1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R Ама само таа зема толку, а башка платата на сопругот нејзин.

    Баш напротив таа не дека се фали, туку се жали дека немале пари, а низ фб само слики остава кај што шета по цел свет...Де на камила качена, де со скиите сликана, де лета со хеликоптер...
    Нека си уживаат луѓето, ама барем нека не ми прават глупа дека немале пари, и дека ИСТО било ко кај нас :x

    Значи таму тотално неписмен да си ќе земаш најмалку 2500 евра (цените за јадење и облека се исти ко кај нас), а овде 2500 евра земаат само министри |(

    Во Македонија 200 евра плата да им дадеш и ќе те благословуваат цел ден (lalala)
     
    На Mr. Right, Tanjamm, Cinderfakinrella и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Насловот на темата е реторички да се разбереме :D
    :d::drunk:
     
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl далеку од тоа дека е исто, ама дека е сјајно ко што останатите сметаат - не е. Цените за јадење дефинитивно не се како кај нас, не знам зошто мислиш така. Облека да, пример бутиците кои ги има низ Сити мол имаат речиси исти цени на секој пазар.
     
    На H.VAGA и oblace1 им се допаѓа ова.
  4. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно ДА! И во план ми е скоро да ја нашпуштам.
    Од една страна ми е жал што стигнавме до овој степен масовно да се селиме на запад и да ја оставиме државава на пензионериве со голема шанска и да ја снема еден ден, ама па од друга страна еден е животот и многу брзо минува така да, не сакам да го потрошам на едно место работејќи за 200 евра и да немам можност да го прошетам светов. Со еден збор ме гуши и убива срединава, не се осеќам дека припаѓам овде. :(
     
    На Mr. Right, Tanjamm, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    А сте ги виделе кириите во Швајцарија?:rofl:

    За кратко се сели најдобрата пријателка со мажот и таму, доби работа во една болница..
    Кога ми кажа колку ќе плаќа за кирија ми се :drunk::drunk::drunk::drunk::drunk: :sweat:
    Јас во Њујорк не плаќав толку:rofl:
     
    На referentka, crimson, blueeparadise и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    A да, и цигари поевтини од 3-4 евра нема.
     
  7. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R Па така кажуваат и пријатели/фамилии што живеат таму и колеги што одат на лето низ Германија, кажуваат скоро исти се цените за јадење, а за облека да не правам муабет...дури и поефтини се таму.
    Можеш во секое време попусти да начекаш....по 1/2 евра блузи, фармерки, ташни, шминки и тоа убави, а не какви биле.

    Плус оваа познаничка што живее во Швајцарија, оди скоро секој викенд во Германија за јадење да купи...ајде некој Македонец (чистач) нека оди секој викенд во Грција за јадење да купува.

    Не може споредба да се прави.
    Знам дека кај нас 1000 евра ни изгледаат многу, а за таму се малку...ама затоа минималните плати таму се 2500 евра.
    Плус детето уште од 15/16 год го пуштаат да работи и да се осамостои, а овде нормално е да живее со мајка му цел живот.
     
    На Mr. Right, Cinderfakinrella и Smilleeeeee им се допаѓа ова.
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl А зошто би одела во Германија да купува било што? Во Швајцарија го нема тоа "нешто"? Па тоа не е Скопје - Куманово, ене го кај е, па ќе одам да се прошетам. (facepalm) Дај размисли малку, сигурно е поевтино во Германија.
    Облека и овде можеш да најдеш поевтина, да не глумиме сега. Ако немаш пари во сезона, ќе чекаш попусти и ќе купуваш за наредна.

    А што ти вели тоа минимални? Дека тие пари ти се доволни да купиш за јадење, сметки да платиш, кирија и нешто од облека. За лезет таму-ваму не верувам дека има.

    Не е тема на дискусија што се случува кај нас, далеку од нормално е - синдром на "мамината сукња".
     
