1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    Јас не кажав дека државата е во ред и дека се си тече како бистра река по ред...
    Идам и јас по болници, администрации курци палци..и јас се нервирам и јас пцујам и јас викам и јас ја гледам таа слика..ме нервираат партиските војници...ама тоа е реалноста...кој ебен фактор сум ЈАС да го сменам тоа..никој..пошто сум никој пробувам да се снајдам во тоа општество какво што е и да заработам достоинствено за едно парче леб...
    најжално е што сите ние збориме дека ништо не е во ред, а сепак на избориве пак сите излеговме да гласаме..Зошто...затоа што сме овци и затоа што се нашол некој поглуп од нас да ги шиша тие овци...
    Е се додека македончето не каже доста стоп и крај е...секогаш ќе си има некој што ќе не шиша, а ние ќе се нервираме, и ќе бистриме политика по форуми и незнам какви други места...
    И да...по кафичиве кај нас...по 24 часа има народ фул...дојде викенд, ресторани, пицериии се полно...па мајку му јебем..ако се толку незадовлни и без пари..шо курац бараат на овие места..
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.941
    Допаѓања:
    12.596
    Сум увидела дека не можеш ништо да смениш. Еве сега да ми извадат некоја сметка пример платена од 2010 година и да ми стигне со камати дека ете не сум платила, ќе дадам пак пари. Државата се зема, а дава ама онаму каде не треба. Јас не сум мотивирана да работам за 10000 пример и се чувствувам бедно, затоа што една Ромка која има трето дете зема 8800 денари без труд. И тоа од нашите пари кои ние ги даваме за данок. Ај што ужива со пари од државата, а при тоа зема и социјално и при тоа не дава ништо за државата, со тек на време ќе има повеќе Роми и Албанци отколку Македонци. И да поборник сум да се гласа, да креираме политики, само немаме лидери.
     
    На celineparis и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ова се места на кои со едно кафе од 50-60 денари или пица од 150 ќе заборавиш малку на проблемите, ќе се замешаш со народ, нема да се чувствуваш изолиран, музика, гужва...ваљда помага малку. Да седиш дома и да ги заштедиш тие пари неделно еднаш или двапати нема да ти користат многу, нема да излезеш од сиромаштијата. Вака малку полесно е, издувен вентил.
     
    На Sanjichka007, okcenzi, tina-63 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.941
    Допаѓања:
    12.596
    И за ова си во право. Го збориме со другарки феноменот дека се нема пари, ама полно е во кафичите. Тие велат „Имаме за едно кафе од 50 денари, ама немаме за поголеми работи“. И така е, немаме дома мебел да смениме со децении, немаме за полн фрижидер, се купува она што се може, не она што се сака, а тоа што е евтино е неквалитетно. 50 денари плус минус, па нека се и 10 кафиња во месец тоа се 500 денари, и нема да те направат богат. Со тиа пари ни едни панталони не може да се купат. Што ќе заштедиш?И зар треба дома да седиме изолирани за да тргнеме на крај 50-60 денари?
     
    На Sanjichka007, okcenzi, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  5. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    30 дена по 60 денари 1800денари
    10 дена..пица која сигурно нема да те кошта 150..туку минумум 250-300...ти се 2-3000 денари..

    а со тие пари можеше да ја платиш сметката од струја...

    Може да одиме 3 пати месечно на пица и 2 пати на кафе...а не секој ден...
     
  6. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    а демек во Странство не си изолиран од светот...и не си дома работа..работа дома..абе ајде...
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.941
    Допаѓања:
    12.596
    Јас не знам луѓе кои одат секој ден на кафе.
     
    На Sanjichka007, crimson, Cinderfakinrella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не ни зборев јас за секој ден туку можеш да прочиташ -еднаш или двапати неделно.
     
    На Sanjichka007, kjukli и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    Јас знам и за вас...
     
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Оди за викенди по тровски центри и ресторани, паркинг нема да најдеш. Или ти си од оние што мислат како Македонците во странство не можат кафе да си дозволат да пијат во кафиќ? Ок.
     
    На Sanjichka007, crimson, celineparis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    друго е викенд...еден викенд..еден ден...јас зборам дека во нашава државичка луѓево одат СЕКОЈ ден...барем така е во мојот град..а за кај вас..стварно незнам..
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Може не одат секој ден на кафе ама од машини пијат по две-три, купуваат чоколатца, сокови...да израчунаме колку трошат па да споредиме ли е работава? Ете тие на работа јадат и пијат не им се губи време во кафиќ оти често се вози бааѓи до дома. И сега исто е или не е?
     
