Дали вреди да се напушти нашава држава?

Discussion in 'Општи дискусии' started by ozbilnazena, Apr 20, 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    986 vote(s)
    88.4%
  2. Не

    129 vote(s)
    11.6%
  1. BoyL

    BoyL Популарен член

    Joined:
    Mar 1, 2015
    Messages:
    1,346
    Likes Received:
    7,293
    Gender:
    Male
    Во странство...
    плата 1000-2000евра...
    ги работиш најдолните работи, што во Мк не си ни сонувал дека би ги работил.
    Нема пауза за цигари, нема пауза за кафе...имаш само одредено време за јадење..а другото се поминува у работни часови.
    Те ставаат у најдолна класа на луѓе.
    Пријатели, роднини, комшиии...немаш никој...
    Живееш у еднособен стан...или евентуално ако е поголем живеете повеќе души...
    Станот е под кирија...ни на сон нема да биде твој..
    Неможеш да си пружиш поквалитетна храна..сто пати во месецот јадеш варен компир и паштета од најлошата..
    Работа-дома...дома - работа...секој ден..исто, и пак исто и пак исто..
    На крај на месец ќе ти остане заштеда 100-200-400 евра...и си среќен..ама не многу...
    Среќен си кога ќе дојде време да дојдеш во МК..и тука да се правиш курназ...да трошиш пари..секоја вечер да си на вечера во различен ресторант..да возиш екстра кола..и ред други ствари...ама тоа е кратко..10-20 денови...а потоа...потоа си повторно РОБ...на некој...кој не те смета за човек...
    За крај у тоа странство... немаш ништо..и никој...и си никој и ништо...

    Во МК...
    плата 250-350 евра...
    ја работиш работата што ти сам си ја одбираш...
    Си пушиш цигари кога сакаш...пиеш кафе колку сакаш..си зимаш пауза кога сакаш..
    Ако газдата или било кој друг ти се курчи стануваш и си одиш..
    Имаш пријатели, комшии, роднини, луѓе кои те опкружуваат со љубов со кои може кога сакаш да разговараш да им кажеш што ти лежи на душа и ти даваат позитивна енергија..
    Кога сакаш можеш да одиш у пицерија ресторант и да уживаш...за кафе у кафич да не збориме..пиеш и се опиваш кога сакаш..викаш урлаш и никому ништо..
    Живееш у поголем стан, или куќа...која знаеш дека еден ден ќе биде твоја, си имаш кола каква таква која е твоја а не е рентана...
    Се храниш со овошје зеленчук месишта и се друго по ред што ти душа посака...
    и ред други ствари....што мислам дека би биле милион пати подобри..отколку на било кое друго место..

    Ние сакаме повеќе..затоа што сме научени без работа да имаме многу...и овдека не прифаќаме секаква работа, а во странство му напупуваме на германецот или било кој..и ем ќе му ги чистиме го****..и ем ќе не ебе...и ќе бидеме среќни...

    Крај краева се си правиме сами и од своја глава...како и да е..јас би ја избрал Македонија пред било која земја у светов...
     
    ton4ica likes this.
  2. celineparis

    celineparis Популарен член

    Joined:
    Feb 11, 2014
    Messages:
    931
    Likes Received:
    2,578
    Кој во Македонија сам си ја одбира работата што сака да ја работи? Ти очигледно не знаеш колку е тешко да најдеш работа по струка. И ќе земаш некоја бедна плата од 250 евра ќе работиш и не можеш ни да помислиш да ја напуштиш бидејќи некој друг веднаш ќе дојде на твоето место.

    Ова воопшто не е точно, толку е напорна работата во приватниот сектор што немаш време што се вика да мочаш. Кај нас работа што ја работат тројца, ја работи еден човек и зема 5-7 пати помала плата за истата работа споредено со запад.
     
