1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    Тие што живеат во странство купуваат кинески јакни и одат на одмор во Македонија..а море сонуваат..

    Така да со твојот коментар докажа дека во Македонија сеуште се живее убаво..и дека ние само фантазираме за нешто повеќе и нереално..

    Бравос..нема што повеќе да се коментира...;)
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Тие што живеат во странство никогаш не би се вратиле на одмор во Македонија да не им беа браќата/сестрите/родителите тука..
    Еве на внука ми и е поевтино да оди на Хаваи, Бахами или Кариби отколку да се врати во МК на одмор. Нас Грција ни е близу, затоа и одиме. На некој што живее во Шпанија подобро му е да оди на одмор на Канарски острови отколку во МК...

    Ама зошто воопшто му контрате на BoyL кога тој и не излегол подалеку од МК па не може да спореди?
    Треба да излезеш, прошеташ, споредиш....па да се дрзнеш да пишеш толку негатива за странство.
     
    На mira.mira, duffi, JollyGirl и 13 други им се допаѓа ова.
  3. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Луѓето прават промени на средина, купуваат продаваат затоа се успешни...тој што си чека на готово да му падни од небо и да биде задоволен со 200 евра плата тоа е негова работа..јас сфаќам дека кога ќе основаш фамилија е веќе многу тешко да се излезе надвор но еве ние младите каква перспектива имаме овде?
    И не само тоа..да тргнеме од менталитетот на народот..секогаш гледаат за другите, никогаш за себе..епа ќе нема напредок уште минимум едно 20тина години ако не и повеќе..жално е што некои млади се резултат на лошо воспитување и го кочат развитокот на државата и сметам дека додека не се промени тоа нема да има напред..а дотогаш народот ќе се иселува во потрага по подобро утре.
    А да..и тоа што велите дека на почеток ќе чистеле вц-иња..сите почнале од нула во животот некогаш ќе чистиш и вц иња утре може да си менаџер на објектот...се разбира ако си квалификуван кога тогаш твоите способности ќе ти се најдат.
    И би сакала ова да го кажам..кој се труди кога тогаш ќе успее..
    Според мое мислење..да, вреди да се напушти нашава држава.
    Ако некој не е задоволен на едно место треба да си ја бара среќата на друго место..
     
    На P.SIloveyou, mira.mira и AnastasiaWinter им се допаѓа ова.
  4. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Нема поубаво место од Македонија.
    Еднаш веќе се произнесов дека не вреди да се напушти државата, освен во случај ако мислиме само на самите себе а не на тие околу нас, како фамилија, роднини.
    Животот во странство си има и позитивни и негативни страни.Каменот е тежок на своето место.
    Доаѓа посветла иднина за Македонија, од лошо не може да биде пак лошо може да биде само добро :)
     
    На Kitty23, elimkd, BoyL и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки

    фала богу...се најде уште една будала што си ја сака земјата и сака да остане овде...инаку готов бев..ме изедоа воа жените...:)
     
    На Aleksandar1212 и elimkd им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Поголем буџет-помала слобода
    Помал буџет-поголема слобода.
    Тоа е разликата меѓу живот во странство и кај нас, се е до карактер, кој каде се пронаоѓа, таму нека си оди
     
