1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    До некаде се согласувам, ама не треба да е луксуз да дадеш 200 евра годишно за одмор на море.
     
  2. thecreativecreator

    thecreativecreator Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Државата не ја сочинуваат само политичарите и законите итн...државата ја сочинуваме ние како поединци. Секој очекува се да му е обезбедено и гледа од секоја ситуација да извлече некакво уживање. Ама егоизмот си работи.. прво треба да си ги испочитуваме прародителите кои ни обезбедија да постоиме тука каде што сме.. се очекуваме од друг така никогаш ништо нема да профункционира и секогаш положбата останува иста. На Македонија и треба духовна преродба најпрво, доста жалење и туфкање туку вистински морал не само на збор туку и на дело ..Лесно е да заминеш за да живееш најугодно, силните остануваат тука и прават промени прво на духовно ниво, а зошто тоа е силно автоматски носи промени за подобри егзистенцијални услови.. Фали едукативност подобра изведена на правилен начин , но не до степен на горделивост

    ,,Сите сакаат промена, а никој не прави жртва‘‘
     
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Оооокеј..

    Ајде да пишам и мое мислење..бидејќи имам искуство со истово..

    Америка..
    Здравствен систем - за богатиот добар, за сиромавиот лош. Ако имаш да плаќаш месечно 250-450 долари за медикал, плус дентал, тогаш фино.. Ако немаш, тогаш гледај да не се разболиш.
    Градинки, плати па клати.. Има градинки распоредени според местото на живеење.. Цена оди живо џабе по затуцаните места (некои си 250 долари) до кај 1500 долари месечно за едно дете. Проблемот што најчесто градинките им се до кај 3:30 па мораат да најдат дадилка да ги земе од градинка и да ја платат и неа..Или да доплатат таму каде што се нуди за да останат децата до 5-6
    Основните училишта се под државна закрила и не се плаќа месечно, освен за униформи, воншколски активности итн.. Работат на ист принцип како и градинките, според местото на живеење. Ако сакаш во друго школо, ќе си платиш како во приватно. Приватни има и не се ни малку евтини, 10-20.000 годишно..
    Потрошувачка кошничка - од 300 долари до 1000+ зависи што јадете, колку членови сте, во кое место живеете..
    Сметки - 250-400+ долари, во зависност дали живеете во стан или куќа. Ако живеете во куќа, повисоки сметки.. Исто зависи и од тоа дали рентате или плаќате кредити.. Ако рентате, немате дополнителни трошоци за осигурување, HOA fees..
    Кирија -- Зависи каде сте, колкав стан/куќа рентате.. од 800 долари до 3-4000.. Конкретно јас бев во Њујорк, становите на Менхетан се од 1700 за забутано 35-40м2 станче во Upper west side или нешто подобар во Харлем, до 4-8000+ за стан со 3 спални.. Бруклин - 1200-2000 долари за 1brd, Бронкс 1000-1800 ... Џерси е за нијанса поевтино, ама ако работиш на територија на Њујорк, треба секој ден да фаќаш фери или автобус, што не е ич евтино особено ако се 2+ лица.. Во Мајами за тие 1700 од Њујорк ќе изренташ стан со 2 спални слободно.. Во Детроит дупло повеќе.. Во Л.А тие 3000 од Њујорк едвај студио ти рентаат во Санта Моника, а на друго место можеш цела куќа да изренташ..
    МетроКард - 115 долари, неограничен превоз во метро и автобуси..
    Или пак рата кредит за кола ... 300+ долари плус осигурување што не е ни малку наивна цена кај нив..Ама ако имаш кола а живееш во стан, ретко каде има паркинг. Во Њујорк истиот чини од 350 до 700 долари месечно, во Џерси пред зграда паркинг, 50-100 долари месечно.. Затоа сите метрото си го сакаат. Ако пак го посетиш NYC на еден ден, за паркинг спреми си 30-40 долари..

    Кино проекции, театарски изведби, циркузи.. има за извоз. Само пари имај.

    Сте се фатиле за храната и облеката..
    Храната во САД е крајно нездрава. Овошјето и зеленчукот се скапи, а квалитетот е никаков. За нијанса подобри се оние со сертификат за органско производство, ама пак се за некои си 30% поскапи.. Месото, има скоро за џабе пилешко, ама има и прајм кат биф за ненормално високи цени..

    Облеката и техничката роба се неоспорно со пониски цени од Македонија. И тоа е единствено што им вреди..

