Криза во Македонија е 20години Така така преработи се физички, изнемошти се преживеј како што пиша. Многу подобра опција од негде надвор да си имаш полесна работа и 3-5пати поголема плата
Kaко пишувате некои овде мислиш во странство гратис пари даваат. Целото селење ти е процедура. Да си средиш документи, преводи, нотари, нострификации. Дури и во жална Македонија дошла една странкиња со својата заштеда ( бегајќи од војната во Украина), па да регулира престој се измачи од шалтер на шалтер, па преводи, на чуда. Јас сум видела дека кај нас работниците многу грешат. И страшно е што грешките им се толерираат. Не знам дали истото би се толерирало некаде на Запад. Која е таа полесна работа? Заварувач во Германија работи 12 часа? Тоа е цел ден. Во Хрватска тие што се во туризам работат по 9-10 часа на ден, стојат на нозе, а дури еден комшија ми кажа дека цел месец имал само 1 ден слободен. Што е тука лесното? Тоа те истоштува физички и психички. Гледав на Канал 5, се формил некој си синдикат за да не дојде до злоупотреби, и верувале или не, наши работници отишле во Хрватска и 3 месеци работеле без слободен ден. Истрпеле, за да не останат без пари, но кога се вратиле оформиле синдикат за да не се повторуваат такви работи. @Bouncing Joy ако има систем капка по капка, ако е поткована со знаење, ќе стави систем капка по капка и нема да работи денеска 12 часа, ни 10, ќе работи 2 наутро, дури не е жешко и 4 попладне, а тоа се 6 часа. Ако знае во што и како да вложи, ако има контакти и пласман, може добро да живее. Знам луѓе што од земјоделство кај нас земаат по 10.000 евра во сезона, затоа што продаваат цели шлепери со домати. Ама тие контакти не се стекнуваат веднаш. Плаќаат работници, не работат се сами, значи си прават математика. Сум за работа во странство, ама сигурна опција, да знаеш на што си, каде одиш, што ќе работиш, за колку пари, без измами.
Па види, за истата работа во Македонија ќе земаш 300 евра, а во Германија 1300. Со ова мислам се е јасно.
Вреди да се напушти и тоа како.Јас сите што ги знам а заминаат дали во Европа дали преку океан се препородија во животот и никој не чисти тоалети.Па и не е срамота и така да се заработува ко за почеток, после некое време секако ќе се снајдеш верувај.Ние сме убав бел и вреден народ и не сакаат секаде по светот.Е сега треба и квалификации или барем јазик да знаеш до некоја мера за да одиш напред, но се се постигнува со тек на време.Жалам само што не се иселив помлада туку кога имав 29 години али тоа е барем сега супер ни е, заработуваме и повеќе од доволно а во Македонија иако бевме прилично ситуирани неможевме да издржиме во тоа општество.Дури и кога се враќаме во нашава земја после некој ден не мава депресија и сакаме да се вратиме назад. Сите што сакаат да заминат им посакувам среќа и да успеат.
Повеќе земаат сакам да кажам. Член на моето семејство пред корона земаше 1.250 во Хрватска, но со прекуврмени часови, не по 8, туку 9, 10 и работа за викенди за да испадне толку. За Германија за повеќе пари одат.
Како не ми должи ништо државата? Кој ве лажи вака? Како не ви е срам да се дрзнувате на ваков муабет? Јас месечно плаќам на државата огромни пари во придонеси, плаќам секоја година огромни пари при регистрација на колата за патишта и одржување, плус плаќам ДДВ на речиси секој купен производ... Всушност голем дел од мојата заработка ако видиш месечно, ми оди во некакви такси за државата. Државата за тоа ми должи СЕ... здравство, патишта, судство, безбедност и да не редам понатаму. Дај опрајте се, и не трескајте вакви глупости, се нервирам.
Дали се читаш шо пишуваш? Всушност, за речиси секоја работа имаш САБОТАЖА од државата! Наместо да поттикне и стимулира, таа одмогнува преку неповолни услови, отсуство на финансиска помош, за едни е*ани субвенции се натегаат преку цела година. Мислиш така е то, ќе бидиш вреден и сѐ ќе ти се врати по 5 пати. Мало морген во оваа држава.
