Не се сложувам. Размислувам рационално и бесцелен ми е емотивен ангажман таму каде нема ништо за возврат. Постои нација без фашисти? https://en.wikipedia.org/wiki/Independent_Macedonia_(1944)
Jas sum vo golema dilema dali da se iselime familijarno vo Germanija. Ovde imame rabota, stan a vo momentot imame bliski rodnini vo Germanija koi ni nudat pomos na pocetok dokolku odlucime da se iselime. Ovde ni e ok zivotot no pretpostavuvam deka idninata na decata bi bila podobra tamu. Tesko mi e da odlucam da dadam otkaz, da otpisam deca od skolo i da trgnam od pocetok vo nova drzava. Bukvalno od nula, i bez znaenje na germanski jazik.
Овде е убо да живеат богатите.. А америка шведска таму тие држави се печалбарски.. Да заработиш и на старост тука да си живејш е то е убо кајнас..
Да ги закачам сега видеа од Македонци во Албанија и Грција кои слават Илинден и пеат македонски песни, нема потреба. И нив државата Македонија не им дала ништо, не ги спомнува, не ги бара, ама тие знаат кои се, што се, од каде се и се гордеат и негуваат традиција. Нема ништо лошо од тоа да си горд на своето потекло. Самите од себе да побегнеме не можеме. Дури и да склучам брак со Германец, па и во Германија да живеам, јас ќе останам Македонка. Се раѓаме со националност, не ја избираме.
Нивен проблем е тоа (на Македонците во Албанија и Грција). Би можела да ја промениш националноста. Ако ти не сакаш, некој сигурно сака. Живееме во време кога секој има право на избор. Запрашај се дали би се чувствувала исто вака, кога твоите родители би те израснале некаде преку океанот. Да беше канадска државјанка од близу 30 години, ќе се замараше со македонизам? I don't think so. Она што не можеш да го промениш кај себе се гените, НО, бидејќи се одвивало мешање меѓу етнички групи и раси, не знаеш кај кого каков ген ќе излезе на површина. Јас се уште не разбирам, зошто е добро да ја сакаш македонија и македонците и да бидеш горд на тоа потекло, кога македонија благодарение на истите тие македонци е црна дупка на планетата Земја, секоја година станува се полоша и полоша за живот. Пушташ вести, слушаш воздух непрепорачлив за дишење, депонии, труења од загадена вода за пиење, гнасни сендвичари, афрички трески, кучиња јадат живи деца, по 7-8 мртви новороденчиња во неделата... Како десетте чуми над Египет оти и македоња е библиска, нели.
Често дикутирана тема... Многу сакам кога се зборува на оваа тема поготово да слушам некој како зборува за животот надвор ( а воопшто не бил, а поготово овие средношколци, тинејѓери и сл. кои мислат дека парите растат на дрва) како надвор од Мк се било совршено .. па слушам муабети од типот ...во Мк не можеш да наполниш фрижидер, па луѓето надвор оделе 2 пати годишно на одмор, овде и патиштата не чинат, па од граница наваму и радиото си шушка ....и што уште не !? Притоа не знаејќи дека овој живот тука во Мк со тој таму надвор нема никаква врска. Животот надвор се базира само на работа.. и да сакаш да одиш со некој да шеташ неможеш пошто или немаш време, или немаш со кого.
И те како овде има кај да шеташ,наши ресторани,кафеани,дискотеки,што ти душа сака Ама се што е наше кошта повеќе од нивното овде Мм еднаш излезе во српска дискотека и гледам не сака често да оди вели,убаво е ПО НЕКОГАШ да појдиш И да...вреди да се замине и да се проба Е сега...овде се работи многу ама и се заработува Тешко е,не е се лесно како што се мисли ама вреди Ни недостига родниот крај,си ја сакаме државата ама неможе ни близу да ни понуди услови за живеење како што имаме овде И не,никогаш не не третирале како граѓани од втор ред затоа што сме странци
Нормално дека вреди, не тука да бидеш заложник на толпа феудалци кои не си ги исполнуваат основните должности за кои се платени, а друг не дозволуваат да пркне. Дури и тотално неписмена раја која сноси одговорност за овој хаос и му давала легитимитет на феудализмот ја напушта скапанава земја, што останува за нормален човек на кого компасот во животот не му е расипан.
Не живеам ама сум била во Германија, Франција, Англија, Виена така да си имам свое мислење во врска со оваа тема..
Doingbusines.org ми е букмаркиран сајт а според него сме перфектна држава за живеење. Бел бумбар за нив, црн за мене што сум се родил тука.
Според мене храната е многу полоша на пример во Германија, се е вештачко зборувам за овошје зеленчук како и лебот. Кај нас барем за тие работи е подруго таму млекото нема никаков вкус како и да работа по цел ден дојдеш дома и немаш време да направеш некое здраво јадење се е набрзина а и таму нема помош од никој, ме нервираат лугето кога велат се е прекрасно во странство ... има и убави работи да но бев опкружена со луге кој имаа време само за работа и маркет и толку . Имаше толку многу нервоза, и баш ме интересира дали едно луксузно патување или две во текот на една година ќе ги направе среќни и ќе и ја потполни празнината што се далеку од семејството..
Хммм.. си живеела во Германија? Да знаеш колку храна од органско производство има, ќе се чудиш.. Дали знаеш дека Холштајн кравите имаат потекло од Германија и Холандија? Тие се најмлечните крави во светски рамки, колку за информација.. И ги има мал милион што се одгледуваат на органски начин Германија ми се чини дека беше прогласена за лидер во регионот за органски произведена храна Во Холандија, да пробаш од нивните кашкавали од органско производство.. дел со еден куп различни вкусови... Или пак Данска, тие се малку дури и забегани со тие органски производи, толку се внесени во сето тоа што дури и мнозинството од рестораните служат органска храна.. Згора на се, прописите во ЕУ точно одредуваат што значи органска храна и што се може да помине како органско.. за разлика од кај нас, каде што има дупки во тој поглед.. Динамиката на животот е секаде иста. И во МК и во Германија ако не одиш по комшии на кафе (а на запад такво нешто баш и нема), ќе имаш време за се. И таму се работи по 8 саати редовно работно време .. Во МК некои работат и по 12 па никој не им плаќа прекувремено.. Животот е убав онаму каде што ќе си го направиш да ти е убав. Било да е тоа Скопје, Берлин, Њујорк или Пекинг..
Така е и таму преку ноќ неможеш да купиш стан, сите се прават дека се им е совршено а живеат со години во една соба а нашите родители кој цел живот работат и со труд ни обезбедуваат убави места за човек да може да живее стабилен живот и на крајот како им се враќа?? Децата одат во странство и почнуваат од нула мислејќи дека се е мед и млеко
Имам да краток период, само кажав мое мислење бидејќи сум навикната да јадам домашни производи и затоа направив разлика, нормално и во германија има убава храна чоколади и слично.