    На Kitty23, blueeparadise, India и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    И пак јас, едноставно морам да пишам.
    Би го запрашала @BoyL дали има 12 години работен стаж или само 12 години работно искуство. Бидејќи другарка ми работи 5 години и се на се не можеш да собереш една година, а не па 5.
    Мислам дека и те како е важно за во третата доба од животот за пензија итн.
    Кафето спрема мене не е некој луксуз, луксуз ми е цепидлакањето секој петок и сабота во кафана, но ете кој си може - си може.
    Јас со мојата плата од 200 евра (да напоменам дека не плаќам сметки, пошто живеам со мајка ми), не можам да си дозволам кафани, дискотеки, чуда секој викенд. Не само финансиски, туку и од проста причина што викендите ги работам (прва смена), па се што сакам е да легнам у кревет.
    Работам и студирам во исто време, а сум и писател (ако немаш врски, тешко дека ќе живееш од пишување), питај бога кога последен пат отидов во театар или кино.
    Порано искачав по дискотекиве, до 8 средував соби, доаѓав дома и право на журка. Не знаев кога последен пат можев да се стокмам како една жена со пет саати подготовки. Ама ајде, удри бригу на весеље. Е,тогаш одмор на море ми беше сон, пошто парите ги трошев на искачања, па иди па собери.
    Сега трошам на храна за дома, нејќам да јадам надвор. Бидејќи повеќе се исплати. Па, тук-таму ми се фаќа да штедам на книшка. Кафињата ми се реткост, ги пијам со другарки и со дм.
    Во Амстердам, најдовме евтин супермаркет, цените беа како овде!!! Тие земаат 4.000 евра плата,ние 200 евра. Ок!
    Проблемот е во сместувањето, бидејќи е скапо. Но, затоа штедат на превоз. Коли не возат, се возат со автобус, трамвај, метро или едноставно ТОЧАК!
    Скапи се цените за јадење у ресторан да, една порција њоки беше 20 евра, ама па ќе си речеш: Демек у Скопје, секоја вечер јадам у Пелистер.
    Во Хилтон хотелот, цената за две кафиња е 6 евра. (едно плаќаш, едно гратис). Па сума-сумариум и во Охрид исто ќе те фати.
    Амстердам е туристичко место, па цените се набиени, како и во Охрид. Но, има и таму нешто евтино.
    И што ако е Дирк (наше Кам или Стокомак), живи здрави се вративме. Само што таму има брендови, не како што во Кам не можеш да најдеш Кока-кола...
    И да, кој е странец?
    Во Македонија се осеќам како најголем странец. Идам у МВР пола и више се „браќа“. Ме слика „брат“, ми дава документ „брат“. Абе, ајде...
    Малцинство у сопствена држава!
    Идеме во Грчка, пошто е полно со понуди од Групер. Идеме на шопонг во Солун, пошто тука да купуваш е научна фантастика, зборам за тренди и нешто ептен добро. Еден плав кармин немаме, а не па нешто друго. Кога побарав, ме гледаа како теле...
    Не! Не! Не!
    Ме фаќа еза да помислата да родам дете дур гинат мајки со деца на пораѓај. Два пати у болница за ништо страшно, ми беше хорор... А, камоли да морав да лежам!
    Моите не се министри, дм не е министер, не можам да се пораѓам у Систина, и се помируваш со фактот дека идеш на се или ништо.
    Немаме општа култура, луѓе гинат на улици како на фронтови. Абе, луѓе не е шала! Колку деца изгинаа, колку жени, колку мажи?!
    Нејќе на пешачки да застане (кога нема семафори, класичен пример кај Два Елена), а не па пажливо да вози.
    Не пушам, не пијам и се што сакам е да имам достоинствен живот, да не стравувам колку имам во новчаник, да не пазам за не дај боже, да чувам за црни денови... Стан? Научна фантастика!
    Штедам и секоја година си пружам за одмор на некоја дестинација. Ама, човек од крв и месо, сакам и јас да прошетам на викенд до Банско. Али работа, работа, работа...
     
    На jasbi, Sanjichka007, India и 10 други им се допаѓа ова.
  8. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    Ubavo za tvojata zamisla za ubav ZIVOT.
     
    На elimkd и okcenzi им се допаѓа ова.
  9. Samomarija.056

    Samomarija.056 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Значи вака оваа државава наша е скапана . Сру ама така е , е сеа извинете вие шо ја сакате македонија ама ја мислам дека уопште нема приходи за да се живее тука , фала богу во иднина здравје боже ќе се преселам подалеку . Само подалеку , а највеќе поради трач .
     
