1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Женски
    Каде живееш прекуокеански? да не сме на исто тло, па да се сретнеме може.:)
     
  2. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Машки
    Jas sum mnoguuu vreme nadvor od Makedonija.

    Ja procitav malku temata, pa bi sakal da gi tagiram clenkite koi se nadvor od Makedonija da spodelat nekoe svoe iskustvo.

    Edno od moite prasanja

    @liliput22
    @Daniela93
    @Herrera

    Ve tagirav vas zatoa sto procitav deka ziveete nadvor od Makedonija.

    Eve da kazeme fiktivno deka vo Makedonija prosecna plata e 2000 evra a vie bi mozele da zarabotuvate mnogu povece od prosecnata plata ako bi se vratile vo Makedonija. Dali bi go napravile toa? Ako ne zosto ne? Ima li tronka zelba nekogas da se vratite vo Makedonija ili so toa ste rascistile celosno?

    Imajte ubav den
     
    На Herrera и Mila_Mia им се допаѓа ова.
  3. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти одговорам иако не сум означена. Отселена сум и нема пари кои би ме натерале да се вратам во Македонија. :)
    Мислам дека повеќето го делат мислењето. Парите се битен фактор, но не и единствен за добар живот. Бар по мои критериуми.
     
    На Waverly Raven, Gosh, злоба и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Машки
    Izvini ne te tagirav i tebe.Ne znaev deka i ti zivees nadvor.

    Zosto nema pari sto bi te naterale da se vratis vo Makedonija?Do tolku li sme grda zemja i losi kako narod pa ete nikogas ne bi napravile kompromis?Ne me sfacaj deka ti sudam.Cisto interesna tema za analiziranje:)
     
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.031
    Пол:
    Женски
    Не би се вратила ни за 10 000 евра месечно. Зошто? Затоа што вистинските човекови вредности се потрошени. Нема култура. Менталитетот е македонски, балкански. Секој гледа во дворот на комшијата. Лекарите завршија медицина со просек 2 и не лечат. Има и лекари кои завршиле гимназија ама мајка им или татко им се лекари па значи наследни гени имаат, целото знаење од мајка и татко е пренесено преку гените, нема потреба за образование. Затоа што се вика у пичку матер. Затоа што маче и куче се тепаат. И кравите се тепаат. Затоа што е срамота да се работи бидејќи комшиите ќе речат немаме пари па затоа работи. Бидејќи свекрвите ни живеат во Македонија. Во градинка и школо не е ОК. Во школо и на факултет со врски и пари се добиваат оценки. Ретко и со знаење. Затоа што администрација е синоним за нефункционално, споро и непостоечки. Затоа што платите се мизерни. Затоа што не се живее туку се преживува од месец за месец од плата за плата. Затоа што кога поднесуваш за социјално прво 2-3 пати ти ги губат документите. Затоа што лекарите даваат погрешни дијагнози. Затоа што нема никаков ред. Затоа што искомплексирани возачки убиваат млади деца и луѓе. Затоа што и во приватна болница најважно им е што повеќе пари да земат. Затоа што децата со посебни потреби немаат нормален живот. Затоа што искомплексирани родители ги учат децата од дома да се смеат на тие што сњ облечени во поефтина облека или немаат пари за храна или имаат постари родители. Затоа што постојат ВМРО и СДСМ и уште некои таму. Затоа што се крадат лубеници од туѓ бостан. Затоа што кафичите се полни, кладилници се полни, казина се полни. Затоа што многу машки бараат 100 денари од мама и тато за кафе. Затоа што мажите не се мажи во вистинска смисла на зборот. Затоа што мажите не ни можат да пораснат во закрилата на мама.
     
    На CameliaMiller, senza.parole, Mikha4 и 22 други им се допаѓа ова.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.155
    Допаѓања:
    15.313
    Јас си ја сакам државата, за добра работа и плата би размислила да се вратам. Само поради семејството. Но има една и единствена причина поради која тоа никогаш не би го сторила, а тоа е метастазираниот тумор наречен албанизација кој полека но сигурно ни ја уништува државата од корен.

