1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. ₩anna Be Momm¥

    ₩anna Be Momm¥ Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Definitivno vredi , posle edna godina zakluciv deka sme donele pravilna odluka , gi zedovme kuferite i zaminavme .
     
  2. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.813
    Пол:
    Женски
  3. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Премногу вреди.
    Мислам дека тоа ми е најпаметното нешто што сум го направила во животов.
    Кога заминував воопшто не ми се заминуваше имав грутка во градите и солзи во очите, не бев радосна што заминував бидејќи не знаев што ме чека, и не ми се напушташе родното место.
    Но сега за ништо не би се вратила да живеам во МК.
     
    На crazylady, BayernKa, Nine25 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Се срамам што сум македонец. Ја мразам Македонија и ги мразам македонците кога би ја немало светот би бил поубав ;)
     
    На Vojdana, GrevMk, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Kathrynn

    Kathrynn Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    Вреди!
     
  6. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Вреди да се замине од државата и да се најде убав маж :lol:
     
    На mira.mira, Tanjamm и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  7. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Сега вреди.
     
  8. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.667
    Пол:
    Женски
    Вреди,еве кажувам од лично искуство.
     
    На crazylady, eliesaab, kim.k и 6 други им се допаѓа ова.
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.840
    Пол:
    Женски
    Дa! Амa немaм хрaбрoст дa зaминaм.
     
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Женски
    Оооо едвај чекам , уште сега ми се спакувани куферите , иако уште многу време има до заминувАњето и почетокот на нов живот
     
    На eliesaab, Outlook и Petar80 им се допаѓа ова.
  11. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Ај ви се молам тие што сметате дека овде поубаво се живее, набројте некои позитивни страни зошто некој поубаво би живеел овде наместо во Австрија на пр? Што може овде да е подобро освен единствено нешто што најблиските ти се тука. Друго?
    Државата е почиста и посредена?
    Здравството функционира подобро?
    Образованието?
    Полесно се наоѓа работа?
    Што?
    Јас ништо друго позитивно не гледам :^)
     
    На Vojdana, crazylady, ivimis и 4 други им се допаѓа ова.
  12. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    Pojdi vidi izvagaj dali ti odgovara. Ne moze sekoj da se prilagodi i da najde rabota kakva si zamisluva i ne moze sekoj da trpi da bide gragjanin od vtor red, stranec. Ubavo e , sredeno e, se funkcionira no razlicno e od zamislata koja nie ja imame za atranstvo i za med i mleko tamu.No samo na lice mesto ke vidis kolku ti odgovara.Ovde ke te cheka ne ti bega.
     
    На dunika, ivimis и joy1 им се допаѓа ова.
  13. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Сум била, работев како студентка 3 месеци во Германија, и не е совршено нормално, не знам зошто мислите дека луѓето имаат таква замисла никој не вели дека таму тече мед и млеко, но од овде во секој поглед е подобро. И не мора да работам по струка, што дека овде работам по струка за мизерна плата, во мизерни услови, не почитувана исто така... И што ви значи тоа граѓанин од втор ред не ми е јасно? Овде во мизеријава во секоја смисла ли се чувствувате како граѓани од прв ред? Озбилно? Како?
    Значи 100% сум сигурна дека со 2 минимални плати со мм многу подобро ќе живееме ете на пр во Австрија отколку со две просечни овде.
    Познавам многу луѓе што заминаа ваму или таму, и да на почеток сигурно не е лесно, одма не те чека работа или стан ама за брзо време сите се снајдоа и никој не се жали на ништо, освен тоа што го реков, фали друшвото, фамилијата. Ама не сме побогу преку океан, подобро едно нешто да ти фали отколку милион.
    А за муабетите кафе пиење и јадење не сакам ни да коментирам, смешно...
     
    На LiliBoz, Gosh, green.eyes и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Вреди. Од проста причина што повеќе умеат да го ценат трудот и што стандардот е повисок од нашиов. За жал, кај нас познавам исклучително вредни и квалитетни кадри кои и покрај огромниот труд кој го вложиле во образованието си седат дома или пак работат за мизерни плати. Пример преска, гледам оглас, бараат инженер на еден од доста тешките технички факултети (предност ќе имале магистрите), да имал работно искуство од најмалку 3 год., возачка, познавање на јазик, куп компјтерски програми и уште милион други критериуми. Плата 12 000 - ден.(facepalm) Убаво ја загледав сумата, да не е некоја друга цифра напред но за жал убаво сум видела. Епа истиот тој несреќник што ќе се вработи таму, сигурна сум дека во странство подобро ќе се снајде. Наспроти тоа, мрзливи газолижачи на секој чекор кои зафатиле најдобри места само затоа што ги бива за вовлекување во задник. Епа незнам таквите колку некој би ги трпел на друго место. По однос на ценење на труд за жал на дното сме, ни нема рамни. А за други работи што се подобри некаде за разлика од кај нас не ни има потреба да коментирам, сосема доволно е ова.
     
    На Mari*, Tanjamm, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    Gragjanin od vtor red znaci deka za ista rabota avstriecot zema pogolema plata od stranecot , za podobro platena rabota na konkurs rodenite vo Avstrija imaat sekogas prednost od dojdencite, pri najmala kavga kolegata ke ti kaze odi si vo tvojata zemja sto baras tuka, no za da go osetis toa ti treba podolgo ziveenje vo zemjata.
     
  16. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Точно е дека во странство ти го ценат трудот и земаш поголема плата. Точно е дека кај нас се’ е со врски. Точно е и дека образованието, здравството и другите работи се подобри отколку кај нас. Гласав за ДА токму од тие причини. Не дека се срамам што сум Македонка, напротив горда сум на моето потекло, ама за жал тука нема иднина за нас младите. Но, од друга страна, во странство никој не ме чека со раширени раце. И таму за тие пари треба да се „испотиш“ што би се рекло. Плус, каде и да одам, секаде ќе си бидам странец. Сега можеби некој ќе ме нападне што реков дека сум горда на моето потекло, но едноставно се ценам себеси, а тоа значи дека го ценам и моето потекло. Тоа нема буквално никаква врска дали вреди да се напушти државата или не.
     
    На Tanjamm и Petar80 им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    И јас исто сум горда на своето потекло. Каде и да одам, нема да ми биде срам да кажам дека сум Македонка. Дури и да ме однесе животот некаде далеку, моето дете би го учела македонски, да знае од каде сме, што сме, кои сме, која е Македонија, какви се македонските песни, ора и се друго. Каде и да одиш друго нема да бидеш, националноста не се менува.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Вреди кај нас ништо не чини, ништо не е како што треба
     
    На Monalisa0 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ај прво направете нешто за тоа ваше потекло да добие на важност, после гордејте се со него... страшна работа.
     
    На Vojdana и Gosh им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Има многу нации кои биле фашистички и порано и ден денес, па се гордеат со себе си. Македонците освен на самите себе, на никој друг не нанесоа зло. Не мораш да се сложиш со нас на кои нацијата ни значи.
     
    На felisitas и mode-kristina им се допаѓа ова.