    На Cinderfakinrella и okcenzi им се допаѓа ова.
  10. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Со самото дипломирање пред една година, веднаш почнав да се интересирам за работа во странство. Не сакав да одам преку агенциите тука, затоа што земаат многу пари и даваат лажни ветувања. Почнав да барам сама и да праќам CV на повеќе компании. Не е се така лесно како што изгледа. Ние слушаме многу приказни од луѓе кои што знаеле некој што работел во странство, токму тие луѓе мислат дека кога ќе појдеш во Западна Европа, еврата на дрво почнуваат да растат. Прво, многу тешко се наоѓа работа по струка. Второ, процесот трае долго, поминуваш интервју и регрутерите ти бараат најмала грешка за да те одбијат. Некогаш се случува за едно работно место да имаат 50-100 апликации и тешко е да се верува дека тие баш ги читаат детално биографиите. Буквално, за нив ти си само бројка. И не се баш толку високи платите, како што ние си мислиме (и се надеваме). За entry level job земаш од 800-900 евра максимум. Потоа се зголемува (по некои 6 месеци, можеби). Тотално е различен тој свет во кој тие живеат таму и ние овде. Нивното работно време е од 8-17, а некогаш и покасно. Буквално, живеат за да работат и парите им ја прават смислата во животот. За да појдиш да живееш и работиш во странство треба многу жртви. Да се одделиш од роднини и пријатели и да се навикниш да живееш во една соба од стан, кој најверојатно ќе го делиш со 3 или 4 цимери/ки. Можеби ќе живееш во голем и урбан град ќе поминуваш покрај елитни ресторани и ноќни клубови, во кои ќе знаеш дека најверојатно никогаш нема да влезиш затоа што цените се преголеми за твојата скромна плата. Мит е тоа дека сите во Западна Европа се богати и можат се да си дозволат. А и тие што се, најчесто немаат со кого да ги трошат парите. Лесно е да оствариш контакти со многу луѓе таму, ама да не се лажиме, далеку е тоа од искрено пријателство. Не сакам да бидам погрешно сфатена, не го оправдувам тоа што се случува овде. Знам дека платите се ниски, а трошоците големи. Сеуште се обидувам да заминам од тука ама не живеам во илузија дека се ќе биде баш “совршено“.
     
    На ivimis, BoyL и mira.mira им се допаѓа ова.
  11. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    66.416
    Пол:
    Женски
    И заминувањето, и останувањето во Македонија си имаат свои позитивни и негативни страни. Тешко е да заминеш во држава каде немаш ама баш никој и мораш да почнеш од нула. Треба да ти биде јасно дека ако тргнеш мораш да си имаш зацртано во глава што сакаш да постигнеш, да ти е јасно дека нема да биде лесно и дека нема да те стават директор во фирма ( знам многу луѓе кои дошле со тие очекувања и по некој месец се вратиле назад ) туку буквално ќе почнеш од нула и ќе работиш нешто што во Македонија би ти било понижувачко да го работиш иако си бил без пари. Ќе работиш, но затоа и ќе можеш да си дозволиш многу работи што си ги сметал за луксузни во нашата држава. Само во Македонија го има тоа да ѓи вртиш сите кафичи во градот по цел ден, истовремено да бидеш пицосан ко за на свадба, најчесто со пари од мама и тато. За некои луѓе тоа е нормално, така си навикнале и не им се излегува од комфорната зона. Душата ме боли што моите ѓи гледам само на екран долго време, но си создадовме наша фамилија овде и мораме да се бориме за подобро. Не е воопшто лесно, има денови кога мислам само како ли ќе биде ако се вратиме во Македонија, и за жал освен за да си ѓи видам моите, друга причина нема, како што гледам само на полошо одиме.
    Никаде не е сјајно, но подобро да ризикуваш, да пробаш, отколку цел живот да го поминеш стоејќи во место и кукајќи.
     
    На Goody му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Треба да ти биде јасно дека ако тргнеш мораш да си имаш зацртано во глава што сакаш да постигнеш, да ти е јасно дека нема да биде лесно и дека нема да те стават директор во фирма.
    Океј, ова стварно звучи претерано. Јас спомнав работа по струка, без претерување молим те.

