Колку и да сака човек да има спокоен живот овде, едноставно не може. Ќе се убие човек од работа и ќе биде во сенка на оние кои се дојдени преку врски, преку роднини, преку швалерај или со манипулирање. Како некој кој работи веќе 13 години можам да кажам дека трудот воопшто не се цени. Ниту си платен како треба, ниту има придонеси на цела сума, ниту користи одмор како треба, ниту си релаксиран, ниту имаш баланс меѓу приватен и професионаелн живот. Севкупно едно големо ништо. Се во туѓа корист, за себе преживување, и ако си вешт, ако не се расфрлаш како мене ќе заштедиш, ама и тоа не е тоа. На 22 не те плаќаат како треба оти си млад, а кога човек ќе помине 35 години веќе го сметаат за стар кај нас и по тој основ го уценуваат. Колку години имаш за работа и ефективен напредок?13? И ? Тие години се некој друг го јаде медот. Да можам би сменила средина веднаш, ќе ми фали најдобрата пријателка и пиењето кафе со неа, а многу работи нема да ми фалат.
Не знам дали сум за на темава, имам 17 ама размислувам за студии и живот надвор од земјава, бидејќи знам англиски и германски, имам двојно државјанство неколку години, ама гледам дека на темава сте возрасни и главно парите, работата и партиите ги гледате како проблем. Јас сеуште не работам бидејќи сум средношколка, не можам да дадам мислење за работа и плата, но знам само дека се ниски и дека се бараат врски и партиски книшки, и дека имам лични примери во соседството млади жени што учеа и се трудеа, волонтираа, не спиеа со ноќи за да завршат чесно а сега не работат само затоа што презимето не им е звучно и немаат познати. Е сега, од мој аспект бидејќи сум сеуште дете, ќе зборам за она што на мене ми пречи и ми е непријатно во Скопје, а и во Мкд. -Живеам во високо скопско село, и многу често не го ни гледам Скопје од загаденоста, не знам дали е до мене ама кога се симнувам за во град осеќам разлика.Мислам дека Скопје е угушено, дрвата може на прсти да се избројат, многу ми е нехигиенско и несредено. -Бидејќи имам пракса, смрт ми е враќањето дома.Не знам што е со превозот во Скопје ама ако не си од центар ќе се тормозиш со чекања автобуси, во зима ми се случило пешки да одам заради снег, распоредот им е за никаде, предходната зима имав пракса на тегаво место и многу пати се утепував од чекање на железничка за да си одам дома. -Селата многу ни се запустени, лани бев во Виена и заглавивме во едно селце, куќите беа средени, имаше асвалт и неколку клубови убави и средени. -За излегување во град многу пати не знаеме каде да одиме, во последно време ретко има случувања уште пред короната, постојано дигаат цени, здосадуваат местата, а верувајте ми ако излезете 90% од децата на моја возраст не знаат да се забавуваат, излегуваш за да бидеш виден, да видат како си облечен, со кого си, оговараат, исмеваат, понижуваат и не знаат на кај тераат. -На школо ми е катастрофа, треба да учиме и да имаме пракса а ни е сосема различна од тоа што ни треба.Ништо не не научија, стручно средно имам и не го учиме правилно тоа што треба, ниту пак професорите се замараат, освен ако не си со врски па да ти се улижуваат. Класната моја не се замара за нас, пишував и тука за тоа. Тепачки по ходници, имавме еднаш дури и полупијан професор, во ЕУ се надевам дека не е така. Психолог исто како да нема, повеќе кафе има испиено во еден ден од колку јас секој месец. -Како што кажав, мали плати и не можеш никаде да одиш, сега не сакам да зборам за возрасни работи немам искуство ама гледам од мојата околина што се случува. Лажни пријателства, насилства и сл. -Само овде е нормално девојче да е тепано и тормозено, само овде секој ден читам кој кого убил, само овде читам за кавги и покољ за имот, само овде жената се гледа како стока. -Само овде мажот (со чест на исклучоци) се сили, во соседното село имаше еден жена му не и даваше да работи, ја тепаше и социјалното к... го болеше. Само овде се е срамота, само овде што ќе кажат другите, само овде е обратно. Забегав малку, ама ова е моето гледање на работите, имам уште многу за надополнување ама сега ми текна на ова
Браво девојче Си ја опишала реалната ситуација , и ако не си заминеш во Еу држава твоето разочарување а и на сите ќе биде се поголемо , сега проблемот ни е короната , не функционира како што беше но кога ќе се среди ауфвидрзен Што се случува всушност во училиштата? Што прават педагозите во училиштата? И во мое време имаше блуинг ама педагогот беше од vemero do gropp!!111 и партиски вработена и цел ден го поминуваше по кафина по канцеларии и не се замараше за учениците Бегајте деца
Во моето училиште е хаос, неколку пати имаше тепачки, 4та сме а се однесуваат како да се 4 години, педагогот наш исто како да го нема, ги сака само тие што се со врски, булинг има колку сакаш, многу омраза, оговарање, наштетување и љубомора, никој ништо не презема и на никој не му е гајле, едвај чекам да завршам
Сигурна си дека си средношколка? Многу зрели согледувања и за се си во право. Не, во еу не е така. Превозот фунционира совршено, жената не е стока и никого не го боли уво за комшиите и рекла казала. Продолжи со германскиот, убава иднина те очекува
Здраво ! Можеби не ми е за тука прашањето, но дали има некоја членка што живее во Канада да сподели искуство . Има програма со која може да учиш и да работиш во Канада и за потоа викаат дека многу лесно се продолжува визата , ама јас сум цел живот неодлучна па еве и со ова да не си кварам просек . Фала ви.
