1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Одгледуваш дома храна?
    Правиш сирење, кашкавал?
    Имаш домати во двор? Краставици?
    Праски, кајсии?
    Крави, овци, кози, кокошки?
     
    На јolene и Arthur им се допаѓа ова.
  2. ivimis

    ivimis Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    523
    Животот е убав онаму каде што ќе си го направиш да ти е убав. Било да е тоа Скопје, Берлин, Њујорк или Пекинг ... така е убаво кажано

    Баба ми и дедо ми живеат на село тие прават сирење имаат домашни животни и сл, како и да е убаво е човек да виде како се живее и во другите држави пред да одлучи каде да живее :)
     
    На toogood, Tanjamm, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.288
    Пол:
    Машки
    Од тие што бевте најмногу за иселување се исели некој..или уште само билдате постови тука и кукате :)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    (facepalm)
    Ти обезбедиле место за живеење само ако живееш со нив, ако си имал среќа да работиш во местото кај што си се родил.
    Животот е динамичем и тука, барем во поголемите места е. Во Германија имаат добро развиен јавен превоз, добро развиена инфраструктура, за пола час можеш во било кој дел на градот да стигнеш. Овде може да се случи 15-20 минути само автобус да чекаш.
    Имам и јас другарка што доаѓа од странство и вика дека многу релаксиран ни бил животот, ама таа дојде и отиде да одмара на планина.
    Викаш нема кој да ти помага по дома во странство. Пак ќе повторам, само на тие што имале среќа да се родат кај што работат има кој да им помага.
    И јас се враќам после 5 ипол дома прегладнета(ако одам директно дома и не мора никаде да поминам после работа). И јас морам нешто набрзина да готвам. Во зима се стемнува уште пред пет, значи во темница се прибирам.
    За лебот и млекото и органските производи во Германија (и општо во Европа) не се ни труди да зборуваш. Да не ни почнувам за тоа дека цените во маркетите им се исти како овде или пак како исти производи овде и таму имаат сосема различен квалитет.

    Ти за да билдаш постови мрчиш, или само по навика?
     
    На 1209, tessie, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Nobadys.Perfect

    Nobadys.Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Да се разбериме. Ние само си играме држава далеку сме од држава. Работам во местото кај шо сум родена работам државна работа. Живеам со мојте. Океј да обезбедено ми е седењето не се замарам за сметки итн. Ама луѓе немаме култура. Да излезиш да треба да завршиш некоја работа во нашиве институции ќе искиниш нерви. Немаме култура, немаме услови за работа. Прочитав негде ако се снајдиш сегде убо би ти било за живот. Во ред ти можи ќе се снајдиш ќе имаш добра работа, еве ќе имаш и добра плата. Шо фајде за да одиш до вц ти треба пријател за да завршиш работа. Оти можи на шалтер да те избрка оти не му бил денот денес.
     
    На dunika, Tanjamm, TheGirl23 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Уф и тоа како!!!!
    Одма!
    Да ти се плукнам во државата во која владеат неписмени патриски потрчковци и сегде ама за се само политика игра улога!!!
    Да ти е :swear::swear::swear: и :swear:

    :!:no hard feelings :mm:
     
    На Vojdana, SnowWhite8, dunika и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Горе сум гласала НЕ.Ама мојот одговор е дефинитивно ДА.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.549
    Пол:
    Женски
    Кажи некоја клетва да заминиме сите што гласавме со ДА :)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Да даде Господ сите што сте гласале да си одите што подалеку од овде и да не се враќате.
     
    На Justicija и Nobadys.Perfect им се допаѓа ова.
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.549
    Пол:
    Женски
    Ај да видиме на дело дали ке фати клетвата :lol:
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Ne, zosto obozavam da gladuvam. :inlove:
     
    Последна измена: 4 јануари 2018
    На Tanjamm, tessie, wanderlust и 5 други им се допаѓа ова.
  12. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    стрпете се кај и да е ќе легализираат марихуана и проституција...потоа ќе ни расцвета државава :rofl:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ex Luna Scientia

    Ex Luna Scientia Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    847
    Пол:
    Женски
    Несомнено вреди. И одвај чекам да излезам од оваа дупка.
     
