1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    Абе луѓе...иселете се бре...ќе си останете овде кукајки цел живот...и пак ништо..вака куферите под мишка...и одите почните нов живот од 0...па да видете како се почнува...и потоа ќе ни расправате...
     
    На ivimis му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Си заборавил за најважното.
    Во странство даваат околопи за глава, не можеш да ѕирнеш ни лево ни десно туку само напред, пред газдата и пред метлата и опет правец дома а оклопот во никој случај не го тргаш, запечатен е а клучот е во газдата.
    По дифолт сите се со искривени глави кога се враќаат во македонија и буквално уживаат без околопот и полнат батерии се до неговото следно ставање на истиот.

    А сега, ова сериозно?!

    И да "рмбаш" платен си и се те следува како и секој друг граѓанин на државата.
    И да забришеш некаде прашина или да испеглаш за еден саат си платен ко бог. 20 евра, мераци.. лагана работа полн џеб.
    Уживаш.
    Куп пријатели, луѓе, македонци работат на стол, уживанција... плата на сметка. Мераци.
    Куп блиски од кои некоја медицинска сестра, друга на рецепција, трета секретарка а четврта книговодител.
    Мераци.
    Успеале се помачиле.

    Компир брат?
    Што е то компир, каков компир абе на сув леб со сол сме еве на.

    Сериозно?
    Секојдневно се пазари, избор еден куп. Буквално не штедам на храна а дури гревота е некогаш и фрлам од неумереност. Од пиле млеко.
    Знам што е и ресторант, одам често кога ми се оди и уживам.
    Кафе пијам и 2 пати дневно ако ме навеле околности а најмногу обожавам да го испијам сама пред работа уз весник покрај кеј.

    Стан??
    Каков стан бе, соба брат.

    Сериозно?
    Сите што ги знам живеат причично средено и лукузно. А пола од тие веќе го исплаќаат или го исплатиле и е нивни.

    Цигари, кафе, јело... се тоа го имаш за време на пауза.
    А верувам исто е и во македонија.


    Не знам навистина кој ви ги кажува овие тешки заблуди но, ти си во тешка заблуда ако мислиш дека само во македонија има живот.
    Пробај малку да разгледаш подалеку од носот и границата со македонија ;).
    Сигурна сум дека ќе се изненадиш од резултатот.
     
    На ₩anna Be Momm¥, Ејприл, theowndemon и 14 други им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    77.296
    Пол:
    Женски
    Кај нас уште владее мислењето дека ако отидеш во странство, ќе рмбаш од јутра до сутра, ќе чистиш вецеа, на нива... за ич пари оти се било скапо.
    Познавам многу што одат во странство, но одат на земјоделие, берење јагоди, грозје, копање, филизење... и пак работат за релативно ниски пари, баш поради една причина. Не знаат јазик

    Ако се потруди човек да научи јазик, потроши година или две во работење додека да стекне работна навика, после се е многу полесно. И далеку поплатено.

    Пола од моите пријатели овде земаат плата од 2500+, живеат царски тука, одмори, шопинзи, праќаат дома. И не се фалат многу.

    Затоа мислите дека во странство е лошо.
     
    На Sanjichka007, Cinderfakinrella, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.941
    Допаѓања:
    12.596
    Прашавте како се живее со 200 евра?Епа 10 години се оди на езеро, за море нема пари. Се купува умерено, нема луксуз.
     
    На Cinderfakinrella, crimson и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Што има потреба од фалење и објаснување кој како живее.
    Грото од луѓето се одамна иселени од македонија. Попримиле тамошен менталитет, си работат, излегуваат, летуваат, зимуваат и живејат впрочем како секој нормален човек во нормална држава.
    Си гледаат и работат на себе и свои проблеми.
    И тоа е.
    Чат пат ќе отидеш во македонија, ќе видиш свои луѓе, своја грутка ќе се одмориш и се враќаш во твојата реалност.
    Ова не е и баш нешто за фалење, фактот е дека секој човек во нормална држава што фунционира навистина како што треба да фунционира си живее впрочем како и секој просечен човек, со убава работа, платена работа, солидни услови и убавина во се тоа.. тоа не е за фалба, тоа е и животот всушност.
    Така треба да фунционира секоја држава.. да пружи услови на граѓаните и да се грижи за фунционалноста на самата земја.

    Тоа што кај нас е посебна приказна е друг муабет и далеку од фалба.
     