    На oblace1 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    6.476
    Еднаш зборев со тетка на другарка, они живеат во Германија, работи како козметичарка дома и ни кажуваше колку плата зема, она 1500 евра мислам земаше, маж и исто така нешто. Јас тогаш помала, и тука воодушевена, уау, леле колку сте богати вие. :D Кога фати да ми се смее женава, ми вика со тие пари ние што ги земаме, е исто ко во Скопје што се живее со плата од околу 20 000. Немаме за да се луксузираме, туку да го протераме месецот, да ги задоволиме најосновните потреби, чат-пат да си дозволиме нешто да си купиме на страна и тоа е. И тие што бегаат од "браќата" овде во Швајцарија, Германија таму дупло ги има. Баш во местово кај што живее тетката на другаркава, многу ги има, и во школото на детево и по родендени кога ќе се соберат само некои проблеми и тепачки има. Секако тоа таму поинаку се решава, и не ме сфаќајте погрешно, не дека конкретно мене некој ми смета, ама сакам да кажам дека ситуацијата во други држави е далеку од бајковита.

    И на страна облека, тоа нас младите не интересира, ама кога ќе станеш семеен човек, воопшто нема да ти биде до цената на облеката во друга држава, туку да се прехраниш себе си, децата, да плаќаш сметки, кирии, образование, здравство... А и не е и облеката сегде баш толку ефтина, Зара си е Зара и цените сегде и се исти. Храната тврдам дека им е доста поскапа, цигарите само во Србија, Бугарија и Грција се изгор, да не зборам во Америка пример, другарка ми кажа дека најефтината кутија е 10 евра. Кириите се вртоглаво скапи, тоа дур се снајдеш, да не збориме за кога ќе сакаш стан да си купиш не дај боже. Во Америка да сакаш да студираш... збогувај се од студирањето. :D Никогаш нема да го платиш факултетот, или ќе го отплаќаш цел живот и пак нема да го отплатиш. Имаме пријатели што живеат во Америка и ни рекоа дека во Америка се ќе ти простат, и сите долгови што ги имаш ќе ти ги отпишат, ама образованието никогаш. Имало некоја позната докторка, што на 50 и нешто години сеуште си ги отплаќала студиите.

    Еве, татко на девојката на брат ми, цел живот работи како амал во Шведска, Германија, Швајцарија, тешки физички работи, за да тие во Србија живеат поубаво од што живеат сега. Не дека не заработил, ама го потрошил пола живот таму, се искичмил, предвреме остарел, се исхранува со што најде нешто поефтино, најефтините цигари ги пуши, најефтината кирија што ја нашол...
    А и кога ќе отидеш во друга држава, особено во Шведска, никој таму не те чека со раширени раце, секогаш гледаат својот човек да го бутнат, а за тебе ако се најде негде место. Швеѓаните воопшто не ги сакаат странците, другарка живее подолго време таму, и уште се нема запознаено со швеѓани што се вика, нема ниедна другарка швеѓанка, сите и се балканци.

    Да не бидам погрешно сфатена, ситуацијата во Македонија е ужасна, и секој ден смислуваат некои нови "реформи" што би требало да го подобрат стандардот на живеење, а тие всушност го влошуваат, ама кај и да се отиде мора да се почне from scratch. Овде храната, кириите, сметките, да купиш стан можеби ни изгледа скапо според нашиот стандард, но да работиш работа во друга држава за 1500-2000 евра, што овде ни изгледа на уау сума, таму знак прашање е колку ќе ги оствариш овие потребштини, па после да ти остане и за облека, излегување, шетање, одмори...
     
