1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    242
    Дефинитивно ДА! Овде кај нас за жал негледам светла иднина.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Вреди за сите пари.
     
    На Tanjamm и tessie им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Јас би почекала да завршам факултет и ако не најдам работа според мојата струка размислувам да заминам во странство. Ќе ми биде тешко, ама барем ќе бидам платена како што треба, а не како кај нас ем ќе рмбаш, ем со парите што ќе ти ги потфрлат не ќе можеш сам да преживееш, да сврзеш крај со крај, а не па семејство да основаш.
    А освен што платите кај нас се мизерија, сѐ е уништено здравство, образование, судство, зошто да останеме тука. Никогаш нема да може да се поправи уништеното.
    За сѐ ти требаат врски, фрлање мито, па дури се дрзнуваат да ти предложат да бидеш нечија швалерка за да ти се заврши некоја работа.
    Затоа сите еден по еден си заминуваат.
    Иако во странство не е сѐ мед и млеко, иако во странство не цветаат ружи, ама е многу подобро од кај нас. Само треба храбро да се издржи. :)
     
    На Dust, Brinetka, senza.parole и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Didi666

    Didi666 Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Аκо на неκој му са седе туκа по κафани со пијанчишта по цела вечеρ, аκо ви са чеκе мизеρна плата и паρи за тρето дете по 5 месеци, аκо саκте да знаете κога κомшијата си дојдел дома, аκо ви са шете оκолу тоа спомениκот по сто пати, аκо ви са слуше да ги слушате гρујо и заев по цел ден, да се молите за 100 денаρа да си κупите цигаρи или леб , тогаш седејте си туκа. Јесте да и во стρанство не е сјајно ама баρем таму гладен нема да останиш и без ρабота. А за дρуго лесно е. Туκа дојде вρеме да са тепме за лепче а тие побогатите на игρаат мајтап. И да знајте оти туκа се на полошо κе оде. Јас сум со бугаρсκи пасош и едино бебето ме спρечува да тρгнам на пат инаκу не седам ни минута. Немам ништо пρотив дρжаавта. Дρжава си е дρжава, луѓето се ρасипани.
     
    На Tanjamm, Amellie13 и tessie им се допаѓа ова.
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски

    Ќе продолжам овде ако не ти смета.

    Твојата приказна е твоја приказна. Она што ме фасцинира е што неколку девојки на форумов кои имате ист став по однос на животот овде сите до една имате некоја приказна. Се прашувам на оние останатите кои се со позитивен став кон животот овде не им се разболуваат децата или едноставно ја немале вашата "не-среќа". Да бидам искрена не би сакала да навлегувам во секоја приказна детално сепак вие сте мајки и најдобро знаете за вашите деца што треба да се направи.

    Убаво што идеш од докторска фамилија сигурно сите врати во Македонија ти беа отворени за на лекар и редовно си земаше второ мислење од специјалист. Е овде нема фамилија редот е ист за сите, веројатно потешкотијата која ја чувствуваш влече корени и од ова. Само претпоставувам.

    Мојот работеше во Козле со бебиња и точно знам како работи македонското здравство / педијатрија. Изврсно, беспрекорно / се шалам :) Потоа долги години беше во Филип Втори и го виде приватното македонско здравство. Сега е 6 години во германското. Морам да му верувам кога ги прави паралелите од внатре дека овде треба децата да ни растат и само овде. И треба да му се верува на здравството овде гледајќи кој работи, како работи и кое знаење го имаат овдешните медицински лица.

    Не би ја правела охридската ак не ви чини не идајте си ме сфатила погрешно. Те прашав зошто седите несреќни овде? Кога ете здравството не функционира, немате пријатели, колегите не ти чинеле и плус ѓубре имате на улици? Германија е толку голема и убава, вечер да сакаш да смениш место ќе најдеш нова работа. И не е само Германија, светов е толку голем, толку многу можности.

    Не мислам дека си на раб на глупоќа кога цела фамилија на рамо си ја изнела две години во нова земја. Ти си храбра жена лавица! Само не ми замерувај за две години со овде интензивен курс депресивниот период ќе ти потрае додека барем реално не стасаш до ц1. После ќе сфатиш дека и не биле толку лоши и ладни. Истото го миневме секоја болка и стрес ти го познавам. И ние плачевме и нас ни беше тешко кој дошол сам овде многу добро го знае почетокот, сами без никого нема кој да те посоветува, страв да не згрешиш, илјадници евра фрлени во воздух за глупости, комплицирани процедури за се и глупавите аус и аб кој знаат да ти го искомплицираат животот за секунда.