    На Sanjichka007, Tanjamm, sanja.burgundy и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    А и да се дополнам - јас цврсто стојам на ставот дека ако некој сака да успее и да си овозможи убава заработка, СЕКАДЕ ќе треба да се помачи. Свесни сме сите за тоа, т.е. барем тие попаметните во државава.:wasntme:

    Од небо и од дедо Боже ништо нема да дојде. Јас сум прва таа што ги осудува мрзливите, тие што не се трудат, тие што лежат и Бога молат да не најдат работа оти не сакаат ни да почнат од некаде и со нешто. Честопати плукам како овде никој не се ни труди туку сите само чекаат на готово. Врие овде со таков народ, ме гледаат како будала зошто работам толку, не им е јасно и не можат да сфатат. Без амбиција, без страст, ако може да се докопаат до некоја фотелја и да играат Солитаре. Да можат и ќе го стават глувчето на аутоплеј, само нека клика.

    Таквите ги осудувам и овде и во Америка и во Германија и во Австралија. Флегми и мрзи и им нема чаре за нив. Е ама обично па и на таквите не им треба нешто многу повеќе од едно платиче, едно количе, маме, тате... доста е.

    Разликата е во тоа што државава овде те приморува да гинеш цел живот. И да, јас си го барам чарето надвор. Тоа е - знаеш колку пати ми требало помош од државата, сум побарала и не ми дала? Е мене јасно ми е, пазарот на труд таму нема да ме чека со отворени раце, ќе треба да се дообразувам, да се доквалификувам, ама истото го правам и овде за некој и не така голем обрт на пари.

    А квалитет на живот е сосема друга категорија... да не пишувам надолго и нашироко. Од образование, до здравство, до судство. Ми фали бре цивилизација овде, ми фали да отидам во банка и да се научат луѓето дека се стои во ред, дека не е културно да ти ѕирка зад рамото колку пари подигнуваш. Ми фали ред, култура, пристојност, манири...

    И да, јас си го барам чарето... моето чаре е прашање на време. Додека дојде тоа време, јас не легнувам и не се откажувам, работам, се трудам, правам се' што е во моја можност за да бидам пообразована и поконкурентна не само на овој пазар на труд, ами и на странскиот. Дека и таму кога ќе отидеш не те чекаат со раширени раце и ќе мораш некако и на некој начин да се потрудиш.
     
    На Snow-Star, Artemission, Oxymoron и 11 други им се допаѓа ова.
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Најкомична ми е фразата „во Македонија барем не сум странец“.
    Искрено, последните 5 години пред да се преселиме, и тоа како се осеќав странец во сопствената држава. Вака сум странец, ама во друга држава, барем основано е :D
    Шала на страна, ама баш ич не ме интересира дали некој ме гледа како странец и дали некогаш ќе ме прифатат ко нивна или не.....ама баш ич не ми менува. Затоа што се е исто за сите, и за локалните, и за дојдените. Битно мене многу ми се допаѓа како функционира системот (не е беспрекорно, ама и тоа како добро функционира), има услови за напредок на секаков план, ако ништо друго, знам дека син ми ќе живее многу подобро. Ќе има детство кое нема да биде оптеретено дали родителите му се од оваа или од онаа партија, ќе има порелаксирани родители кои не доживуваат притисок или мобинг на работа, кои нема да се секираат за тоа дали ќе можат да купат нешто плус зашто уште го отплаќаат станбениот кредит. Нема да се премислуваме дали да одиме во едното или другото место во Грција (и двете добро познати, зашто само за таму се имало пари), туку изборот ќе биде дали Мајорка или Канарски острови, зашто цената е иста и прилично дозволива за семејство со нормални примања.

    Само со едно нема да се сложам, дека новите коли е поевтини од кај нас. Барем овде во Шведска се многу скапи, ама поголем дел од тоа оди на даноци. Да не зборам дека сите возила се изработени за скандинавски пазар, па во основен модел влегуваат многу повеќе работи од она што го има кај нас. За другите земји не знам како е, не би можела да тврдам.
     
    На Snow-Star, Sanjichka007, sjdgo и 12 други им се допаѓа ова.
  8. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Во Италија и Германија се поевтини знам луѓе што живеат таму и кога ми кажаа и јас се зачудив. :)

    Иначе за вас што најмногу од Македонија ќе ви недостигаат соседите еве јас живеам во зграда и освен имињата што им ги знам и по едно здраво никаков друг поблизок контакт немам со нив. Ниту пак имам време да им одам на гости. Изумреа тие времиња кога се одело на кафиња по комшии.