    Не би да работам и плаќам даноци во држава од која тие најмалку придонесуваат а најмногу цицаат како крлежи забодени на највисоки позиции (најголем дел од нив само поради нивната етничка и политичка припадност) во скоро секоја сфера на живеењето.
     
    Последна измена: 23 декември 2022
    На poi, Sielo❤️, Daniela93 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Имам доста да пишувам на оваа тема, но ќе пробам накратко да одговорам. Прво, не сметам дека Македонија е земја каде што можам да го искористам својот потенцијал. Не гледам простор за професионален напредок, не гледам позитивна атмосфера за работа, тимски дух кај луѓето ниту пак било какви бенефити за вработените. Непотизам на сите страни, нестручен кадар, нефер игра. Хипотетичка ситуација - задоволна на професионален план, сепак здравство отидено во неповрат, образование заедно со него, култура - мисловна именка. Недоверба во институциите, корумпирано судство, животот на човекот е безвреден. Одамна изгубив надеж дека ќе биде подобро. Ние Македонците функционираме добро како поединци во други општества, како целина, за жал, не. Причини има милион зошто е тоа така, тоа е веќе друга тема. Но да го минувам животот надевајќи се дека нешто ќе се смени, не сакам. Живеам во сегашноста и сакам да ми е добро и сега. Не знаеме што ќе биде утре :)
    Се надевам колку толку ми ја сфати поентата.
    Што мислиш ти на темава?
     
    На Hija.de.la.luna, Monofonik, Maca Macka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    Затоа што во Македонија на секој извод (не постар од 6 месеци) ми го грешат презимето. Затоа што, овде кајшто сум, не ми го грешат. И затоа што ќе ми се јават на телефон, кога ќе биде готов документот, секогаш во даден рок.
    Затоа што возот од Скопје до Битола вози 8 саати. А до Белград којзнае колку.
    Затоа што сите се-знаеш ли кој сум јас.
     
    На CameliaMiller, azelea, Bratot и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl: Солидна причина Џокерче :D (highfive)

    Ни јас не би останала овде за никои пари зошто ќе те претепа, ќе те силува, ќе ти се заканува дека ќе те убие и ќе лежи максимум 5 години, ако не и помалку.
    Меѓу другото.
     
    На CameliaMiller, gjoker4e, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    7.460
    Пол:
    Женски
    Тие 100 и кусур гласа сигурно работат во собрание.
     
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.031
    Пол:
    Женски
    Мајка ми 50 години има и сеуште е со погрешно име во лична карта. Име кое што не постои. Не ни може да се изговори името, првите две букви се согласки.
    Летово викам на едно дете да се тргне од лизгачка да можат да се пуштаат другите деца и кога ми рече знаеш кој ми е татко ми се стемни, поголемо дете околу 10 години.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    Пак констатиравме дека јас сум мајка ти, нели:D.
    Затоа аргументите ни се слични;).

    Од аргументи, дали вреди да се напушти- ако застануваат на пешачки по дифолт, таму каде што би се преселиле-вреди. Ако не, веројатно не.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.845

    Па еве да се обидам некако да ти одговорам :

    Јас во Македонија немам никој близок ( освен мајка ми , татко ми, свекорот и свекрвата )

    Најблиските другарки ми се во странство иселени, а со роднините и братучетките сум уште од млади години на дистанца.

    Кај мене не постои чувство да ми фали некој од Македонија. Немам за кој да се вратам во Мк.

    Сигурно си ме читал, моите родители ептен ме напнуваат со пиздарии , така да ИЧ, ама ич не ми е мерак да бидам во близина на нив.

