1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. beauty.princess

    beauty.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2015
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    па ете таму излегувањата се многу поскапи заразлика од овде, еднаш двапати дојде полиција и трипати хитна.. не сум јас тип што многу ги сака ноќните шеми, но само сакав да искоментирам за тоа.. и нормално кафиитериите се преполни со народ овде, додека таму се работи... и тоа што таму на се мора да се пази, а тука кај нас и 5 минути да закасниш некаде тоа е нормално, додека таму е построго за разлика од овде.. на тоа мислев цело време
     
    На Tanjamm и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.148
    Знаеш дека голем дел од луѓето кои одлично заработувале во Македонија си одат? Имале можности одлично да живеат, скијање во зима, одмори во лето, ручеци во ресторани и сл во Македонија, па пак решаваат да заминат и да почнат од 0 и да се соочат со сите негативни работи кои ги наброја?
    Не е за џабе реченицата it takes a village to raise a child... Луѓето заминуваат затоа што кај нас државата не функционира. Колку пари сакаш имај, дишеш загаден воздух, јадеш храна од почва загадена со хемикалии (Линдан во Охис на пример), децата ти учат во училиште со професори кои се партиски вработени кои немаат познавање, храната која ја јадеш нема информација за потекло, возиш по небезбедни патишта, немаш парк каде да прошеташ, на улица место насмеани, гледаш намуртени лица, само некој со некого гледа да се искара, другарите на децата немаат отворен поглед кон светот и најчесто им смета различност и гледаат негативно на се поинакво (Иако ова, фала богу почна да се менува), во земја каде не можеш да купиш апчиња за контрацепција и каде те бркаат од работа ако останеш бремена.
    За здравството не навлегувам, зошто ете, ако имаш пари ќе се лечиш на приватно, ама ако си и во таа средна класа која изумира ќе немаш за во Систина, па ќе бркаш познати по клиника за да имаш пристоен третман.
    Ете затоа си одат луѓето. Кажав јас не би останала по секоја цена во странство за да трпам за леб, ама да најдам попристојна работа, ич не мислам 2 пати за враќање. Многу работи треба да се сменат во Македонија, ама искрено, губам надеж дека тоа е возможно.
     
    На mKdevojce, Nine25, Mari-Ja и 19 други им се допаѓа ова.
  3. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам со @KuklickaSk , конкретно ние сме од тие што имале добра работа и одлична плата, ама решивме да заминеме. Јас имав просечна македонска плата, сопругот (тогашен дечко) заработуваше неколку мои плати месечно. Можевме да имаме супер живот, од финансиска гледна точка. Арно ама, сопругот ми е неверојатно амбициозен, премногу вложува во себе, постојано си ги надградува знаењата, сака да напредува во кариерата. Дојде до точка кога немаше што повеќе, мал пазар сме, недоволно развиена земја, едноставно не гледаше алтернатива за напредок. Странство беше единствена опција. Настрана муабетот што и јас и тој сме луѓе што не поднесуваат нефункционален систем и нестабилност во било која сфера. Конкурираше во фирмата, помина сите тестирања и интервјуа, го примија.

    Туку, за цитираниот пост погоре..... (facepalm) @jasmina00 Градинката Е поскапа од кај нас, спрема стандардот не е воопшто скапа.
    Море иселениците и тоа како можат да видат, стандардот овде дозволува фамилија да замине на пристоен одмор без сериозно да се раздрма буџетот. И не, не мислам на одмор во Македонија.
    Децата....кој ти гарантира дека твоите ќе сакаат да останат во Македонија или ќе посакаат да живеат на друго место? Да, може син ми нема да сака да остане овде, ама многу полесно ќе си ја оствари желбата за да замине, зашто нема да замине со мк пасош. Ако го води животот на друго место, нема да го спречам, во секој случај ќе му биде многу полесно отколку мене и на татко му.
    Знаеш дека и во Македонија има станови што чинат 200000 евра? Куќи уште поскапи од ова?
    Ајде малку пореално со бројките :)
     
