Зависи.. Тоа шо го учам може за 10+ години да ми донесе 1000+ € плата Затоа и го учам.Ради парите Сум размислувала да идам во Германија пошто ми иде германски, или Белград. Ама имам овде доста олеснителни околности за во иднина.Башка имотот шо ќе ми остане од моите, не можам да го оставам, или пак да го продадам.Знам колку работеле за да стекнат сѐ што имаме.А ја да го продадам за во Германија да идам, не. А не се исплаќа да живеам таму а овде на три места да плаќам сметки, и плус таму трошковите..Ништо нема во џеб да ми остане.Многу се имам мислени на темава..од овде би си идела највеќе ради менталитетот и пошто државава тоне во секој аспект скоро, не ради парите првенствено.А и моиве не би можела да ги оставам, и онака се постари, сакам да ги чувам и да сум тука за нив пошто заслужиле.Едно дете сум, не верувам на други роднини дека ќе трчаат и ќе помагаат кога не дај Боже ќе треба, колку јас што ќе можам. Ама кој сака, би го поддржала и го поддржувам.Ако некој мисли дека нема иднина овде, или дека парите му се малце, нека си ја проба среќата на друго место. На сите им посакувам сѐ што сакаат да им се исполни, дали овде дали во странција. Само и таму не е лесно, на почетол дур се адаптираш, секоја држава, секој народ се прича за себе, различни културо, различен начин на живот.А и самиот почетол не е лесен.Сите мислат дека ќе отидат у Германија пример, 2000€ плата и дека сите 2000€ ќе им останат.Мојава генерација бар така мисли, а и овде и на Фб шо сум читала.А трошоци, давачки, едно друго, никој не рачуна.Па да дојдеш овде пример за одмор, авионските карти кај се, па еве ве читам поклони носите за души Дека е боље од овде, боље е.Дека ќе е полесно одма, нема да е. Да бил секој почеток лесен, сите ќе имавме муда и воља да отпочнеме било што, независно дали е селидба, да упишеш нов факс, да почнеш нов спорт, да почнеш проект некој
Мене ми се смени пред 3-4 г. Си велев, ќе одам да живеам во Шпанија, Полска, Франција, Русија... Ама ништо од тие планови, сега не ми се бега од овде. Најмирно ми е овде кај што живеам.
И јас размислував многу дали да си одам. Се додека не сфатив дека ако се квалификувам со знаење и во Македонија можеш да зимаш европска плата и да си работиш од тука за странска фирма.
Пари не ни се проблем, и тука имаме, ама маж ми не сака да се пресели, јас сакам. Општеството и менталитетот ни се за никаде. Во веце брз врски не можеш да отидеш.
Блазеси ви, јас 5000€ плата да земам не би останал овде. Не е се до платата, мене многу ми смета и менталитетот на народот, администрација, судство, здравство… речиси ништо не фунцкционира како шо треба. Страшни кодошлаци и препукувања меѓу колеги, мобинг, изживување од надредени…
Знам дека тука ќе немам некои работи кои се нематеријални, ми смета и менталитетот, едноставно тука не се чувствувам среќен.
Сакам само да се изјаснам,точно дека задоволството во нашата држава не е задоволително,најчесто на финансиски план.Се почесто младите се селат заради поголеми финансиски примања и сл.Но,што навистина се случува овие луѓе што се селат во странство работат буквално ама се што ќе најдат (хигиеничари,во фарми,во Мек Доналд...) И многу други,а речете им овде да чистат не сакаат,да пржат компири не сакаат,да одгледуваат животни не,демек на висока нога живеат,но штом отидат друго се. Не ми замерувајте,ова го пишувам затоа што знам дека е така,многу млади познаници заминаа на печалење пари во странство,а во меѓувреме овие се истите што кога им се велеше работете во МК на пр.продавач,хигиеничар и сл.велеа срамота демек било да ги гледаат со ваква работа во МК. Тоа е!
Не е поради тоа што на висока нога демек живеат, затоа не сакаат тука тоа да го работат. Во странство за таа работа се многу повеќе платени отколку тука. Нормално дека во странство ќе работат за повеќе пари отколку тука. Тука со платата прашање е дали може да се преживее.
Веќе две години правиме се што можеме за да си идеме. Само што земјата што ја сакаме е скоро невозможна.
Таква работа се наоѓа најлесно без јазик, додека се научи јазикот, или без признаена диплома од тука. Со таа плата може и кирија/соба да платиш, и да јадеш месецот без да гладуваш, тоа со минималец е научна фантастика овде.