Дали вреди да се напушти нашава држава?

Discussion in 'Општи дискусии' started by ozbilnazena, Apr 20, 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    962 vote(s)
    88.4%
  2. Не

    126 vote(s)
    11.6%
  1. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Joined:
    Oct 12, 2010
    Messages:
    382
    Likes Received:
    1,764
    ФБИ и јас бев приврзана за домот и семејството, но мене семејството не можи цел живот да ми ги плаќа сметките, да ми плаќа одмори каде што ќе посакам да одам..Единствена пречка ми беше мајка ми, не сакав да ја оставам, но размислив дека можам и неа да ја земам по некое време и неа да ја куртулам од сите маки. Еве планираме деца, сигурно таму не ќе можев да му пружам толку колку што ќе му пружам овде, не само јас туку и државата. Прочитав во други теми дека некои се двоумат дали да имаат деца, плашеќи се да не ја изгубат работата. Јас нема за што да се плашам затоа што знам дека пак ќе ја имам работата и секоја минута ќе ми биди платена. Можам да си дозволам буквално се што душата ми сака, можам да појдам на одмор каде ќе ми текни и да не се секирам дали утре ќе имам за леб. Не се нервирам за тоа дека сум изгубила 15 год. во учење, а работам некоја трета работа за 100 евра. И зошто би останала во Македонија кога таму очигледно лоши се условите и е многу тешко за живеење, за утре моите деца да работат за 300 ден. дневница во некое кафуле!? Не фала. И кај нас да имаше убава работа и да беше убаво платена ќе работевме и по 20 сати, не по 12 како тука, ама нема, од сегде гледат само да те искрадат.Јас ја сакам Македонија и секогаш ќе се враќам таму ама иднината ми е тука во Америка каде иако сум од друга држава повеќе сум почитувана како граѓанин од колку во Македонија. Заминав и не се каам за ништо. Очигледно вреди да се напушти државата..
     
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    2,952
    Likes Received:
    1,752
    иако знам како е во странство (од искуство на мајка ми и нејзиното семејство)
    кога би имала можност би ја напуштила Македонија оти овде не се живее, се живурка :puke:
    растенијата подобро живеат од нас во државава а ние само се мачиме секој ден се повеке и повеке :envy: :sweat: за жал
     
  3. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Joined:
    Sep 30, 2010
    Messages:
    944
    Likes Received:
    1,345
    Си живеел во канализација еден мал црв. Си живеел и немал појма дека има некој на светот што живеат и поинаку од него. Еден ден, наишол на стар весник и почнал да чита, па запрепастено го запрашал татко си:

    „Тато, дали е точно дека има црви што живеат во јаболка?“

    „Точно е сине“ – му одговорил таткото.

    „А, дали е точно дека некои црви живеат и во месо?“

    „И тоа е точно, пиле татино“.

    „А, ги има и во саламите?“

    „Има дете мое, има.“

    „Па добро бе тато, зошто тогаш ние живееме во овие го*нарии?“

    „Затоа што сине, ова е нашата татковина!“

    Во врска со темава, секако дека вреди, да имаме можност со трчање би ја напуштила, ништо убаво не ми понудила за никаков просперитет и убав живот, не дека таму цветаат рози, ама барем трудот и квалитетот се цени и плаќа.
     
    pufi-cufi likes this.
  4. esperanca

    esperanca Популарен член

    Joined:
    Oct 30, 2010
    Messages:
    1,321
    Likes Received:
    3,166
    Секако дека вреди.....зар овде е подобро...ти да работиш по цел ден а на крајот друг да си ги полни џебовите.....да имам прилика би заминала без да размислувам 2 пати :D
     
  5. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Joined:
    Dec 19, 2010
    Messages:
    159
    Likes Received:
    77
    Си го сакам местото каде што сум родена ,но сепак условите за живот за оној што живее со плата во нашата земја се катастрофа,човек треба цел живот да се отепа од работа за да стигне до еден никаков автомобил,стан или да изгради нешто што личи на куќа ,а во порцесот губи здравје нерви и се останато.Очигледно е дека нашата земја е непросперитетна, финасиски никогаш не би била стабилна, за вработување да не зборувам ,не се ценат квалитетните кадри се ценат други работи ...вујко владика ,чичко министер итн итн....И ДА ,ВРЕДи и Тоа како да се напушти оваа земја доколку се зборува за финансиски фактор ,за останатите не зборам....
     
