1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Па анкетите не се прават на 100% цело население :). Се зема група на млади, може да биде тоа и 100 млади луѓе, па 90 од нив сакале да се иселат.
    Мене по ова прашање не ми треба анкета, знам голем број на млади кои се иселиле, знам такви кои чекаат пасош за да се иселат, чекаат да завршат факултет, или има такви кои сакаат ама немаат можност од типот кај кого да отидат да се снајдат за почеток, или има и такви кои немаат храброст, а сепак сакаат.
    И јас би рекла 99% дека сакаат.
    И не само млади. Луѓе со фамилија со деца заминуваат и ќе заминуваат уште, луѓе со добра работа и плата.
    Не се работи само за пари и работа повеќе, тоа беше порано но не и сега. Па затоа ако треба и клозети ќе чистат, но ќе живеат во земја каде се функционира за разлика од овде.
     
    На sj *O*, Lady D ❤️, steffriss и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Bouncing Joy

    Bouncing Joy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2022
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Машки
    Да но по која цена.. Познавам луѓе што р'мбаат по 12 сати таму по 2 работи работат за да истуркаат месец сосе кирија сосе сите трошоци за живот не им е баш на сите погодено да не се лажеме
     
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.585
    Пол:
    Женски
    A овде земјоделците да не работат по 4 часа случајно? Многу ли им е погодено? Многу ли им помага државата? Имаме другар кој се бави со земјоделие и цело лето не сме го виделе од што работе деноноќно.
     
    На VDT2906, Ambitious, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Еве повели во Преспа, нива од мене имаш гратис :) До душа и доволно е само да се запознаеш како живеат луѓе на кои основен приход им е земјоделие, ако постојат сè уште. За алтернативен приход, да, постои, но не секоја година. А и кога постои е толку минимален што не вреди за трудот и жртвата што треба да ја дадеш преку целата година за истиот.

    Повеќе ми се исплати да чистам макар и тоалети во странство, барем ќе имам сигурност.

    На темата, ако не е реален процентот, блиску е до реалноста. Многумина може да негираат дека би се иселиле, но при добра прилика, не верувам дека би останале имуни :)
     
    На CameliaMiller, sj *O*, јolene и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Musicallinmylife

    Musicallinmylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2022
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.460
    Пол:
    Машки
    Системот сите го имаме осетено врз нас, за жал и уште го осеќаме.
     
    Последна измена: 11 декември 2022
  6. Musicallinmylife

    Musicallinmylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2022
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.460
    Пол:
    Машки
    Знам дека се испитува група на луѓе, само не можам да поверувам дека до толку сме го достигнале дното. Фигуративно не можам да поверувам знам каква ни е состојбата во државата.
     
  7. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    И тој секако би бил поценет и поисплатлив на друго место.

    Една, буквално една идеја нема за која можеш да кажеш дека би успеала подобро во државава, отколку во странство. Освен криминал, океј.
     
    На Beautiful Dreams и Mantub им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Или се во процес на ислеување или зборуваат за иселување.
    И не само млади мислејќи на 20 годишни, туку од секоја возраст се иселуваат, 30годишни, 40годишни, со деца, со куќи изградени овде, со стварно убави плати зошто парите не решаваат многу проблеми во земјава, колку и да ги имаш.
    Не се купува менталитетот со пари, не се купува чист воздух, не се купуваат другарчиња на децата, зошто кога ќе заминат сите, да останеш овде, со кого ќе се социјализира твоето дете, со кого ќе оди на школо, еве нека кажат членовите во помалите градови како е со културни настани, колку брзо се празнат градовите и колку уште ќе се празнат и ќе нема никаква социјализација.
    Мене едноставно ме плашеше помислата какви достигнувања има по светот, какви изуми, во какво напредно време живееме, а јас да живеам тука, да не можам да го осетам, само на неколку граници од мене, толку блиску, а толку далеку.
    Во некои места луѓето за куче или маче ќе направат се што можат за да го спасат, тука луѓето ни умираат, се мачат во болници, истретирани како животни, ама не обвинувам никого, колективна депресија е ова, живуркаме и преживуваме, не живееме, од сите страни не толчат, кај и да влезеш во било која институција, тмурни, безобразни, веќе сме познати по тоа.
    Занаети и земјоделство може само да романтизира некој што не фатил ни занает ни земјоделство.
    На секој што сака да се исели му посакувам среќа, Македонија не бега, тука е секогаш за враќање, а јас ќе бидам убедена дека тука е подобро од странство кога бројот на заминати, ама вратени ќе е поголем од бројот на заминати што останале.
    Дури да не ти се верува дека има дискусија дали земја од трети свет е подобра од земји од прв свет.
    Може за некого индивидуално да не одговара Германија, за друг Канада, за трет Австралија, ама не може секоја да е полоша од нашава ;)
     
    На CameliaMiller, VDT2906, sj *O* и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.251
    Допаѓања:
    21.599
    Пол:
    Женски
    Тука не вреди ама буквално ниедна работа да ја работиш. Мојата мајка сама живее и по професија беше полицаец. 30 год работеше и Секојпат се жалеше дека не и стигат парите... јер никад у животу није украла ништа .... додека нејзините колеги куќи направија, по 3 4 коли имат у двор, али оваа будала. И еве сега во пензија е , пак се жали и дури почна да оди по грозје брање тамо вамо за да може да преживее. На мене уште тогаш ми викаше ја можам да те пикнам во полиција али поарно ќе ти биде пасош у рука и магла од тука.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ако беше толку лошо сите ќе се вратеа во нашата прекрасна земја.
    Од кога заминаа сите, баш многу поубаво живеат. Можат да си дозволат да живеат убав живот, да идат на одмор, да купат кола. Ако останеа во Македонија, само за сметки цела плата ќе идеше.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Спомнаа погоре мали градови и културни настани. Значи во малите места навистина нема никаква перспектива. Секогаш кога ќе отидам во некое такво гратче, кога ќе свртам два круга и ќе видам дека им фалат многу работи, едноставно ги разбирам затоа што веднаш сакаат да избегаат. Културни настани? Нема ништо. Не се случува ништо. Работа е мисловна именка, а добра работа како на лото да си добил. Тешко е навистина, додека во поголемите градови многу народ и од мрзливост не сака да работи, пребира итн.
     