    А кога сме кај кафето да прашам каде е 50 денари??? Луѓе во Скопје поевтино кафе од 100 денари нема, а скоро иста цена е и во Виена во центарот. А размисли таму колкава е платата, a колкицка е кај нас.

    И само кажете ми каде кај нас плаќаат прекувремено? Нигде, а добро знаеме дека во другите земји го плаќаат и повисоко отколку обичната саатница.
     
    На Sanjichka007, Bozica1980, sjdgo и 6 други им се допаѓа ова.
  9. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    Лудница....:drunk:
     
  10. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Е лудница е ако гледаш сител секој ден и само на нив им веруваш. :lol:
     
    На Sanjichka007, theowndemon, Cinderfakinrella и 4 други им се допаѓа ова.
  11. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    Не гледам вести...едноо бајаги време...последно ко гледав беше на телма..
     
  12. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Тoa е тoј чип у глaвa шo гo дoбивaaт сo 10 гoдини перење мoзoк пo телевизии.

    Акo не гледaaт тв имaaт другaри шo гледaaт и шo идaт пo штaбoви и им вртaт вaкви пaзaрски муaбети кoи не вреди дa се кoментирaaт.

    Oвa е тoa, бесплaтнa кoрекцијa нa диoптријa, тениски терени и слични мерки a имaме 50% неврaбoтенoст нa млaдите. Пa oтвoри им рaбoтни местa, сaми знaaт дa си нaјдaт тениски терен, дa си плaтaт и диoптријa и се.

    Али пoсле кaкo ќе ги влечиш пo штaбoви сo ветувaњa дaли oвие дaли нaредни избoри ќе ги врaбoтиш aкo oбезбедaт 10 луѓе дa глaсaaт.
    http://www.slobodnaevropa.mk/a/27600342.html
     
    На Sanjichka007, Nausicaa, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Sekoj ima pravo na izbor i svoe mislenje.
    Dali nekoj gi zali tie sto otisle vo stranstvo, bas i ne e nekoja tema na razmisluvanje na istite.
    Nemoze site da imame isti zelbi, zatoa edni vamu ziveat, drugi tamu.

    Kade e podobro?
    Sto e dobro za mene ne ocekuvam deka e dobro za ostanatite i obratno.

    Jas bev sonuvac od mala. Ziveev vo opstestvo kade fantaziite bea zabraneti. Neli ako fantaziras ke ti recat sto se zanesuvas.
    Ako mladi luge zanesuvajte se.
    Se vo zivotot se ostvaruva, mozebi ne odma, za se treba vreme.

    Jas odsekogas sum sonuvala da ziveam vo stranstvo.
    Mene mi se ostvari, ama ne padna od nebo.
    Se portudivme so mm malku poveke i mislam deka se isplati.
    Sonuvajte, sonuvajte i sonuvajte.
    Prv pat koga go vidov blagodetot od fantaziite se uveriv deka nisto ne e fantazija, se e mozno.
    1991 bev na edno patuvanje i se slikav so edna kapa koja e nacionalen beleg na edna dr. drzava. Se posaliv i rekov " ke im kazam na lugeto deka .... bev na odmor". Vo toa vreme toa bese fantazija.
    2005 god jas se najdov na plaza vo posakuvanata destinacija.
    Kolku "fantazijata" bila ostvarliva?
    Mnogu, mnogu tesko.
    No cuda se slucuvaat.
    Samo treba da posakate.
    @Doozy ti pozeluvam da gi ostvaris tvojte zelbi.
    Uste mnogu mnogu drugi "fantazii" imav i poleka poleka im doaga redot. Nekoj se ispolnija po polni 20god, drugi cekaat na red, nekoj podzakasnija ama nikogas ne me zaboravija.

    im pozeluvam na site ako imaat sansa da go probaat toa stranstvo.
    Mozebi sega neveruvate a ke bide poln pogodog za vas.
    Polesno e da procenis dali nestoto e za tebe ili ne, ako toa go probas.
    Pa mozebi nekoj od vas ke go promenat mislenjeto ili bare razbiranjata.
     