  6. miabube

    miabube Истакнат член

    Joined:
    Nov 9, 2010
    Messages:
    2
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    И тоа како да се напушти и срце да не ти трепне.Ова во нашата држава е невиден хаос штрајкови се и сваста вработување нема плата никаква едвај до крај на месец да дотуркаш а да не правиме муабет за кола па стан или такво нешто.Се е заникаден се се вработува на партиски линии а ако не си во партија не ни помислувај...СЕ вработуват на чичко на стрина вујко или незнам што ли не и потоа имаме семејни универзитети школи фирми и тоа е тоа.Квалитет во нисто нема само квантите,а особено во образоването се заврсуваат факултиети во рекордно време и оп на убава функција а тие како мене од времето кога се учеше многу ке си седиш дома и ќе си чекаш од бога росичка
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Joined:
    Dec 14, 2010
    Messages:
    1,540
    Likes Received:
    559
    како радо и одма би ја напуштила оваа земја, толку мн сум разочарана од се тоа како фунционира, да молиш за една никаква работа и пак да не ја добиеш, а си завршил и факултет и се :devil:
    п.с баш да прашам дали некоја има слушнато за тоа дека во австралија имало некои области за кои барале млади брачни парови, им давале кука и работа???имало на инт за тоа ама незнам како да го побарам :(
    ми спомна една жена ама не сакаше да ми каже ништо поконкретно ;( :devil:
    ај плс ако знае некоја нека пиши :)
     
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2010
    Messages:
    2,134
    Likes Received:
    64,798
    Gender:
    Female
    Бараа едно време,за населување на руралните области.
    Се обврзуваа 5години да седаат таму,работа обезбедуваа а највеќе бараа лекари,можеби имало обезбедено сместување привремено ама да ти дадат куќа нема шанси,за куќа твоја ќе треба сам да си заработиш
    Eве побарај на интернет страницата http://www.immi.gov.au.
     
  9. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Joined:
    Dec 14, 2010
    Messages:
    1,540
    Likes Received:
    559
    Бараа едно време,за населување на руралните области.
    Се обврзуваа 5години да седаат таму,работа обезбедуваа а највеќе бараа лекари,можеби имало обезбедено сместување привремено ама да ти дадат куќа нема шанси,за куќа твоја ќе треба сам да си заработиш
    Eве побарај на интернет страницата http://www.immi.gov.au.[/quote
    е фала баш ке читнам шо е како е :* ама таа комшивката моја шо не сакаше да ми каже со како, рече дека братот нејзин отишол таму да во некоја рурална област ама како да му дале кука, ама нормално да ја отплака ;)
     
  10. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Joined:
    Dec 22, 2010
    Messages:
    427
    Likes Received:
    157
    Јас никогаш не би ја напуштила Македонија.
    Кога бев помала имав некои амбиции да учам во странство,али како што гледате уште сум тука :rofl:
    Мене не ми треба ни Америка ни Австралија ни Германија, се си имам тука и можам да просперирам и овде.
    Единствено ако некогаш, а се надевам никогаш, имам финансиски проблеми би отишла да работам во странство, а потоа би се вратила назад и би отворила нешто тука.
     
  11. baby-doll

    baby-doll Истакнат член

    Joined:
    Aug 1, 2010
    Messages:
    16
    Likes Received:
    13
    Би ја напуштила и никогаш повеќе не би се вратила, но не заради работа или пари и запад, туку поради тоа што ми оди на нерви зимата и ладното време. Би отишла некаде во потоплите делови на Австралија. :)
     
  12. Alanna

    Alanna Популарен член

    Joined:
    Nov 20, 2010
    Messages:
    1,120
    Likes Received:
    484
    Радо би заминала,но и би се вратила по неколку години.Кај ке издржам јас цел живот да го поминам во туѓа држава :|
     
  13. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Joined:
    Feb 9, 2011
    Messages:
    457
    Likes Received:
    197
    Би си отишла уште одма од Македонија. Ке си одам и нема ни да се свртам а не па да се вратам некогаш, освен на неколку дека за да си ги видам роднините.
    Само кај нас постои тоа чекај работа дали ке најдам па после да можам да се женам/ мажам.
    Да работиш ко црнец, цел скапан ден за 400 денари дневница. Па кучево неможам да го прехранам со тие пари а не дете да имам и да си ја трескам главата зошто неможам млеко и пелени да му купам!!!
    Прва прилика надвор и нема повеке назад, ке си ги земам дечко ми и родителите и друго од оваа земја ништо не ми треба!!!
    Јас си ја сакам Македонија како земја која нуди многу убавини, само штета што е неподнослив животот во неа.
     