    Само во Македонија го има тоа да ги вртиш сите кафичи во градот по цел ден, истовремено да бидеш пицосан ко за на свадба, најчесто со пари од мама и тато.
    Во Македонија, можиш да ги вртиш кафичите по цел ден, само ако си син/ќерка на локален мафиозо. Ако не си и да сакаш неможеш да си дозволиш. Повторно муабет надвор од контекст. Второ, повеќето од нас не трошиме пари од мама и тато туку работиме некоја нископлатена работа. Цело време го гледам и слушам истиот муабет од иселеници, размисли вака логички. Во една скромно македонско семејство, во кое што само еден од родителите е вработен (реткост е да бидат и двата), како мислиш дека на детето му остануваат пари за “луксузирање“, да излезе еднаш во викенд или да прошета некаде со нискобуџетните карти од визер? Размисли уште еднаш дали е со пари од родителите.

    Никаде не е сјајно, но подобро да ризикуваш, да пробаш, отколку цел живот да го поминеш стоејќи во место и кукајќи.“ Знам дека никаде не е сјајно, не живеам ни јас ни било кој од моите врсници во таква илузија. Дали ако отворено зборуваш за проблемите во едно општество, тоа значи дека си кукач? Океј тогаш, да не се жалиме во никој случај. Да не се жалиме дека живееме во ера на модерно ропство. Немој и ти да се жалиш ако работиш прекувремено во странство, а тоа да не ти е платено.
     
    На celineparis и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Значи коа ке ми спомнат кафе ми се преврува желудник.
    Ало во гв кафе е 30-40 денари. И секој ден да си на кафе тоа се 1800ден. Бога ми јака заштеда.
    Еве јас излегувам скоро секој ден на кафе, со примања од 1200 евра па пак се жалам дека се нема.
    Каматите за кредит се превисоки, Струја, вода, интернет, телефон се е превисоко.
    Ај ви се молам со глупиве муабети.

    Па кога ке слушнам муабет дека ако кај нас работиш напорно ке ти се исплати, ми иде да рипнам на цимето.

    Феминки мене како инженер ме повика еден газда на одредено време кога стигнаа новите машини. Дневница за 6 часа ми беше 20 евра и тоа најчесто јас си го бирав времето за работа.
    Пошто на мајка ми и беше досадно тој период дома ( ова беше пред 3 год) му реков на газдата дека ке дојде и мајка ми да работи. Секако без збор прифати. Ја гледаа ко кралица, Дневница за неа беше 500 ден. Ја работеше најлесната работа и тоа што таа го работеше за 6 часа ( не 8 )додека бев и јас тамо, другите работници кои веке ги затекнавме, ја работеа истата работа за 2 часа.
    Имаше двајца од нив кои тоа им беше 10та год по ред и дневницата сеуште им беше 500 ден, а работеа работа ко за 4ца. Смените им беа одвратни од по 10 часа прва смена, 8 часа втора и трета.
    не јадеа во канцеларија туку на машина каде знаеше да претрча по некое глувче, гуштер, лебарка и останат животински свет.
    Газдата имаше чиста заработка од 4000 до 9000 евра месечно.
    Вработини 10 за 500 ден. БРУКИ.

    Ете така кај нас функционира кај нас трудот.
    Некој нека се дроби 10 год и нека работи 4 работи за иста дневница, како некоја која газдата ја зел повеке да си прошета и да тепа време.


    п.с само да не слушнам напади за мајка ми, пошто никој никого со сила не натера да го врботи, а и јас не си бев задоволна од дневницата, за работата која ја работев.
     
    На Sanjichka007, Tanjamm и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Леле многу јако луксузирање, да пиеш кафе во кафич. Или да одиш негде на одмор во странство, во време кога можеш да најдеш авионска карта преку wizzair со иста цена ко автобуска карта до Охрид.
     