Јас би рекла на темава - за кого, како. Сме преселени уште малце па година здравје, за себе само можам да си зборувам. Не е лесен процес, дефинитивно, бар нашиот не беше, прекуокеански. За Европа е добро што барем трошоците не се толку големи за пат, а и каде и да одиш е далеку поблиску од овде. Цели три години се зафркававме со визата и селење, короната фати, затворија граници и не можеше да се влезе во државава, купишта пари вложени во визата, полагање јазик, собирање поени, пишување есеи, секој документ од раѓање буквално го преведовме ... среќа што мм има големи нерви зашто јас да требаше сама да го терам тој процес ментално ќе попуштев. Па, пари за пат, селење од дома во време на корона, средување се за тој дел, стигање овде, маркетот цените за кирија покачени за 30 посто од пред година дена. Во пет месеци дури не најдовме за подолг престој кајшто сме сега во куќава се селевме 4 пати. Наоѓање работа е друг проблем, те гледаат ко дојденец за посериозна работа, мораш да имаш перфект говорен јазик, башка вештини подобри од нивниве овде. Ама и тоа се среди со време. Значи не е лесно, луѓето можат да се издигнат, или да пропаднат со таков чекор ко ништо. Ризик е, ама треба да си го пресметаш и да знаеш што можеш да издржиш, што не. Пари, обавезно за да можеш да издржиш и подолг период дур не најдеш работа, се си бива. Сите викаат дека првата година е најтешка, јас имам навика да подзаборавам на тешките моменти кога сум ги прошла и гледам иднината да ми е ок. Земјава е преубава, викенди има милион места за шетање надвор, имам листа направено и не сум стигнала ни 5 посто да прошетам од тоа што сакам. Сега во лето, за празнициве имаме три недели одмор, сум возбудена и едвај чекам. Секој си знае најдобро за себеси, јас знаев дека ќе жалам ако не пробам. Животот е еден, добиваш неколку шанси ако си среќен и тоа е. Не го правам само за мене, го правам за деца наши во иднина, го правам и за моите, се што би им затребало финансиски да се покриени во иднина и да не се секираат ко што правеа цел живот. Ете, баш прошлава недела и реков на мајка ми дека планирам да ја шетам низ Европа кога ќе се вратиме, наместо да седиме дома цело време. Жената само гледа такви емисии, сака да патува и сум среќна дека во иднина би можела да ни го пружам тоа.
@Daniela93 фино го објасни процесот, затоа што буквално младите мислат земаш пасош во рака, со малку пари поминуваш граница и готово таму работа те чека на готово. А дали знаеш јазик, дали имаш верификација на тоа знаење, дали имаш работно искуство, па тоа мислат не е битно. Јас кога пишав дека за доедукација час и половина потполнував апликација, со сите спремни документи, преведени, ЦВ, се црно на бело, ми се смееја сум била неспособна, па затоа ме одбиле. Западњаците чешлаат детално, не веруваат на зборови, туку си бараат се верфикувано, потврдено. Таму каде одат младите треба да имаат на ум дека не се само тие дојденци, туку има и од други земји и сите се борат за подобро утре.
Многу често налетувам на твојот ник кога станува збор за споредба Македонија и странство па ќе те цитирам тебе. Финтата за странство е да имаш некој што може да те повлече и најмалку што може да направи да те препорача во неговата фирма за да почнеш со работа. Не е секој за странство. Точно не е лесно САМО АКО СИ САМ и од почеток САМ средуваш документи. Но во случај да заминуваш странство и да имаш таму некој, не мора фамилија, барем еден човек што ќе ти помага првиот месец, тогаш е лесно. Еве личен мој пример: дојдов Германија како студент 2007 година САМА , со македонски пасош , со студентска виза. ко мува без глава , 2 години додека го научив јазикот и влегов у шема со германскиот систем на образование и за работа и плаќање данок и разни други трошоци , па си го планирав буџетот. Во 2016 година сестра ми и зетот кога дојдоа, јас им бев ВОДАЧ и преведувач у буквална смисла на зборот. Уште од првиот ден со нив трчав, термини по институции за да се средат, барање стан , работа, секакви документи за живеење што им се потребни. Арно ама после 6 месеци сестра ми рече не сакала да живее Берлин , па се вратија Мк. Нема да одам у детали, кратко ќе пишам. Помина некој месец и пак се вратија Германија во помало гратче одма до Штутгарт и пак тешко. Настана узбуна фамилијарна и јас пакував куфетите и се спакував селење во Штутгарт за да можам да им помагам пак со превод и поддршка за да не паднат у депресија моиве и пак друштво за во институциите да се регистрираат. У меѓувреме во Алди маркетот се запознаваат со македонец од Берово и човекот го вика зет ми кај него у фирма иако зетот поима немаше од германски јазик во тоа време. Исто така 2018 се запознавам со маж ми од фемина форумот и одма планови за да го земам тука во Германија. Сестра ми останаа да живеат таму, ама мене Штутгарт ми беше прескапо оти јас секогаш бирам стан во централна зона. Па во време на корона 2020 се селам во Лајпциг на 3 км од центарот на градот, ептен централна зона и му правам документи на маж ми и си го донесов тука. И истата песна и со маж ми, трчање по институции да му средам се по ред и МАКСИМАЛНО со сите мои сили и УПОРНОСТ како знам да му помогнам. На кратко нема да пишувам детали ----- средени сме, он на работа, јас на работа , се е одлично и финансиски и приватно ( само јас проблеми со синуси што имам тоа е друг муабет ) Сакам да ти кажам .........ако имаш ЧОВЕК што ќе ти помага, нема тешко да ти биде и ќе си продолжеш со животот оти тој некој човек ќе ти помага да се средиш и со документи и со работа. Како што јас функционирам, така слично функцинираат и албанците тука и си се повлекуваат фамилијарно и помагаат еден со друг
@Herrera ти си се вложила максимално да помогнеш, а имаше примери тука каде луѓето кажуваа дека биле извисени од роднини, им ветувале помош и на крај ги снемало кога требало на дело да го реализираат ветеното. За жал Македонците многу ретко си помагаат.
