1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас и сите други знаеме дека ако отидеме во друга држава нема таму да ги најдеме парите на улица, знам дека и таму ке треба да работам за да имам нешто така?но барем ке имам шанса за работа, ке работам колу и да треба, зато шо знам дека ке ми го ценат трудот и затоа ке бидам корекно платена. на почеток би работела се, а нормално подоцна кога ке ја запознаам средината ке имам повеке можности( ако успеам да заминам)хихихи
    а овде шо имаме????? завршив фак како првенец на генерација, а уште немам работа, неможам да најдам дури ни со средно :( а другарками во сад уште дури беше на фах си работеше, си учеше и сега е во супер компанија и си има супер работа, плата се.... кај нас нема никаква егзистенција, ако одиш на приватно кај некој да работиш ке ти ја извадат душата, и на крај ке земеш 100 евра плата, баш така е во бт :devil:
    само да ми се пружи шанса заминувам и нема да помислам на оваа наша држава во која е се хаос, и се оди на полошо :(
     
  2. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    И јас пред да си отидам од мк си замислував дека се ке ми биде сјајно и бајно. Дека ко холивуска звезда ќе живеам и дека ќе најдам другарки и дечко и се.. И знаете што се оствари од тоа? Ништо :!:
    Да од економска страна сјајно е ама од ниедна друга не е. Од дечко тука ни д сум немала а исто и другарки слабо. Нашиот народ е по дружељубив, по питом и може скромно како така да се живее, а тука каде што живеам јас сите се затворени дома, не се дружат ако ги викенш дома ке ти дојдат ама нема да те викнат... Секој си гледа свој живот.. Колку по голем град толку по осамени луѓе.
    Ако толку не ви се свиѓа во мк одете во странство слободно ама ќе ве прашам после некое време како ке ви биде кога пријателите и животот што сте го имале тука сте го оставиле. Може некој ке отиде во некоја прекуокеанска земја и нема да доаѓа 2-3 пати месечно како јас, па тек тогаш ке види маки :worried:
     
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас велам дека ке ми фали животот тука во мк, ама пак ке кажам би била пресрекна да имам шанса за заминам од тука и да се обезбедам економски, па макар да работиме по цел ден со мажето, за децата мои подоцна да не се мачат и нервираат како ние сега :devil:
    ако не ми се бендисува и неможам да издржам ке си дојдам, домот и семејството ке не чекаат во мк ;)
    п.с да те прашам, ако не ти одговара таму зошто не се вратиш тука во мк???????
     
  4. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Па прво пошто имаат моите доста кредити а со тие пари што ке ги заработат во мк неможат да ги платат и кредитите и сметките. Не се жалам дека ми е од економска страна лошо ама знам како психички влијаеше се тоа на мене и на брат ми и на моите така да.. имам и јас кај да се вратам кога сакам во мк, што и ми е план за 2 години...
     
  5. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Ај поздрав! Жими мајка вреди да се остане, да завршам факултет, да си губам здравје бидејќи немам пари да им платам на сите подмитливи професори, а на крај да работам за мизерна плата? Не, благодарам.

    Кога бев помала и не знаев што се дешава во милнава ни татковина ќе спроведував ред и мир, ќе бев претседател и ќе цветаа ружи. Арно ама пораснав, сфатив што е политика.

    Ќе останам да, ама мама не е докторица, па да бидам јас после неа, тато не е министер за да бидам јас после него. Чичко Гујо и мистер Коњак не ми се во крвно сродство за да си го наместам гзов на позиција.
    Мореее, само да земам диплома, од дипломска на аеродром и џомка да ме нема. Нека останат дечињата на мама и тато слободно. Не дека во странство ќе ми тече мед и млеко, не дека ќе ми извираат пари, ама тоа што сум си го заработила ќе ми биде ценето! Никој нема да ме праша кои ми се родители за да знае на каква позиција да ме стави и колку плата да ми даде.
     
    На SanjaKirchner и shiningstar им се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    На темава имам да кажам само едно големо ДА!

    Живеев во странство - мислам, живеев, не баш живеев туку бев на гости подолго време и видов каков им е начинот на живеење - и слободно можам да ви кажам дека јас едвај чекам да дипломирам, и го фаќам патот од тука.