  14. Tiffani

    Tiffani Истакнат член

    Joined:
    Apr 4, 2011
    Messages:
    10
    Likes Received:
    4
    Веке живеев подолго време надвор од МК.Се вратив пред 2 години.Одлично ни беше во УК,но сепак носталгијата по домче си го направи своето и си се вративме.Не жалам,зашто можам кога сакам тогаш да си отидеме преку летото да се прошетаме и да си се вратиме.
     
  15. kallias

    kallias Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    3,782
    Likes Received:
    6,987
    Јас одамна ја имам напуштено мојата држава, не дека сакав и јас , но од пусти маки мораше така да биде, поарно во друга земја и да имаш солиден живот, отколку во мојата родена земја и да умирам од глад! ;)
     
  16. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Joined:
    May 15, 2010
    Messages:
    2,096
    Likes Received:
    5,018
    Gender:
    Female
    Ги прочитав сите коментари и гледам повекето велат дека вреди,некои па кои се веќе во странство од носталгија велат дека не вреди.Моето мислење е дека вреди и тоа многу.Зашто?Не е само работава за пари (а тоа е и најголемиот проблем поради кој се напушта земјава на крај)туку еве и за работа ќе дипломирам уште малце и што?кој ќе ме вработи?чико,стрина,вујна,партија,книшка?Ниту имам нити па планирам да вадам.Никој не гледа образование и знаење се е со врски и на крај ке видиш некоја што појма си нема од животот работи а ти седиш дома со дипломата или работиш во некој бутик.Утре фамилија деца ке си удираш глава од зид,ама да ПАТРИОТ голем сум јас си ја сакам земјата не вреди поарно тука мизерно ама ''среќна'' како да не.Би ја напуштила и тоа без многу размислување мене поважна ми е иднината и иднината на моите деца ако на друго место можам да им пужам повеќе тогаш вреди.Немало кафе со кого да пијам муабте да направам?Па и онака овде преку глава ми е дојдено од тие кафиња и од луѓе што само го пикаат носот во мојот живот,такви таканаречени пријатели не ми требаат фала.
     
    A-j-a, firequeenn and TennisBabe like this.
  17. meruska

    meruska Истакнат член

    Joined:
    Nov 1, 2010
    Messages:
    472
    Likes Received:
    103
    кај и да си пак си се враќаш домче,кога-тогаш.јас би се вратила уште сега ама...ете тоа ти е судбина
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    2,952
    Likes Received:
    1,752
    со оглед на тоа што и мајка ми и нејзиното семејство живееле во странство долго време (и најмалата тетка е родена таму) , биле третирани како странци, но за разлика од тука живото им бил и тоа како подобар, а од друга страна и татко ми, и неговите родители живееле во странство речиси целиот Живот =живот подобар и тоа како, ама дома си е дома,но јас да имам прилика би ја напуштила нашата држава(каде ми се пружи шанса, а потоа ако можам би ги повлекла и моите со мене, оти ова не е живот)-е мачење, и не е земја туку е мачилиште и факт е дека НИКОГАШ нема да се смени на подобро која партија да дојде на власт.
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Joined:
    Sep 20, 2010
    Messages:
    2,790
    Likes Received:
    1,557
    Вреди!!!! И уште одма би ја напуштила. Погоре прочитав коментари од типот за носталгија, дека ќе си третиран како странец... И што ако живеам овде кога во ништо неможам да успеам, кога малцинставта имаат повеќе права од нас. Носталгија да би ме фаќала само за моите најблиски да дојдам еднаш годишно да ги видам. Ние овде живееме мизерно неможеме да си дозволиме основни работи, а камо ли кола или стан. Дипломирав во рекордно време, сега сум на пост дипломски колку ли само пари вложија моите родители за моето образование никогаш нема да си ги вратам, никогаш. Да живеев до друга држава сигурно до сега ќе работев и ќе имав пари. Да зборуваме за наши што одат на работа во друѓи држави и има коментари од типот што тука не работат на лозје, и овде можат да работат како хигеничари ама никогаш нема да земаат нормална плата. Затоа ама ич не ги осудувам оние кои ја напуштаат нашава “ЧУДЕСНА“ Македонија ;)
     
