се се населуваат во Македонија во 7 век, со локалното население (Антички Македонци, Илири, Тракијци, Антички Грци, Римјани и др.)
    А нашите предци се доселиле тука, ама тие тогаш групно се населувале, и тогаш тие не ја напуштиле државата во која што живееле, бидејќи во тое време не постоеле држави, а сега е поинаква ситуацијата, така да не можеме да правиме споредба.

    Се ова што го кажа за состојбата горе-доле се согласувам, ама не се согласувам дека ти како човек немаш политичка моќ, бидејќи токму граѓаните се тие кои што одлучуваат кој ќе ја води државата, а тие што ги увезоа од Пустец имаат право на глас бидејќи имаат македонски државјанства, само проблемот беше што немаат лични карти и адреса на живеење па затоа ги ставаа по 50 души во еден стан, ама сепак тие ништо не променија.

    Таква е политиката и политичарите, не само во Македонија туку и во многу други земји во Европа и во светот, ние за жал овде ја бираме најмалку лошата опција да биде на власт, а треба да ја бираме најдобрата, ама кој и дојде на власт не може веднаш да ја зголеми просечната плата од 360 евра колку што е сега, на 1000, за тоа е потребно време, али сепак треба да дојде некоја нова генерација на политичари која ќе размислува поинаку, и повеќе ќе гледа да го подобри животот на народот отколку сопствениот.

    Јас реков и претходно ако немаш друг избор и ти се потребни финансиски средства, не е лошо да заминеш да работиш во некоја богата земја, ама откако ќе работиш 10, 15, па и 20 години, врати се и тоа што си го заработил инвестирај го во државата, отвори некој бизнис, вработи луѓе кои се без работа и слично.

    Јас имам еден познаник кој е Словенец, ама роден е во Австрија, и тој ми вели дека во Австрија никој не го гледал како Германец, туку сите го гледале како странец, а кога ќе појдел во Словенија, таму пак никој не го гледал како Словенец, туку сите го гледале како странец, таква е ситуацијата и со Македонците и останатите иселеници, секаде се гледани како странци, и колку и да се богати и да имаат добар живот, секогаш ќе тежнеат по родниот или крајот од кај што потекнуваат.
     
    Последна измена: 1 октомври 2016
  3. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    ВМРО лаже Сашко, ВМРО :D

    Целиов муабет може да се сумаризира вака: дали јас треба да се секирам повеќе за тоа што ќе биде со РМ или треба да се секирам повеќе што ќе биде со г-ѓа Анон и Анон Џуниор? :) Еве себеси се изземам од равенкава. Не сум битен. Ќе мислам исклучиво за другите.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @Sashko1992 Сериозен си за споредбава со шеријат? :D (facepalm)

    Не знам за другите држави, ама овие овде се свестија. Си ја направија бељата, примија куп азиланти што примија, ама почнаа да ги враќаат. Видоа со кого си имаат работа, свиткаа опашката, сега ем многу помалку примаат, ем не им даваат азилантски статус и ги враќаат назад. Нема сите да ги вратат нормално, ама доволно е што многу се редуцираше влезот на азиланти. Полека ама сигурно, ја контролираат веќе состојбата во државата со азилантите. Не им се дава тукутака да им се посере некој на тоа што го правеле со векови наназад.

    Од секогаш ми било чудно тоа, да поработиш 10-15 години и да се вратиш. За тоа време веќе имаш фамилија, изграден живот, најверојатно и добра работна позиција, веќе добро си се снашол во општеството, децата веќе големи претпоставувам, научени на лагоден и угоден живот.....и одеднаш ги носиш во држава кај што не можеш телевизор да купиш без врски, а не па некоја работа да завршиш. Да не зборам за менталитетот и функционирањето на целокупниот систем. Ако веќе си живеел 10-15 години (95% сум сигурна дека би биле најубавите години од нечиј живот), што ѓавол бараш да се враќаш за пак да почнуваш од нула, од многу подолу од она што си? Ако сакаш да им го уништиш животот на децата, врати се. Не се само парите битни. Може и би имал пари и би инвестирал, како што викаш, ама кој ќе им обезбеди на децата функционален систем како што имале во земјата кај што живееле претходно? Пишав вчера, и сега ќе кажам, во тие години не ти е битно веќе кај тебе лично ти е поубаво, битно ти е на децата како им е, каде имаат подобра перспектива и подобри животни услови. Уствари, би требало така да биде, ама очигледно не размислуваат сите така :)
     
    На dunika, Anon, mama31 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Доволно кажав за темава, не планирам вечито да објаснувам, тој што сака да ја напушти државата секогаш ќе најде некоја причина за да го направи тоа, исто и тој што сака да остане секогаш ќе најде причина за да остане, а како што кажав и претходно, на мене воопшто не ми е гајле и не ме интересира што се случува со трајно иселените Македонци од Македонија, и мислам дека на никој не треба да му биде гајле, бидејќи
    тие придонесуваат за државите во кои што живеат, а не за Македонија.
     