    Ма какви патриоти, зошто да ја сакам државава кога во ништо не ми помогнала ? Татко ми не плаќа алиментација, никому ништо. Баш да го видам на запад дали нема да плаќа. Дома ми идат политички партии и го бараат мојот глас - штета што ќе бидам полнолетна дури после изборите, се ќе им дадев. На запад не знаат кој им е претседател и премиер! Се школувам 12 години, освен книгите во последните две, што е прилично олеснувачки, државата едно моливче не ми дала, да си шкрткам! Моите секојдневно се соочени со притисоци од сите страни, сметам дека секоја година помината во државава е губиток на време и нерви.

    Како беше таа, лута сум му на штркот што ме оставил во Македонија. :devil: ИЧ не сум патриот, ќе бидам кога ќе го видам истиот живот што го имаат луѓето кај кои седев. Искрено, чувствувам револт кон се што е македонско, ме фаќа некој инат. Абре, под турско да останевме подобро ќе ни беше. :swear:

    Фала Богу, никаде не е идеално, ама јас со моите да живеев во странство, досега ќе имавме и комотна куќа, и убава кола и се како што е редот. Еве ги моите, веќе ја минат 40тата, тек сега ние ќе правиме и ќе градиме. Сакам мирен живот, сакам држава која ќе ги чува интересите на сопствените граѓани, а кај нас тој филм не го гледаш - барем не во наредниве 50 и кусур години.
     
    На SanjaKirchner му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    прва прилика-одма,не размислувам ни секунда......
    што ни нуди држават па да бидеме патриот?-само поголема беда :rock:
    затоа кога она не мисли на мене-не мислам ни ја на неа,нека си остане создравје со своите патриоти-читај политичари :devil: ,кога јас ќе ја напуштам 8)
    Живеам со самохрана мајка,со 100евра пензија,мајка ми никој не и помогна,никој не ја вработи-ова е држава????????
    Секој ден ги молела,ајде -се запиша и во партија,трчавме по партии,собиравме гласови и што добивме-шипак-со извинување :@
    Ќе се појавеше некоја госпожа штотуку зачленета,иако и мајка ми е со високо-но нема везе,ако сакаш некому да помогнеш и со 4то да е-ќе му помогнеш така??????
    Сега црнчи во конфекција :rock: пак за некои 10отина евра :|
    И не фала-МАКЕДОНИЈА- :puke:
     
  8. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Јас готово, договорно ми е напуштањево на земјичкава. Не ми се исплати ове да живеам. Да завршам средно па ке одам во Германија да студирам. Џабе е, кај нас колку и да се мачиш никој не цени. :?: И плус тоа, ако морам да газам пред себе за да успеам ке го сторам тоа зошто не сакам да се заебам па после тоа да се мислам од што ке живеам... Зошто уште како мала си ветив на самата себе дека ке успеам во животот и дека ке избегам од земјава кон подобри услови еве ме на пат да го остварам тоа.
     
  9. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Вреди и тоа како!! Точно е дека Македонија е убава земја со полни богаства и имаме прекрасни цркви, места за шетање...ама дали е доволно??? Што ако ги имаме кога не знаеме да ги чуваме и немаме ни шанса дадено да можеме да ги видиме.
    Додека бев во Македонија верувајте немав пари да отидам до Охрид да се прошетам, а од кога сум во Германија , цела европа прошета. Кај нас се мали платите, работеме многу а плата мала. Таму барем знаеш ке работеш ама и ке зимаш. Ценат ти го трудо, таленто, се ценат, кај нас гледат само да те украдат, како што се вика „не гледаме што имаме ние во двор , туку гледаме како да му ја заколеме на комшијата козата„
    А јас на пример на мојте комшии само „добар ден„ ако кажам и толку. Не се замарат со тебе, ни што имаш, ни дали ти е тешко ни ништо. Поладен народ се од нас, ама знаат да ценат, и да живеат.
    Кај нас е само политика, млади луѓе меѓусебно се мразат, карат поради неа (што ми е многу жал) , секоја партија манипулира со народо, они се пунат со пари а ние лапаме муи.
    Отидов малку офф топик ама те поради вие причини уште на 18 години ја напуштив земјата и не планирам да живеам повторно тука. И секогаш гледам на секој млад кој сака да помогнам да успее да избега.
    Секој различно гледа на овоа, ама сепак мислам дека Македонија никогаш нема да се оправе. Што е и жално :( Колку млади има по странство, кај и да отидеш на Македонче ке налеташ :)
     
  10. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Според мене, вреди.. Веќе се е досадно, и се едни исти фаци .. :worried: Да можам одма би киднала за Лондон.. :$ .
     