    На Sanjichka007, sparklie, joy1 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Многу ми се интересни сите оние (и надвор од Фемина, да се разбереме), што кога ќе се иселат, зборат во стиил како Македонија нема друга, тука увек ќе си странец, ја сакам Македонија...
    Не, бе пилиња... Не! Ако ти е толку тешко, што не се вратиш? Ау, заборавив ќе ка работиш истата работа за 10 пати помалку..

    Ало, луѓе... Нормални ли сте што зборите со кафињава? Џанам сите богаташи сме, оф леле...

    Значи, ако немаш врски и ако не си син/ќерка на некој, до функцијата директор тешко дека ќе стигнеш. Џанам сите гледам директори станавме.

    Во странство (знам мал милион примери) ти го ценат трудот и знаењето. Не е битно дали си дете од позната фамилија, туку што имаш во црпката.

    Лидери сме во непотизам, по 101 пат ќе напоменам. Осетив на своја кожа и ужасно боли. Јебига, не зборам како све у странство е идеално, али ќе си речам: Епа, странство е. А, за Македонија, што? Да ги пцујам моите што тука ме родиле или да ја пцујам државата седејќи и тупкајќи во место.
     
    На Sanjichka007, Sm1ley, Tanjamm и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Па нашите иселеници ова очигледно го сметаат за огромна придобивка :D
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. India

    India Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    15.688
    Пол:
    Женски
    оди тука удри дете, нема веќе да го видиш, и тука се работи ама се знае 8 саати дневно, редовна плата, колку и да плаќаш сметки трошоци, пак ти остануваат пари да трошиш на луксузни работи.И тоа што прочитав купуваат кинески јакни и идат на одмор во Македонија, а знаеш ли ти воопшто едно доаѓање кошта??
    Не дека немаат пари до Грција да отидат, немаат време.
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.941
    Допаѓања:
    12.595
    Не си ме сфатила потполно. Не пишав јас дека купуваат кинески јакни. Сакав да кажам дека во МКД ништо не функционира. Колку родители знам што се насилници и тепаат се по дома, и жена и деца, па никој не ги затвора.
     
    На India му/ѝ се допаѓа ова.
  19. beauty.princess

    beauty.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2015
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    здраво на сите феминки/фемини што сакаат да бегат од мк..:D
    значи така во германија сум од 14 години, (искрено си ја сакам македонија).. сите викат додека си мал ке се навикнеш, незнам, што незнам како... искрено таму е многу убаво и градовите се романтични и се е убаво, меѓутоа не е тоа се сјајно.. таму се има пари ако се работи и ако работат сите фамилијарно па можат да си дозволат малку повеке.. вистина е кога ке дојдат од странство во мк со кола мерцедес или било кој др.џип на едносмерна улица се понашат како да се на автопатот во франкфурт, но тоа е нашата култура.. (де видете ме кој сум), а таму од утро до вечер работат, гледат само кревет да фатат.. Зошто?! затоа што кога ке дојдат да има што да се пофалат... (сум имала такви пријатели, па затоа кажувам).. значи таму завршив средно, па се вратив.. никогаш не сум била од оние кој кога ке дојдат на одмор се понашат ко да они се знаат а нашиот народ нема појма.. проблемот е тоа што нашиот народ со факултет седи без работа дома и мелем му се гледа кога ќе слушне странство.. во право се, таму жувотот е подобар, како прво морам да кажам дека здравството им е на прво место, и на сите државни функции си пречекан како што треба, додека кај нас кога ке одиш на посета, во болница или било дека да завршиш некоја работа немаат никаква култура, да ти е страв да им кажеш што ти е и од што ке ти се издерат или ке ти кажат нешто што не треба забораваш и зошто си дојден... храната и облеката е многу поевтина и поквалитетна заразлика кај нас... и законите функционираат многу подобро заразлика од тука... пр. мене ми е убаво таму, но тука се осекам по слободно.. 50/50 ми е .. таму е поубаво за живот, но кога си на своја територија си по слободен..
     
    На ivimis, Aquamarine93, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Објасни ми ја слободава
     
    На elimkd и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.