    Последна измена: 25 јануари 2017
    На Sanjichka007, afrodita26, Bozica1980 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Да. За поквалитетен живот, за подобро здравство, поголема безбедност, подобро образование, услови за живеење... И безброј опции за истото.
    Имам и јас и блиски и познаници што се иселија, веќе мислам дека сите имаме по некој. Далеку велат дека е од совршено, но и далеку подобро од МК. Дека ги трошат парите во МК, искрено не. Се молиме да дојдат да се видиме. Ќе се вратат еднаш во три години, почесто велат дека вратите кај нив ни се отворени. Го направивте невозможна мисија да се има сопствен дом во Европа. Па јас познавам пар кој 5год плус/минус живее во Холандија и си купија стан во главниот град. Секако на кредит, кој би купил било каде стан или куќа без кредит да бидеме реални, освен ако од дедо не е наследство. Во помалите места дури и поефтино е да си купиш дом, а каматните стапки се видно помали од МК. За храната да не зборуваме.
    И тешко е, секаде е тешко ако сакаш да заработиш. Брат ми кога замина, неколку месеци и беше во депресија. Друг начин на живот, не познаваше никого, му беше навистина тешко. Но не се откажа, беше упорен дека не сака да се врати тука и успеа. Не дека сега му е ептен лесно, ама далеку подобро.
    Дека и овде може да биде Европа, може. Треба колективно будење. Сега сме само трчи сопни се. Да отвориш сопствен бизнис се плашиш, затоа што на врзаните од "горе" може ќе ми бидеш трн во око, па ќе те уништат инстант. Еден куп приказни за неправди. Тоа е МК.
     
    На duffi, Sanjichka007, Bozica1980 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    Defininitno Da.
    Ne deka se prethodno nema tamu ama ima so usul. Ima i za rebe normalno da zivees a ne da zivotaris i da si gnida bez sopstveno mislenje zasto ne smees na lopovot da mu kazes lopov....Se zamislivam i si vikam tolku mala drzavicka a tolku mn kradci. Do genot e .Jataci , shpioni, bezkicmenaci, so obraz gjon.Kaj ima pogovorka na dr mesto Da mu umre kozata na komshijata.
    E ovde batka ima.
     
    На celineparis, Tanjamm и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Да де ти со дневница од 300-400 ден и тук там по некој бакшиш од 50 ден, ке купиш и стан и кука и топ живот ке имаш.
    Абе ај жити се не ме живцирај така по сабајлечки.
    Ке чекаш твоите да умрат за да окашеш во куката што тато ти ја градел за време комунизам.
     
    На Sanjichka007, sjdgo, Baby-bubu и 6 други им се допаѓа ова.
  17. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    Ај со дневница од 40 евра ќе си купаш кола стан во германија и ќе бидеш кралица..
    Или ќе гледаш 80 годишна баба ќе чекаш да умре и да наследуш полусобен стан..
     
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Гледам сите што заминаа голи и боси се вратија.
    Ај дете не си се филмај.
     
    На Sanjichka007, sjdgo, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    Гледам се враќаат со рент а кар коли и ние..односно вие им се восхитувате..
    И да гледам и овде се сите боси и голи...затоа на лето на грчка граница секој викенд не може да поминеш со часови од македонски автомобили..
    Кога има попуст и во солун иста е ситуацијата на граница..во космос сите зборат македонски..
    И имало сиромаштија..има секаде во светот нема само кај нас..
    И пак ќе кажам не велам дека е идеално овде..но не е и толку хаотично како што ние сами тоа го замислуваме и правиме..
    Работава е што сакаме преку леб погача за една ноќ без пот...е тоа го нема никаде..
    Кога имам куќа стан наследено од родителите ќе живеам овде и ќе се трудам да преживеам со моја плата..
     
  20. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    Uste ne ti kmeknalo dete i zena.I daj boze da zivees od plata ama samo od plata i od cesen trud.Posle pishi tuka!
    I nema da kupam jakna od kinezi za 20 evra od pazar tuku je idam u solun i tamu ke gi dadam tie pari za nesto pokvalitetno.Nema da sedam vo smrdliviov vozduh barem 10 dena vo godina i ke se banjam na more koga mozam i kolku mozam.A siromashtija ne se meri so toa, siromaahtija se meri dali kvalitetno zivees, jades, investiras , obrt na pari pravis ili zivees sto majka i tatko ti ostavile i se tepash i se mrzis so ostalala rodbina zasto mozebi si zemal poveke ili pomalku od brat ili sestra.Ama jbg.
     
    Последна измена: 25 јануари 2017
    На green.eyes, celineparis, Cinderfakinrella и 1 друга личност им се допаѓа ова.