1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Да ни беше организирана државава, да се грижеше за своите граѓани, секој да имаше право на работа, здравствено осигурување и разни бенефиции никој немаше да помисли на тоа да оди надвор. Но што да се прави во едно вакво нерганизирано општество се несигурна иднина? Не викам дека во странство цветаат синолички, но барем оној кој се труди ќе успее, таму нема место за мрзливи и неработни.
    А овде, можеш на многу начини да стекнеш позиција, материјални добра. Не секогаш квалитетот се цени, туку напротив, ретко. Овде дури намерно, не му се дозволува на квалитетниот кадар да се истакне, со цел неквалитетот да не дојде до израз, во споредба.
    Зборот ми е, не се пружа шанса секому кој сака да работи и заработува чесно да може да си го оствари тоа.
    Овде не можеме да живееме со полни гради. Не сакам некои луксузи или слично, но барем приближно онакви услови какви што имаат во средените држави. Чисто некои човечки потреби за удобен и пријатен живот, не луксузен, нормален.
    А ние овде преживуваме и се радуваме и чудиме на вселенскиот електронски билборд (ЕДЕН во Скопје ) кога во цел свет тоа е вообичаено. Кај нас се во ин сеуште хартиените постери :lol:
    Е таму негде сме ние.
     
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.146
    Да вреди. Бев, видов, се уверив. и морав да се вратам назад. Ама ке отидам пак.. Без бугарски пасош, туку со диплома во рака. Ке успеам. ;) Нема друг избор. Оваа земја ништо не нуди.
     
  3. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Сеуте немам одено подалеку од Мкадедонија,но ќе кажам ништо не е поболно од носталгијата,и ништо не е потешко од мислата да бидеш далеку од блиските.Барем за мене 8)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Кога братучед ми од САД доаѓа на гости , не може да доседи. Постојано кука како сме биле легачи, како сме пиеле по 10 кафиња дневно и се чуди како успеваме да се договориме за излегување за 15 минути.
    Денес, после година и пол го видов другар ми дојде од печалба. Не можеше да доседи. Се жалеше на се'нешто. Ми истури куп подароци и за неполн час си замина. Догодина може ќе добијам 15 минути - ако сум среќна.

    Што ми е поентата? Вреди да се замине, на кратко, да спечалиш и да си дојдеш дома, во својата татковина. Каква е таква е - твоја си е. Дома си.
    А додека си таму, да не заборавиш кој си и како било некогаш.
    Да не дозволиш да се вратиш измутирано суштество, па да ни солиш памет за подобар и посреќен живот.
    Ко ние да не знаевме богати!

    И да одиш со диплома во рака, па да си работиш некоја добро платена работа како човек, ајде сфаќам.
    А не да одам некаде уџум, далеку од сите мои блиски, за што? За да мијам садови, па чекај не, втора работа - да чистам по куќи, и на крај трета (зашто пак не можам да преживеам) да разнесувам мраз. Не фала. Тие работи можеш да ги работиш и дома.
     
    На tessie, pink4ever, Iva-Mici и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Секако дека вреди да се напушти и тоа без размислување и без броење до 10. Барем јас така мислам, нема живеачка во оваа наша држава. Прва прилика и бегам било каде само не во Македонија.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Јас мислам дека вреди да се напушти доколку можеш да заминеш со твоите блиски :)
     
  7. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    нашата мила татковина треба да си ја сакаме зошто е само наша,каде и да одиш ке бидеш граѓанин од втор ред,и редно е да се освестиме дека треба да бидеме повеке самосвесни и да заборавиме клати врата земај плата,зошто секој што бил надвор знае дека тоа не функционира надвор,сеуште само кај нас ,епа треба да почнеме да се однесуваме дома како да сме надвор,таму правилата се почитуваат ,а дома за се нешто ни требаат врски сами сме си допринеле за голем дел од работите да не ни функционираат,и се додека се однесуваме така ке немаме напредок.само дома си е дома ,а јас мојата многу си ја сакам
     