    На ivimis, littleflower, IronLady и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Не би се сложила во секое размислување со тебе.Не ме сфаќај нешто погрешно пола фамилија имам во странство и знам и сум била сум видела:lol:.Имам тетка работи и живее во Германија куќа има своја,работи и сама сака што поскапо да е на нејзе фирмирана гардероба,вози автомобил и не да речеш нешто мало туку мерцедес и ауди.Во Германија кога е попуст е џабалук и кога пазариш за 50 евра полниш количка храната е поскапа тука кај нас одколку таму.Ги имам многу како пример од Германија.Во Шведска ти бараат добро да го познаваш јазикот мојот братучед отиде одма почна со работа и не го владее сеуште добро јазикот ама работи.Кога сум била не сум приметила дека не сакаат странци имаше секаков народ ако така никој не ги сака па што би било тогаш,како и овде кај нас што има поедини.Како народ може се така ладни,тивки си бркаат своја работа.Швајцарија е прескапа и секоја чест на тие како се издржуваат и таму имам тетка но таа сама живее и нормално таа сигурно порано одвојувала од себе и изнакупила сега плацеви,кога ќе дојде секогаш е средена типтоп најскапо облечена во една прилика видов кога купи фармерки еден пар 800 евра.Не е за секој исто животот во странство кога доаѓаат се жалат тешко ама кај нас е потешко што со ни 200 евра и помалце луѓево тераат месец а каде е вода,струја да јаде и пие да се облече,дете во школо или бебе.Во странство се заштитени со закон и во секој поглед.Во Шведска демек се разведуваат за да земаат социјала по 2000 евра но пак живеат мажот и жената заедно,државата им дава стан,струја и вода трошиш колку сакаш,децата на училиште исто така добиваат 300 евра месечно,факултет бесплатен,затоа Швеѓаните се бунат зошто за такви што лежи лебу да те једем плаќаат данок а овие ништо само знаат шопинг.Многу си има разлика странство туку се плашат да кажат дека е добро да не им одиш:lol:.Ги има и што земаат рента кар добри абтомобили,ја собрале платата ја ситнат по 5-10 евра да биде подебел новчаникот и тука после се прават богаташи а тоа косана полна кг гел :whew::worried:,некои викаат сме јаделе неколку години паштети најефтини за да направиме тука куќа мало морген а работат сите од семејството:emo:
     
    Последна измена: 17 јануари 2017
    На Cinderfakinrella и sjdgo им се допаѓа ова.
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    6.476
    @ZAHRA Ќе се согласам и со тебе, од причина што секаде има различни приказни. Ова беа мои лични примери, на неколку семејства, а верувам има и уште многу такви што живеат просечно/потпросечно. Не дека нема побогати луѓе што отишле да живеат надвор, но има и во Македонија богати луѓе, и тоа што се занимаваат со чесна работа, а не на црно.
    Не сакав да го оцрнам животот во странство, но не е таму all rainbows and sunshine ко што многу го претставуваат. Од сите држави издвоив неколку работи што не ми се допаѓаат мене. Можеби образованието во Шведска е добро, но во Америка е катастрофално, истото можам да го кажам и за здравството. Ние се жалиме дека овде немаме добро здравство, а имам една моја роднина во Америка, боледуваше од нешто, ја озрачија на триста скенови, погрешни лекови и дале, лошо ја дијагностицирале болеста, а се изнададе пари, на крај и се влоши состојбата... Жената ни плачеше на Скајп, буквално се превиткуваше од болки. За облеката, искрено кажав мање битно, тоа е најнебитната работа ако веќе се селиш негде, сигурно не одиш за поефтина облека, туку за подобар живот, да не се мачиш како амал за ич пари.
    Инаку тие што во странство се толку богати, тие веќе и биле богати кога тргнале таму, и на нив секако им е полесно зошто имаат основа од кај да почнат. Има случаеви каде некој почнал од дното, па станал пребогат, но тие се многу ретки.
     
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Види, како да ти кажам дека темава не е ни за тоа ти да солиш памет по луѓево какво е по странство, а какво тука.

    Јас си одговорив конкретно на поставеното прашање, па и ти ако сакаш одговори си и не мора да ја тупиш.

    Ако ти се седи тогаш седи во земјава, никој не те принудува на нешто... а за тоа да коментираме кај било поскапо/поефтино за разлика во Македонија е тотално апсурдно.

    Значи од лични проблеми и искуства луѓето одлучуваат дали да си одат или не... Не мора ти да се секираш и да филозофираш. :)
     
    На КикиМаус и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl ама ако те чита некој тебе лош впечаток ќе добие, не е убаво така, јас да дообјаснам некои работи.
    Види ти сега, ТИ си таа која ја тупи и преувеличува дека во Швајцарија можеш да печалиш и да си го шеташ г*зот, онака по рандом избор, вртиш глобус и ставаш прст - оп идеме да го видиме Кинескиот ѕид. :rofl:

    Јас ич не се секирам, ниту па берам гајле за туѓи животи.
    Толку од мене на темава. :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    На тие што не им чини надвор, слободно нека си се вратат овде... ама некако не ги гледам да го прават тоа.
     