@Tanjamm , мене ми е јасно ко бел ден тоа дека МАКЕДОНЦИТЕ РЕТКО СИ ПОМАГААТ. Чичко ми, брат на тато цела фамилија иселени се пред 25 - 30 години , имаат италјански пасоши, па потоа се преселија Швајцарија и кога им спомнаа моиве уште ко бев младо 18 годишно девојче колкави се шансите да дојдам кај нив да поседам првите 3 месеци, чисто да осетам каков е животот во Швајцарија , знаеш шо ни рекоа ? - ПОАРНО НЕКА СИ СЕДИ МАКЕДОНИЈА, ТЕЖОК Е ЖИВОТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА, НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ СНАЈДЕ. Е баш тоа ти е го кажуват најблиските роднини. Она што ми остануваше беше да се запишам факултет со желба еден ден ако даде Господ да заминам во странство. Бев многу јак студент оти моите родители се многу строги, мене ми беше забрането многу работи,,,,,, од дома на школо, да учам и учам и само да учам. Па добив стипендија и ме пратија Германија и тоа беше пресуден момент ко си реков ХЕРЕРО, МОРАШ ДА БИДЕШ ХРАБРА И ДА ЈА ИСКОРИСТИШ ШАНСАТА ЗА ДА ЖИВЕЕШ ВО СТРАНСТВО. Јас си осетив на моја кожа како ми беше сама , далеку од фамилија, далеку од сите , скроз сама да почнам да учам нови работи, да се прилагодам на нова средина. Мене ми е јасно ко ќе дојде некој македонец што не го знае германскиот јазик , колку е тешко да нема кој да ти помогне, да немаш личност од доверба. Сета таа тежина на нова средина, нов начин на живот ми е јасен , затоа и ти пишав лично мое искуство тргнувајќи од тоа што јас сум го поминала, па сакав да им помогнам на моите. А од друга страна, животот не е лесен, оти имаш обврски и немаш баш слободно време у смисла да можеш да си темпираш за термини по институции, па нема да се ослободуваш од работа, мора тука да се игра паметно спрема шефот од работа и добро да се организира човек со време. Да не те чуди на фејсбук по групите што не сакаат да се замараат македонците да одвојат време да помогнат на некој нов , површно ќе пише некој нешто ( чест на исклучоци) и после снајди се како знаеш. Но пак се враќаме на која е поентата на целиот пост : Финтата е да имаш барем 1 личност која ќе одвои време и ќе ти помага оти сигурно нема како мисир да седиш у Германија без работа, без пари, без јазик, да не знаеш од кај да почнеш. Ко ќе имаш некој, полека ќе се средиш и после со тек на време и работа ќе менуваш. Некогаш ги разбирам и оние ко другарка ми најблиска која се омажи со швајцарец , сама си кажа дека не сака да се замара со процедури и документи додека да замине, па фино лепо се омажи и на готово таму продолжи со животот, одма нејзиниот и среди и за курс по јазик и по ред работа. Тоа е клучниот момент : да имаш некој таму у странството
Откако дипломирав, немав дупка ,почнав со работа стјуардеса ( сигурно ме читаше имав некаде спомнато дека ако не ме примаа стјуардеса ќе одев Осло бидејќи таму ми ја признаа дипломата) Ехххх , сигурно животот ќе ми беше сменет за 365 степени ако продолжев Норвешка. За конец беше .....за Осло требаше да заминам во Август оти имавме некоја ориентациона недела додека не сместат во студентските домови таму и ни објаснат се по ред. Ама во Јуни ми пишаа од Катар и ми ја пратија визата. Им откажав на овие во Норвешка и продолжив во Катар.
Многу важен момент во целава приказна е дека си била добар студент, значи си била „наоружана“ со знаење, дека си била храбра, самостојна, упорна, а и тоа што за 2 години си го научила германскиот јазик кој инаку е тежок е за пофалба. Си добила стипендија, за стипендија баш треба да се испотиш, посебно ако некој во странство ти ја дава. Ти си направила жртва, си се трудела. Мене ми е површно тоа што мислат младите дека ако немаш никој таму во странство, ако не знаеш јазик, немаш професија која е дефицитарна, дека сепак ќе врнат пари, затоа што странство е.