    Платите пак.. почнуваат од 10долари за саат, па нагоре (затоа и најчесто бараат по 50-60 саати да имаат неделно). Тие што се платени по час, најчесто фирмата за нив не придонесуваат за 401к, нешто како пензиските столбови во МК.
    Оние работни позиции за кои се добива фиксна (плус бонус) плата, се со поголеми бенефиции, дел од нив нудат и делумно покривње на здравственото, ви придонесуваат во 401к.. Тоа иде во проценти, во зависност од компанијата и колку проценти ќе плати таа, треба и вие толку да одвоите од вашата годишна плата. Има минимум и има максимум..

    Мојата работа што ја работев додека бев таму може да биде платена од некои си 45.000 долари на годишно ниво (мали фирмички) до кај 110.000... плус бонуси и останати дрангулии.
    АРНО АМА сите плати што вие ги гледате на нет, се пред оданочување.. Се оданочува основицата плус бонусите, па така за некоја годишна плата што е прикажана како 70.000 долари, афтер такс добивате околу 49000. Тоа се нешто повеќе од 4000 месечно.. И од овие 49000 треба да се одземе придонесот за 401к
    Е сега, платите во Њујорк се меѓу највисоките, во други градови нема така.. 70000 е луксуз за многу американци, па дури и за оние што се родени таму и имаат мастер па и докторски..
    А ако решиш да живееш со 3-4-10 цимери, се исплати до немај каде.. Ама плукни му се на таков живот..
    На крај на денот кога ќе собереш и одземеш се, пари нема..


    Можам и за Германија да пишам, иако не сум запознаена со градинките и школите, ама и онака коментаров мој излезе долг..


    Ја споменувавте Швајцарија претходно, знаете дека затка станче под 1500 евра едвај се наоѓа во пристојна населба во Цирих? Знаете дека ако седнат двајца на вечера, не ги спасуваат 150 евра?


    Секој знае каде му е убаво.
    Некој ќе успее во Македонија, некој надвор. Некој никаде.
    Ако успее човек да разработи некаков бизнис во МК, ќе живее многу поубаво од тие во Америка, Германија, Швајцарија..Гарантирам со глава.
    Од друга страна пак, капитал за започнување на бизнис од каде да најдеш?!
    И така..ќе одиш ќе бидеш црнец неколку години, макар и 10, ќе се вратиш во МК...ќе почнеш нешто свое, ако ти тргне ок, ако не..џабе влогот. И ќе си работиш за 200евра кај некој што успеал..

    Иако ми е долго обраќањево, само сакав да ги доближам работите од таа ветена земја Америка, па самите направете си ја математиката..Ако не верувате на збор, тука е гугл..

    Дали вреди да се напушти државава? Додека си млад, вреди. Да заработиш, да се вратиш и да живееш во МК.. Да живее човек до крај на животот во некоја си недојдија, не вреди..
     
    На Galagriel, kikikikirika, Snow-Star и 17 други им се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Мене ми е феномен како тоа нашите Македонци тука се срамат да работат во кујна, собарки во хотел, да бидат хигиеничарки, ...итн., а истата таа работа во странство им е сосема ок.
    Повеќе се плаќа таму одколку тука? Да!
    Но...дали трошоците таму се исти како и тука? Не!

    Почитувам кога некој оди на некоја специјализација, па му нудат убава работа, па останува таму.
    Но да одам да мијам садови со факултетска диплома, не одам па да знам последно да е.

    Само мое мислење :)
     
    На snegulkata, IronLady, mila89 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Па не мора да работиш како чистачка ако си високо квалификувана, имаш знаења и вештини. И мит е тоа дека тамошните не се нафаќаат на т.н. „понижувачки“ работи. Во Германија имаш и етнички Германци кои си работат на градилишта, или како разнесувачи, келнери, продавачи и сл. А имаш и доселеници кои се професори, лаборанти, доктори, инженери (пример реков Германија, инаку во сите тие земји привлечни за мигрирање е исто). Секој со својот потенцијал (кој во мкд колку е поголем, толку поголем waste).
     
    На Baby-bubu му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски

    Ако си високо квалификувана, ако имаш знаења и вештини ти и тука ќе се снајдеш, ај да не се лажеме.
    Не може некој да ме убеди дека чистачка не е понижувачка работа. Да чистиш туѓи фекалии е понижувачко и тука и во странција. Е сега тоа што чесно ќе си ги заработиш парите е друга тема, ама факт е дека за тебе како индивидуа со одредени потенцијали и квалитети е крајно деструктивно за психата, а после одредено време и за телото.
    Инаку со овој бран на бегалци веќе и Германија не е тоа што беше. Доколку претходно за одредена работа добиваш 10 евра за саат, сега нема да добиеш повеќе од 5 евра, оти црниве се спремни и за 3 евра да работат.
     