    На Doozy, mira.mira, Ејприл и 3 други им се допаѓа ова.
  4. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Се има плус и минус... и овде и таму во странство

    Затоа реков, двајца на иста маса ќе се скараат - а не камоли ние овде жени на форум или 10 другари на гости.
    Се има плус, се има минус... и ми доаѓало некогаш да се спакувам, но сега сум сама, па ми е ок. Фала му на бога, вработена сум со солидна плата и за моја среќа регуларно без партиска книшка и т.н пријатели.

    Но да не навлегувам за бројките и детаљите..... пак ќе речам има + има - се во животов
     
    На blueeparadise и "Zoki" им се допаѓа ова.
  5. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Не би ја напуштила и тука има за живеачка
     
  6. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Точно, се има плус и минус, ама некако премногу минуси за во Македонија, за жал :(
     
    На V.odolija, mira.mira, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Ејприл

    Ејприл Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2016
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Искрено никогаш не сум размислувала да живеам во странство освен да шетам, сум била на повеќе места но сега некако тешко од кога имам деца. Вработени сме и двата имаме убави плати но не според струка, капитално обезбедени но сепак сакам подобар живот за моите деца подобро образование и култура но најмногу сакам да прошетам на повеќе места а за тоа финансиите се мали.
    Ни се отвара една можност за живеење во Швајцарија и многу се мислам како ли ке се снајдеме во др држава со мали деца а освен државната работа на мажот ми ништо др не би изгубиле има ли некој што бил во ова ситуација во Швајцарија да ми помогнете со информации за почетокот
     
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Зависи од платата што би ја примале во Швајцарија.
    Еве најдобрите мои пријатели заминуваат наскоро. Тој доби работа како гинеколог а таа уште не аплицирала никаде...ама со мастер е и работно искуство, ќе најде некаде..
    Животот во Швајцарија е неколкукратно подобар од тој во МК ама и 10 пати поскап..
    Така да, ако платите се солидни, животот е песна :)
     
    На V.odolija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ејприл

    Ејприл Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2016
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Сеуште не се почнати никакви документи сеуште се информираме. јасно е дека почетокот ке биде тешко и ние сме со дипломи и маг.битно е да се почне со работа заради документи па понатаму ке се бара подобро така се плановите. Ке биде тешко дека фамилија со деца и немам информации училиште, јазик превоз ке ги нема таму дедовците затоа не сме сеуште сигурни. А сега ни е шансата Потоа може да биде касно
     
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Кога не ја гледаш иднината која ја сакаш за себе овде, нормално е да ја бараш на друго место.

    Целам кон напуштање на државава, да.
     
    На mira.mira и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Uste sega sakam da trgnam
     
    На celineparis и okcenzi им се допаѓа ова.
  12. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
  13. Autmn-Queen

    Autmn-Queen Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Почна и Македонија пензионерска држава да станува и е веќе . Така да секој млад би сакал да се исели . :sun:
     
    На mira.mira, okcenzi и elimkd им се допаѓа ова.
  14. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    http://www.vrabotuvanje.com.mk/news/brak_zaradi_rabotna_dozvola

    Баш пред некоја минута го прочитав текстов и ми асоцираше на темава. Ова со склучениве бракови не е нешто ново, многу Македонци така имаат заминато во странство. Лично јас, никогаш не би ја играла оваа карта. Ако го прочитате текстов ќе сфатите дека не вреди таков ризик, особено ако свесно го прекршуваш законот во некоја земја.
     
    Последна измена: 4 февруари 2017
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lizzie

    Lizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2016
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Вреди, без размислување да завршам средно одма си бегам имам роднини у странство така да кје си се снајдам.
     