  3. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Joined:
    Nov 17, 2016
    Messages:
    957
    Likes Received:
    7,434
    Gender:
    Female
    Јас мислам дека се е до карактерот на човекот како ќе се прилагоди на животот во странство. Искрено мислам дека јас овде не припаѓам, го немам сварено овој наш менталитет. Имам многу роднини во странство: Швајцарија, Германија, Нов Зеланд... Никој не работи најдолна работа, баш би рекла работи кои инаку би ги работеле тука. Пример: вујко ми е по струка месар и таму работи како месар, другиот вујко (братучед на мајка ми) работи во компанија како сервисер (нешто како електро-техничар), таму работи и братучед ми како сервисер на компјутери.
    Конкретно овој другиот вујко, купија втор стан на кредит, а првиот е нивен. Сега братучед ми живее сам. Пресреќни се. Не планираат да се враќаат во родната Битола. Било тешко да, пред 20 години кога заминале, напуштиле добри места ама ете се снашле.
    Го запознав летово во живо, летово... Многу сме слични, мислам дека на него најмногу потсеќам од страната на мама... Има поинакви гледишта од другите....
    Првиот вујко, живее сам... Носи само марки и доаѓа по неколку пати во годината. Ептен му е лошо, изгледа со платата на месар.. 4.000 франка, 2.000 франка за стан и сметки, 2.000 за него. Чиста сметка-долга љубов. Инаку он не пуши и не пие, си има среден живот без многу журки.
    Секој почеток е тежок, ама најсериозно не си ја гледам мојата персепктива овде. Значи морам да знам некого или да се поврзам преку некого да се вработам кај што сакам, или да го добијам тоа што го сакам. Се жалиме зошто немаме квалитетна младина (Лајла Грејс, Коста Петров итн.. ти се пример за младина... ок.), и само затоа што имале врски. Значи ми се гади!!! Ми се гади од она што го гледам секој ден. Непотизам на сите страни,,,
    Нејќам бе нејќам со плата од 200 евра да се ццкам секој месец, да си кратам задоволства, крати, крати и на крај крати за детето, па крати за внучето, па ќе кратат за да те закопаат. Нејќам! Не сум со круната на глава, сум средувала и соби за 200 евра плата! Абе ајде, да бев у странство... Ќе кажев, ајде бар се исплатеше. Средував соби и никој не ми го ценеше трудот (и ден-денес), покачување на плата, што ли беше тоа?! Колешката ја боли долната за работата, и зема поголема плата од мене (на исто ниво сме - рецепционерки). Абе не да ми се ми се гади, ми се повраќа! Те омаловажува, те понижува и те деградира како особа, ама па од друга страна ќе кажеш: Добро е, бар плата редовно ти дава и не ти прај проблем за слободен ден.
    Значи имам еден куп работи и многу за пишување...
    п.с. Тоа дека тука имаш роднини и пријатели, пиши пропало... Од повеќето роднини се откажав т.е. они се откажаа од мене од кога моите се разведоа (која е логиката, не сфаќам али нема везе). Пријатели, повеќе се понашаат како непријатели...
    И ако се селам ќе го земам јас моето семејство!
     
  4. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Joined:
    Nov 17, 2016
    Messages:
    957
    Likes Received:
    7,434
    Gender:
    Female
    Да си ми жива и здрава уште 100 години, драга... :)

    п.С. Изгледа збори ако газдата ти е другар..
     
  5. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Joined:
    Sep 27, 2016
    Messages:
    710
    Likes Received:
    9,088
    Gender:
    Female
    Татко ми работи во странство и месечно зима по 1500 евра, а плус си има смештај од газдата, јадење од газдата, и плус секоја недела оти не работат тој си шета. Апсолутно не се во право тие што викаат дека во странство си роб. Во Македонија има повеќе робови него ли во странство.

    Каде жити се го има тоа?

    Мајка ми зима 150 евра месечно, и апсолутно со тие пари што ги она зима а татко ми е во странство тоа време, ние неможеме да си дозволеме секој ден на кафе да идеме, или пак слободно да седеме во пицерија.
     
  6. BoyL

    BoyL Популарен член

    Joined:
    Mar 1, 2015
    Messages:
    1,346
    Likes Received:
    7,293
    Gender:
    Male
    Ме мрзи сега да цитирам и пишувам..
    Си дадов јас мое мислење..
    Познавам многу луѓе кои живеат овде и се задовлни..
    Познавам и многу кои печалат во странство па се враќаат си ги кажуваат маките и искуствата..
    Од разговрите со овдешните и тамошните пријатели роднини другари јас го заклучив мислењето што го изнесов погоре..
     
  7. Dust

    Dust Game Over

    Joined:
    Sep 27, 2011
    Messages:
    11,986
    Likes Received:
    174,461
    Gender:
    Female
    @BoyL
    Мислев дека имам прочитано доста глупави споредби..

    Ама кога ја прочитав твојава, ми стана јасно дека најглупавите допрва ќе ги прочитам(facepalm)


    Се прочита ли воопшто што пиша, пред да стиснеш испрати?:?:


    Споредби најубаво се прават КОГА ЌЕ ГИ ПОЧУВСТВУВАШ ДВЕТЕ... НА СВОЈА КОЖА
     
  8. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Joined:
    May 29, 2016
    Messages:
    1,114
    Likes Received:
    1,525
    Gender:
    Male
    Ова апсолутно не е точно, најголем дел од луѓето прифаќаат да работат што било само за да преживеат.
    Стануваш, си одиш и се збогуваш од работното место, бидејќи отказ не ти бега.
     