    Преку куров ми е од тоа нивното, АЈДЕ МА ШТО ЧЕКАШ, КОГА ЌЕ РАЃАШ ДЕЦА

    Ко ќе ми се падне на лото, тогаш МОЖЕ да размислам да имам деца |(

    Од друга страна свекорот и свекрвата не ми се блиски иако си го имам муабетот со нив, но по никоја цена не се зближувам.

    А општо за Македонија како држава, немам што да кажам за работа оти никогаш во животот не сум работела во Мк , не знам како изгледа тоа со македонските газди и фирми и какви услови имаат.

    Ми пречи што во Мк се функционира само со врски за СЕ што ти треба и луѓето се партиски поделени.

    Не ми се допаѓа на секое мое идење да ме прашуваат комшиите како ти е Германија, колку земаш плата, и како живеете таму , колку ви се месечни трошоци , ќе се најде ли нешто за син ми/ ќерка ми да ја пратам кај тебе на 3 месеци и разни информации.

    Општо секое ИСПРАШУВАЊЕ и мешање во мој личен живот ми пречи.

    Сигурно си забележал дека јас и на форумот тука не се дружам со никој ( последните месеци на фемина четот само си пишиме но тоа е површински )

    Истиот македонски менталитет е на форумот , а јас не се вклопувам во тоа.( може само да провоцирам намерно со некој коментар :rofl: )

    Конечен одговор на твоето прашање :

    Не, не планирам да се враќам да живеам во Македонија , ако може некој да ми среди да се преселам Канада ќе ми биде како премија :d: , ако не, си продолжува животот во Германија , битно погоден ми е маж ми , пу пу да не му се уроци , душа моја :l:
     
    На CameliaMiller, Monofonik, liliput22 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Кога Македонија ќе ми ги даде сите бенефити кои ги уживам тука, тогаш ќе се вратам. :D

    А до тогаш… уживам овдека.:d:
     
    На CameliaMiller, sj *O*, Herrera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Corika