  16. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    Da se razbereme i vo stranstvo ne cvetaat ruzi,no ima sredena i normalna drzava vo koja dishes cist vozduh i jades nezagadena hrana. Sekoj dodaten cas na rabota se plaka, strucnosta se ceni, ne lopovlukot. Ovde nemormalnoto e normalno, izmesteni vrednosti, ograniceni slobodi na govor i komunikacija. Domot e tamu kade sto ti e ubavo i kade moze da imas ubav zivot za tebe i semejstvoto.
     
    На mama31 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Нема ништо повредно од тоа млад македонец да избега од оваа наша Македонија не ни ја ценат вредноста се борат нашите родители со нивните заштеди се бориме ние со наши можности да бидеме високо образовани за на крај без работа дома да седиме а некој без средно има и уште пожално само со основно образование се на највисоките функции ЖАЛНО ПРЕМНОГУ ! Цел месец работи измачи се за смешни 12.000ден. и пак тие ти ги земаат бедна држава.
     
    На mira.mira и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    21.285
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::handshake: е стварно ме насмеа , искрено.
    До пред некои 15 -17 години градот во лето ни беше преполн со Швајцарци како што ги викавме ние.Бидејќи има добар дел од народот по Швајцарија , Австрија , Италија и Словенија, тогаш бев средно школо и Швајцарци ги викавме сите кои живееја во странство а си доаѓаа во градот на одмор.И тогаш се гледаше дека воопшто не им е лошо ама сега...Е сега млади кои живеат во странство тешко ќе ги видиш во градов , си доаѓаат само нивните возрасни родители, а нив ги гледаме по слики на одмор на различни страни од светот.И ич не им чуе за Македонија. Еднаш во 3-4 години си доаѓаат а некои ги немам видено и подолго.

    И да, вреди да се напушти државата ако сакаш некаде да добиваш пристојна плата и да бидеш третиран како работник и човек со права.
    И да, да не те уценуват со раб.место од 20.000 ден. а често и помалку да излегуваш по улици и да не знаеш зошто.
     
    На orevka, mira.mira, green.eyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Ne se soglasuvam deka nadvor od Mk se cveta i se e rozovo. Dokolku navistina ne sum primorana ne bi se selela.Barem ne podaleku od Balkanot. Mentalitetot so zapadno-evropskive zemji ni e na sosema razlicno nivo. Kolku i da ne cini nasiov ne mozam da se naviknam na takviot laden karakter kaj lugeto.
    Tuka znam deka mozam da izlezam niz guzva bez da me raznese bombash samoubiec. Pogolemo mi e custvoto za sigurnost i vo 3 casot sabajle koga od izlaganje se vrakjam doma i znam deka sansite da me ograbi, siluva ili ubie nekoj se dosta mali, barem vo sporedba.
    Citam nekoi se fatile za hranata. Vo sive pogolemi zemji, pogotovo vo poladnite klimi kade zemjodelstvoto ne e uspesno, glaven monopol na industrijata za hrana go drzat golemi svetski korporacii. A na korporacija edna rabota i e najbitna - parite, pa sega racunajte kolku taa hrana e zdrava, prirodna i nemodificirana. Tuka si ides na pazar, si kupuvas domati i znaes deka prodavackata gi jade, gi odgleduva istite.
    Sekogas trevata na komaijata ke e pozelena.
     
    На ines.h, ivimis и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    И затоа секој втор постар човек во земјава е болен-скапан. Затоа што многу ни е „здрава“ животната средина и храната која ја јадеме, имаме покус век од западњаците.


    Плаќам сметка за струја повисока од просечната германска, а притоа штедам електрична енергија и внимавам колку трошам.

    Нека одјебат сите мкд патриоти што солат памет и осудуваат. Ова не е Америка, не е Австралија, не е Швајцарија ниту Германија за да ја сакам. Кога ќе заминам, ќе прекинам секаков контакт со оваа земја. Едвај чекам.
     
    На crazylady, Nine25, danichap и 3 други им се допаѓа ова.