  11. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Прво ми бесе теско носталгија ме тепасе но сега ќе казам вреди и тоа многу!Ја сакам Македонија и сакам да си ја искористам секоја прилика да си ја посетам но таму да зивеам не,не звучи многу патриотски но тоа е тоа и пак ке речам убаво е и таму да се зивее но со тој стандард и тие застарени мислења не тоа никому не му треба лугјето се задусуваат во глупави работи незнаејќи колку е поубав зивотот кога си го зивеес за себе градис кариера и узивас во слободното време.Темпото на зивот е многу побрз но затоа по квалитетен :!:
     
    На mime87 и seksi им се допаѓа ова.
  12. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    6.709
    Oх колку би сакала Господ знае само ..
    Имам спомнато во неколку наврати овде на форумов дека ми е смачено од едноставноста и мизеријата во која живееме во нашава државичка со скромни 2 милиони жители ..имаше некои прогнози дека наталитетот ќе се намалувал и во 2020 ќе имало милион и 300.000 илјади жители .. Значи кризата ќе биде уште поголема што жените во семејството нема да сакаат да раѓаат второ дете..
    Ајде после речете ми дека вреди .
     
  13. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    и те како вреди!
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Море девојчиња, се што е младо и ако ви се работи бегајте кој на каде можете. Нема леб во Македонија. Ако не ви е богата фамилијата тешко дека сами ќе постигнете стандард на живот што го сакате. А вреди ли? Кога јас избегав, дома имавме парталави черги на под, директно на бетон. Јас парталите на грбот само ги имав и 60 тогашни германски марки во џеп, околу 25 евра вредност денеска. Се што најдов поштена работа во странство се сум работила, и макар женско ама и цигли сум по цел ден пренесувала. Ама вредеше тоа додека не извадив некој сертификат по колеџи, оти јас од Македонија излегов само со средно. Постепено си стигнав до добра позиција, ама сум била кандидат од можеби 50 луѓе или повеќе кои аплицирале за таа работа, и не ми ја дадоа мене оти вујко ми е владика. :P
    И во Македонија работив тешко, а не некој лигавко кога ми рече ако му се работи на човек и во Македонија може. Работив првин на тезга, а потоа одеднаш две работи, и во конфекција и обработка на тутун. Четири саати на ноќ спање. Исушив се таа година. :sweat: И пак нема. Е седи де! Биди патриот!

    Јас како живеам денеска, тоа пред 12 години го гледав на филмовите, и сонував. Денеска тоа го гледам едноставно како достоинствен живот, за кој јас работам и што го заслужувам.
     
    На A-j-a, Offspring и interesna им се допаѓа ова.
  15. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    е браво особено за ова
    вистина денес сите тоа го кажуваат кој може и сака ќе најде, како некој да не сака да работи и има пари, но слабо се нуди работа секогаш несоодветна на стручната спрема и најниско платена со таа плата што ќе поплаќаш сметки, купиш основни работи и толку, ситно останува, а цените рипаат до плафон.

    Да ми се пружи добра прилика одма бегам.

    Македонија во срцето, а егзистенцијата пред се!
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.504
    Пол:
    Женски
    Не да вреди!!! Едвај чекам! Да завршам факултет, ете ми останаа уште 2 години здравје, и ќе ме нема од тука сигурно. Не планирам да си го зацрнам животот овде и да работам за мизерна плата. Каде ќе одам, сеуште не знам, но овде не останувам!
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  17. FuffyToooU

    FuffyToooU Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    119
    Дефинитивно вреди ! ! !
     
  18. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Девојки, а можеби и некое момче!

    Искрено јас мислам дека МК е прекрасна и дека секако може мнн мнн убаво да се живее во неа..
    Јас мислам дека не треба ние да се селиме, но да ги одселиме сите овие ПОЛИТИЧКИ ЃУБРИЊА кои само не водат во пропаст и ништо неправат за да одиме напред...

    И јас верувам во убави филмови направени од мои пријатели колку било тоа таму по светов лесно и брзо да се заработи или дека те вреднува секој како треба!!!!???? :swear: :swear: :swear: Особено приказните како за 1 месец заработил 10000евра(секако под групација Франкфурд мафија-читајте).