  8. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    До пред некое време бев многу против напуштањето на државата, мислејќи дека ако работиш и во нашата земја ќе заработиш доволно за да живееш добро! Ама го сменив ставот, во нашата држава никогаш нема да зарботиш -доволно- за да живееш како нормален човек, со нормално работно место, нормална плата (доволна за егзистенција), со права на работниците, со слободно време, со годишен одмор... таков нормален човек ретко се наоѓа во државичката ни, а и ако се најде немој да го прашаш која пратија е туку веднаш знај дека тој е со тие што у моментото се на власт и они го наместиле на работното место!
    Ниту зад мене, зиту зад било кој млад човек не застанала оваа држава...ниту пак ќе застане! Завршив како добар студент со висок просек, амбициозна сум, способна за работа, и знам дека многумина се како мене и подобри од мене, но сите сме еднакво загрозени во нашата држава! Не вреди ни диплома, не вреди ни способност, не вреди ни амбиција...вреди само членска книшка! Чест на исклучоци, за кои се смоневам дека воопшто ги има!
    Ако оваа држава беше добра, немаше сама да израснам, немаше секој ден уште од мала сама да се снаоѓам за јадење, и моите ќе имаа нормално работно време, а не од 8 до 20 часот! И немаше да ми се ценкат муштериите во дуќан за попуст од 50 денари... не е до менталитет и до простатилук, туку до немање на пари за основни средства е!
    За среќа сум се родила покрај родители кои успејале да разработат бизнис, и на таков начин меѓу солидниот живот успејаа и да ми обезбедат некаква работа и за мене...ама дали сите ја имаат таа можност во нашата земја!
    Некој ќе рече дека ова е нашата татковина и каква таква треба да си ја сакаме... ама јас не ја чувствувам како моја татковина, ова е држава на грувеци и црвенковци, рамковски и ѕинговци, вмровци и сдсмовци... каде сум јас во оваа држава? И зошто да ја сакам, и зошто да се мислам дали да ја напуштам?
    не верувам дека во иднина нешто ќе се смени, и не верувам дека би ја напуштила, но ги подржувам сите кои ја напуштаат (бугарзирани, словенизирани, или со било какви пасоши), подобро во друга држава граѓанин од втор ред отколку во оваа нашата гаѓанин од прв ред! Ќе работиш како скот и во друга земја, но барем плата ќе земеш,а кај нас не се знае до последен момент дали ќе те платат или не!
    И ај да скратам... подржувам напуштање на оваа земја оти ако сме големи патриоти ќе си изумреме гладни и голи со патриотизмот во нас...
     
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Нашава држава е црно-бел свет. Паѓаат вмро, доаѓаат сдсм и обратно. Додека се едните на валст вработуваат до кај што можат, после доаѓаат другите отпуштаат се живо од работа и си вработуваат нивни. Одамна размислувам за странство, меѓутоа за некој период и после да се вратам пак тука, од проста причина што во странство никогаш нема да имам мој стан туку цел живот ќе живеам по кирија, а кириите се многу високи, никогаш нема да бидам доволно ценета како што сум во својата земја (во одредени држави луѓето се големи националисти и секогаш гледаат на нас со потценување) ќе имам пари меѓутоа нема да имам живот. Далеку од пријателите, семејството и сите сакани, оставен сам на себе, работа и само работа. Имам многу познаници што работат во странство и секогаш викаат имам пари немам каде да ги трошам. Па според тоа кога би ми се укажала шанса за странство би одела за да заработам и би се вратила.
     
  10. kajce

    kajce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Edna stara makedonska pogovorka veli:
    KADE VI E RAATOT TAMU E I VILAETOT!!!!!
    I veruvajte deka e taka. Ova go pisuvam bidejki posle edna godina vo stranstvo osetiv sto znaci sigurnost za mene i moeto semejstvo. Navistina mi nedostiga mojata familija pa i skopskata shema no seto toa go nadopolnuvam so sekakvi aktivnosti so moeto semejstvo, bidejki se vi e servirano i samo treba da go iskoristite!
    Moja preporaka vi e dokolku vi pruzi zivotot moznost da otidete vo nekoja porazviena i ekonomski postabilna drzava iskorestete ja.
     
  11. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Со оглед на моменталнава ситуација која некако недогледно се влошува, со оглед на мојата струка која не е доволно развиена и ценета во мало општество како нашево, секако би си ја пробала среќата во странство. Без да размислам два пати. Најпрво би заминала на неколку месеци за да видам дали можам да функционирам и да се снајдам, па ако успеам, би живеела во странство. Секако дека ќе се вратам дома за да ги посетам моите најблиски и дека ќе ми недостига ужасно сето проживеано во оваа државичка. Ама, таква е ситуацијата. Дај Боже да дојде време кога сите ќе се среќни и задоволни и кога ова прашање за напуштање на државата ќе звучи смешно... Имаме многу интелигентна и квалитетна раја, се надевам еден ден некому ќе му стане гајле за нас...
     
