1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    3.817
    Пол:
    Женски
    Епа пиле хигеничарка би работела за 1500е за 15.000ден не! Не ми е воопшто срам да признам. А да е некоја работа нишај врата можеби би седела за минималец тука
    П.с да е платена немам срам воопшто но не е и сите ги гледаат тие луѓе како да се подолу.
    Деф вреди да се напушти.
     
    На Mnik и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. Dorita

    Dorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Jas i soprugot sme super sredeni, i finansiski i imotno, no dovaga vreme za deca i mene me fakja panika da stvoram dete vo ovaa zemja. Od moite nikoj ne me razbira, mi vika sekoe dete si ima svoja srekja
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.249
    Допаѓања:
    12.157
    Пол:
    Машки
    Сигурно има, само шо кај нас сметам дека е многу почесто ради тоа шо никој ништо не им можи.
     
  4. Dorita

    Dorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Vaka sega ke ti kazam, germancite se izivuvaat i ti natrupuvaat rabota zatoa sto mislat deka nikoj nisto ne im moze i si vrzan so viza za nivnata firma. Drugo, germancite kolegi ti ja gledaat i najmalata greska da ti ja naklevetat. Za da dokazes mobing i tuzba ti treba germanec advokat od drug grad sto ne e svrzan so firmata. Najcesto se gubat sporovite. Baska ako ne mu se svigas na germanecot ti dava otkaz so nesto izmisleno bez oko da mu trepne.i tamu ima mafija. Za zal se ova sum go iskusila, takov e vekot
     
    На Stefani_33, mira.mira и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ти имаш налетено на лоши луѓе, не генелизирај.
     
    На Youknow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dorita

    Dorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Ne e taka. Zacleni se vo grupata Makedonci vo Germanija i citaj za sekojdnevnite problemi na Makedoncite. Plus germancite se nacisti, dali suptilni ili javni, tie se silni vo svoja drzava se. Ti sekogas ke bidea graganin od vtor red. Ne letajte deka tamu cvetaat rozi. Mozes da uspees finansiski, no sekogas ke ima nevidliva bariera pomegu niv i nas. Bas edna majka trazese advokat da tuzi skolo zasto decata go maltretirale deteto zaso bilo auslander a ucitelkite si kjutele. Jas nekolku godini imam pominato tamu, imam u Eu pasos zemeno, ne mi kazuvaj deka e samo edna losa slucka. A koga dojdat tuka so rent a car ili koli na kredit site glumat med i mleko. Dobro im e samo na medicinskite lica i programerite, se drugo e ko prezivi pricace
     
    На ines.h, Stefani_33 и mira.mira им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Таму сум член ама за друго.
    Јас сум веќе иселена во друга земја.
     
  8. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    19.922
    Пол:
    Женски
    Моето искуство не е такво, напротив. Колегите се мн океј со мене и мн покажуваат разбирање ако нешто пример не ги разберам од аспект на јазикот. Воопшто не ме третираат како да сум граѓанин од втор ред. Колегата што е со мене во канцеларија ми беше мн голема поддршка на почетокот, а и шефот исто така има покажано разбирање во однос на јазикот.

    И покрај се тоа, не знам дали би се преселила од Мкд ако имам убави примања таму. Ако на човек не му е убаво, нека се сели. Ако му е океј, ама само мисли дека тревата е секогаш кај другиот позелена, може и никогаш ништо да не му е доволно добро.
     
    На Feminka22, ForeverYoung и СуперДевојка им се допаѓа ова.
  9. Musicallinmylife

    Musicallinmylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2022
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.460
    Пол:
    Машки
    90% од младите во Македонија сакаат да се иселат
    Дали ова ви звучи реално? Кој ги интервјуирал толку луѓе, јас мислам ова е медиокритет за плашење бидејќи не верувам во медиумите. Иако знаме дека има луѓе кои сакаат да се иселат од Македонија и ги знаеме кој се причините, ама познавам и млади луѓе кои сакаат да останат. Дали вие би се иселиле од Македонија?
     
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Да, реално звучи.
    Уште пореално би звучело ако беше 99% од младите сакаат да се иселат.
    Дали има причини кои би ги задржале младите да останат во државата?
    1. Плати смешни 300 евра, која не стигнува за преживување, НЕ ЗА ЖИВЕЕЊЕ, ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ, не е доволно за основните потреби.
    2. Работат без договор или договори ама со различни малверзации се користат сопствениците на бизниси. Пр. работат по 10 саати на ден, осигурани на 4. Е па ова го има само во прекраснава земја.
    3. Здравство, повеќе од ужасно.
    4. Образование, ако кажам катастрофално, ќе им дадам комплимент. Значи полошо од катастрофално. Студиски програми на факултетите како за основно образование.
    5. Работа да се најде во земјава е мисловна именка.
    6. Квалитет на живот еднаков на нула.
    7. Кога ќе се пресмета се, доаѓа резултат, што побргу иселувајте се од оваа земја.
    И да, се имаме иселено.
     