    На crimson, Dust и sanjaeva им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Хах
    Надвор уште подобро ќе се снајдам. Спореди плати прво, потоа се останато, како здравство, образование, инфраструктура, закони, ред, ментален склоп на население мкд вс. Европа и увиди што всушност влијае крајно деструктивно за психата, а каде е спасот.
    Во некои земји постои вистинска трка по пари и селекција на квалитети, таму за разлика од овде, феудализмот заврши.

    Прашај некој болен од рак со какви медицински лица си има работа и како е третиран.
    Прашај некој студент во какви услови се изведува пракса и процени дали така се произведува квалитетен кадар.
    Прашај некое дете кое се труди да стане професионален спортист во какви услови тренира.
    Многу има да прашуваш пред да тераш инает.
     
    На Chica.Loca, green.eyes, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    Да, државава вреди да се напушти! Не ја гледам логиката да ако имам завршено факултет, кој што во странство ќе ми го ценат и ќе ме плаќаат многу повеќе, јас да останам во Македонијава пошто и тука би се снашла. Не нема да се снајдеш ако не е дедо ти владика! Сестра ми има завршено факултет и смер со кој што во странство би вриела од пари. На состанок на работа требаше да разговара со висок директор од Америка кој што има неколку фабрики низ светов. Уз муабет ја прашал колку и е платата, сестра ми си кажала, и човеков и рекол чекај тоа ти е месечна плата, сестра ми не тоа ми е годишната.. Човеков само кажал сега сфаќам зошто толку се селат младите од земјава... И што понатака?
    Да може ќе плаќам кирии, ќе нема да имам баба сервис, ама сета таа жртва се исплати. За децата ако не за себе. Знам дека ќе имаат одлично образование, не дај Боже да се разболат знам дека ќе бидат згрижени на многу позавидно ниво за разлика од кај нас. И што е најбитно нема да ми биде страв да раѓам и да останам трудна!
    А да останам јас тука и да се нервирам зошто колешката што до вчера секој проклет испит го препишуваше и положуваше има работа,а јас што сум си ја лупала главата од 4 ѕида да седам дома. Тоа не доаѓа во предвид.
    Башка е тоа што со 500 е плата ќе треба да се плаќаат кирии за стан евентуално кредити кои ќе ги исплаќаш 40 години, сметки,деца, одмори, родендени... Не не и не! Од чесност и крст на чело во Македонија нема фајде. Пари ич.
     
    На green.eyes, kjukli, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ама тука живеам и јас и знам какви услови имаме. Далеку од идеални се, ама дека може и тука да се снајдеш - може и го тврдам тоа. Околу себе имам многу примери, млади луѓе кои успеале со ептеен малку, речиси ништо. На било кое место во светот да си ти треба амбиција. Системот можеме да го тужакаме од јутра-до-сутра, таков-каков што е, ама од тебе зависи дали ќе се вклопиш и ќе влеташ како победник или како некој што работи за минималец.

    Да, во Европа ако си на преломот меѓу живот или смрт ќе те внесат во сала, ама за обична настинка ќе си чекаш ред, а ќе платиш охохооо, како да си била во ол-инклузив хотел. Образование ако имаш кеш, ќе може да си го дозволиш, ама ако не, ќе чистиш некаде или ќе припремаш сендвичи за 1500 евра/ месечно. Закони? Да, ама ти си дојдена од некаде, не си тамошна. Инфраструктура - секако дека е совршена, огромен капитал е во прашање.

    Никогаш немој да заборавиш дека каде и да отидеш во Европа, ти ќе си странец. Ни м од менталниот склоп нивен нема да осетиш, јер и таму ќе си со балканци, кои сакале да признаат или не, припаѓаат на втората класа. Дури ни професор на престижен универзитет, кој во Германија отишол со знаење, квалитет и амбиции не е дел од нив. Неговите колеги не го викаат да излезе со нив на пиво - никогаш.
    Во Америка е маалку поинаку, јер таму во принцип сите се од некаде дојдени.
     
    На crimson, Dust и bebuf17 им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Аман, доста со тие комплекси на нижа вредност... странец, втора класа, нема да ти праат муабет таму, нема да ти понудат гума за џвакање на голем одмор, ќе седиш во ќошот ;( Небаре јас одам таму за некој да ми прави друштво. Ако менувам средина, ја менувам само и исклучиво за мене. Башка што од мое и од искуства на членови од моја фамилија, знам дека вистината не е како што ја опишуваш, ама ај. А инаку, чисто информативно, боље сама ќе си седам и раат сама ќе живеам, него ли со Балканци да се движам.
     
    На Chica.Loca, Priroden, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Да бе, ти кога ќе отидеш таму веднаш ќе работиш на TeslaAutoPilot проектот, пошто во твоите квалитети никој нема сомнеж...