    На Ваљдрин. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    55.274
    Пол:
    Женски
    Вреди, многу. Повеќе ради менталитетот на народот и немањето култура, отколку немањето пари. Ова не е држава веќе, одамна. Штета што немам прилика да заминам.
     
    На Tanjamm, mari_sa, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  15. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Зависи што бараш во животот.
    Да имаш пари, за мене, би било ок да живеам тука. Кога велам пари, мислам на тоа да можеш да си приуштиш лагоден живот, одмори, викенди и слични, за нас, луксузи.
    Не навлегувам во тоа од кај ти се париве јер тоа е лична работа.
    Од друга страна, не би заминала странство ако таму треба да работам рецимо келнерка, судоперчка, чистачка и сл. Немам ништо против тие професии ама јас лично порадо би ги работела тука него ли таму.
    Би заминала за добра работа и добра плата ако тоа го немам тука.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Машки
    Кратко и јасно!
    -Додека политиката ја гледаме како религија, ке засмилсуваме за напуштање на Матичната ни родна земја!
     
  17. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Јас би сакал да ја истражувам Латинска Америка и амазонските шуми и да ја запознам таа мистична култура. Не би сакал да се вклучам во тоа досадно западно живеење. Кога би се решил да ја напуштам Македонија засекогаш тоа би било во амазонските шуми и Јужна Америка.
     
    На Tanjamm и sjdgo им се допаѓа ова.
  18. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Ах кога би имала прилика одма би се отселила,се повеќе се разочарувам од сите и од се околу мене,секој ден.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Cunga Lunga :lol:

    Toa jas od iskustvo
    Nikoj nisto ne raboti, se sedi pred Granapce i se komentira komsija, politika,..... ne e mnogu razlicno od Mk
    Toa jas od iskustvo ti go kazuvam.
    A vo suma vo Amazonija, toa samo na TV zosto ne e kako sto se prikazuva.

    Eve jas vo Petok ke odam vo edna od tie zemji i ke posedam dva meseca pa ke ti pratam slika da vidis sto zivot imaat.
    Za odmor se fenomenale ama za zimot, Bogdacuva. :D
     
    На Mamli му/ѝ се допаѓа ова.
  20. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Гледам многу причини да заминам, ама не гледам причини и мотивација за да останам.

    Почнувајќи од образованието коешто во 21 век ме учеше дека хомосексуалноста е болест и неприродно. За понатаму и да не зборам. Кога имав здравствени проблеми, цел век се ашкав низ болницине. За што? За да ме прегледа доктор и да закаже една проста операција. Не дај боже да бараш асална работа каде што ќе бидеш ценет и почитуван, вклучувајќи го и твојот вложен труд. Полесно ќе ископаш нафта од двор, него ли што ќе најдеш работа.

    Повеќе ми е за ретардираниот менталитет кој е присутен во Македонија. Ме збеснува фактот што колку понормален си во општеството, толку поглупо им изгледаш на сељаците. Не сакам кога ќе излезам да гледам луѓе опседнати со селфиња, не сакам да слушам како некој друг ми вришти над глава у природа, не сакам да гледам нафурани женски со миничи на -10 степени. Насекаде се. Згадено ми е.
    Не сакам утре кога ќе имам деца да ме прашуваат зошто не се почитувани онакви какви што се, зошто нивниот труд не е ценет или зошто не сум ги извадила на време од државава.

    Жал ми е за Македонија како држава, затоа што на крај краева тука сум родена, таа сум, Македонка сум. Државава би просперирала многу повеќе отколку што мислиме, да имаше нормални луѓе и истите да ја водеа, ама нема. Не е дека тече мед и млеко во странство, јасно ми е, ама е далеку поразлично од тука. Само знам дека ќе го дочекам денот кога ќе ја набљудувам мојава држава само од далеку. Толку.
     
    Последна измена: 16 март 2018
    На Tanjamm, BayernKa и Miss.A. им се допаѓа ова.