    На CameliaMiller, Black girl, Lady D ❤️ и 15 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.426
    Допаѓања:
    165.318
    Пол:
    Женски
    90% звучи нереално можеби ама нема да сум изненадена во исто време. :D Инаку не мора да најди толку млади и да испита, статистички податоци се вадат на репрезентативен примерок. :D

    Јас имам одредена доза на комфорт тука ако сум искрена. Ама сум максимално отворена и кон други опции само ништо не притискам, годинава филозофијата ми беше go with the flow, за в година ќе видиме.
     
    На Stefani_33, Mnik, Ugly Duckling и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.048
    Пол:
    Женски
    8. МВР исто ужас.
    9. Сите државни институции исто ужас.
    10. Адвокати, судии исто така.
    11. Загаденост Макс.
    12. дувло на кримоси.
    13. Згради на секој чекор, дрво ни за лек.
    Итн итн итн....
     
    На CameliaMiller, Sielo❤️, Mnik и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.153
    Пол:
    Женски
    90% од испитаните, не 90% од населението целокупно.
    И порано сакаа да се иселат луѓе, ама сега е рекорд, дека дојде живот за сите, изгледа. Така ветуваа, па ако ова е тоа...
    Дали јас лично би се иселила, не. Затоа што не можам да ги оставам луѓето што ги сакам и да фатам усвет негде, по никаква цена.
     
    Последна измена: 11 декември 2022
    На Stefani_33, Anie93, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bouncing Joy

    Bouncing Joy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2022
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Машки
    Слободен им пат на тие што планираат да се селат и да чистат клозети во Њемачка. Државата колку и да е лоша не должи ништо никому. Јас на постара возраст почнувам да се интересирам за земјоделие и планирам да инвестирам во тоа како алтернативен приход добро ќе ми дојде а и како основен ако има потреба и се влоши ситуацијата. Бог ни дал земја, вода, растенија да можеме сами да произведеме храна и да се прехраниме. Исто така има и занаети што никој денес не сака да ги работи а носат солиден приход за некои луѓе. Сите сакаме економисти, правници инжињери, доктори се некакви фенси професии епа не излегува секогаш се по желбата. Треба да се бараат алтернативни начини на преживување, кога е криза нема се потамам. Боље тука свој на своето одколку измеќар некаде на друго место
     
    На Stefani_33 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    А шо е толку срамно да чистиш клозети? Па уште и 15 евра по саат?
     
    На CameliaMiller, Arkann, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Не би да живеам во држава каде јас плаќам сметки за арачиновци да копаат биткоини за беспари.
    Истовремено, никаков закон да не важи за нив.
    Не плаќаат влез во автобус.
    Го цицаат социјалното, а имаат бизниси што функционираат без фискални и на црно.
    Можат што сакаат да си прават и сето тоа од МВР ќе го сокријат, а во задње време не се ни трудат. Гласавте гледајте работава.
    Земјата во која живеам е убава, ама народот е тој што те тера да се иселиш.
    И уште поубаво, нека се иселат младите, ќе ги видам со чии даноци ќе ги плаќаат оние да седат дома.
     
    На Lady D ❤️, Anie93, Sielo❤️ и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Bouncing Joy

    Bouncing Joy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2022
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Машки
    Не ги омаловажувам јас тие што работаат понискокфалификувани професии еве да се извинам ако некој ме разбрал погрешно. Поентата ми е наместо да им бидеме измеќари на развиените држави со малце сколија и мала инвестиција може и тука да се живее колку толку пристојно само треба изнајдување на алтернативни начини на заработка без да се чека државата да обезбеди затоа спомнав земјоделие и занаети со малце обука имаш начин како да опстанеш независно од системот и да си свој на своето а не роб во некоја западна држава
     
    На Stefani_33 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    8.803
    Пол:
    Машки
    Прво и основно, така почнува проблемот во државава, да работиш независно од системот...
    Со тоа системот нема никаква корист од тебе, а ти си ги цицаш придобивките кои ти ги носи, на грб на твоите сограѓани.

    Второ, ретко кој е способен да купи свое парче земја, или за да вложи да го обработува. Бог ни дал земја која треба да ја купиш или изнајмиш од правен или приватен субјект.

    Трето, колку повеќе занаетчии, толку помал надоместок за нивните услуги.

    И четврто, да, државата им должи на сите. Должна е да воспостави правен поредок, соодветно образование, услови за работа, и услови за пристоен живот. Никој тука не бара државата да му дава пари гратис, сите шо пишале тука се револтирани токму од тоа.

    Најтажното е што борбата во Македонија е за пристоен живот, а не за богатење.

    Да прокоментирам конкретно за темата. Не ми е нереаелен процентот на млади шо сакаат да си идат.
    Пред некоја година можеби да. Ама сега дефинитивно иам чувство дека секој би си отишол во странство доколку му се укаже прилика.
     
    Последна измена: 11 декември 2022
    На CameliaMiller, Lady D ❤️, Anie93 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Fun fact: тие што чистат клозети у Њемачка повеќе пари земаат од тебе!
     
    На CameliaMiller, Lady D ❤️, Arkann и 2 други им се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Истото ко јас да сум го пишувала :nod:
    Емотивноста и приврзаноста се тие што ме држат овде колку и да ни е лоша државата.
     
    На Stefani_33, Beautiful Dreams и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.