    Мене лично социјален живот не ми фали доволно ми е само да отворам вести денешни и да видам дека во Пехчево градоначалникот наредил труење и со багер ринел живи животни за да ги закопа. Да ти се плукнам и во кафани и во пријатели кога морам да го делам воздухот со такви гниди.
     
    На DzingrlakaDzikica, јolene, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.602
    Пол:
    Женски
    На пример ако имаш време, можеш на лупата горе да го пишеш моето име и да видиш што сум испратила на темава како мислења. Чисто како информација, да можеш да си изградиш поверодостојно мислење за мене и моите ставови.

    И моето дете не се разболува. Зборував за тримесечна голгота кога дојдовме која можеше да трае многу помалце ако некој се заинтересираше малку повеќе и не нѐ шиканираше како лаици кои дошле од "бог знае каде" и врска немаат со животот.
    И не сакам да сум индиректно поврзана со типот на мајки по групите кои кукаат за антибиотици на првата температура, и дека "само нивното дете е болно"… дека креваат ука бука ко само тие дете да имаат. Многу сум поскромна од тоа, и сум многу пореална и приземна.
    И не сум мајка која најдобро знае за моето дете, не можам ни да бидам. Но, сум мајка која сѐ ќе направи за своето дете да не се мачи беспотребно.

    И не. Никогаш не ми беа отворени вратите за на лекар во мк, затоа што и без тоа многу ретко одев на лекар во мк. Или се лечев дома, или одев во приватна болница. Одевме "скромни" и на државна, но тоа е една скроз друга приказна (докторот во фамилија едвај преживеа). Ќе бидам транспарентна - не сум ни некоја привилегирана лигава личност која не знае да причека термин, или пак во мк имала црвен тепих кога одела на доктор.

    Не дискутирам за знаењето на нашите доктори - верувам дека имаме уште квалитетно образование, мислам наши доктори работат низ Германијава, па глупаво и да плукаме по знаењето. Е проблемот е што има исклучоци, непотизам, партиски глуповштини. И нема пари. Затоа здравството пропаѓа. А не од недоволно образован кадар.
    Јасна ми е работата на државно, јасна ми е работата на приватно во мк. Сѐ ми е кристално јасно.


    А зошто седам тука е многу длабоко прашање. Не се работи за ресторан па ќе станам затоа што не ми се допаѓа храната. Огромна одлука е во прашање, која влијае на мојата иднина, иднината на децата, треба да се земе во предвид што сѐ е вложено за да се дојде, кои се последиците од враќањето...
    Тоа што не ми се допаѓа здравството не значи дека е главен фактор заради кој би заминала. Не ми е одлучувачки момент.
    Јас сум веќе 3 години тука, четврта терам. Стигнав на ниво Ц1.
    И не е толку лесно да речеш - готово се враќам и крај. Или одам во друг град. Имам дете. Имам маж. Работа и да се најде, треба да се најде градинка, стан, што во многу случаи е многу потешко од работа да се најде.

    Да резимирам, многу е нормално после одредено време и одредена количина на жртва да се запрашаш - дали е ова животот што си го замислив кога дојдов тука.

    А за здравството - освен лошо искуство, за жал друго немам никакво. И немам намера да припаѓам во трансеви дека е ова Германија и така заносно да се дивам на чисти подови во болници. Имам право како пациент да имам големи очекувања, и да се борам да ја добијам грижата која ја заслужувам.

    Пак ќе речам - не зборувам за болници, зафати, операции и сл. Зборувам за примарно здравство, дијагностика, и сите искуства во ординациичките на препотентни доктори кои се замараат само дали ако направат некое испитување ќе успеат да си наплатат од осигурителната компанија или не.
     
    На ines.h, azelea и Annath им се допаѓа ова.
  7. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Неможам да го поднесам веќе менталитетов да се мешаат кај што не им е работа и да пикаат нос во интимноста,да можам уште одма.
     
    На Tanjamm и Animali им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски

    Ги разгледав твоите мислења имаш пред и по моменти. Од крајно разочарана од Македонија до и во Европа не цветаат ружи :)

    Јазиков добро ти оди штом за три години од нула до ц1 си стасала. Јас еве шеста година сеуште се рангирам во б2 и сеуште добивам црвена боја на лице кога ќе стегнам една тешка граматика која ни сама не ја разбирам што сум сакала да кажам. Додека стасам до левелот да се искажам како на англиски или македонски би ми требале уште околу 97 книги, пет години на работа, два курса на деловен германски и многу саати за повторување на наученото :)

    Го читам твојот пост добивам впечаток дека јас стојам со стап на десната страна и те фрскам по врв на прсти, а ти ми се правдаш. Јас не те напаѓам за твојот став, јас се обидувам да те разберам зошто имаш лош впечаток од земјата во која живеам.

    И те како се дивам на чисти подови во овдешните болници. Ми иде да рипкам со нозете во вис секој пат кога ќе влезам внатре. Сеуште барам со погледот лебарки по ѕидовите и стаорци во собите, јебеш га си ги влечам комплексите со себе.
    Ако не си задоволна од примарното, секогаш имаш можност да провериш во секундарното после 17ч.
    Препотентни доктори овде?:) Колку само запознав за овие години од шефови до специјалисти и на ни еден да не налетам! Веројатно си го потрошив бонусот доле.

    Ти си собрала храброст и си се подигнала на 2000км со маж и дете, а овде ти претставува проблем да смениш средина. Немој така. Ако не си задоволна веднаш да преземиш чекори за подобро утро.
    Јас првите три бев во оберфранкен во град на старци. Од три години две бев во плачки и неприфаќање. Се ми фалеше како денес тебе. Сменивме локација, се смени се.

    Да пркне малово ќе смениме повторно, зошто на едно место се здосадува. Или можеби ние сме такви динамични.
     
    На Dust, јolene, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Колку се согласувам со тебе! Јас сум во Холандија и сигурно има разлики со Германија, но спрема мк се бог и шеширџија. На некои луге никаде не им се погодува, јас и во мк живеев во 2 града па ок ми беше. Овде свесно одбравме најголем град( а сепак мал во споредба со германските топ 5, отприлика жители колку скопје)во мали не би живеела. Ма ни време ми пречи( во мк се екстреми: екатремно жешко и ладно, обде е умерено), ни кафесувања мањак. А и диплома морам да нострифицирам. Кој сака во голем град ке најде друштво. Инаку за ц1- ц1 на тест не е исто со ц1 во секојдневие. Тестот знае да излаже- бар кај мене. Повеќе на хартија знам отколку да конверзирам со некого кој збори со акцент кој се разликува од стандарден дач. И на крај- странство ама баш баш баш, апсолутно не е за секој. Мизерна никаде не би седела, ке пробував да сменам нешто. А дека е сјајно бајно и идеално - ама се разбира дека не е. Ама немав такви илузии ко дојдов. Сега да сум- многу порано ке напуштев мк
     
    На јolene, Animali и FreeMind им се допаѓа ова.
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.602
    Пол:
    Женски
    Сите мислења за во МК се на место и стојам позади нив. Дали сум ги пишала пред 3 години или вчера, ништо не се сменило. И нема ни да се смени. Сакав да речам дека не романтизирам и идеализирам нешто што веќе го немам, па сега само убавите работи ги гледам а сѐ друго сум заборавила - сето ѓубре, гнасотија, непотизам, чуда политика, експлоатација, комплетен пад на системот, плата доцнење по 3-4 месеци - тоа не се заборава.

    Јазици ми оделе секогаш, но и покрај ниво Ц1 и поголемо разбирање на граматиката дури и од одредени луѓе тука, едноставно е џабе - ти не си ти на јазик кој ти е нов и туѓ, на кој само сувопарно си научил да се изразуваш но и не знаеш да се пошегуваш, да звучиш на себе. И треба трпение. Знам.

    Далеку од тоа дека чувствувам потреба некому да се правдам за било што. Паралелно со муабетот со тебе, си правам и една интроспекција - пробувам и јас да си ги средам мислите и да видам што реално мене не ми чини тука.

    За подовите на болниците не знам дали се разбравме убаво - не се радувам за нешто што треба да е норма. Напротив, кудам таму каде што не е. Не ми е upgrade ниту луксуз што болниците се чисти. Такви треба да се сите. Не е за восхит. Не е нешто екстра што го добиваш. Не знам дали се разбираме. Сите имаме право на чисти болници. Не е тоа привилегија тука. Барем не смее да биде. Како да речеме - имаме чиста вода за пиење и се радуваме. Не. Сите имаме право на чиста вода. Не е тоа привилегија.

    За препотентноста - не само во медицината, секаде е околу мене. Сепак убедена сум дека е тоа одлика на местото каде што живеам. Затоа велам - не е Германија крива. Луѓето околу мене се поинакви. Дури ми имаат и речено - не суди на Германците само затоа што живееш таму. Не знам колку е вистина сето тоа. Но во овие 3 години имам таква нељубезност и себичност видено колку 30 во мк.

    За менување - е опција. Но мене со 4 годишно дете и уште едно на пат ми е премногу стресна во моментов.
    За враќање во МК кога ќе помислам ме фаќа паника, не па посериозно да размислам на таа тема. Далеку од тоа. Но мислам дека навлегов во фазата што верувам е нормална за секој кој неодамна заминал - да се праша дали е ова сонот кој го имал. Ма без разлика дали некој заминал - секој треба да се праша во животот дали се наоѓа на оние координати кои ги сакал, и што може да направи за да биде (по)среќен.
     
    На ines.h, azelea, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Девојки вие што сте со искуство и сте надвор од Мк која е најчовечна земја за човек да има нормален живот во вистинска смисла на зборот.Ви благодарам:hug:Сите потајно знаеме дека иднина во Мк нема нажалост.
     
    На Tanjamm и FreeMind им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Зависи што сакаш и што те прави среќна. За економски и други параметри, може статистики од разни земји на нет да најдеш. Нема one fits all земја. Ние добивме виза за Канада, па одлучивме да останеме во Европа., иако тоа значеше нов јазик.Зависи што си по професија, колку ти се учи јазик, дали треба да нострифицираш. Колку ти влијае клима, вела фамилија ќе ти е далеку, дали лесно паѓаш во депресии. Дали сакаш поинтернационална или похомогена средина. Многу фактори се во игра. Не оди по умот на друг. Консултирај се , но дури отакако ке донесеш одлука. И Мк знае да биде супер фина ако имаш одлични услови. Зависи и што очекуваш од странството. Јас од средношколец посакував надвор да живеам . А особено откако како студент ја посетив Америка на неколку месеци. Маж ми од никогаш не сакал. Откако службено посети европски земји и малку поработи, му се промени расположението. Друго е да си турист некаде, друго да се бориш на пазарот. Прво и најважно расчистување дали се надеваш уште во мк или не. После е полесно со фокус таков. А дека на старт е потешко, тоа да бидеш сигурна.
     
    На azelea, Dust, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Јас сменив три работни места овде. Лошо од германец не сум видела. Сета злоба ја видов во исфрустрирани доселеници со поголем стаж од разни земји или второ колено.
    Запознав и прости германци ме фати жал исто како во мкд за простотилокот. Овие ми замерија за акцентот, јас со насмевка си заминав. Толку имам пракса со простотилок што навистина не може да допре до мене глуп човек. Запознав и лица со врвна кариера тие беа многу љубезни, не им сметаше акцентот ги интересираше природата кај нас, зборуваа за патувања во Гана и Хаити и не ме прашаа за Грција. Ѓ

    Не сакаат приватни чести дружби, едноставно не сакаат “на кафе”. Сакаат еднаш во три месеци вечера или заедничко планинарење и тоа е доволно. Искрено не сакам ни јас. Сакам повеќе време со моите, не сакам некој да ме гњави секој втор викенд со планови, не одам на балкански собири мразам гета не се дружам само со балканци. Јас ги разбирам целосно зошто се држат на страна. Така и треба.

    За менување бремена ќе почекаш. Но во блиска иднина би ти препорачала. А листата со добри и лоши ствари нека те води. Најубавата анализа е анализата на себе си и ситуацијата во која си.