  9. BoyL

    BoyL Популарен член

    Joined:
    Mar 1, 2015
    Messages:
    1,346
    Likes Received:
    7,293
    Gender:
    Male
    Хах..ок..на кој не му чини..нека си бара чајре..:)..
     
    Anna*** likes this.
  10. BoyL

    BoyL Популарен член

    Joined:
    Mar 1, 2015
    Messages:
    1,346
    Likes Received:
    7,293
    Gender:
    Male
    Како и да е..македончето е научено да плаче и кука и да го сожалуваат...затоа само камшик на него...ако му дозволиш малце повеќе..на глава ќе ти се качи..
     
  11. celineparis

    celineparis Популарен член

    Joined:
    Feb 11, 2014
    Messages:
    931
    Likes Received:
    2,578
    Се гледа дека никаде не работиш и дека уште мама и тато те хранат.

    Збориш дека кај нас е најлесно, а после македончето било научено да кука. Баш напротив македончето како што ти го нарекуваш е убедливо најтрпеливиот човек на светот. Ќе добиеме сто стапа по грб и уште сме со таа помисла остај, нека може и полошо. Мило ми е што полека луѓето почнаа да се освестуваат и да го менуваат тој одвратен менталитет.
     
    Sanjichka007, okcenzi, kjukli and 3 others like this.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,771
    Gender:
    Female
    Леле, одамна немам прочитано нешто волку далеку од реалноста. 8-|
    Кажи во која утопија ти тоа живееш, сакам и јас сѐ ова (освен да се опивам и да урлам :drunk:)...

    (facepalm)
     
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Joined:
    Oct 12, 2011
    Messages:
    5,083
    Likes Received:
    27,335
    @BoyL да кажам уште нешто може?

    Здравството е катастрофа, образованието е катастрофа, платите ниски и недоволни за живеачка.
    Фала.
     
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,206
    Gender:
    Female
    Јас и цигари не сакам :(
    До душе и да одам на пауза во секое време не сакам.
    Непродуктивно работно место е тоа каде вработените земаат пауза кога ќе им текне.
     
  15. celineparis

    celineparis Популарен член

    Joined:
    Feb 11, 2014
    Messages:
    931
    Likes Received:
    2,578
    И самиот викаш дека живееш во куќа која еден ден ќе биде твоја. А дали сам можеш да си купиш куќа или стан со македонската просечна плата? Никогаш. Луѓе таму со една плата од 2000 евра можеш да купиш солидна кола за тие пари. Дали кај нас можеш да си купиш нова кола? Нема шанси. Во странство новите коли се поевтини од кај нас, а за да речеме еве ја купиш од таму пак треба да платиш царини и давачки за да ја донесеш тука.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,817
    Likes Received:
    14,360
    Луѓе, овде времето минува и рмбаме за богатење на газдите. Како што пишува една девојка погоре, ем те понижуваат, ем работиш двојно повеќе од некои и на крај земаш помала плата од тие на кои им ја довршуваш работата секој ден. Лошо. Јас во последно време живеам со кнедла во грло кога ќе прочитам дека умрела родилка, дека пожарната доцнела и на луѓето им изгорела цела куќа и никој не одговара. Да ти е страв на лекар да отидеш, неодговорност до максимум. Што ако не поминувам на црвено и поминувам на пешачки како што спомна погоре некој, џабе е, јас се давам во мнозинството луѓе. Јас си страдам за некој да ужива. Газдите шетаат кај сакаат, а јас не знам слободен викенд цел да имаш што е. Џабе пријатели и роднини кога никој нема да ти помогне, сите се ситат.
     