    На Chica.Loca, kjukli, Emy867 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Облеката е поевтина во странство, дали сте слушнале за бутикот Примарк за џабе можеш да купиш преубава, модерна облека. Кога има попусти и во другите продавници значи стварно има попусти, а не како кај нас во сити мол од 2000 на 1990 намалени работите. Ај шопинг настрана, точно е дека секаде кириите се многу поскапи но и платите се многу поголеми. 1500 евра е минимална плата. Храната во маркетите е иста цена и кај нас и кај нив. После неколку години ако земеш странски пасош веќе нема ни да се осеќаш како туѓинец нели. Јас мислам дека вреди да се отиде додека е човек помлад ете да речеме во брак без деца.
     
    На okcenzi, sjdgo и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Само уште ова ме интересира: Може јас да прашам зошто сите сте се "фатиле" за облеката? За вас животот само облека ли е? Храна, сметки, кирија никој не ги зема во обзир. Не заборавајте го фактот дека вие сте туѓинец и секогаш ќе ве гледаат како таков. Можеби после неколку години ќе се прилагодите ама никогаш нема да ве прифатат.
    Доколку се омажите или ожените со тамошен, малку ќе е полесно, ама пак ќе сте туѓинец.

    Да отидам во странство и да работам како чистачка - не доаѓа во обзир. Нема резон да одам во туѓина и да ја работа најпонижувачката работа која тамошните не ја сакаат. И таму ќе работам за минималец и ќе имам колку да платам сметки. Единствена разлика е што ќе гледам поубаво средени улици.
     
    На H.VAGA, blueeparadise и crimson им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.150
    Живеев на подолго Франција и Америка, а сега живеам во Англија. Од Англија сум најзадоволна (во однос на прифатеност, луѓе, општество, храна...) Но не би останала да живеам по секоја цена и да работам било што колку да преживеам.
     
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Имам притиснато НЕ:^)
    Конфузно ми е во главава
    Сигурно тоа не било во овој живот.... а ако било па во овој живот што ли сум мислела, кај сум била?:?: помош:worried:
     
    На Chica.Loca и Dust им се допаѓа ова.
  19. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    На оваа тема, двајца во друштво ќе се скараат-не камоли повеќе.
    Едниот смета (како мене, дека овде ми е ок) - другиот дека во странство ќе биде по ок.
    Но ако се размислува логично....јас овде не плаќам кирија, а во странство треба да плаќам кирија.
    Овде (ако имам деца) тука се моите да ми ги чуваат,таму во странство - ако сакам да работам, ќе морам градинка да плаќам - отиде платата за градинка.
    Овде нашите, ние вие и тие околку нас - има и сиромаси кои едвај крпат крај со крај, но има и богати - е ги има и таму истите. Овде барем секој втор бил на море, Албанија Албанија важно е море, се одмориле луѓето 7-10 дена ....а тие нашите странци - не одат на море, доаѓаат овде и овде трошат една нивна месечна плата, за нив е ок овде да трошат 1 еур за кафе....ама во странство дали отишле на кафе во кафе бар да платат 3-4 еур за кафе???
    Најголемо достигнуче им е сликање во некој трговски мол (кој рака на срце им се прекрасни) или се сликаат во огромните средени зоолошки градини.... итн итн

    Кога ќе прашаш некој/а - зошто странство? Одговорот е па за децата. А што за децата, а твојот живот?? Кој гарантира дека детето нема да посака од Германија да оди Швајцарија или Нов Зеланд.....

    уффффф..... имам многу за зборување, голема е дебатава....и свесна дека со многумина нема да се согласувам и обратно...

    Но да плаќам цел живот кирија, да купам куќа од 300-500 илјади долари, за да се сликам со огради повисоки од мене и мал базен ..... да немам муабет со комшиите, да морам кај роднината (ако ги имам во тој град) да закажам на телефон една недела однапред.... искрено не би
     
    На ivimis и blueeparadise им се допаѓа ова.
  20. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    ДА!
    - Бидејќи не гледам просперитет во државава за мене и дм
    - Не сакам да се родам каде умираат родилки и бебиња
    - Не сакам да се лечам во простории каде што има влага, цури вода и има персонал кој се нервира ако некој му го поремети сонот во трета смена
    - Не сакам детето да учи во школи каде што е битно кои му се родители
    - Не сакам да работам во фирми кај што смрди на непотизам
     
    На AnastasiaWinter, mira.mira, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.