    Corika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2022
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    Mnogu e polesno koga imas nekoj vo stranstvo ako ne drugo da ti pomogne barem so prijava dokumenti,stan i rabota ( barem da te upati kaj treba da baras) jas koga dojdov 2007 znaev samo deka glaven grad e Viena drugo ne :tmi: prvite 2 godini gazda mi bese Balkanac koj imase i stanovi znaci rabota stan se ti zavise od nego,bidejki ne znaev ni zbor na Germanski jasno mi bese deka za da uspeam moram da ucam,rabotev vo restorant od 9-19h nemav vreme do market da odam kamo li da zapisam kurs da ucam.... nasive? Hmm sekoj so napustase bese srekjen ama ne spodeluvase informacii preku sto nasol rabota.... se dodeka eden den ne sretnsv edna poznajnicka od mojot grad,po muabet razmenivme broj i pocnavme barem da se.sluseme poso ja imav samo ponedelnik slobodno ona togas raboti nemozevme ni da se.vidame.... me upati kaj da prasam za rabota no pred.toa mi pomogna vo barenje stan bidejki ako dadam otkaz za 1 sat morav da izlezam od stanot...taka i se.desi posle 1 mesec ja dadov otkaz najdovmr stan seto toa i pocna mojata borba nova rabota,nov stan,pa trebalo osiguruvanje za stano ( ja vrska nemam) davat mi dogovor ( neznam sto potpisuvam) pocnav do 16:30 na rabota od 18-21 na skolo fala Bogu poso rabotev so svabi i oni mi pomagaaa da pobrzo ucam i imav kako da.komuniciram, za 1 god zedov A1.1,A1.2 A2.1,A2.2 ja se osekav kako da sum magistrirela tamu so ovoj stepen na jazik mi bese super,dojde maz mi ( togas decko) ja se vazna znam da.go upatam prijavam...iii op firmata se zatvori ja u shok sto ke pravam sega ( nikoj ama bas nikoj ne mi kaza.deka imam pravo na ams zavod) a edna nasa Mk zenicka mi rece deka nemam pravo na Ams poso sum od balkano i za nas ne davale ( jbg Makedonce ) i ja od firma na firma si baram rabota 2 meseci bes rabota najdov.... i tamu doznavam deka sum trebala samo da idam i da kazam da sum ostanala bes rabota.vika i jazik ke.ti platele da ucis i plus ke si zimas pari ( sega se nerviram koa.pisam kako me.izlaza.ovaaa a ja pujka si poveruvav)
    Koga moja bratucetka izrazi zelba da dojdat At znaev kade da baram stan,rabota im pomognav no ete maz i ne se.zadovoli so 1600 evra plata plus tuka bil laden narodo plakal kirija i se vratija za Mk...
    Kumata mi e tuka veke 5 godini sto mozev pomognav i milo mi e...
    Posle 15 god so site stepeni polozeni na Germanski so stabilna,stalna rabota i jas i maz.mi...samo ke kazam Fala na site.so mi pomogna,a i na.onie koi mi odmogna :bow:
    Blagodarenie na niv ( posebno na vtorite) sum jaka,znam se sto treba da znam i uste ne sum se pisela vo zavodot za nezaposleni :D
    Da se.treba pari jazik ,znaenje si treba,no veruvajte poveke si treba Srekja ( spored.mene)
    Na prasanje dali bi se vratila vo Mk: Mislam deka uste ne sum otisla so pametot pa da bi pomislila na toa :D
    Vo Mk i infuzija si plakas,zdrastvo nema,pravda nema,se e skapo plati mali ( roditelite mi se profesori ) pa sami kazuvat kolku e poskapneno se ( a ovie so minimalni plati neznam ni kako izdrzuvat cel mesec) ovde,kade i da.odis si so Gospogo nema isponasuvanje,sekoj dokument se vadi u normalen rok,vo bolnici site se.isti nema znas li koj mi e tatko.... decata se zastiteni dobar obrazoven sistem plata redovna 13ta i 14ta plata isto redovno i eden cent ne ti fale,vo Mk za edno K-15 treba da se nadevas oti nema da.ti go pobarat nazad.... mnogu e golema razlikata i spored mene ke.bide uste.pogolema ( jas ne gledam ni mala nadez Mk da se podobri nesto ) 8)
     
    На CameliaMiller, злоба, Monofonik и 3 други им се допаѓа ова.
  16. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Женски
    Еве мене ме означи па да ти одговорам.
    Јас лично не би се вратила да живеам и заработувам во Македонија.Што јас ако заработувам пари над просекот во Македонија кога нас како држава не не бива.Ние сме затуцано, загадено и полно со корупција и криминал како општество.Да не се повторувам во пишувањето сите знаеме што се случува кај нас и колку е навлезена политиката во секоја сфера од живеењето во Мк па и таа е една од причините поради кои се иселив.Не е баш се во парите, знам луѓе ситуирани со добри професии се иселија а живееа убав живот кај нас од финансиски аспект.Јас сум далеку и отсекогаш ми било сон да живеам во оваа земја и уште од првиот момент кога стапнав тука ми беше како бајка и сеуште е така.Сакам да кажам во ниеден момент не ми недостигаше Македонија и животот во неа зашто тука е 100 пати поубаво од секој аспект. На почетокот паралелно студирав и работев (не по струка) но кога ги завршив Мастер студиите веднаш се вработив (овој пат по струка)за неполни 3 недели најдов работа во голема компанија,а во Македонија со години неможев да најдам асална работа (не зашто не ме бивало туку не сум политички определена и немам вујко владика) а и платите се мали реално. Тоа е мое искуство нормално,секој си е приказна за себе но подобро би жртвувала неколку години во странство да се помачам за да имам понатака некоја иднина отколку во Македонија да седам и да слушам муабети од типот"ќути и работи има и полошо " или "биди и среќна што воопшто работиш"
     
    На Mikha4, Herrera, Corika и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    За мене е рано да кажам за тоа прашање - пред се зашто ни цела година дена не сум отселена.