  12. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Da mozev vo momentov bi se spakuvala i bi si odela

    [mod-kirilica:1yq503vp][/mod-kirilica:1yq503vp]
     
  13. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Вреди, и пешки да тргнеш вреди. Веќе преку глава ми е дојдена!!
     
  14. Mamba-Jamba

    Mamba-Jamba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    Да ми се пружи шанса веднаш би заминала одовде и ич око нема да ми трепне.. Некако воопшто неможам да се вклопам во средината. Никако моите и размислувањата на околината не се совпаѓаат. Ауу што сме типични Балканци, се нервирам бе не си го гледаат својот живот во туѓи се мешаат. Just live and let live..! Од друга страна и економијата е подобра, за секој може да се најде работа.
     
  15. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Подобро е да се смееш во колиба од колку да плачеш во палата. :)

    Епа сега, ако одиш некаде треба да имаш гарантирано дека ке ти е поубаво од овде т.е ќе се смееш во палатата :D . Ако не зошто воопшто одиш ? :wasntme:
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Државата - Вреди! И не само поради пари и слични материјални работи. Кој прошетал знае во каква мизерија сме во секој поглед. Само незнам дали вреди да си ги напуштам најблиските
     
  17. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Морав и јас да напишам нешто во темава бидејки гледам скоро сите сте напишале дека е вредно да се напушти нашата држава. Јас би кажала дека ништо на свето не е толку вредно за да си ја напуштеме државата.Јас еве веке 2 месеци сум во странство,ме донесоа мојте за да завршам средно образование и факултет овде(не ме ниту еднаш прашаа дали сакам или несакам да одам) и да ви кажам се би дала да можам да можам да се вратам назад во мојот роден град и во Мк...Иако сум овде татко ми е по цел ден на работа така што за вие два месеци иако сум овде никој нема време за мене и кога си дојдат од работа мојте се изморени.Не сум срекна овде а и лугето се многу поразлични т.с менталитетот е многу по друг.Тука немам кај кого да идам на кафе со кого да си направам муабет да му ги кажам проблемите шо ме мачат едноставно немам никој дури ни родителите немаат време.Во Мк исто така мојте родители беа на работа од утро до вечер,но јас барем бев срекна со сите други шо беа околу мене,а овде немам на кого да се пожалам да си кажам се шо ме маче пошто тука никој не се интересира за никој друг-сите си гледат за себе.И да, тука секако многу е почисто и има што да се виде но што кога јас не сум срекна и кога ниеднш во овие два месеци се немам насмеано, а секоја вечер плакам.И затоа пак размислете дали се поважни вашите чувства или парите??? Позз
     
  18. Suzeto

    Suzeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    19
    beautiful1... во право си за све што си пишала во странство не е како овде.... но таму не е како овде и за работа плата и све друго....навистина во својата земја е најдобро имаме каде да одиме но немаме услови за живот
     
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    кога имав само 14 год бев разочарана од животот тука и решив дека ќе заминам во странство да студирам. после 4 годни заминав.. значи која желба ја имав само неможам да ви опишам, се направив што треба и што не треба само за да стигнам таму. и стигнав и беше ок, научив јазик сретнав луѓе се беше супер но неможам да ви опишам колку е тешко да си сам таму, мислите дека таму цвета од чистота дека системите функционираат совршено, ништо не е соввршено никаде.

    колку се поголеми платите толку се поголеми трошоците, ако ви треба саат веме во скопје од работа да си одите дома таму ви требаат повеќе од 2. работев како студентка ме плаќаа добро се сама си плаќав се мачев многу но уживав во тоа. арно кажа некој каде и да заминеш секаде ќе си странец можеш да се вклопиш но не е тоа тоа. не се каам што заминав мило ми е но мило ми е и што се вратив, сите студии на светот нема да го заменат растењето на мојот внук(што го пропуштив), неговото одење, родендени пропуштени среќа фамилијарна пропуштена... оној што знае како, ќе успее и тука ми се лоши од кукање веќе најискрено.

    му препорачувам на сите да заминат да видат да осетат да стекнат искуство но и да се вратат дома.
    и јас би заминала повторно но не засекогаш на кратко да можеби....
     
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Вреди да се напушти, ама тоа го можат луѓе кои не се приврзани со домот и семејството :^)
    Јас искрено сум навикната веќе да живеам во ова мала земјичка и срце не ми дава да ја напуштам засекогаш. А друга е работата да знам дека ќе се вратам после одреден временски период, би заминала на некое време без размислување, да одморам малку од сите сра*а што се случуваат! :devil: