Мислам дека вреди, по многу примери што ги знам што се снајдоа, но тоа не значи дека сега нив таму рози им цветаат, исто како што и нас тука ни се овенати исто и нив таму. Тие што се веќе заминати работат од јутра до сутра на по 2-3 работни места, немаат време за сами себе да се погледнат, а не па семејството за утре кога ќе дојдат у Македонија со 5000€ у џеб да се курназат како да се милијардери. Јас пример ако би заминала не би заминала од финансиски причини, туку чисто онака за промена, додека би била таму ќе си работам колку за таму да си имам.
Се сложувам дека со семејство е многу тешко. Не се оди туку така. Јас се каам што помлада не барав како студентка некоја работа, макар на брод или нешто слично. Да би имала семејство овде, не би мислела за надвор, тоа е веќе запечатена приказна. Инаку, сама размислувам, да. Сфаќам дека овде животот ќе ми помине во рмбање за газди кои не моменти не не сметаат за луѓе, дека кога ќе треба да одиме во пензија ќе испадне дека немаме стаѓ колку што очекуваме, едноставно во државава си оставен на милост и немилост. Не дај боже да се разболиш, да се влечкаш по болници, никој не те ферма, за породување исто. Само стресови, ништо друго. Плус и луѓето се заладени за разлика од порано.
Де бе па ти, не работат ситр на по 2-3 места, ниту пак се курназат сите. Ако стварно имаш, гледаш да уживаш во тоа, баш те брига некој во мк што мисли
Не реков за сите, зборувам како пример од некој што ги знам и пред да отидат и од кога се вратиле, се менуваат како Господ за мади*а да го фатиле.
Јас сум против одење во странство немам ни услови ни документи плус родители имам а и државно работам зимав 3000 денари па сега зимам 18 000 илјади во мк е рајот само лошо свакате
Епа вака, како некој кој живее веќе долго време во странство можам да ви кажам без мачкање очи,секако зборувам за припер Австрија. Виена е прекрасен град, можда и најдобар град во европа за живеење. Доколку имате завршено добар факултет и познавање на германски секако дека ќе се снајдете. Ако сте спремни животот да ви се сведи буквално на дома-работа-дома тогаш добредојдени сте во Европа. Ако мислите дека странство е мед и млеко и пари еден куп, брзо ќе се разочарате. Ако сте навикнати на кафиња-мафиња, седенки со друштво воопшто нема да се пронајдете. Ако мислите дека 1200-1500 евра се пари, сте се зезнале. Рачунајте дека со плаќање на сите сметки вие нема да можете да си го дозволите тоа што го имате во Македонија. Тој што ќе ви каже дека се снашол, а не е високо образован и немат добра работа ВЕ ЛАЖЕ. Никој од намус не се вратил, тераш,голташ и можеби се каеш. Секој кога иде во посета во Македонија се расфрла со пари затоа што сме со таков менталитет- докажи дека си успеал, немој да не рече некој дека се тресиме и ние од месец за месец. Единствено што може да те задржи тука е иднината на твоето дете, а и за тоа треба труд и отварање очи. Тебе сигурно нема да ти е рај, разликата на начин на живот е огромна.
Каков рај човече Државата е отидена во пропаст , ништо не функционира ко што треба, се е со врски , не се почитуваат ниту закони, се нема основна култура. Сиромаштија владее , луѓето не се трпат едни со други , од озборување живеат и мешање во туѓ живот, научени да солат памет , а не си гледаат за себе. Тоа е реалноста, сигурно си приметил и на форумот многу членови коментираат колку се разочарани од животот таму, пример ја земам @Dust последно се жали на нашата култура. Не постои апсолутна никаква дисциплина кај народот, никаква почит кон личниот простор, се е заникаде. Па жив доказ ти е форумот, само карање и индиректно вреѓање во постовите има, нашиот народ е полн со омраза, завист, љубомора, секоја чест на исклучоци. Им се восхитувам на јапонците, скандинавците, канаѓаните, швајцарците - блазе си им на македонците кои попримиле култура од овие народи , да му е мило на човек да се дружи со нив.
Маскрот од Смилковско никако да се реши и никако родителите да ја дознаат вистината. Овде дефинитивно не е да гледаш дете. Економски пропаднати, небезбедно, народот стана злобен, уффф, лошо.
Makedonija e ubava zemja no politicarite koi doagjaat na vlast ja unistija. Makedonija ke bide raj ako: 1.vozduhot, vodata I hranata e ekoloshki chista 2.nema korupcija, kradenje na visoko nivo, golemi plati na parlamentarci I benefiti kako bogovi 3.se prevzemat socijalni modeli I centar na opstestvoto e obichniot chovek I decata. 4. Nema podelba po partii I nacionalnosti, po procenti, tuku kvalitet . Znachi do nas e, ne e do zemjata koja ni dava cela rajska ubavina. Ako se prodolzi po staro, ke bide pekol.
Сите ги гледаме лошите страни на нашето општество, почнувајќи од хигиената, (не)културата, лошиот здравствен и образовен систем, ниските плати, квалитетот на животот итн. Тоа се и причините зошто сакаме да си одиме од овде. Често се прашувам дали секој од нас навистина може да придонесе за да промени нешто во нашава земја....
Не, знаеш зошто ? Оти на сите ни е позната изреката ----РАЗДЕЛИ, ПА ВЛАДЕЈ----- , оние кои управуваат со нашата држава ни даваат лош пример како треба да се краде од народот и да се лаже, луѓето се поделени по партии, секој си гледа за своја корист , посебно изразено кога ќе се намести некој на некое работно место , па немој друг да му ја земе позицијата. За жал јас не сакам неправдини и страшно ме нервира кога се завршува некоја работа со врски, точно, роднини па и почнувајќи од моите дома , сите се вработени партиски , само јас како и секогаш сум црна офца и сама се снаоѓам во странство. Се што ќе постигнам или ќе засерам некоја работа, ќе знам дека сама сум паднала у проблем без некој од страна нон стоп преку врски да ми помага. Ако ништо друго, спијам со чиста совест, а оние што сум ги напуштила познаници, фамилија, роднини нека се мислат во кој штаб да се соберат на секои 4 години.
Дали вреди???? Вреди и тоа многу. Се знае само кој може да успее тука и кои ги задржуваат. За да успееш ептен треба среќа да имаш и да се испотиш добро за да те биде. Ова не е земја, ова е Циркус
Вреди ако си факултетски образован, имаш занает кој би можел да успее. Мк доналдс да работаш и не баш. Уствари исто ти иде, работаш ден и ноќ, плаќаш сметки, крај на месец немаш пари, а не си испил ни едно кафе надвор.