    Ама од сегашна гледна перспектива, јас не би се вратила. Не сум се навикнала овде, не знам ни дали некогаш ќе ми биде дома, но засега ми е ок.
    За мене лично, ми беше тешко да најдам работа по струка во Мкд, немав врски никаде, морав да научам нови скилови и да сменам тотално нова струка за да најдам работа. Никогаш не најдов работа по струка во Мкд, овде добив шанса и еве ме, го терам најголемиот клиент во фирмава кој на сите ни ги плаќа платите.
    Не викам дека тоа што научив сосема друга професија до одреден дел не ме изостри и не ми даде други придобивки, но кај нас вработувањето се знае по што е, не ти даваат ни шанса да се докажиш и покажиш, Никогаш нема да преминам преку тоа искрено, ужасно ме фрустрира.

    Другите спомнале од се по нешто зашто не чини државата, мене ете ми смета цела таа политика и играње против нашите интереси и не планирам да стварам фамилија во таква средина.

    И тие малце контакти кои уште ги имам, мислам дека со тек на време ќе ги снема, сите имаме некаков живот и проблеми, единствено моите би ми останале битни. За работа, желба ни е со мм да имаме свој бизнис, не да работиме за друг, и двајцата сме добри ко вработени, ама вака ко што ние работиме и она што ги даваме за работа, вреди ако рмбаме за нас само. А овде има пари во бизниси и тоа далеку повеќе од Европа.

    Накратко, не ме интересира Мкд за враќање.
     
    На Monofonik, Ahoy, Corika и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Машки
    @liliput22
    @gjoker4e
    @Herrera
    @Daniela93
    @boo3

    Vo globala sfativ deka vo prasanje e sistemot. Vo red.

    Na listata se najdoa site raboti sto ni smetaat no na taa lista kako obicaj sekogas nedostasuva edna licnost - Vie?

    So sto nie doprinesovme da bide podobro vo Makedonija? Znaete. Eden prst pokazuva kon drug no drugite tri pokazuvaat kon nas. Nikoj ne saka da si go rizikuva sopstveniot komfor i strav a saka da ima rezultati. Site molcime na korupcija,kriminal,nepotizam.

    Vo Makedonija eden golem problem e sto e opstvestvo izgradeno vrz baza na nekompetencija,povrsnost i prosecnost i negativna selekcija.Tie vrednosti se nagraduvaat a se ostanato se brka nadvor ili vo najlos slucaj unistuva.

    Hardverot e problem.Znam stotina Makedonci sto se nadvor.Tie smenile sredina i pasos no ne i samite sebesi.Isti se.

    Edna devojka spomna @boo3 mislam deka bese, Makedoncite funkcioniraat dobro kako edinki vo drugi opstestva no ne i kako celina koga se zaedno. Da tocno, no zatoa sto nie imame majndset na robovi a ne na pretpriemaci.Nie ne tezneeme kako narod kon sloboda i samoizdignuvanje tuku se vodime po principot drug da ne hrani, drug da ne brani.

    Da skratam. Moeto dolgogodisno iskustvo so ziveenje vo stranstvo mi se dopadna nivniot princip na rad,red i disciplina i golem patriotizam. No ne vo makedonska smisla.Tuku tie ziveat za da dodadat vrednost vo opstestvoto, a prosecniot Makedonec zivee so ocekuvanje da zeme nesto ili drzavata da mu dade.Ogromna razlika.Se dur ne sfatime deka sistemot sme nie i deka vrednostite gi kreirame kako individualci i deka se zavisi od nas nema da vidime nekoe podobruvanje vo bliska idnina.
     
    На ines.h и Herrera им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Од кога постои човештвото има миграции. Big deal.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    А ние што живееме како просечни странци, без да чекаме од државата, сами се храниме, сами се браниме- може да си останеме во странство:wasntme:
    Како сме системот ние, ако е општеството базирано на негативна селекција и ние сме биле вишок, м?:^)