    Ние доволно сме свесни во што живееме и се тоа е ок што го пишуваш, но со што ти допринесе ситуацијата да се промени? Многу дејци од ВМРО се школувале на Запад, можеле да останат таму во конфорот и да го прчат, но пак се вратиле и погинале тука. Тоа доволно зборува за нивните духовни квалитети како луѓе за разлика од ’модерните’ дегенерици што целиот живот им се сведува на шопинг во недела и нови комплетчиња за пролетната сезона. Исто тој материјалистички дегенеризам ќе им се удри по нос и на Германците, Британците, Французите. Веќе им се удира, но не се свесни.
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ќе ме земат, договорено е и прво тебе ќе те препорачам.
    Што е тоа конфор?
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски

    Ама не се тоа комплекси, тоа е реалноста.
    Епа тогаш еве јас ќе ти кажам дека членовите на твојата фамилија те излажале. Веројатно не сакаат да знаеш дека не им е толку розово во странција.
    А ако ти се живее сама, бујрум, ќе ми биде мило доколку си раат.
     
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    А па и подобро да си работеле нешто наместо да гинеле, можеби ќе слушнел светот и за нив и за нивната земја на поинаков начин.
     
  15. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    Според мене не вреди да се напушта земјава, ипак мислам дека со некоја солидна плата би можело и овде да се живее..е сега ние што сакаме од леб погача што би рекле и што сакаме да имаме телефони од 500 евра и др луксузи..за тоа никој не ни е крив...
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно...

    Capture.PNGfh.PNG

    :D
     
    На Sanjichka007, Cinderfakinrella и sjdgo им се допаѓа ова.
  17. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    Сите тие што гласале ДА..демек ја напуштиле..или сеуште имаат желба ама ипак не им се ризикува зш тука им е колку толку добро..:)
     
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Последни примери од лани:
    - Другарка дипломираше и се вработи како компјутерски техничар во Дојчланд
    - Роднина доктор си замина да продолжи стаж во скандинавска земја
    И се така. Секоја година по двајца-тројца-петмина луѓе што ги познавам си одат.
    Како тргнало, овде ќе си останат само најглупите што се издржуваат од ширење патриотско-партиска пропаганда на нет.
     
    На Sanjichka007, kjukli, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.945
    Допаѓања:
    12.604
    Ај што немаме можности, ај што ништо не функционира, па и средината веќе е за никаде. Луѓето не се она што беа пред 10 години. Злобни, љубоморни, ладни. Не е точно дека бараме преку леб погача. Што ќе направиш со плата од 200 евра?Со тие пари само леб и сол има. А што ако еден млад човек сака да дојде до свој дом и платата му е мала?Ќе умре попрво од стрес и јадење леб и маргарин, отколку да заштеди за стан или куќа. Друга работа е што многу неспособни луѓе работат на високи позиции, а квалитетните седат дома или работат за 10.000 или 12.000 и тука се создаваат нервози.
     
    На green.eyes, kjukli, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Државата вреди да се напушти, од мој аспект, единствено заради оваа бездушна маса на луѓе која живее во неа. Инертна, мрзлива и проста маса на луѓе.
    И ако мислите дека некој друг е крив за тоа, а не вие (ние) самите, се лажете.

    Го исчистивте ли снегот пред врата?
    А го тргнавте на страна или безгрижно го фрливте на улица?
    Го фрливте ѓубрето во предвидениот период од 8 до 10 навечер во контејнер?
    А го пријавивте ѓубраџијата дека не поминал дента да собере?
    А кога фрлавте ѓубре преку улица, на пешачки поминавте? Чекавте семафор на зелено или „ај, нема коли“.
    После бевте во маркет да купите нешто за дома и се отвори нова каса, го пуштивте тој пред вас во редот или ја зграбивте можноста?
    На излегување најдовте 100 денари, ги вративте на каса бидејќи не се ваши? И да ги вративте, касиерката ги чуваше или ги стави во каса како свои?
    На испит сте научиле за 6, ама сте добиле осмица. Му кажавте на професорот дека не знаете за осмица?
    На работа имате слободно време, го искористивте за друга работа или за Фејсбук?

    И вакви примери кои укажуваат на тоа дека никој друг не ни е крив за тоа што сме нелуѓе има до недоглед. И затоа вреди да се напушти. А за работа и пари, секогаш ќе има за оние кои се спремни да запнат и да го испотат задникот. За мрзливите секогаш само изговори ќе има.

    п.с. Не ми реплицирајте со одговор за листата дека све од наведеното правите. Никому лично не му се обраќам. :tmi:
     
    На Snow-Star, RedWine, Rebecca_R и 8 други им се допаѓа ова.