    Последна измена: 2 октомври 2016
  6. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Да ако мотивациите за едното или за другото им се нерационални/емотивни. Ако мотивициите им се базирани на факти и аргументи тогаш факти и аргументи можат да ги разубедат да го сменат ставот.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Многу пријатели си заминаа од државата и најблиските исто така. Сега веќе останавме толку малку што можеме да се изброиме на една рака. Големи куќи празни. Двајца луѓе на три спрата криенка ли да играат?
    Уште малку па за изборите ќе се прават програми само за пензионери зошто само тие останаа. Или веќе се прават?
     
  8. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Се’ им е дадено и пак се незадоволни. Кога одам на училиште,мене вторник и петок ми се смрт. Автобуси полни со безобразни пензионери на кои се’ им е дадено и лошо зборуваат за нас младите како не сме им пуштале место,а потоа зборуваат дека многу млади се селеле од државата. Епа ќе се селат,зашто пензионерите имаат повеќе поволности од нас и пак им е малку. Ќе не бараат нас младите,ама ќе не нема. Ај нека им ги направат и понеделник,среда и четврток бесплатни,па да не докрајчат.
     
    На celineparis му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Не дека во другите земји е идеално ама младите посебно средношколци и студенти имаат огромни поволности. А така и треба да биде. И поради тоа си одат сите. А со ова вторник и петок ме потсети на сликите што беа по интернет пензионери со вреќи од пазар, со соблечени кондури, легнати на две седишта и слични сцени. Е баш заради тоа што несакам тоа да го гледам ако треба и пешки ќе одам ама во ЈСП не.
     
    На mode-kristina и SAMIRA им се допаѓа ова.
  10. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Вреди да се напушти нашата албанска држава
     
  11. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Да, вреди.
     
  12. Pinky97

    Pinky97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Државата што не чини,не чини. Ама тоа е кривица на граѓаните бидејќи ние треба да се бориме за подобар живот и повисок стандард и да се крене револуција како што прават во другите земји,ама се додека има прости луѓе кои штабот им диктира како да се однесуваат и размислуваат ние немаме иднина ама за жал поголемиот број на луѓе се баш такви,бидејќи сметаат дека само така ќе успеат во животот ако се послушни партиско пиони. Ама сепак додека има овци ќе не стрижат. Ние треба да го водиме партиите и политичарите за нашите потреби како граѓани на оваа земја да ги задоволат,а не они да не командаат за нивните лични интереси.
     
    На celineparis и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Kaj nas e problemot sho lugjeto se nesposobni.
     
  14. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    85
    Знаеме каква ни е состојбата во нашата ,,БОГАТА" земја,па би сакал да прашам дали би заминале засекогаш од Македонија доколку имате можности???
     
    На "Zoki" му/ѝ се допаѓа ова.
  15. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Засеκогаш неможам да отидам вρзан сум за неκолκу лучности во мојот живот и неможам да ги напуштам пρед се моите дома,неκолκу ρоднини,добρите мои дρугаρи,и κучето а во план сум да одам на поκρатоκ пеρиод :call::hai:
     
    На Incule му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Можам..а може и ќе одам пак ако бубачките ми проработат.:party::party:
    Глупава бев што се вратив:D
     
  17. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Во скоро време ќе се деси и тоа. Си го чекам пасошот, си зимам куферите и пријатно. И така у државава веќе ништо не функционира како треба.
     
    Последна измена: 17 јануари 2017
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно ДА...без размислување.

    Кога дознав дека во Швајцарија обична чистачка, со ПОЛА работно време, зема 2500 евра плата, и секое лето е низ Дубаи, Турција, Мароко, Хаваите, а секоја зима е низ најатрактивните зимски ценри во Швајцарија....па во секој момент очекувам да ми стигне бугарскиот пасош и збогум сиромаштиЈо :fubar:

    Овде до Маврово не можеш да појдеш :tmi:

    И онака се е пропаднато во земјава, па таман да си ја земам дипломата сега и ќе одам во Швајцарија да си се ладам со неа :makeup:
     
    На Mr. Right, Smilleeeeee и Quuen им се допаѓа ова.
  19. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl некој те има излажано за тоа дека живее ко кралица со таа сума. Во Швајцарија со 3500 можеш да живееш, ама онака релативно скомно, да речеме дека имаш пари за она што ти е потребно без да се стегаш. Ама дека можеш да шеташ кај ти се кефне во момент, мало морген. ;)
     
    На littleflower, crimson и blueeparadise им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Хаха се прашува ли ова бе

    Овде и така почна досадниот снег да паѓа секој ден
    Боље у Германија ќе го гледам или у Канада
     
    На Bescheiden и Someonespecial им се допаѓа ова.