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Joined:
    Mar 27, 2011
    Messages:
    7,113
    Likes Received:
    107,128
    Gender:
    Female
    За луѓето работници, секогаш и секаде има работа, барем така се вели, но проблемот е што, не секогаш и секаде има пари за истиве овие, луѓе работници (работници - се мисли na луѓе што се подготвени на било каква да речеме достојна и легална работа).
    Ова изгледа ќе му дојде како непишано правило за нашава држава. А, што се однесува до „ветенИТЕ земјИ“, НЕработниците таму не само што не се пожелна категорија, бидејќи се главно цицачи на социјалното, и тоа по секаков можен основ, туку и нивната судбина в туѓината јабана и не е толку привлечна (но, ако ви се верува во приказни за мали деца, слободно јас секогаш го ценам туѓото мислење).
    Една посебна категорија, која можеби е и под категорија на овие „чувај си го креветот и гледај некој друг да не ти седне в дупката од задникот“, т.е. социјално-земачите во чужбината, се оние кои во странство одат со една единствена цел, нивната светиња, женачка/мажачка, за што и немам против.

    Значи, напротив од она кое што се вели на првата страница од темава, токму работници и не било какви, но физички работници, теретњаци, амали, чираци, малтерџии, плескаво-превртувачи и многу други да не ги редам сите, токму такви се бараат. Луѓе спремни да работат на нозе, да си ја вршат работата за која се платени, најчесно и без забушавање и да! ќе бидат платени подобро одошто во Македонија.
    Западните земји не се сон, не се бајка, ниту се приказна, за каква раскажуваат некои.
    Запад е брз, динамичен, напорен живот. Легачи, џаболебари, татини и мамини синчиња и ќерки не се за таму. Неснаодливи, срамежливковци и срамеливки, луѓе со разно разни фобии, исто така. Животот таму не почнува на висока нога. Таму не првото работно место е министерска фотелја. Не одите на пракса во фирмата на татко ви или пријателката на мајка ви само за потпис дека сте биле некаде на пракса. Таму одите за да ја земете кецелата, да ги бутнете рацете во маснотии, кал или што годе да е и да се извалкате. Запад е за луѓе со дебели живци. Такви кои нема да се срамат од себе си доколку работат работа под нивната чест и углед.... со време, ако се ксметлии а искрено се надевам секој од вас кој што ќе се реши да го направи тоа дека ќе го прати тој ксмет и дека ќе успее и тоа многу побрзо да исплива од оваа категорија физикални радници.

    Еден пример за такви трпеливи нашинци сега веќе „натурализирани“ (така е зборот, бидејќи испливале од овие валканиве работи на површина) во ветената земја УСА. Млад брачен пар, двајца интелектуалци со мастер кои работат за мали пари во земјава, специјалисти за не е важно што значи... како млад брачен пар си сонуваат за многу повеќе од она што го имаат и што ќе го имаат било кога во земјава. Секое лето земаат неплатен одмор, фала богу работеле нешто каде што имале таква можност (луксуз е знам :lol:
    да те чека работа после тоа, дури и по одморот што ти следи можат да те заменат такви кои помалку ќе го чинат газдата од тебе, но друга тема е тоа веќе)
    ... значи двајцата работат на исто место во УСА, ресторан - келнери... после не знам колку такви лета, работа во истиот ресторан доаѓаат сопственици на конкретна фирма која се занимава токму со она, за што се тие нели образовани. Во случаен муабет кој почнува од што ќе ручате, преминува во муабет за од каде се што се, стигнале до муабет „утре дојдете на интервју“. Луѓето си работат се уште колку што разбрав таму.
    Чича мича готова је прича или ај colorin colorado el cuento se ha acabado.

    Не знам искрено дали би одела. Постојано размислувам за тоа да, но сеедно чекам нешто посебно да ме натера да оставам се тука и да заминам. Ако се случи ќе ве известам за исходот :lol:
     
    Annath and Theodora like this.