    На kjukli и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    А зошто одат? Дали оти младите не се работно ангажирани, па земат 100тина денари од пензијата на старите по дома колку да не се вкочанат во креветот и одат подремат саат-два во некое кафуле? Дали?!
    Сигурно кога некој би имал обврски, не би висел секој ден во два исти кафича. Оти толку се во помалите градови, 2-3...
     
    На Sanjichka007, celineparis, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    Добро...ќе се иселиме сите..па нека останат груевски и заев сами..кој ги ебе..:D


    п.с. Се докажа дека со жени неможеш да излезеш на крај :D
     
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира, @BoyL колку години си?
    Не мора точно ако не сакаш..
    15-20
    20-25
    25-30
    30+

    Бидејќи со размислувањава си....
     
    На Cinderfakinrella и Nausicaa им се допаѓа ова.
  16. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки

    25-30...со прво одд..и со работно искуство 12 години...ако тоа значи нешто..
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Ич не ми значи работното искуство.

    Само се запрепастувам кога ќе прочитам дека има луѓе што сеуште мислат дека 90% од населението може кога сака да оди на пауза, зема 500 евра плата, може кога сака да даде отказ и да најде нова работа..
    Се запрепастувам и кога ќе видам дека некој става во математика 30 кафиња месечно во кафичи, ручање по ресторани и не знам што..кога реално ако работиш во некој кафич ќе видиш дека редовните клиенти сепак не идат секој ден..
    2-3 пати неделно...

    Исто така се запрепастувам кога некој ги става во погорнава математика тие што дремат во кафич со парите од мама, тато, баба и дедо.. Од секој по едно кафе неделно, ете ти го дремењето..

    Како не се најде еден на темава да каже како е да се живее со 200 евра?!
     
    На Sanjichka007, Cinderfakinrella, crimson и 9 други им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене ми е стварно жал што почнавме седнувањето на кафе да го сметаме за луксуз, ете до толку се нема. Да правиш пресметки дека со тие потрошени пари, на месечно ниво ќе платиш сметка за струја... Не викаш: Еве месецов сум малку во тесно, па нема да одам на час по пилатес, или нема да купам нови чизми. Туку си викаш: Нема да пијам кафе од 50 денари. Буквално да си ги броиш голтките. Стискај, крати, нема веќе од што да се скрати. Ако седнувањето на кафе муабет со друштво ни е луксуз кој не можеме да си го дозволиме, да не зборувам за одење во кино, театар, на балет, на некој концерт или било каков настан поврзан со културно забавен живот. Кај нас потрошувачката кошничка строго за јадење и сметки. Макар што и за тоа тешко стигнува.
     
    На Snow-Star, Sanjichka007, Cinderfakinrella и 12 други им се допаѓа ова.
  19. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    Чекајте сега...што ми се запнавте...значи..првиот авион...и иселете се бре луѓе...на кој не му се допаѓа овде слободно нека замине..нема зошто овде потполно залудно да си го троши времето..
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    А ако не јадеш ич и ако не се бањаш ич и така ќе заштедиш, бат детс нат д поинт. Д поинт е што државава тука те подјебава во здрав мозок.

    Зошто да не излегувам секој ден ако ми се излегува? Млади сме, здрави, прави, убави, паметни, па сакам и да излегувам и да шетам и да патувам и на викенди да одам. Тоа ненормално е да се сака? Зошто? Затоа што државава решила дека 250-300-350 евра се доволни за „нормален“ живот? Па ебате животот - работам интелектуална работа, сум се образовала, сум потрошила време и пари на тоа, сега робувам пред компјутер по цели денови и се траќам од земја за да можам да си овозможам ДЕЛ од тоа.

    А да речам и дека најголемата заработка иде од соработка со странци? Еве, ај и тоа ќе речам. Можеш да заработиш убаво и овде, тешко е да се пробиеш на пазарот на трудот, ќе гинеш ама еве ти кажувам - ќе гинеш година, две, три, пет... Млада сум, имам сила, ама цел живот ли ќе гинам и ќе си кусам?

    Е, па, не сакам бе цел живот да работам по пет проекта наеднаш и да ме боли зглобот од куцање за да можам да отидам на еден мочан викенд во еве, не знам, Белград на пример. Или да си кусам на едно нешто за да си купам друго нешто, лаптоп или телефон или квалитетни чизми. Сопствен стан, живеење сама, сајанс фикшн е овде.

    Сакам нормален живот, сакам комоција, сакам да не ми студи дома во зимо затоа што немаме централно греење, сакам да уживам во животот. Ако сум крива за тоа, еве не знам, во ред е... разгалена сум.
     
    На Snow-Star, Sanjichka007, Artemission и 21 други им се допаѓа ова.