    За се останато ти стојам на располагање да ти помогнам со она што го знам.
     
    На BlackCat му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Мене да ме праша некој каде јас би живеела едногласно би одговорила на јадранско приморје во Хрватска на некое изолирано место во мала куќа со двор. Тоа е мојот сон.

    А најчовечна ја прават законите. Би рекла цела Европа е добра плус блиску до дома. Секаде е добро од Скандинавија до Шпанија зависи што бараш.
     
    На jasbi, Animali и Martka им се допаѓа ова.
  15. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    И таму кај вас би живеела еден ден. Холандија убавина. Да седнам на сонце и да дувам мара до сабајле на раат дробејќи некој бош муабет за ѕвездите.

    Да се вратам назад уште на 18 би испаднала од посранана земја барем немаше мизериине да ги гледам. Штета под визен режим ми поминаа годините коските ги оставивме пред амбасади за една мочана виза за на одмор. Кога ни ги отворија вратите не знаевме попрво што да направиме. Па не стегна војна, па национализам, љупчовизам, бранковизам за да не дотепа грујовизмот со религија и трето дете. Такви омалаксани со амбициите во задник, разочарани од се што можеше да не разочара заминавме со желба никад да не се вратиме назад. Фала богу со годиниве само потврдивме дека не сме за таму, тоа е дувло на Мира и Бонева еј тие два лика пара направија :)
     
    На Dust, Dentina и Animali им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Нема да биде подобро, јас изгубив надеж. Дури и платите да бидат повисоки, небезбедно е, немаме култура, фалат многу работи. Ништо не е за нас, инаку ќе направевме држава со сите нишани.
     
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.666
    Пол:
    Женски
    Овде животот не е ни малку сјаен...
    Пријателите што пробаа да бараат спас таму некаде надвор од Македонија, се вратија... ќе си останеме македонци, она што го видовме е лудило.
    Е сега, може едноставно ним не им успеало. Не знам што да кажам...
    Треба ризик. Не можеш тек така да отидеш.
    Другаров се утепа од возење камион по европава, вика дома си е дома.
    Може, ама само може има некои поволности, ама нема топлина како овде, народот е друг а и сам таму тешко дека ќе се снајдеш.
    Може ако имаш од тука загарантирана работа е сосем друга приказна. Ама таму да отидеш и тек онака да најдеш работа, тешко.
    Не знам, овде е се потешко да се живее...
    Нон стоп го праиме муабетов во друштво и никој не се надева дека ќе најде решение тек така на некое друго место.
    Посебно не со веќе оформена фамилија за која треба да се грижиш и мислиш.
    Се надевам сите што пробуваат да си ја најдат среќата ќе успеат во тоа. Секој во животот се бори колку може да успее и да оди напред.
     
    На Tanjamm и Kaetana им се допаѓа ова.
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Ова со другаров што вози камион по Европа и кажува дома си е дома ми е најјако. Другаров од камион не е излезен освен на утовар, растовар и тоалет/маркет. Таму спие, јаде и пие во приколка назад на автопат надвор од населено место. Единствен контакт со Европа кој го има е полиција/цолл, фери, потпис на цмр при истовар и колеги шофери од други земји. Толку од Европата како шофер. 15 слики на ферито и три пати ако истоварот е во 08ч и е поцентрална фабриката.
    Од каде он знае како овде се живее?

    Загарантирана работа си наоѓаш сам на оглас со стручна квалификација и јазик. Можеш и таму по кафичи и ресторани лично да бараш работа пак со јазик. Без јазик - ништо.

    Сепак треба да се вложи во себе прво и да бидеш храбар. Ако те бива дома секаде ќе те бива.
     
    На mime87, SlAtKi4ka.SlAtKi4ka, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.666
    Пол:
    Женски
    Лично мислење и искуство од блиски, не мора да ми објаснувате како функционира, знам многу добро.
     
  20. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Според примерите кои ги имам околу мене што заминаа во странство еден од најсилните мотиви да заминат им беше да обезбедат подобра иднина и услови за децата. Неколку заминаа со мали деца на предшколска возраст. А тие што се неспособни за работа тука и таму исти ќе се.
     
    На SlAtKi4ka.SlAtKi4ka и FreeMind им се допаѓа ова.