Да ви се пружи шанса да излезете од МК и да почнете со работа во фаст-фуд ресторан (за почеток) во помало гратче во Германија, дали би прифатиле? Мислите ли дека лесно ќе преболите носталгија, ако сте преемотивни?
Барам совет што би правеле вие на мое место. Ваква е мојата ситуација во однос на оваа тема. Значи со маж ми уште кога бевме само во врска поднесовме за бг пасоси. За да ги имаме за секој случај бидејќи не знаевме како ќе ни биде овде во иднина. За пасошот чекавме дури 4-5 години... Во меѓувреме овде дипломирав, се венчавме, се роди нашето детенце и после 6 месеци откако се роди ќерка ми добив понуда за работа на струката ( наставник). Таму веќе работам скоро 3 години, веќе имам и договор на неопределено. Маж ми работи како мајстор, меѓутоа не е осигурен никаде, што значи работи на црно. Почнавме да правиме кука, сакајќи да се осамостоиме, со оглед на тоа што овде немаме доволно простор бидејќи живееме со свекрва ми и свекор ми на спрат, а во куќава живеат и брат му и снаа му на маж ми, а и неговата баба. Пред да ја полниме куќата имавме доволно пари и за да се прошетуваме каде сакаме и за одмори, тоа е пред да се роди нашето дете. Што значи од тогаш ние сме врзани за куќата и буквално секој денар таму ни оди, а одмор не сме виделе веќе 4 години, од пред нашата свадба. Веќе во се сме ограничени. Исто така и некако се чувствуваме осамени, веќе немаме друштво ни со кого нова година да прославиме или да излеземе...скоро сите братучеди ни се во странство, пријателите исто така. Куќата ни е далеку од готова, значи би требало уште 5 години да потрошиме без да мрда е никаде за да може да се иселиле, бидејќи веќе и се е скапо, сите материјали за градба. Почнав така да губам надеж и гледам дека и сопругот се нервира бидејќи секој ден работи, понекогаш и во недела и пак на крај пари немаме и не смееме да се опуштаме. Почнавме да размислуваме за странство. И јас кажав дека единствено место кај што би отишла да живеам е Австрија, бидејќи таму имаме широк круг на роднини и пријатели ( 15 семејства) и најважно што имам блиска роднина која ми е како мајка и би ми помагала за било што и околу децата. Инаку сум и бремена во почетна фаза за второ. Да не беше таква ситуацијата ќе земев неплатен одмор и ќе имавме некој период да отидеме и да пробаме како би ни било. Но сега ако го прекинам здравственото после не треба ни да размислувам да се враќам воопшто бидејќи нема да ми следува породилно. Инаку ми кажаа од таму дека без разлика што не сум работела таму, породилно и дечки ќе ме следувало и отприлика дома седејќи ќе ми даваат по околу 800 евра ~2 години. Инаку маж ми има убав занает и работлив е така што таму веднаш би му нашле работа. Значи за помош таму имаме веќе сигурна. Само некако не можеме да се одлучиме. Некако се плашам од промена на средината. Жал ме фаќа исто така кога ќе помислам дека моите деца ќе мора да учат на друг јазик и јас можеби нема да бидам во состојба да им помагам таму околу училиштето, иако мислам дека јазикот ќе го научам. Веќе и знам докај А2, доволно за почеток. Жал ми е исто така да ја одделна од овдешната градинка. За родителите веќе тоа некако ќе се надополнува бидејќи секако би ни доаѓале на гости. Но ете се плашам како целата таа промена би делувала на мене. Од друга страна би ми се промениле многу работи на подобро. Овде живеам на високо место, не пешачам воопшто бидејќи улиците се полни со кучиња, а мене ми е страв и јас се сум тргната со колата и тоа воопшто не ми се допаѓа бидејќи така ми се појавуваат здравствени проблеми. Друга предност и многу важна за мене е тоа што би живееле сами без никој да ни се меша и со мои правила околу уредување и одржување на домот, што сега баш и ги немам тие услови. И трето ми се допаѓа како функционираат таму децата, постојано се шетаат, си играат во песок а овде моето дете нема каде да го прошетам...има неколку паркови со искршени играчки и никакви други игротеки и можности за деца. Дали вреди да ја оставам работата и да заминеме? Дали таму би имала поубав живот и лесно би ја победила носталгијата. Ваши совети и мислења знаејќи ја мојата ситуација? Извинете за доооолгиот пост
Секој почеток е тежок и секој ке се навикне за подобро. Јас да имам шанса сега би заминала( 4-ти месец сум бремена).Ви посакувам среќа