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам. Не значи дека сите се мрзливи. Нормално дека за 300 евра и непријавени, по 10 саати на ден, да не работат. Нормално е. Си го ценат трудот.
    Нека направат вака во Германија, да видиме како ќе поминат.
     
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Не се враќаат затоа што голем дел од нив имаат тука кредити кои не можат да ги плаќаат ако се тука, без странска плата.

    На темата, инаку, јас не сум сакала да се селам ама сега со мм разговараме за опции за некој бизнис во странство, па постепено да се тргне. Парите не се приблем, народот е
     
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не се сите со кредити.
    Факт е дека подобро се заработува во странство. Истата работа ја работиш, само во Македонија земаш мизерни 300 евра, во Германија 1300.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Јасно како ден, затоа и трпат таму да седат.
    Но, многу не можат психички да поднесат.
    Јас сите што ги знам, што им е тешко, не можат да се вратат ради кредити.

    Одењето во друга земја и почнување живот одново не е лесен, не е само финансиски, туку и психички треба да се поднесе.
    Мене 70% од фамилија и пријатели ми се некаде во странство, има толку разни случаи.
    На некои им тргнува од секој аспект и се препородуваат, други не поминуваат лесно.
    Ништо не е бајковито
     
    На Bouncing Joy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Ова беше некоја дискусија за една тема што ја видов 90% млади што сакале да се иселат ако не грешам. Немав време да пишам тогаш, гледам сега друг наслов.

    Ние не планираме да се селиме. Веќе вложивме во наш стан тука, кредит со години ќе се плаќа, немаме намера, а млади сме. Тука ми е комфорно, тука ми е се. Сакам да си живеам во земјата каде сум родена, со мојот народ. За пристоен живот имаме доволно, па здравје.

    Си ја осеќам безбедна земјава, можеби не е најсовршена, не сум некој патриот ама тука ми е се. Навикната сум на ова, да се иселам во депресија ќе паднам мислам. Не можам да менувам средина. Да шетам ми е убаво, но каде и да одам сакам тука да си дојдам.
     
    На ines.h, Kom.pot, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Споена е таа тема, со оваа веќе постоечката. Со оглед на категоријата Реин ги има споено темите :)
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Не е исто Пехчево и Прилеп, Битола на пример, Струмица. Мене ми кажувале во Берово и Крушево дека земаат и помалку од минималец, тоест враќаат. Така е со години и таму не ни има избор. Во поголемите градови имаш повеќе можности. Еве јас знам луѓе им нуделе солидна плата и одбивале.

    Во малите места ни кино, ни театар, ни библиотека како што треба имаат, центрите за култура се зачмаени, немаат ни избор за облека да треба да си купат, ама многу работи немаат. Еве Крушево и Пехчево колку што видов немаат фризерница воопшто. Златарница немаат. Ни доволно бутици немаат. Пехчево една сендвичара нема, една слаткара, една бурекџилница нема. Многу работи фалат. Еве и од Делчево колку луѓе ми кажале дека им е „скиснато“ од што нема перспектива. Не е исто сето тоа со Битола на пример каде барем болница имаш, театар имаш, библиотека асална, имаш кај да се дотераш, кај да седнеш на кафе итн.
     
    Последна измена: 11 декември 2022
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.108
    Пол:
    Женски
    Мене до пред две години да ми кажеше некој дека еден ден би сакала да се селам од тука немаше да поверувам. А сега тоа ми е најголема желба.
    Мене сите ми заминаа, само моите родители ми се тука.
    Сестра ми брат ми роднини другарки..

    Кога ќе сфатите дека не сакаме да си идеме заради поголеми плати, не, иако се си имаме тука ама неее, сакам бре да имам дете каде да изнесам да прошета, сакам да им пружам убаво образование чист воздух, не сакам утре рекет да му прават на син ми, не сакам недај боже некој да ги повреди и да ни не одговара за тоа, сакам безбедно да шетам еве конкретно нам пред две недели наркоман пиштол ни извади барајки пари.
    Од таа вечер сон на очи немам, и едвај го чекам денот да ги тргнам децата од тука!! Тоа ни е најголема желба и само се надевам што побргу да ни се оствари!!
     
    На CameliaMiller, liliput22, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    2.852
    зошто се чудите на процентот, кога реалноста е таа..
    Излезете само малку од Скопје, и сигурна сум дека секој ќе ви каже дека сака да се исели, не само младите.
    Во моето опкружување со сите што сум правела муабет буквално сите во првата прилика би си заминале.. Моментот е дојден до тој степен што во секој разговор со познаник дознаваш како некој само што си заминал..
    Дури и финансиски обезбените ги тераат своите деца да си одат, затоа што во оваа држава парите одамна немаат вредност ..
    Замина времето кога луѓето бегаа заради парите, тоа и врапчињата веќе го знаат. Сега си заминуваат заради системот, корумпираноста, нечистиот воздух, загадените вода и земја, катастрофалното здравство , бедното образование, неправдата, и што ли уште не, 1000 затоа..
     
    На sj *O*, Tanjamm и Alexandrite им се допаѓа ова.