    Мислам тие филмови на некој друг...

    Јас сум една од тие која работи на страна. Па кога ке видам дека навистина имам поголема плата од мојте, и кога мојата осигурувачка (демек за пензија е мнн мнн голема) да Ви кажам „горда сум“
    како да не !!!
    .
    Мислам Навистина се е супер!!??
    Плакаш некој стан кој ти кошта пола од платата,
    нели треба да јадеш,
    нели и ти треба контакт со светов,
    па ако решиш дома да си појдеш...
    забава за сите пари (на граница те третираат ко некој предавник)!!!

    Јас си го живеам Македонскиот сон, мнн мнн се радувам дека сум и родена и образувана во МК , се радувам дека за време на моето школство никој не ми ја наполнил главата со шовинистичко-национални идеи. јас немам предрасуди со кого ке излезам да пијам кафе, а со кој не!!

    ПО светот не е така, во светот ти не си нивни, ти си некој кој има голема шанса да им го земеш лебот дома! Ти си некој кој е закана за семејството и нивниот живот!! И да секако ти се смешкаат и те тапшат по рамо!!!

    Само сакав да ви кажам дека не секој филм има розев завршеток!!!
    ПОгледните и некој такви , не розеви филмови!!!
    Имаше еден со Одри кога е таа турски емигрант(ги продаваат самите деца, проституираат, делови од телото -бубрезите, за да опстанат некад) A Да стануваат и жени на некој потполни идиоти(некоја српско македонска група имаже направен предобар документарец каква невеста можеш да купиш за 6000евра.... предобро и прееее реалнооооо :swear: :swear:

    Тоа е дел од розевиот завршеток
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Вреди, вреди и 1000 пати, да, вреди...за жал. Никој не би сакал да си замине засекогаш од она што му е дома, ама она што го нуди Запад и ова кај нас... Не да не се споредува, нема начин, ниту збор. Е сега, зависи од образованието, секако. Со некое на Запад непотребно образование, со средно, без некое конкретно работно искуство, и таму е тешко. Но, јас имам десетина другари, другарки + сестра ми кои одамна се преселени и живеат во странство. Уште едно но-сите имаат факултети кои беа и се уште се барани и платени. Мојот живот и животот на мојата родена сестра не може да се споредат токму заради нејзиното преселување на Запад. Прво, многу сака да патува и со сопругот ја пропатуваа цела земјина топка, ама буквално. Од Јужна Америка, Амазонија, Чиле, Перу... од Северна Америка само Њујорк (не ја сметаат САД за предизвик), Европа да не зборувам, Кина, Хонг Конг, Виетнам, Египет... Не ми текнува како се вика некое место егзотично со некои племиња (слики како од Нешнл дискавери :) ) итн итн (набројувам за ислустрација, не за фалење, не сум шетала јас). Зетот не е богат (да не помисли некој) и двајцата работат за плата. Имаат купено куќа и имаат кредит за неа, ама сепак одат на одмор барем 4-5 пати годишно. Сите можни празници подолги од 3-4 дена тие се цело семејство отидени некаде, на скијање, на плажа, во некои егзотични места, зависи од сезоната. И сега, колкумина тука кај на во МК може вака да живеат? Да повторам, просечно семејство се, не богато.
    И уште нешто, има некојза заблуда дека нашите во странство живеат како зомби, дома-работа и ништо друго. И тоа нема врска. Овие се дружат бре како уште да се во средно :D . Сега, не секој ден, имаат деца, работа, обврски, ама викенди и секоја прилика за дружење не ја пропуштаат. Ние овде се гледаме кога ќе дојде некој од странство, па ќе не изорганизира :$ :P
    Сепак, и тие кажуваат дека на Запад е далеку од розово се, ама ако имаш солидно знаење и барано образование, можеш да живееш светлосни години подобро отколку тука.
    Знам и луѓе кои отишле без школо, без да знаат јазик и се вратиле како попарени, не можат да престанат да се жалат колку лошо се живеело таму :?:
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ВРЕДИ
    многу пати имам помислено и сум била на чекор да покренам процедура но животот или судбината бог знае што секогаш со нешто ми го попречува патот и не успевам незнам зошто..