Поделени ми се мислењата за оваа тема....Подобро би размислиле,и би се одлучиле ако се споделуваат искуства за надвор од Мк.Иначе Мк има потенцијал да биде Швајцарија,но имам чувство дека тие што ја водат 30години,не си ја сакаат баш,ни држава ни народ,само за свој џеб....Се додека е така повеќето ќе се иселуваат,за жал.
За многу работи си во право, за некои си делумно во право-од гледна точка на возрасен. Мој совет е да не ги идеализираш западните земји, а да ја кудиш својата. Каква-таква, наша е. Јас ете ја сакам Македонија, ама размислувам да заминам од тука. Всушност, би сакала да заминам од тука. И тоа не било каде, туку некаде каде што има ред, систем, здравство, образование и каде нема да бидам граѓанин од втор ред. Да не знаете кај може да најдам такво место? А за заминување почнав да размислувам од кога станав мајка и чувствувам одговорност за тоа каде донесов нив живот и што ќе му понуди сегашнава и идната држава?!
И јас ја сакам Македонија, и не сакам да ја напуштам. Ама оние што ни ја водат државата уште малку и со сила ќе не избркаат. Не разбирам како (не)човек некогаш може толку да биде алчен, себичен, дрзок, безобразен...животните не се толку, колку што луѓето можат да бидат. Сепак мислам дека донекаде е и индивидуално, ја сакам Македонија и сакам да живеам овде, ама условите не се подобруваат и може да вреди да не напушти.
Јас се чувствувам удобно само дома, во моето место. Ама тука за млади има буквално 0 услови. Нити работа, нити културен живот, забава, ништо. Се снашле само оние што мафтаат со знаменца на митинзи. Што повеќе созревам, тоа повеќе сфаќам дека не можам да успеам на професионален план тука. А многу ми е тешко само кога ќе помислам дека ако сакам успех треба да заминам од тука. Ама тоа е што да правам. Некогаш мора да се излезе од комфорт зоната. Сум била иницијатор на многу проекти за млади ама едноставно општината не ми дава поддршка, а ни младите не се заинтересирани да мрднат. Кај нас само пензионерскиот дом фукнционира.
Кога подобро ќе размислам, требаше да му ја летнам кога увидов дека на скоро сите големи сајтови, од каде граѓаните на светот пазаруваат, ја нема Македонија. Само да сум малку похрабра, и да не ме залажуваат трошките од плата што ги добивам..
Доколку имам во Македонија 2000 евра месечни примања, не. А сериозно, зависи каде и зависи на кој начин ќе ги добивам тие 2000, не е толку едноставно само со да и не.
Јас имам можност да се отселам ама не сакам. Посебно не додека ми се мали децата. Сакам потесниот круг од семејството да ми е близу. Незнам дали има врска и мојот роден град ама на ниедно друго место не се осеќам топло и сигурно како тука.Да,има мн зафрканции во нашево државиче но сеуште сакам да останам тука со надеж дека ќе биде подобро. Едит : Сега го видов поточно насловот. Имам добри примања нема да ги коментирам и во однос на тоа не би се иселила никогаш. Ни со 1000 ни со 2000 евра.
На 2.000 евра плата сигурно би имало и многу поскап живот. Зависно. Не е само платата пресудна. Се селат и многу со 2.000 евра плата. Некого системот не му одговара, работна атмосфера, корупција, нефункционалност на систем. Причини милион...