  17. BoyL

    BoyL Популарен член

    Joined:
    Mar 1, 2015
    Messages:
    1,346
    Likes Received:
    7,293
    Gender:
    Male
    :)...абе..имам преку 30-40 примери..каде луѓе кои овде живеат добро и солидно се решија да одат да работат во странство..затоа што таму било уште подобро..после 3-4-5 месеци се враќаат..го пчујат тоа исто странство и велат дека таму никогаш повеќе не би отишле да работат..имам и свои најблиски роднини кои со години живеат и работат далеку од МК..па ни тие не се толко многу воудошевени и задовлни од тамошниот систем на живеење..
    Може во странство да има ред, дисциплина, некоја по солидна плата...ама животот и слободата што го имаме овде може само да го сонуваме и да се инатиме дека не е така..
    И да може со факултет ќе зимаш некоја повиска плата во странство, но што правиме со тие што немаат факултет, што разнесуваат весници по 15 часа, што работат во кланици каде што нон стоп температурата е на минимални степени, со тие што работат аргатлк на нива, со тие што работат под отворено небо, што работат во тешки метални индустрии, а платата е не повеќе од 1500 евра..збориме за бруто плато...
    Разбирам дека и овде не е сјајно..дека со политикиве последниве години се отиде у пм..ама барем сум во своја држава и газам на своја земја, не сум туѓинец во некоја си вукојебина....
    И главниот проблем ипак го наоѓам во самите луѓе, затоа што не можат да се помират со реалноста и да живеат еден скромен убав живот..ако комшијата имал ајфон 5 јас ќе купам 6ка па макар и да неможам струјата да си платам..
    Кога ќе научиме да си го цениме трудот, да ги цениме парите што ги заработуваме овде, и да не гледаме во на комшијата дворот тогаш мислам дека сите би имале пари за еден добар живот...
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,817
    Likes Received:
    14,360
    Не дека овде нема луѓе кои живеат добро, но има и невидена сиромаштија. Колку примери знам каде се земаат пари за ретардирани деца, а таткото ги користи за алкохол тие пари и никој не презема мерки. Скоро сите трудници што раскажувале, во болница никој ниту ги гледа, оставени се на милост и немилост. Не дај боже да немаш осигурување, зравството ем катастрофа ем скапо. И што ако рмбам ако немам пари утре да прехранам семејство?Јас нема да бидам среќна ако работам како коњ, а како работник не уживам никакви права и привилегии. Како да си го ценам трудот кога некој јаден чека јас да дадам отказ да работи место мене и за помалку?
     
  19. BoyL

    BoyL Популарен член

    Joined:
    Mar 1, 2015
    Messages:
    1,346
    Likes Received:
    7,293
    Gender:
    Male

    И добро..демек во Германија, Швајцарија, Словенија, Италија нема такви примери со татковци кои трошат пари за алкохол, со луѓе кои немаат никаква работа, со луѓе кои неможат да врзат крај со крај...демек само во Македонија е така, а низ другите држави се е полно рамно..
    Ако на некој му се работи, ќе работи и во Македонија и во Африка и во Нов Зеланд.
    Најлесно е да наоѓаме маани и да кажуваме дека на некого му е добро а некого не.
    И мене не ми е лесно што работам по 12 часа дневно, што некој тоа време го преспива, што седи на кафиња и го троши времето без врска па што.
    Најлесно е да плачам и кукам, чукни се во глава и размисли што е најдобро за тебе. Ако мислиш дека си толку способен и тука нема иднина за тебе пакувај куферите и оди кај што сакаш. Добро кажа може додека ти солиш памет и кукаш некој чека да дадеш отказ па да работи на твое место и да биде задоволен со тоа. Не е финтава да гледаме само пред нас кој што како има, треба малце да се свртиме и зад нас па да видиме таму што како има.
    Кажав и пак ќе кажам и сто пати ќе кажам, македончето е научено без многу труд да има многу пари...е тоа го нема никаде..или ќе работиш за да преживееш и живееш..или исели се од државата и доѓај тука за 2ри Август, и Нова година и прави се цар демек ти си незнам кој, а ние што работиме овде сме глупаци и незнаме есапот да си направиме.
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,817
    Likes Received:
    14,360
    Ние овде не сме глупаци, ние немаме избор. Мене ако ми се укаже прилика ќе заминам. Порано мислев дека роднините ми се овде, пријателите, а сега гледам дека нема фајде, сиромаштијата ги расипа луѓето. Нема веќе одење на гости, слави, свадби како некогаш. Многу сме мизерни. Јас работам, не сум администаривка да пијам кафиња по цел ден, ама не е поентата да се стискаш цел живот и пак да немаш. Не е поентата да рмбаш и кога ќе имаш деца да не можеш да му купиш и создадеш она што му е потребно. Така човек не е среќен, туку е фрустриран. Во Македонија тој што работи се искористува, а некој што се пикнал преку Рамковен е господин иако нема 3 чисти. Збори колку сакаш, ама овде се е накриво насадено и нема оправање, туку само одиме назад. Платите се на ниво од 2010, а трошоците отидоа нагоре. На секој чекор малтретирани жени, деца, мажи насилници и никој мерки не презема. Ние немаме институции. Како што спомнва татко зема пари од државата за своите ретардирани деца и ги троши за курви и пиење, а децата немаат леб да јадат. Ама каде се социјалните служби?Ги немаме.
     
    Sanjichka007, India, okcenzi and 2 others like this.